Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Море мене не ми беше за смеење. Двајцата се погледнавме во очи, вцрвенивме образи и јас рефлексивно тап раката на неговите уста. И као збунета ,,кај го слушна тоа,,? ,,па срамоте бе дете,,.... :D

    СДК денес имав чудна харизма. Научна фантастика е да завршиш некои работи во нашата државичка а јас успеав за точно 10 мин. Не дека нешто многу се работи по институциите туку најверојатно им го погодив денот.
    Одсекогаш велев дека не треба шефот и работникот да се зближат. Едноставно од едноставни причини. Го правам токму спротивното. Знам дека ќе заглавам некаде по пат и многу тешко ќе ми биде кога ќе треба да заминам. Такво емотивно створење сум понекогаш гледам прво на другите да им удоволам а потоа на себе.
    Лоша Цаци лоша. Влегува еден дечко и продава све и свашта. Ми залепи една маичка и никако да го манам од канцеларија. Влегува шефот и јас ,,нели шефе сеуште не сме зеле плата,,? И тој како попарен :) си излезе.
    Епа таков ми е денот, ме тера на зезанција. :$
     
    На mims-89, Divinebutterfly, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Eпа редно време е да го променам аватарот. Да, да. :D Уште снеговишта ми стојат ц, ц, ц.
     
    На Monna.Monna, Lov3, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Сакам да го видам.Сакам да го запознам.Сакам да го засакам, а и тој мене.Сакам да биде мој.Многу работи сакам, а знам дека премногу брзам со желбиве... :^) :?:
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Знам дека е клише ова што ќе го кажам, но ЛУЃЕ САМО ОД КОРИСТ? Кога оставаш се за да му помогнеш на некој, кога си тука за некој во било кое доба да го сослушаш и на крај откако во меѓувреме нешто ќе им се под среди ситуација се во фазон: "Ќе ти кажувам друг пат оди да не те задржувам". ОДИ ДА НЕ ТЕ ЗАДРЖУВАМ???!! Значи оставаш се и кога ќе им биде подобро работава е ајде не ми требаш више, ама да не биде апла-оди да не те задржувам.... :yawn:
    Kill me, kill me now.
    Кога при здрави очи некој слеп те прави, кога те бара само по потреба и кога ветува работи а никогаш не ги исполнува, не е крив он-ти си крив!
     
    На julie77 и IndieGirl им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    http://motika.com.mk/index.php?option=c ... &Itemid=13

    Другар ми ми го праќа интервјуто со Гулабица, со зборовите:
    Господ да не е, она немаше да биде тоа што е.
    Како да бидеш после верник бе, у пичку матер...


    :rofl:
    Пукнав.
    Си го сакам другар ми.
    :)
     
    На anabel-a, marama и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: Леле пустатааааа!!!
    Постерите и ги зимале и се собирале цела зграда да и ги гледаат спотовите |(
    Хау јес ноу,цццццццц.Не е свесна дека овие сеир си фаќаат.
    А то веѓите, просто ме потсеќа на македонското народно творештво и епитетот - вежди пијавици, абе човек да земе годишен одмор да и ги исчупа :wasntme:
    И на крај ќе ја цитирам Свракава (уствари Гулабица беше):
    „Убаво е човек да се бања“
    :x
    Не просветли!
     
    На AIT и MacenceEna им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Мојата иронија на постоењето...се дебелеам кога се разболувам,а не ни јадам... |(
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Драги мои, на овој ден точно пред една година се зачленив на форумов благодарение на Плавуша.17, која ми го препорача. На почетокот не ми беше и нешто посебно, но со тек на време сфатив дека без него и не можам. Оваа измината година научив многу работи благодарение на сите вас. А тука е и она најбитното - со вас созреав.
    Научив дека прекрасно е да си безгрижен. Да си засекогаш дете. Кој не би сакал, зар не ? Ама тука на оваа животна сцена не е така. Научи порано или нема да научиш никогаш! Никој не сака да го напушти топлото ќебенце на сабајле ама кој не прашува нас за тоа? :lol: Не чекаат обврски кои мораме да ги направиме денес без одложување зошто животот е река, стрмна и брза...и не знаеш каде ќе те однесе веќе наредниот момент.

    Научив дека сите ја сакаме заштитата што ни ја нуди оклопот. Но, сонцето навистина ќе го почувствуваме ако излеземе. Ако дозволиме да не гори, ама да не не изгори. Ризикувај! - И тоа го научив затоа што ако не ризикуваш никогаш нема да можеш да го следиш животот во неговиот тек.

    Започнав работите да ги гледам подалеку од себе. Почнав да ги гледам сите агли на една ситуација, да размислувам пред секоја постапка, да внимавам што ќе кажам.

    Научив да се заблагодарувам, извинувам, простувам, надминувам. Научив да почитувам, да вреднувам и на врвот да сакам! Ама она буквално со целиот ризик и храброст да сакам!

    Научив да бидам силна кога се бара од мене тоа. Научив да стојам исправено тогаш кога сама ќе морам да донесам одлука, тогаш кога нема да може да биде потешко и кога ќе ја надминам болката и ќе се издигнам високо над неа, кога ќе почнам да патам, да преживувам, да чувствувам и туѓа среќа и болка.

    Научив да ги простувам грешките ама и да учам од нив. Научив да ја носам сета тежина на животот со сите негови лудила и радости на својот грб... едните како најлесни на светот, а овие другите како нешто скапоцено и бесценето.

    Успеав на сите да им погледнам во очи. Да ги гледам сите како едно и несебично да ги остварувам потребите на останатите, како и да придонесувам за општо добро. Започнав самата да се грижам за себе. Почнав да ја сфаќам тежината која мораат да ја носат моите родители. Сфатив колку некогаш значи и еден мал збор ако е од срце кажан затоа што научив да бидам искрена пред себе и пред светот. Научив и да си простам на себеси.

    Научив со сето трпение да слушам баба како стоти пат ја раскажува истата приказна. И на неа не и било забавно да ми раскажува за Пепелашка по стопати, ама тоа го правела затоа што ме сакала.

    Го сфатив животот длабоко, почувствував колку е тој непредвидлив, научив дека е лош и добар, кога ќе знаеш да се справиш во сите негови појави какви и да биле.

    И уште милион работи научив...

    Созревај, ама на време...
    Не чекај кога ќе е доцна...
    Заборави на разгаленоста...
    Заборави на случајноста...
    На променливоста...
    На неодговорноста...

    Почни да размислуваш за
    Стабилност.
    Одговорност.
    Независност.


    СВЕСНОСТ!

    За кратко сме деца. Животот не турка во своите немилосрдни води и тоа го прави наеднаш, уште пред да трепнеш. Јас благодарение на сите вас животот го дочекав спремна. Созреав за да можам да се изборам со него. Ви Благодарам! :bow:

    **Повелете да се почестиме за мојата годишнина како и за 10ката која ја добив денес !!!!!!! :rofl:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Smilly, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Тој што ми ставил мастика у коса,мастики на вересија да зима! |(
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Чувството кога си единствен во класот со 0 оправдани. :lol:
     
    На LilBaby, Smilly, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На pupi.girl и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Сдк дека се осеќам уморна и истоштена.Неколку ноќи не сум спиена како што треба,а и времево денеска ме утепа.Како и да е денешниот ден ми беше убав.Последните часови и последното заверување на семестар на додипломски студии :) Иако за повеќето од вас средношколските денови биле најубави ,мене дефинитивно студентските денови ми се нешто што засекогаш ќе го памтам.Запознав неколку личности кои знааат да бидат заедно со мене и во радост и во тага,а такво нешто денеска е вистинска реткост.Сите многу ќе ми фалат,но нашето другарство се надевам никогаш нема да престане :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сдк многу е опасно кога грми :!: изгаснете ги телевизорите, компјутерите, флижидерите и никако од дома да не сте мрднале ... знам има цела вечер турски серии али јбг нели грми и опасно е :|
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ама многу се чувствувам убаво кога некој ќе ми каже дека се гордее со мене ! :sun:
     
    На thelittle17, Adi888, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК оти е време за частење. Бебуш наш да ми ти бил гоолемо и немирно маже и убаво ја измачи тетка гинеколог. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Strumfeta93, ozbilnazena и 37 други им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Оф леле заради тебе морам и јас да играм игри за мали деца...Абrе дете остај ме да седам на фемина или дојди заедно ќе читкаме кафе муабети.Само не си оди зашто те немам видено 1месец :D :D :D
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Вдомив два нови фустани! 8)
     
    На Monna.Monna, ozbilnazena, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Убав пречек дома! Своја на своето! А уште интервјуто кое беше пред неколку месеци направено, денес го објавиле во Излез. Радости!

    http://izlez.mk/?p=2931
     
    На Peppermint, Stoimenovska, Gea и 12 други им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Зборови.
    Тешки, премногу тешки. Ми се зарија во срцето како ножеви.
    Беше како во магла. Како да гледам во некое друго лице непознато. Во две далечни очи, во кои веќе ја немаше онаа топлина на која бев навикната. Го нема веќе она заштитничко рамо на кое секогаш се потпирав. Ја нема веќе ни онаа насмевка. Нема ништо, само огромна празнина.
    Сакав да премолчам, да не го сменам изразов на лицето, да не покажам дека ме боли. Но неможев, а неколку солзи ми се стркалаа по лицево.
    И тие се тешки , и тие печат. Не ми олеснуваат воопшто.
    Сакав да викнам силно, да кажам само-застани... Но нема смисла веќе, нема зошто да се измачуваме заемно.
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.826
    Знаеш што?

    Се гледав себеси на Слем Поезијата во Точка, старото кај Илинденска. Имам едвај 16. Со косиче мутаво, килограми повеќе. Со елан и раскажување во духот како некоја старица. На знаковен јазик објаснувам, и неверојатно добро презентирам!

    Цедето ми го изрежа Елена. Нити ја знам, нити ја познавам. Ме запамтила од тогаш, ме најде на Твитер, договоривме да се најдеме, ми го донесе, и еве. Уште се чудам. И подарив гушкање. Да знаев, би и подарила и повеќе. Вакво доживување со години не сум почувствувала.
    Младост! Лудост! Не дека и сега немам сила и храброст да правам такви нешта, но, нема ништо посилно од несвесноста на лудите години, дефинитивно!
    Се расчудив. Поминале толку години, а јас уште ја чувам таа инаетлива наивност, на дете, поет. Сеедно.
    Како што милуваше покојна Светлана Христова Јоциќ да каже - искали го детето, извајај го во спомен за себе.

    Така и јас. Родена сум за да пишувам, да читам, да создавам свет на хартија.

    Мирувам.
    Знам Која сум!
     
    На Gea, starbucks, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.