Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Ни се допаѓале нам или не, спомените постојат во нашите мисли се додека ние постоиме.
    Тие се вистински доказ за тоа што сме, за се што се случило, за се што е сега, а порано не било, за се што останало од тоа што некогаш било. - Аинен Песинг.

    Многу ми се допадна морав да го напишам.
    Не треба да живеете во минатото и спомените, но убаво е кога имате убави секавања.

    Некое време не бев активна на форумот.Ке го надополнам тоа.

    Ви праќам топли поздрави.
     
    На anabel-a, Serafima и stetoskop им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Уште само 2 испита до крај. Прв роденден и дипломска,а се надевам и магистерска ќе се спрема заедно :clap: :clap: :clap: Улалааааааааааа :party: :party: За секој член од семејството по еден подарок,молам :lol:

    [​IMG]
     
    На LilBaby, Buttterfly, booba и 29 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... кога ќе ви дадат комплимент, онака од срце, немојте никогаш да наоѓате рачки.
    - Еј, ама ти е убава блузичката, баш убаво ти прилега.
    - Нема врска, сакав црна, оваа ми ги прави рамениците пошироки.

    :^)
    Мислам не бидете и од оние што на првиот муабет возвраќаат со:
    - Знааааам! ^_^
    или
    - Нели, кажи а, ептен сум најубава.

    |(

    Подеднакво е лошо како и првичната реакција на комплиментот.

    Јас имав една колешка што беше апсолутно непривлечна по сите стандарди, мене искрено ми тераше и накај грдичка, лоша градба на телото, вишок килограми, просечна фацка, никаков шарм...
    но никогаш, никогаш не ја слушнав да рече, леле дебела сум, треба да бидам на диета, или - види ми го газот, колку два листа од Нова Македонија или - секојдневно да си наоѓа маани и недостатоци.
    Едноставно си имаше став и држење, убаво мислење за себе, иако не го кажуваше на глас, се чувствуваше просто задоволна со тоа што и го подарил животот.

    И верувајте, никогаш од околината не слушнав никаква забелешка или погрден збор за момичкава.
    Како што се рефлектирате врз околината, со достоинство, така и таа ќе ве прифаќа и апсорбира.

    Прифаќајте ги искрените комплименти.
    Кажете едноставно - благодарам, со насмевка.

    И имајте поубаво мислење за самите себе.
    Не станувајте со помислата - газот ми е голем колку телевизор.
    Речете си - имам прекрасни очи.

    Верувајте во себеси и почитувајте се, па потоа барајте го истиот третман и од околината.
    :)
     
    На anuskaNESTLE, LilBaby, Go-Girl и 49 други им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Официјално го положив последниот колоквиум.
    Немам испити.
    Збогум економски факултету, се гледаме во јуни кога ќе бранам дипломска.

    Ова чувство не се опишува.

    Ви посакувам на тие што не го доживеале да си го доживеат во најбрз можен рок. :)
    ПРЕСРЕЌНА СУМ!
     
    На Hopeful, LilBaby, sanjalica и 44 други им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Го гледам небото, се мурти, и мене лицето ми е тажно, облаците си играат со моите мисли, а грмотевиците совршено се поклопуваат со симфонијата во мојата глава. Бетовен, дефинитивно.
    До кога?

    Знаете, секогаш кога се соочувате со некаков голем проблем ви се чини дека се` е безнадежно, дека ако се извлечете од тоа после се` е “гола вода“, и навидум е така. До следниот проблем, до следната тежина.

    Некој рекол дека ни е одредено колку тежина можеме да носиме, а јас прашувам дали некој мене ме прашал за тоа, дали ме прашал дали можам да издржам толку?

    Ме нервира оваа моја состојба, ко дете со карти сум, почнувам да градам кула од нив , правам еден ред, и бам, ми паднала.
    Пропаднала уште една надеж.

    А денес и денот ми е таков, во исчекување сум, прашање на живот или смрт е работата, тоа ми прави мачнина во грлото...

    Но сега пред малку, кога го пишав постот за парфемот станав и се шприцнав, и одеднаш ми стана убаво.
    Забораваме на ситниците некогаш, забораваме.

    Ама не можеш пак и да се филмаш дека се` ти е сјајно и дека ти е убаво што зуи надвор бумбарот, што оса ти влегла во канцеларијата и прекрасно летка а ти ги набљудуваш нејзините крилца и посакуваш да си ко неа, па да се најдеш на некој цвет и така да го мирисаш и одеднаш да се претвориш во пеперутка која безгрижно ги шири своите крилја и се` е толку убаво и сите си се сакаме и уживаме во животот и во Скопско и во мирисот на пролетта и мирисот на секс во воздухот помешан со потта на телата кои заедно пулсираат. Се знаете ли? Небитно бре. Се сакате важно.

    Сето тоа е убаво. Да.
    И јас го сакам мирисот на јоргованите (затоа имам такво средство за садови :D ), и не ми препишувај вибратори и такви ствари (дали имам или немам секс е моја работа), ама те молам, толку трипање и уживање во убавината на птичките и пчелките не е можно, освен ако не си хај, или освен, како што кажа една моја пријателка, не си правиш муабет со самиот себе си, знаеш- сам себе се убедуваш колку е убав светот и колку ти е тебе убаво.

    Мислам е, ама не секогаш, патем не е ни нормално да ти е убаво секогаш, факт.

    И зошто е таа потреба да се прикажуваат животите од друг агол, дали со зборови, со постови или со слики на фб, сеедно.
    Зарем мислите дека тоа е толку важно?

    Најважно е вие да сте чисти со себе. Другите во секој случај коментираат, затоа нема потреба да се трудите да оставате толку добра слика за вас.

    Јас едно знам, пред искрен и непосреден човек, кој нема зла намера, и најголемиот злобник замолчува, пред очи полни со добра намера- и најнечесниот човек се поклонува.

    Бидете природни, или барем пробајте да бидете.

    Јас не можам да сум хај, ми пукна гумата на хипи-комбето.
     
    На LilBaby, Buttterfly, caroline.costa и 24 други им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    На мајками и чепкав по CD-ата во една заборавена паковка и најдов Екс-Ју рок.
    И и го земав. Сакам Екс-Ју јас.
    И денес го пуштам погласно и мајче влева и почнува во рок фазон да денса и да пее. А јас и се придружив. :wasntme:
    И некако цел ден ми е сега весел и оптимистички. Ја натерав мама да се насмее. Поубаво чувство нема! :)

    Ти си душо доиста,непоправљиви егоистааааааа! :rock:
     
    На Divinebutterfly, Serafima, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Што убави постови сте пишувале денес,
    ми го разубавивте денов.
     
    На Divinebutterfly и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ехх... ќе направиш нешто за некого и не покажува никаква благодарност, не добиваш ни едно „фала“... една од најгрдите особини кај човек...
     
    На anabel-a, Gordana10, IndieGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    ^Никој нема да ти рече фала-ова ми го кажа мајка ми,кога почнав со работа,а јас не верував.И навистина е така,ете не било само случај кај мене.
    Мајка ми ми рече-работи си за тебе,да си го спечалиш денарот,а кога ќе мислиш дека ќе можеш повеќе,застани и чувај си ги силите-ќе ти требаат за друг пат ;)
    Јас пак мислев спротивно е,кога можев повеќе,давав повеќе,а што велиш, бар едно фала ќе ми беше доволно.
    Затоа денес не очекувам од никој-ништо .
     
    На Peppermint, marama, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ^^
    Ако му го кажеш во лице ова дури и може да ти рече :- па си сакала си помогнала или: ако не помогнеше ти ќе го направеше тоа некој друг,како демек голема работа .Имам такви околу мене...


    Сдк покрај сите непријатни околности мене ми е убав денот.
    Надвор беше пеколно жешко ,јас си пешачев по најубавата уличка со многу дрвца ,сама .
    Бев на толку далечно место за џабе, сретнав толку нељубезни луѓе и и јас бев исто толку ''љубезна '' со нив ,почнав некако да не си земам се при срце,како да отрпнав некако.
    Ни тоа не ме онерасположи . Чекање по врати до луѓе со мирис на манџа, кромид па ни тоа.
    И така си појдов до Пренди си одбрав многу убава маичка,си купив тегет магично лакче и си се вратив дома среќна. Јас се променив или ова е емоционално затишје пред бура,ќе видиме тоа...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    сдк Добро бе шо е со луѓево лицемерие,злоба,негатива само тоа искача од вас ве жалам и ве избегнувам али пак се сретнуваме ах до кога ќе бидете само од корист и до кога ќе ги судите луѓето не сте се запрашале да не е проблемот во вас...ми се смачи од гнидите,од самобендисаните творови,од сите татини и мамини ќерки и синови што не знаат ни заби да измијат а мислат дека се фаци :puke: :puke: ...
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... вториот дел на постот од Сесилија, поштувам. Би додала секој нека си гледа својот живот нека молчи и нека гледа да не му го чачка на другиот, животот де :wasntme: . Инаку да се биде свој и да се биде реален и приземјено скромен денес е реткост. Тоа не го поседува секој како карактеристика. Него батали филозофирање ...
    Мене искрено едино ќејф ми е од се што склепаа и суредија во државичево ни, аеродромот што го дадоа и ни го средија џоа бомбона. Далеку подобро е од она што беше, доволно задоволувачки за нашава средина. Е сега Ацо што на сред е упрчен ... прави пометња ама ајде нека им е ...
    СДК ... нема ништо по вредно и поважно од најтеснотот семејство да е заедно. Далечината си го прави своето, ама кога знаеш дека сите најблиски ти се здрави и живи пред се и заедно на купче тогаш ништо друго не ти е потребно во животот. Суштината на животот е таа кај и да си со своите да си што почесто, да има мир и хармонија и да сте поврзани за цел живот.
    Ај доста мелев ве отеков, ама морам се радувам ко мало дете ... Само 11 дена се малку :( , ама здравје еден ден Џули ќе ја чекаат на аеродром ама на другата дестинација. :)
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Таа е од тие што кога ќе и соопштиш радосна вест ќе врисне од среќа како на неа да и се случило. И гледаш во очите дека се радува за тебе и дека и е мило што си среќна. По тонот се познава дека не ти љубомори и не ти прави лице.
    Многу си ја сакам другарка ми од средно!
    Ретки се луѓето како неа. Неизмерно сакам да биде среќна и конечно да и се оствари сонот за кој живее. Јас ќе и помогнам во реализацијата и никогаш нема да ја оставам сама.
     
    На bittersweet, Annath, Trendafilka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Знаете што... многу ми недостига Најтвокер и неговите постови. Нема кој да ме насмее и да ме натера да размислам на одредени теми. Ми фалат неговите долги и добро смислени реченици, секогаш полни со мудрости, некогаш иронија и сарказам. Еј Најти фалиш човеку, без тебе форумот не ми е како што треба. Најти врати се на ФЕМИНА :doh:
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Денес нема да додадам многу,едноставно мило ми е што гледам убавини што се испишани овде,такви постови сакам да читам,постови каде што ги споделуваме само убавите работи ! Имајте убав остаток од денот
     
    На Divinebutterfly, anabel-a, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.180
    Алергична сум на муабети од типот...ти си риба,тој е рааак,супер си одговарате,а и обратно да беше. Ти си риба,тој шкорпија,ма идеално...Тој е бик,ќе те штити,ќе те чува. Од што жено да ме чува?! |( Не... Значи,не го правете тоа,ве молам! Ако ми требаше хороскопот да се дефинирам у животов до сега ќе бев веројатно мртва. Ама на овој разговор една ми рече,ама ти може си ВИШИ тип на твојот знак. И ај оди излези на крај со забулен у астрологија,ај оди те молам! Значи сите тие метафизички срања у кои влегуваат,па излегуваат,па пак влегуваат,дури и да има логика во астрологија,они ќе ја направат срање!

    Ок е да се забавуваме и сето тоа,ама лудо е да веруваме дека хороскопот ќе ни го одреди животот.
    Впрочем,натална карта ми направи еден чоек. Све најбоље,ви реков дека ќе бидам милионер,пф и ѕвездите знаат... и?! Можам сега да си ги скрстам рацете и све тоа да чекам онака рандом да се деси?! Ха?!
    Најбитното,риба ми е судбина,љубовници,брачни партнери,ама пак љубовници,ЈАС НИКАД НЕМАЛО ДА СЕ ОМАЖАМ ПО НОВО,а тој ќе бил со воден знак у брак,ама мене ќе ме сакал. Епа немој да ме јебеш,сабина на едо ова не ти го кажува. |( И сеа...љубовта на мојот живот ќе биде шизофренична,лабилна будала што нема да знае шо сака у животот?! Пфффффф хахахахахаха...Не!

    Жени,одете играјте со штикли,лак за нокти,уатева,не ми се јавувај и не ми ги кажувај овие работи,увото ме боли,ама стварно ме боли. Ај чао! :D
     
    На LilBaby, bittersweet, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јееееј, малиот волшебник од странава конечно исчезна. :bow:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам-колку е шуден животов..
    до пред неколку години си игравме заедно,се тепавме,се каравме за глупости а денес таа стана мајка :^) само како си поминува времето..животот е тоа..

    миличка со век да ти е малото,да биде здраво и живо...(се породи мојата братучеда,која ми е блиска многу)...
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    ^^ Циркулацијата ми ја сопираше кога отварам фемина.
    Ќе ја оставам у ново прозорче и ќе си слушам музика занесен и туку ќе се зададе "АБРА КАДАБРА ХОКУС ПОКУС ТИНГГГГГ!" |(
    Многу глупа low IQ рекламичка! :D
     
    На Sanniii и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На anabel-a и Bright им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.