Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    „Глумат светици, а го примаат ко сочувство.“

    Хахаха не дека имам некој посебен коментар на таа тема, не ме ни интересира, ама ептен смешно ми падна :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ете конечно денес се исфарбав,сега сум малку по плава од предходно. :)
     
    На anabel-a и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.374
    Допаѓања:
    286.624
    Мажи |(

    Кога купувам крпи секогаш земам во пар, две исти, една за него една за мене.
    Не сакам да ми се мешаат бои и дезени макар ни во бањата :^) , па си ги распознаваме според местото каде стојат.
    Но у последно време често приметувам дека мојата уредно здиплена бањарка магично е испреплетена после неговото туширање :devil: .

    Како човек прашав да не ја користеше, одма нееееее.
    Оти така викаш, си имам моја.
    Аха
    А каде стои твојата :?: ццц заборавил бре.
    Па вика што има везе чисти сме си секако после бањање. Абре има врска, моја си е :devil:

    И ајде како на прваче на ново објаснувај.
    Горе стои мојата, доле стои твојата а он
    Најн Најн Најн
    Јас сум голем, мојата горе ќе стои :x
    Упатив еден остар поглед да проверам сериозноста на неговото тврдење, ама сериозен е бре човече.
    Он бил голем.

    15 минути покасно втора сцена.
    Сакам сладолед.
    Ок, фино, зеди си.
    Најн Најн Најн
    ти кога си болна јас те пазам, те гледам те чувам :^) wtf
    Болен ли си? Не, ама сакам сладолед. ПЛС ПЛС

    Ок ќе ти дадам сладолед, овој пат тие слатки плави очи беа неодоливи.
    И на пат накај кујна го слушам милозвучното гласче: и харибо и сок и банана кога веќе си таму :@

    И капак на сето негово гнетење он најде да праша дали заби сум се измила пред да легнам, ѓоа дете сум па не знам јас :envy: .

    Ај за убо нека е, има и бетер
     
    На imelda, kate21, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Све се испобричија момиве по Скопје од една страна! Шо тренд беше фризурава?! Една овца ќе истрча од стадото сите по нејзе! Ајмоооо! Секоја чест на исклучоците кои навистина сакаат таква фризура, ама сега една плава мома, стиснала цицкине, напраила линија, напучила усната, и со прст покажува кон фризурата, и уште кога видов стаила Пами име, а нема врска со нејзиното име, реков све отишло у курац! Уат д фак работава!
     
    На LilBaby, Monna.Monna, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Не е фер во 1 часот по полноќ мене да ми се пријадуваат некои ствари.... не е фер! :D
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Не знам што е лошо во скромноста. Некои луѓе ме исмејуваат кога кажувам дека не се жалам од работата. Е добро бе, каква работа сакаат луѓето, за еден печат пример 1000 евра да им се даде?!
    Не ги сфаќам. Јас не се жалам. Скромно сум живеела секогаш, сум била благодарна со тоа што го имам, и иако сум сакала повеќе, само се надевав/ам дека ќе го добијам тоа некогаш, по завршување на некои приоритети, важни приоритети. Семејството од мене зависи, не можам јас на цедило да ги оставам. Па тие ме израснаа!!
    Човек чека од мене да се жалам за работата. Вели-не ти е досадно да седиш цел ден?!
    И со тоа седење, и зјапање во екранот, морам да носам наочари. И не се жалам! Не сакам да ги носам цело време, ги носам кога ми требаат, за предавања, и толку. Гајле ми е кој ќе ме исмее. Како хендикеп се чувствувам кога ги носам. Се навикнав на матниот вид, ми се чини ко да гледам со некој винтиџ ефект. :D Или јас можеби навикната сум на гледање на позитивната страна.
    Се вели дека треба да си луд за да си среќен... На проблемите им нема крај но тоа не ме запира... напротив, ме мотивира...

    Едит-тоа со видот. Можеби еден ден ќе можам да си одвојам толку пари за операција. Проблем солвд. И шооо сеа? Толку жалење за едноставно нешто. Тууу...
    I should go to bed...
     
    На julie77, Trendafilka и gingerchild им се допаѓа ова.
  7. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    сдк дека решив да гo тргнам телевизoрoт oд сoбата,си мислам па за штo ќе ми е :^) цел ден кoга и да ги развртам прoграмите oбавезнo се малата невеста,сулејман,oсман,oгнoви,плачoви итн..,па нека си гo стават мoите кај нив,и така бoрба е кoја серија да се гледа... Чаo Ананди,се надевам реткo ќе се гледаме ;)
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека деновиве не сум добра а денес посебно не сум добра.. и физички и психички...

    ми се гади од луѓе кои што немаат свест и кои забораваат се во моментот кога нив им е потребно нешто, кога им се потребни пари... тогаш се паѓа во вода, жртвата за нив , пријателството, напорот да им помогнеш...

    ништо не е веќе важно... светот оди напред и единствено што е важно во него е сечие ЈАС. а јас , јас неможам да држам чекор со тоа темпо, јас се грижам, верувам во пријателство, верувам во добрина, помош и помагање. јас имам широка граница на толеранција но сепак постои граница...
     
    На gingerchild и maca99 им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас не сум лоша, не сум клета, ниту полна со омраза, јас сум само многу, многу, многу емотивна,
    а вас ве боли вистината.
    Да. Ме иритира тоа што не сте педантни, што сте неодговорни, и многу ми е гајле ако се лутите. :^)

    Себични сте, немате осет. Не ви е гајле. И така...
    Толку многу имам уствари да кажам, ама ќе си поќутам..да не налутам некој. :!:

    Ебаве дотичните, како одма ви влегува критика во увцето, а кога некој учтиво ќе замоли за нешто, нигде ве нема. Bad times. :wasntme:
     
    На Trendafilka и Hayley им се допаѓа ова.
  10. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Kолку е прекрасно времево. Го обожавам овој дел од годинава. И не ми се седи повеќе во досадниов стан на 5ти, си сакам Стење.
    И дај и училиштево нека заврши веќе, од мислење на отценките, професориве почнаа на сон да ми излегуваат и да ми кажуваат дека ќе се средат отценките. Која психа сум бре човеку.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.887
    Вчера имав роднини кои живеат во Цирих,на гости.
    Ко да заборавиле од кај се,што се,дека завршија 8мо одд и на 17 год.избегаа по парче леб,најдоа да ми солат памет.
    Странство ми бил единствениот избор,за мојата професија -ако сум сакала да живеам а не да преживувам.Се ококорија кога реков дека избирам да преживувам а да бидам со фамилијата,дома.

    Па подоцна и јас си се зачудив малку.......

    Порано,само гледав шанси за да заминам од тука.
    Зошто по ѓаволите сега не го ставам тоа ни под РАЗНО?
    Свесна сум дека со нашите професии ќе имаме многу повеќе ,него тука.
    Дали ќе бидам среќна,ако имам пари а ми фали друго? Знам дека не !
    А и се тече,и се менува.Некаде ,некогаш сум се сменила и јас,без да бидам свесна.
    Така синоќа ме фати несоница.Око не склопив.Размислував за -што би било,кога би било........Дали се зафркнав што на време не заминав од Мкд? Што би добила,што изгубила.Ме потресе и мојот,кога пред гостите лупна- јас одма би отишол од МКд :o Никогаш ми нема кажано такво нешто,на мене,не знаев до вчера дека тој не сакал да живее тука :^)
    Ко за беља,ми ја снема сета мотивација за работа.
    Меѓу другото ,синоќа во долгата вечер,се запрашував-зошто не дадам отказ?
    "Зошто ми требаат пари,и зошто платата е солидна".
    Зошто мама и тато не ми праќаат за сметки,кирии и јадење,а на мене д а остане само за дотерување.Зошто сами градиме нешто,и ми треба таа работа,ете затоа...........
    Тогаш ме фати уште поголем страв.Никогаш не помсилив дека би работела само зошто ми требаат пари :( Тогаш,кој ми ја уби желбата за работа?Зошто вие над мене,не помислите да ни ја зголемите мотивацијата,барем со еден,единствен пофален збор,а не да ја уништите?Ова сакам да им го плеснам во лице,и уште многу.А може,некогаш и ќе биде.
    Влегов во канцеларија,со огромна,желба,ентузијазам,се трудев од петни жили,се смешкав кога после напорна работа,успешно си одев дома :)
    Сега не ми се станува,не ми с е трча по автобуси,не ми се отвара меил за да прочитам за некоја апсурдна задача,дури смешна :|

    Утринска исповед со испиена шолја кафе.И тоа од најголемите.Не ме расони воопшто,ама тоа не ме плаши.
    Ме плаши што нешто ме стега во душата.Нешто не ми дава мир.Премногу прашалници околу мене.........
    Единствената светла точка во оваа среда, е што ќе си ги земам поканите,моите циклама покани ^_^
     
    На Nine25, la-chicka, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.643
    Допаѓања:
    202.099
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш се разочарав до немајкаде, вчера... оние што треба да ја штитат нашата фела, да ни овозможуваат да работиме, нè изневерија. И затоа уште повеќе сакам да заминам од државава. И се надевам дека наскоро ќе биде. Една пречка надмината, остана уште една - верувам дека и тоа ќе се реши. И тогаш, здравје Боже - adios!
     
    На julie77, Primavera и MacenceEna им се допаѓа ова.
  13. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    СДК.
    Многу ги сакам психолозите како луѓе.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Спаднаа цветовите, останаа плодовите. Колку си го сакам овој мој преубав дом.
    Убав ден, со настинки и пмс, а јас од утро барам да си ја погодам песната, за да можам да ги раширам рацете и да речам, да убав е. Веќе не мириса на пролет, мириса на долго топло лето, останува желбата за сладок дожд и јас на тераса, со кафенцето во рака, фаќајќи им сеир на подзаборавените без чадор, кои шлапкаат додека трчаат по улица кон дома.
    налетав на еден коментар утрово -it doesn't get any better than this-....Does it?
    Ќе дојде и подоброто, само ја згрешив годината, од старт знам. Големи промени се на повидок, а јас така трпеливо чекам и чекам да дојде вистинскиот момент за да се затрчам и да ги прегрнам. До тогаш ќе ги бројам парите потрошени на лекови и плодовите на сите гранки. А ги има многу и толкава радост ми носат.

    батенце мој, колку и да си смотле, ако си заминеш, бескрајно многу ќе ми недостигаш.

    is this the one?
    http://www.youtube.com/watch?v=yExPBSDnbU8&ob=av2e
     
    На Hipster, slavica999, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас, у принцип мразам луѓе т.е. не, не ги мразам, мразам е престрог збор, ама ете не сакам луѓе што ме напињат. Не сакам да одам на кафе со нив, не сакам да одам на гости кај нив и одма следуваат едно 10-тина повици од нив: Ама ти мене ми се лутеш, ама зашо ми се лутеш, ама зашо нејќеш на кафе, ајде доаѓај. Алоо, можеби тогаш нејќам да си ги потрошам тие саат-два во седење, оговарање и правење бош муабети. И точка. Поарно дома ќе си седам.
    Туку, не сакав да пишувам за нив. Сакав само да кажам: уште една факинг недела. Само уште една и крај. Не знам само што ќе ми е помило: тоа што завршувам средно или што нема веќе да ги гледам нив. Ако во оваа наша земјичка има понесложен клас од мојот, нека каже сега. И ние самите си кажуваме колку многу сакаме да завршеме веќе еднаш, да не гледаме некои фаци што едноставно не’ тераат на повраќање. А, на матурската вечер се’ ќе биде поинаку, знам. Абе, лицемерие до бесвест.

    СДК и дека за 2 дена, брат ми ќе полни 2 годинки. Колку брзо лета времето. :)
     
    На Hayley, antonina, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    91.838
    Пол:
    Женски
    Утринско кафе од сестра ми сварено со нервоза. Роденден и е, а деновиве не и се погодени. Ме боли што често сум причина за нејзината болка ама не сакам да е така. Кога би можела нешто да променам, за неа би го свртела и целиот свет.
    Се обидов да се тргнам од она за кое што се држев толку време, но дома не вложи со никаков плод. Не се каам и самата го сакав тоа, но доволно ќе ми беше дома да имаше насмевки.

    Ми се расипа мобилниот, другиот долго време не е користен и не се полни. Треба да предавам на факс за филм што едвај го гледав. Немам нерви да изгледам еден филм од почеток до крај. Скокам делови, па се враќам на истите, па одам до крај. Иако често вртам назад и прво го гледам крајот, па не можам да издржам да не знам саат, два како ќе заврши.

    Имајте убав ден, мојот почна лошо.
    Со дречливо фустанче ќе биде подобар.
     
    На la-chicka, Hipster, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Денов ми почна наопаку. Мама од сабајле бараше некоја блуза, ме разбуди, немојше да ја најт, ние не сме знајле да чуваме ништо, а таа пружена да ти била да се сушит. Се налутив, не вела не, ама ми помина брзо. Имав предвидено да уча пред да замина нашколо, е амин, после нецели 6 саати спиење глаата пукат. Ништо и од учење и од ништо.

    Ми недостигат еден убав, долг муабет, без судење и лицемерие, само искрени и не избрани зборови. Ни со домашните више неможа. И кажав на мама, дека ми требаше да се наспија, само тоа го спомнав. “Па и ја не можа со твојве променливи расположенија секој ден’’. И што ќе беше од мене.. па еве ни дома неможат да ме трпат. Ја сама не можа да се трпа а не другарка ќе су барала. Никој нејќит депресивец, намќор невиден. Оф, секогаш ќе ги губа сите што ги сака со тоа што ќе им се отвора зелосно? Ќе морат да глума и пред таквите? Оти не можа да сфата, и да науча како требат?

    Па кој му е гајле мене солза ако ми потекла. Ќе се замарат некој со туѓи бубачки, како да не.
    Свесна су дека имат луѓе што ме сакаат и што се грижат за мене. Ама ко мама што ми рече.. неможа ја сама да дозвола некого да преоптеретува.. Некој да душа да ме носит.

    Е оти и ја не можа така?


    Ај, ќе се расположа.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    грлото ме боли! неможам да зборувам, јадам, пијам или да голтам :@

    неможам ни чај да пијам!!
     
  19. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Аман бре што му е на наставниците ??? Комјутерите само во кабинет по ансглиски јазик ги користеме инаку во другите кабинети така стојат за украс....Си мислел министерот малку ќе не унапреди ама нешто не е како што сака :D
     
  20. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Секој ден по некоја лоша вест :( Мислев дека вчера ќе биде крајот и конечно ќе се заборават сите лоши работи.Денот почна убаво но што ми вреди тоа кога заврши ужасно.Резултатите на баба на кои пишува дека има или тумор или рак и дека треба плус испитувања, вчера и те како ме стресија.Веќе аман нека заврши сето ова, доста слушам лоши нешта за оние што ги сакам ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.