Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Не постои ниедна блокада, ниедно место, ниедна личност, што може да ги запре солзите да течат кога нешто поминува низ тебе како најостар нож.

    Не мислам на безвезни хирови, на платонски NOT љубови, на неостварени желби глупави...
    Нож ладен како мраз ми го мрзне и расекува срцето кога помислам на цела оваа злоба, завист, гнасотија што ја правиме, што се мачиме сите како грешни ѓаволи, со болести, со немаштија, со злоба со војни, со убиства, со силувања... со сите гнасотии кои од нас идат.
    И низ цела оваа мизерија ке најдеш некој кој се бори, како да е последен ден со сите сили, греби и се држи, како мачка пред да падне во огромен котел со врела вода...
    А баш кај неа и секој ден и момент може да биде последен... Ама држе и не пушта. Греби до крв, упорно и упорно не пушта, додека се може... Не толку за неа.. колку што на грбот и две мачиња има малечки... И Тие ке паднат со неа, а толку малечки... Ами љубовта нејзина? Мачорот? Само ако пушти, се ке изгуби...
    Згора на се, се собрале полно, да ја бодрат, да помогнат, да не паѓа... Не сме толку лоши сепак можеби.

    Низ цела гнасотија, и злоба која сме и како вирус ја шириме, солзи ми течат ко река оти мислам дека има сеуште добри луѓе... Колку се толку се, доволно за да огреат во теминиците.
    И да, некогаш и најубавите и најнежни пеперутки, ги носат најголемите тежини...

    [​IMG]
     
    На Elenuskaa, Phyramide, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не сфаќам зошто толку возбудувања има во темата за Величенствениот, филм е само дечки ;) .
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК дека побрзо се разбудвам со дигиталниот часовник :!: Не рекле за џабе старите: "Кој рано рани две среќи граби". Денес имам тест математика и знам дури 3-4 формули |( Па оние нормални се мислат јас да ги учам на памет 30тина формули :o Не, не фала, не си го тупам мозокот со непотребни информации :lol:

    Имајте убав ден феминки :hug:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сега ти текна да се јавиш? Се штрекнав кога слушнав дека е некој од вас, срипав од креветот. По 4 години, што последен пат дојдовте кај мене на полуматура? И сега, 5 дена пред матура се јавуваш да прашаш за мене? Да сте дошле на матура? А до сега, знаеше ли дали сум жива? Ќе ме познаеш ти, и дедо кој го сакав најмногу кога бев дете и уште не ми е сеедно, ако поминам пред вашата луксузна куќа, да ја наречам и резиденција можам слободно? Не верувам... и со кое лице се јавувате? Само мене заѕвонете ми, па ќе ви кажам ја што мислам уште еднаш.
    Како живеев досега без вас, така можам и да си ја поминам матурава со луѓе кои биле со мене и моите дома секогаш кога ни биле потребни, бабо.
     
    На mims-89 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    17.250
    Добро ми почна денот, со топол туш, уште не расонета. Цел концерт си направив. После што убаво си ја поиграм внукичката, па ја успав. Денес на школо само 3 часа, полсе на замесок, па нели адети има, полсе бабите ќе викаат требаше тоа така, момчето да ти ја баци раката. Ма ги знаеме какви се. Музика дома, тивко пее да не го разбудиме бебчето, ама битно има музика, гласно/тивко сеедно. И така, убави ми започна денот. Нека биде таков и вашиот, поздрав. :*
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    fearles, немој да се разочаруваш, кога најмалку очекуваш , љубовта доага
    а за другото Господ гледа :)
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ^ Ја откри душата и можеби се тоа изгледа лошо и темно, но не е така.
    Ја знам неа, што лисичка е :D .
    Настрана шала.

    Таа е борец во душа. И знам дека се ќе издржи. Иако и е најтешко и и е се срушено, ќе се избори и ќе изгради нешто што ќе биде уште поубаво.
    Св. Николај Велимировиќ еднаш дал ваков совет:
    „Господ гради и кога руши.’’

    И вистината е таа.
    Кога ни е најтешко, вистина е нешто се срушило, но ќе се изгради нешто поцврсто од тоа. А најцврстата градба е само душата. Кога таа се зацврсти и се изгради, за неа потоа не постои ништо што би ја срушило.
    Само таа градба е вечна.
     
    На kate21, maca99, Fearless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Никој никогаш нема да ме убеди дека не е прекрасно чувството кога го работиш тоа што го сакаш. Зошто на крајот од денот, кога ќе завршам со сите обврски, не ми тежи чувството дека и јас сум пикната во перпетуум мобиле на еднолични, досадни работни денови. Не се враќам истрошена и немам за што да се жалам.

    Можам само да бидам среќна дека сум допринела нешто, и тоа со љубов сум го направила. Можеби мојата работа не е толку значајна, но мене ми значи свет. И ме исполнува уште повеќе кога љубовта што ми ја даваат блиските ме тера да бидам подобра и подобра. Којзнае, еден ден можеби и најдобра.

    Имајте убав ден феминки, не се обесхрабрувајте, работете со љубов, работете за љубов. Само така може со насмевка да ја дочекаме ноќта и да си речеме: „Да, уживам во тоа што го работам.“

    Се враќам на преводи. :*
     
    На Strumfeta93, AnaKarenina, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК две работи
    -пред 8 месеци и нешто-ја запознав неа
    девојче дојдено да студира од друг град во Скопје, мила, насмеана, весела секогаш
    ама ете немала срека во љубовта и тоа ја уништило(живеела со вереникот 2 години заедно , и незнам што се случило, па се разделиле) не ни сакам да ја прашувам, не сакам да ја повредам. Заслужува да биде срекна и да биде пред се сакана-се секавам нешто и кажував за овој сегашниов, и само ми рече ти го имаш него, тогаш се ми стана јасно.Инаку на медитација е најредовна од сите, на активности исто.

    -незнам како ми успеа, ама замразив една личност од медитација, т.е. еден од инструкторите
    навидум смешко, а позади таа маска се крие човек со огромно его-се секавам како ме критикуваше вториот курс за ментол бонбоните пред сите, за движењето додека медитирам(па не сум јас мумија, човек сум) сум му пречела на него и на другите, и сум внесувала немир |( а капакот беше што пред 2 недели беше тоолку надмен и во од , и во зборување, ко да ние не сме сите еднакви, туку како да сме му потчинети
    вчера ни ни приметив дека е таму, кога се сврте баш ме загледа ама баш ме загледа, ај јас игнор 8) , не можеше да издржи и си отиде :D заборавив да споменам дека мислев оти е преведувач-на првите 2 предавања преведуваше, и уште од тогаш го запаметив.Инаку типот е доктор, а мене одамна не ми се случило да замразам некој-обично сум цвекенце што мириса, и душичка што простува на сите за се :)
     
  10. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    И еден ден ке сфатиш дека си ги изгубил ѕвездите, стискајки ја месечината. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    До пред неколку минути не бев сфатила колку модернава технологија земала замав во нашите животи. Во мојот живот.
    Врткање по дома и буричкање во стари работи. Одеднаш пред мене коверт. Го отворив и гледам купче слики кои не си го нашле своето место во албум. Поточно би било да кажам заборавени. 20ина слики на едно место. Матурата на првата комшика, едвај до раменици сум и. Потоа роденденот на најдобрата другарка. Јас сум ја гушнала и ја мачкам со торта. Сега сме сменети, посериозни. Го почувствував детството. Следуваше некој настап на играорна. Јас со црвен кармин, китка во коса и носија. Се каам што се откажав, што не продолжив да градам спомени, а толку ми беше убаво. Низ овие слики имаше некои од вежбите и спремањата. Веќе немаме контакт со тие луѓе.
    Сликите останале, заборавени, спремни да ги најдам и да ми создадат топлина која ја чувствувам од петиците до скалпот.

    Денес е се различно. Дигитален апарат, слики префрлени во компјутер, чекаат подобри времиња за да се развијат. Неколку слики од ист момент, прешкрапани затоа што некој не бил убав. Со апаратите на филм чинам беше поразлично. Немаше посебно местење, глупирање, а пак поубаво излегувавме на слики.
    Не, не го сакам ова модерно време. Сакам кога мобилните беа луксуз, кога не секој можеше да ги има. Додуша не ни беа ни потребни. Сакам кога фиксните телефони беа големи, ама со совршено лежиште за увото. Немаше екран на нив, копчињата беа обични, сиви, ама мене сега ми се чини дека беа најшареното нешто.
    Светов се менува, се’ се менува, луѓето, околината, а ние се движиме заедно со нив. Не знам дали кон подобро. Останаа само спомени на помирни времиња.
     
    На Strumfeta93, zhap4e, kate21 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    USA Visa Approved :)
     
    На Lilly., Strumfeta93, baguf4e и 49 други им се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Никој никогаш нема да ме убеди дека за љубов незнаат децата, секоја година е искуство повеќе, но секој на различен начин ја доживува. Љубовта нема дефиниција, секој има своја одредена точка по која се води, и "џелатот" и "скршениот" знаат што е болка,но секој на различен начин ја отсликува..
    И ете вчера поминаа 40 години откако баба и дедо се заедно, заедно нераздвоени, нивната љубов се познава во очите и после толку години и после толку тешкотии тие се повторно тука и заедно за некому да докажат дека сеуште постои љубов,онаа вистинска и искрена што би се рекло, а и дека љубовта може да ја доживее секој без разлика на годините, староста, младоста..
    "Љубов е кога во една жена ќе ги најдеш сите жени што ги посакуваш" - така викаше дедо..
     
    На IndieGirl, Divinebutterfly и innablood им се допаѓа ова.
  14. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Lunch time....:)
     
  15. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк ме утепа психички оваа недела, па и предходната. Но за арно беше (во стил на Хаирије).
    Вчера физички се истрошив до максимум. Значи прв пат почувствував таква слабост но пак сум среќна. Дарував крв, и иако бев после физички ослабната, јас сум среќна. Среќна затоа што таа крв ќе се даде на некој на кому му е потребна. А јас денес се чувствувам прекрасно и пак со полна пареа и слободен ден.

    Конечно дојде и фамозната свадба. Остануваат уште 2 дена.
    Шопингот исто ми ги зема сите сили, но на крајот од денот ние жените секогаш сме со насмевка до ушите. Нели?

    И друго што сакав да кажам..аа да!
    Сакам јагоди! Хитно!
     
    На bittersweet, CIA, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Мислам дека луѓето некогаш не ме сфаќаат затоа што наоѓам убавина во чудни работи.
    Работи кои ме привлекуваат помалку или повеќе. Зошто сум единствена која скитам додека луѓето заглавуваат заедно како група. Зошто ја сум единствена кој седи на забавите и настаните и ги набљудува луѓето. Зошто сакам да застанам и да погледнам наокулу и да се внесам.

    Тоа е темел кој ме задржува назат на моите први откритија во животот кои се преродуваат во сегашноста и иднината. Начинот на кој утрото ѕирка низ правливиот прозор на мојот стар дом. Знакот СТОП и како изгледа ко да сум на работ на земјата и ништо нема натаму.
    На крајот на краиштата се‘ е поврзано меѓу себе.
    Понекогаш наоѓам нешто убаво во плачењето.
    Можеби плачам често, но не го праам тоа затоа што сум слаба, туку затоа што се чувтвувам така што не можам да опишам со зборови и за тие што ми ги пружаат моментите за такво искусто, тоа ми е многу битно.
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    После подолго време повторно сум тука. :) Навистина се радувам и се чувствувам убаво.
    Ме радува тоа што полека работите застануваат на свое место.

    СДК во текот на изминатиов период научив многу нешта.
    Научив дека во тешки моменти дознаваме кои ни биле вистински пријатели. :!:
    Тагата и болката да ме направија посилна.
    Животот е полн со изненадувања, добри или лоши треба да се соочиме со нив најдобро што можеме.

    Од денес почнувам да собирам нови сили за нови победи, ме чекаат доста обврски.. Верувам со себе а и во Бог се надевам дека се ќе се среди и ќе биде како порано. :)

    Денес решив да уживам во овој прекрасен сончев ден :sun:
     
    На esperanca, kate21, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  18. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Most days I can put on a bright smile and get through the day.. but today is not one of those days.
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    slavica999 :bow: на глас се смеев во канцеларија за -дедо педер е- :D

    скд дека од рандом човек денес,сосема непознат, што го гледам 3 пати месечно на работа, добив прекрасен поздрав за убав ден -Сите обврски да ти се осудени на успех-
    ете толку малку треба за некому да му го направиш денот.

    Девојки драги и жени, сите сте прекрасни, толку колку што сте различни, а јас овде веќе се чувствувам како дома.
    Добри се луѓето, ако добрина им праќаш. Лесно е да се биде лош, а речиси сите во суштина сме така само на лик. Зарем искрено некому би му посакале зло :)
     
    На bittersweet, maca99, Eleonorastrumica и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Колку само си го сакам тоа малото палаво ангелче,малце плачливко но сепак слатко душиче,па не можам веќе да си го замислам денот без него без неговите лутења и палавштини,колку само животот ми има смисла,па мислам дека пред неговото раѓање како ништо да немало смисла,неговото постоење ми дава смисла на животот,ми дава инсипрација за се ,ме прави најсреќна на свееттттттттттт,те сакам маминоооооооооооооооооооооо имам ти кажано во денот по едно милион патиииииииииииииииии колку те само сакамммммммммммммммммм
     
    На Monna.Monna, kate-the-great, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.