Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    6.637
    Денес си купив чајче од камилица.. ама со мед. :)
    Инаку го купив само за да го ставам на коса, нали како маска, ама да видите како убаво мирисааа,што сакам да си го испијам сега! Ама немам време да правам друг чај за косава, па овојпат ќе се 'жртвувам' за доброто на мојата коса. Само таа да биде мека, мазна, лепршава итд итд. :D
    Туку.. знаете како чудно се чувствувам, вака кога наближува крајов на школскава година. Се ми се чини ко на сон да помина првава година. Се ми се чини дека до вчера бев со моите другарки од основно, како ги делам школските клупи со нив.. па смеења, плачки еех. И се си мислам дека сега ќе треба да се запишувам во средно, а јас всушност ќе запишувам втора година. Чудно е како лета времето.
    А и ме јаде некоја тага, носталгија зашто останаа уште само 19 дена, тој ќе си замине во трета година.. ќе бидеме различни смени, а јас нема да можам да излегувам на секој мал одмор да го гледам.. (*воздишка*) Ќе ми недостига. Ама стварно. И за чудо, ќе ми недостига ѕвончето што го најавува големиот одмор, малиот, почетокот на новиот час.. Бре, бре како зборам ко да не ќе го гледам школово уште три години! Ама што знам, се навикнав на секојдневните дружби, на киднувањето од часови, возбудата и стравот кога треба да те кренат а сепак нема да те кренат.
    Пеколот низ кој поминуваме речиси секој час кај Љубица Каревска. Ах и да, изгледа наредната година ќе ни се смени. И незнам зашто, ама жал ми е, таа ми е една од ретките 5ки и многу ме сака мене, иако јас пак и се тресам на секое испрашување. Па страшна е жената,шта чеш.. Па, шетањето низ ходници.. Ама ако, следната година -пак реприза. Па после трета година, менување на класовите, бреј ќе ми недостигаат луѓево, баш станав една целина со нив за олку кратко време.
    Но, нека дојде летенце, сепак ќе гледам максимум да го искористам..овојпат најпаметно што можам. А тој.. ахх, се би дала да е мој. Ејх, дури рима има..!
    Бабичката што ми гледаше на каве рече ќе сме биле заедно, ама што од тие пусти зборови.. за се и поверував, и за скоро се се испостави точно ама за ова, скептична сум.. Но дај боже да е вистина, макар еднаш да сум со него, да го фатам за рака, да го осетам неговиот мирис, да го гушнам.. Радоста е во малите работи, не барам ништо повеќе..
    Туку ајде, да не паметувам веќе, отидов да се избањам, да си ја оправам косава малку од малку, па да се фрлам на учење, физика, хемија, информатика.. Ама ако, последниве денови учам некако со се повеќе задоволство. Изгледа дека се последни.
    Доста должев,останете ми убави и среќни како до сега! :*
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^Тек кога ќе матурираш ќе сватиш колку се ти недостига, која носталгија... Во моментов ти завидувам :)

    И да, абе нај интересно ми е на Фемина знаете кога? Па се знае-на сред колоквиумска.
    Тогаш се ми е интересно, дури и она што не ми е...
     
    На Bright и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. Blue-eyes-girl

    Blue-eyes-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    30
    СДК . Како е можно да постојат толку лицмерни луѓе? Едноставно не можам да сватам како толку можат да ги менуваат нивните лица, како толку проклето добро можат да одглумат ситуација |( да те користат, користат, користат додека не те исцрпат .. и пак нема да те сакаат и почитуваат без разлика на пријателството кое што им ја нудиш и се она што правиш за нив. Не знам и не можам да сватам .. како :o ? :@
    Лепкај им се во лице и онака не те сакаат! ;)
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    252.697
    Разочарана сум, и тоа од личност со која израснав.
    Очекував, не дека не, ама потајно во себе се надевав дека тоа нема да се случи.
    Во име на нашето друграство, во име на нашите спомени.
    Бевме сестри, ама бевме. Повеќе не сме.
    И ќе се чудите зошто повеќе си го сакам дечкото и семејството.
    Ете од такви квазидругарки, кои не ценат и брзо забораваат.
    Ама јас не заборавам така лесно. Не, не!
    Не ми требаат такви личности во мојот живот, имам јас на кого да се потпрам.
    Но ме погодуваат ваквите моменти. Јас кога сакам некоја личност и се давам целосно, секогаш сум тука, но сега знам дека некогаш тоа е залудно. Такви гниди ќе ти расипат и ден и расположение.
    Од денес сум лоша. Некои тоа и го заслужуваат и те како.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мирисот на летен дожд :l: Како маче излижано бев дури да си дојдам дома :lol:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Благодарам на сите за убавите зборови, желби, феминки. Морам да признаам дека ме изненадивте пријатно, бидејки сум малку време присутна на форумот и ретко пишувам.

    Денеска сум целата побркана. Во позитивна смисла. :$ Дуго очекуваните 20 години.

    На работа цел ден си потпевнував , се смешкав, одамна не сум. Си ја пеев ...

    ... Денес ми е роденден , гости многу сакам
    ако некој не дојде ќе ми биде мака
    торта мала направив,колач убав имам
    денес ми е весел ден гости цел ден примам

    денес ми е роденден
    денес ми е роденден
    Двадесетите ги газам, јас сум тоа што сум. Питома и бесна! :!: ...

    Иако за жал реалноста е потполна друга, кога ке се сетев на истото само се насмевнував и погледнував кон тмурното небо и продолжував да си пеам и да си работам.

    [​IMG]
    даље...
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Trendafilka, Miss.Ricci и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ако нешто мрзам многу тоа е кога ке ке зборувам на некој тој да брои чавки на небо.Јас сум бре добар слушач,кога некој ми зборува го гледам право во очи и слушам се од збор до збор,пажливо да не испуштам нешто.Толку се внесувам во целата таа приказна..
    Е,кога ке дојде ред јас да објаснам и раскажам нешто што според мене е важно и кога дотичната особа ке си гледа на страна и ке си лакира нокти на нозе,ми се оди да станам и да си одам и веќе никогаш да не ја побарам за разговор!Значи штом сум ја побарала да зборувам со неа и кога ке почнам да зборам,значи важно ми е,слушни ме.Ако не ме гледаш во очи додека ти зборувам,значи не те ни интересира мојот проблем..
    И многу глупаво се чувствувам во такви ситуации...
    И се ми пречи,а не е ПМС...НЕ Е ... :fubar:
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Чувството кога ќе ти речат дека си ослабнала 8).
     
    На Buttterfly, Serafima, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Лошо е кога тие што мислиш дека би ти биле главна подршка ќе удрат таму каде што најмногу те боли.

    Секогаш се трудев да бидам добро суштество, ученик на генерација, стипендист, амбициозно дете за во очите на моите вечно да бидам неспособна и глупава. Јас не знам што е потребно, можеби колку повеќе даваш толку повеќе од тебе се очекува.. Секогаш другите се подобри, секогаш тој дома не чини..

    Лошо е кога не верува во тебе оној кој треба да верува.. што останува тогаш да очекуваш од другите кои и така ти се само странци под небото.

    Како и да е, бадијала редиш успеси кога нема со кого да ги споделиш.. Се е бадијала..
     
    На BlackSwan5 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.187
    Сител вести - народов пиел многу таблети за смирување, срце и притисок. Е ај погодете зошто?! Или поише одеа на варијантата дека сме сите таблетомани,луди и со неврози,па не можеме добро да процениме за глупости ко ограда, обелиск, четири златни коњи,све што треба да биде до 2014.Тоа си е све савим ок,ние сме ненормални...
     
    На anabel-a и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    И денес помина, можеби не којзнае колку добро , но веќе е ноќ. Сигурно нема нови разочарувања и успеси за денес. Доста е и од едните и од другите. Туку, како и обично ме мачат многу мисли .
    Вчера... Најлошо нешто е да се соочиш со реалноста. Навистина. Тешко е да не можиш да си ги исправиш грешките, а уште потешко е што и да ги исправиш ако веќе за тебе зацртале нешто дека е така, така и си останува. За цел живот ли? Секогаш? Хм, кога се емитуваа шпанските серии ( кога бев помала :lol: ) се прашував зошто мене животов ми е толку досаден. Сега сфаќам дека на вакво сценарио не би бил режисер ни Џејмс Камерон.

    Најдов нешто интересно , што баш во секој пишан збор постои неизвесност за крајот на приказната. Ми се допаднаа сите. Се надевам дека и во мојот и во вашиот живот ќе заврши таа неизвесност со среќен крај.

    Еве линк од приказните. баш како пред спиење. Ви посакувам сладок и мирен сон .
    http://www.kafepauza.mk/zivot/inspirati ... kjen-kraj/
     
  12. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    СДК колку убав ден имав а сеа ке ми заврше ужасно..... јас кај што живеам има еден што пие без мерка и знае у секоја куќа да бара алкохол ама не и во овие часови. јас спремна за прошетка со друштво тој на врата едвај збори па ми вика викни го татко ти (а моите спијат како заклани изморени луѓе од работа) јас му викам тато спие оди си ајде доцна е а тој не ти лажеш ... од страв вратата ја заклучив и седам сеа у соба си викам ако го разбудам и тато ништо нема да се смене ке остане и тој без спиење .. како и да е се исплашив многу и морав некому да кажам... уф леле (прости ми боже ако згешив)
     
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Супер прошетка низ центар си направивме ние три денес,колку ми беше убаво цели 4 часа шетање. :)
    Навистина ова и тоа како годи,и муабетот во друштво,и разгледувањето на излозите...сето тоа ми допринесе позитивна енергија и добро расположение. ;)
     
  14. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    .. и така, со цртежите од градинка, несредените мисли и мелодиите на Placebo во позадина, седам во спавачата со кравички на сестра ми и пијам чај од нане во омилената чаша. :mm:

    Убава е. Има очиња кои заводливо гледаат настрана, округло носенце, горна усна со блага деформација, а совршена долна, во неопределива боја. И веѓи од по 1 сантиметар, на кои обавезно ми останува капка чај, секогаш.

    Убава е и таа. Има можеби 50тина кравички поставени под секој можен агол, а околу нив жолти полумесечинки и ѕвезди. Има и неколку збора, кои по неколку минутно обидување успеав да ги прочитам: over the Mooooooon!
    Всушност, јас би рекла само on the moon, зашто сеуште сакам и јас да стапнам таму. И тоа ми е неостварена желба - да станам астронаут ..

    Убави се и тие. Понекогаш мрачни, депресивни; понекогаш не можеш да определиш кое чувство го побудуваат во тебе, а понекогаш тоновите и зборовите те радуваат. Спаѓам во втората група, зашто ретки се моментите кога знам точно како се чувстувам. И ај што се ретки, ама и премногу кратки се. Ќе дојде нова бура на емоции и за џабе ми било долгите обиди за да сфатам како се чувствувам.
    А пак зборовите, совршени се. Точно онаму каде што треба да бидат, точно тука, точно сега. Со она чувство кое ми го побудуваат, со онаа приказна која ја раскажуваат. За мене најважната - нашата ..

    Убави се и тие кои не сакаат да бидат дознаени од другите луѓе, па мадро си седат во главчево и ми создаваат немири. Но тоа поретко. Не сега, не во последно време.
    Не знаат каде треба да се сместат, па само вртат кругови и една по една повторно никнуваат.
    Ахх забораву, дај земи си твоите деца, сакам малку мир ..

    Убави се и тие, како за девојче од 4-5 години, нацртани во градинка. Од глава не ми излегува одговорот на мама кога ја прашав што има во папките. Ми рече: Детство .. тука е твоето детство.
    Кога ли ме одмина сè?
    Како пред неколку години да беа моментите кога заедно со другите дечиња во градинка, додека чекавме да ни го донесат јадењето, мавајќи со тупаници на масите викавме: Сакаме јадење! Сакаме јадење!
    Секој ден, истата приказна за јадењето. Тоа ми остана најдолго во сеќавање, ниту игрите со другарчињата, ниту ништо друго. Само тоа, којзнае зошто ..

    Ах детство, детство.
    Дојде, поседа малку и замина.
    Толку брзо ме одмина ..
     
    На MandyLane, bittersweet, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Цел божји ден го сонував креветот,ми се чинеше недостижен,далека будучност..Сеа го добив,и што?Ете ме лежам на него...со лап-топот у рака!Не дека тоа ми беше визијата,ама од ненаспаност се повеќе сум наспана.
    Утре пак станување од седум,и пак све из почетка.Креветот пак ќе го сонувам,и пак ќе го добијам.И пак нема да го искористам,ко што треба.Впрочем као и за се останато во животов |( .

    Мада,кога ќе размислам,чисто сумљам дека првичната намена на креветот била за спиење..Бар не за спиење у само..
    Девојко,иди спи!
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Си слушам песнички од El Rostro de Analia :) . Ах, сакам пак да го гледам тој филм, на времето бев луда по него :) .
     
    На CIA, wolf4e и ceca-1 им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.374
    Допаѓања:
    286.629
    Да ме прашаше некој пред 2 месеци со што ќе имам најголем проблем при бирање на мебел ќе му дадев една листа.
    Дали алфабетски дали под број наредени како ќе кажете.
    Ама некој да ми речеше дека една слика не можам да најдам :x

    Првен на малиов му го збирав греот, разликата вкусови беше потенцирана како главен проблем, па не можеме да најдеме златна средина :wasntme:
    Ама бидејќи одамна он ми даде одврзани раце да земам што сакам....сега веќе и мене ми станува јасно каде лежел зајакот :rofl:

    Кога немам никаква замисла во главата најлесно се одлучувам да купам нешто. Ама кога барам нешто специфично, се ќе превртам и џабе е бре. Нема.

    Да не ја ставам една слика на исто ниво како бирање маж, ама стварно секој ден ќе треба да ја гледам, треба да си отварам очите што купувам.

    А стварно не барам многу :wasntme: .
    Хоризонтална, отприлика 1.5 -2м на 1-1.5м.
    Њујорк, Лондон....
    По можност Тајмс Сквер или двокатен автобус
    со впечатлив црвен детаљ(автобус), или жолто такси на Менхетн

    И да сакам од тие тапети, стикерси во спална.
    Ама тука разликата на вкусови сеуште не е надмината и стоиме на ратна нога.Уште е дај не дај работата.
    Над лежајот на тој зид да си залепам една реченица, нешто у стилот кога одиш помини замини мерак да те фане да си легнеш |-)
    Јас би рекла романтика он патетика....

    Ако, убаво е да си сакаме, посакуваме, сонуваме :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Денов напорен и долг ми беше.Главата и очите од купов книги околу мене мислам ќе ми пукнат.Но отакако ги исчитав сите коментари и изгледав сите видеа од темата за Гулабица и така слатко се изнасмеав мислам дека ќе спијам како бебенце :D
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Многу работи искрено. Ама ме мрзе страшно многу и затоа ќе кажам дека некои личности едноставно не заслужваат ни да се збогуваш со нив, доста би им биле само сеќавањата, нека се сеќаваат и нека ги треска по глава тоа што сега го немаат и што немале ни шанса да се збогуваат со тоа!

    И дека денес сфатив дека веќе ништо, ама ништо не ме чуди. Посебно не курвичињата, пардон, 'лепотиците' со плитки размислувања кои мислат дека луѓето околу нив всушност и ги регистрираат, т.е пратат и слушаат што зборуваат и демек на крај очекуваат некоја си дискусија за некој си лаф муабет или па не е ни лаф, оф мори, оди отепај се и напрај добро за човештвото. Како, како ли јас да ти одговорам или па да речам да да, (што обично им се одговара така на досадните нели) ами не можам ни да да, да ти речам! Едноставно изморена сум од курви, ете кажав. Ги има на секој чекор, курви во душа или па курва - лесна женска со 24/7 раширени нозе...Е вечерва оваа за која зборувам беше од тие вторите, може и првото е шо а знам.
    Поентата ми е дека од курви нема бегање, нема. Ги има на секој чекор, а јас сум толку рамнодушна на тоа поле, освен шо ако иам дозвола радо би ги мачела или палела или едноставно би им ги отсечила муцките и би ги зашила па би фри мај систр, шоу ми нау ват ју гат!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.