Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Зелено, зелееноооооо!!!
    Накај плавуша.
     
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Прекрасен пејсаж и поглед од кој запира здивот.Голтки студена вода грубо протекуваа низ моето грло од пластичното шише.Се топев некаде меѓу високите згради и стројните тополи заливајќи се со вода и мавтајки со главата лево-десно у фазон Синди Крафорд.

    Прекрасна вечер, вчера ми приреди братучетка ми.Тоа е една позитивна,мила личност која не можеш а да не ја сакаш.Приказни од патувањата низ Европа и громогласно смеење,пропатено со сладолед од смокви и
    изладено класично капучино. :) Една по една бутав од лажичките во уста,пиејки го секое нејзино доживување..заборавајќи на калориите...

    П.С чувството е кога најголемиот критичар ви дава комплимент. 8) ХА! Соседката,од која до денес слушав само мрчаторски критики денес ме опсипуваше со комплименти.

    Се претворам во едно мило,паметно и нежно суштество.
    Тоа не ...бев јас!
    [​IMG]
     
    На danniela5, teddybear, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Убав ден. Среќен ден. Сончев ден.
    Првиот чекор е направен. Мал за човештвото, но огромен за мене. Остануваат уште илјадници...
    Професорката се согласи да ми биде ментор на магистерскиот труд. Јеееееее
    Темата си ја смислив одамна. Тешка и невообичаена. Истражувањето ме плаши, ама резултатот ме храбри. За прв пат ќе имаме некаква статистика и анализа од таа област.
    Охрабрувањето и поддршката од моите дома и од него ми значат многу. Од професорката исто така, но ме фаќа и паника. Дали ќе успеам, дали се ќе биде онака како што очекувам и посакувам? :^)
    Ми викаат има време, полека се ќе се среди. Ама јас овој пат нема да оставам на времето туку веднаш се фатив за работа. Уште денес. А имам за читање и читање и читање...

    Мирис на кафе, штотуку запалена цигара, свежина што ја внесува ветрот низ отворениот прозор и ми ги бистри мислите.
    На работа, на труд! :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    За што е метафора кафето?Од сите зборови со стилски фигури,кафето има најголемо значење.Тука може да се спомнат сите моменти во кои кафето било придружник во муабетот,утринско кафе,кафе после јадење,кафе пред компјутер,кафе на тераса,горко,благо,со шлаг или без...Кога одиш на гости прво што те прашуваат е дали ќе пиеш кафе и тоа сега ти одговара ама како помали кога не пиевме кафе сакавме и некои чоколадца оти тогаш за тебе кафето не било интересно :lol:
    И кога си сам и тажно е се,кафето тука е :D
    Не е само кафето волшебна напивка.Тука спаѓаат и какаото и чајот,секој со својот вкус,само тие поретко се конзумираат и не е тоа тоа.
    Наздравје :coffee:
     
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Денеска си бев кај школскиот на палачинки со уште еден другар од клас..и се прејадов и се изнасмејав ко никогаш до сега на комедијата што ја гледавме.Денот ми помина,онака забавно и опуштено.. 8)
    Но сега кога седнав и се замислив..сфатив дека ништо не е на свое место.Ништо не ми е сигурно.
    Коцките воопшто не се наместени и животот ми е во тотален хаос.Ништо не ми е озбилно,се ми е зафрканција,се ми е безврска.
    Немам на кого да пратам порака за добра ноќ.
    Немам кого да очекувам со цело срце да го видам.
    Нема кој да ме гушне најтопло и најискрено и да ме бакне најнежно.
    Нема кој да ми врти на телефон само за да ми го чуе гласот..
    Искрена прегратка не сум добила можеби 1 година,па и повеќе..
    Ете баш сега во овој период ми фалат тие нежности ..
     
    На CharmedGirl и baguf4e им се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Прекрасен ден. Ма, ќе звучи егоистично и злобно од моја страна ако кажам дека беше лош. Зашто стварно не беше.

    Денес си ги купив моите лепотици. Абе, љубовчиња.
    Ми ги затворија прашалниците во главчето. Иако, ниту со нив не бев збунка, туку само возбудена.
    А сега сум уште повеќе. Хм.

    [​IMG]
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Ех, уште да ги применуваше секој ... од нас

    [​IMG]

    СДК ... убаво време, убави луѓе, убави моменти, убава јас :P ... убав тој ... убаво ми е, конечно
     
    На danniela5, Adi888, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека е многу лошо кога треба да учам, а ме прифаќаат будалите за правење глупости. :(
     
    На Monna.Monna, CharmedGirl, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    На денешен ден пред 2 години, ова време беше, кога мама стигна во Скопје со крвен притисок од 220 со нешто, со Ј во стомакот. Се сеќавам кога на секои 2 минути му ѕвонев на тато и го прашував како е бебето. Не можете да замислете како се чувствувавме јас и сестра ми во тие моменти. Беше премногу тешко. Го чекавме тато да се врати во 1 часот, но не кажа ништо, не знаеше.
    Крајот на прикаскава на повеќето им е позната, а јас утре пак ќе пишам и ќе ве почастам парче торта по повод роденденот на малиот. ;)
     
    На Monna.Monna, Gea, BeYourself и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК денот беше ма како да се изразам, епа ко ќе игра Македонија во кошарка, и имаме криза во првата четвртина, после втората четвртина сме добри, 3 четвртина сме така-така, 4 ни е најубава, ги водиме со 6 разлика и на крај губиме. Ете сличен ми беше денов. П.С Убо објаснив? :D

    Секој пропаднат ден, не го сметам за пораз, туку како надеж за подобри денови. :)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се осетив, пронајдено, во други луѓе. Чудно, ама тие луѓе ми се роднини, а не сум ги видела, па ....искрено некои ме галеле само преку мешето на мама уствари. Еве сега се ежам.
    Си велам, прв пат ги гледам а се чуствувам ко да ги знам цел живот.

    И заборавив на сиот умор, валканост, подзапотена мишка од патешествија, препушено грло и желудник кој освен кафе, не искусил ништо друго со часови.
    Не дека се чуствував грозно, ама, не бев у идеално стање за гушкање на роднини, која ќурка сум некад, чудо! Ми пречело што не сум истуширана. А тие мене ме изгушкаа без преседенс.

    Где је наша .....а? Јао како си ти велика!

    15 жени од буквално сите генерации на едно место, абре, кокошарник! :D
    И иди сконтај кој на кого му е тетка од второ, трето колено, па знаеш она со татко ти тогаш на свадбата на твоите, па братучеди, се дружеа. Леле мајко моја.

    Цел живот растам со идејата, дека моето семејство е скромно. Уствари, она, сржта на моето семејство се намали на 2јца, која се проширува со уште неколку десетици души. А јас не сум знаела дека ги имам толку многу уствари!

    Што ти е живот! Колку луѓе веќе нема, си ги спојувам коцките и ловам во спомените. А сепак, сфаќаш дека ги има многу.

    И стануваш од попладневна дремка, дошол малиот ти 5годишен внук, и со најубавите костенливи очи се стрчува кон тебе, а ти збунет не знаеш како да го поздравиш, затоа што дете е, не знаеш дали ќе се срами или не, и тој ни две ни три, ме гушка, ме стиска, не сака да ме пушти и вика - е ово је моја велика сестра.

    Ако има нешто поубаво од нерасипана детска искреност, ја да не се викам, како што се викам.

    А јас се мислев како да го поздравам. Се расплакав. Затоа што некогаш сме глупи ко заборавени саксии. А доволно е само да им дадеме слободен тек на нашите првични емоции и се ќе биде во ред.

    Од овој момент, гушкам све што ќе ми дојде да гушнам, макар и била неистуширана. Другите нека се мислат :D

    Лека ноќ.
     
    На Bozica1980, Gea, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не можам да дочекам да ми дојде матурската вечер. Уште утре и во понеделник одам, ги одбројувам денчињава до вечерта! Возбудена сууууууумммммм :D
     
    На Monna.Monna, starbucks, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    4.816
    За 5 минути ми е роденден... А не сакам да ми е... :(
    Не сум повеќе мала и не ми се допаѓа тој факт... Не сум тинејџерка, и морам да сум сериозна...

    Цел живот сакаме да пораснеме, а кога ќе пораснеме, сакамe да се смалиме или да го вратиме времето :/
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    17.250
    Сега пред пола саат се прибрав. Бев на замесок кај братучедка ми и последни подготовки нели. :)
    Утре треба да станам во 7 саат, од 9 сум на фризер, немам блага веза за фризура каква да правам. Утре претпоставувам дека едвај ќе отидам во хотелот, пошто ич неможам да се возам а од Св. Николе до Скопје е саат,саат-ипол. Сега уште да си прочитам хотоскоп и кидам да спијам, а се плашам да го прочитам, оти можеби нешто ќе ме разочара и нема да можам ни да заспијам. Ајде имајте пријатна вечер. :*
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ах да, треба да размислиш 2пати пред да ја отвориш темана за Величествениот, а тек па да пишеш пост :lol:
    Се враќа сестра ми од роденден на малечката братучетка, од игротека, и става круна и еден мој џемпер врз неа и пушта музика од Величествениот и чекори како султанка. На роденденот им организирале таква игра, славеничкава - братучетката била Хурем, а некое другарче нејзино Сулејман, и другиве деца гости си добиле свои улоги и демек во палатата на Величествениот се одвивала играта.
    Абе, во мое време жешко столче игравме, а не Руби, Есперанса или Жаде еве како најкарактеристична серија. Па не сме се правеле жадиња. Ја разбирам да ти е интересна серијата и мене ми е интересна, да е хит-хит е нема што, специфична е итн. ама до толку да се внесеш?! Оф леле. Не знам што да кажам.
    Само знам дека нема напредок со ова однесување. Наместо во сегашноста и со визии кон иднината, ќе се внесувам во серија која да, е базирана врз вистински случувања и е историска, но никако не е 100% точна, ма ни 80/100 и се однесува на историјата на друг народ кој владеел со нашиов, ама ние како народ не се ни спомнуваме, само некоја робинка таму дека била Македонка. Go ahead.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    Има пар луѓенца на твитер кои се сфаќаат многу сериозно и е смешно. Плеткаат прстиња каде што немаат капацитет,ко на пример политикааааааааа...на примеееееер. Би им препорачала,оди лакирај нокти МА.
    И онака,се фаќаат прво за гаќа,ама фаќање квалитетно,а сега оградааааа... и после пак ќе си се врати на старата рутина на глупи работи што секој ден ја занимаат и тука више го гледаш очигледното дека твита за нешто зошто сите твитаат во дадениот момент и пак прудужуе со нејзините глупости ко да живее у друга реалност,а оние шо ги занимаат паметни спрдачења на тема власт и политика и наша реалност,си продужуваат даље со истото. Си твитаат паметно,увек нешто се заебаваат на тема политика и актуелни глупавштини на власта. Ама поентата е шо оградата сама по себе не е исклучок,туку толку се пратат вести од економијата пошироко. Е и тоа ако почнат да го пратат, ќе им се приплаче ама скроз,онака би липале и ќе бидат благодарни за секој ебан денар шо го трошат на кафе секој ден.
    Твитер не го сакам,а го пратам зошо мои мили луѓе твитаат таму,а ги поштувам и ми се страшно смешни (а покрај нив ти улетал и некој од погорнине) од причина што секој секого прати и секој сака да се истакне. Значи,не луѓе не треба секој со секого да се знае,не е природно. И има такви луѓе што на секого стискаат риплај и такви кои на сите им тураат капачиња. Малку се на твитер де...нечу да ги именујем. Ах да и више се у фазата алапачлук,ама тежок и на крајот,се во врска со сексот.

    И искрено живеам за денот кога гулабица нема да ја гледам на вол на фб и нејзините ебани интервјуа. Не знам,стварно не знам како народов се фаќа за вакви работи. Мислам мене по дома ме учеа да не се смеам на будали и тро поглупи луѓе,ама глупо глупави,не знам како да објаснам. Ама на оние првите што горе ги спомнав,на таквите сама се научив цинично да им се потсмевам. Одбивам,одбивам да и се смеам.

    (И околу тема ограда,замислете кои би биле мотивите на оградата кога нашите потомци на 100 години од сега би се решиле да ја сменат за тро понова...ау,ау,ау! :D Аце,стечајци, транзиција, протести, БАРОК у минијатура,лудница!)
    (еј да,какво неописиво чувство ми предизвикуваат комплиментите од типот...блескаш или најубава една! Инстатно ми оди на изјавувачот да му напраам у фаца бухахахахаха! :D )
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Единственото нешто што ми буди искрена насмевка , нешто што ми го топли срцево и душава . Колку и да си тажна , несреќна , разочарана , празна колку и да осеќаш дека си на дното кога ги гледаш овие мали човечиња ...
    Како мразот во мене инстант да се топи, ми се губи грутката во грлото . Гледам некој зрак надеж, светло во тунелот , малку розова боја во сивилото. Ако не ти инудат насмевка ако не осетиш топлина на душата тогаш мора да си од камен. Би ги гледала нивните лудории по цели денови , би играла заедно со нив подобра антистрeс терапија здравје .
    Пред некој ден бев кај братучед ми . Не е бебе , ама е дете . Дете кое е невино и чисто суштество кое не знае за интриги , кое сеуште е изолирано од ненормалнава денешнина . Покрај многуте нервози , стресови , лоши збиднувања бев отсутна и потиштена . Седнал си игра со коцките , поминав покрај него и му викам ...

    -Ќе може да играм со тебе ?

    Ме погледна зачудено изненадено и задоволно ...

    Може ајде Венди да правиме кула . Ама шакам гоЉема да биде !!!

    Седнав до него се фатифме за работа , се посветив на кулава максимално , заедно ја градевме . Толку се венесов што изгубив осет за време . Мојата посветеност на кулата делуваше чиниш стварно кула градам па треба да пазам да не ја утнам :D
    Иде мајка ми после и јас не знам колку време , ми вика абе Венди ти планираш да си одиме или ќе играш цел ден со детево . Еј види колкава си , абе што ти бидна ? ! Се заигра и се смее со мене ...

    Јa завршивме , и ми вика сега кога ќе дојде мама многу ќе се израдува . И задоволно ми пријде и ме гушна и загрли .
    Таа кула не знам кого повеќе израдува , тоа време што ми го даде и спокојот што ми го пружи не го може ни еден антидепресив ни најдобар психијатар !
    Заборавив на се , уживав во ситницата што ми го разубави денот . Уживав искрено , и се смеев уште поискрено .

    Кога си заминував го прегрнав и му кажав Те сакам !!! Тоа е најискреното те сакам што некогаш сум го кажала ... :l: :) :sun:
     
    На Gea, bittersweet, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Значи ПРЕМНОГУ ме иритираат основни правописни грешки, некои што треба секој да ги знае. Кога ќе прочитам некаде Д наместо Т (предпостави, одкрива, одстрани и уште мноооогу вакви примери) косата ми се крева. Значи не треба Д туку Т!!! Не сум знаела дека до толку се нервирам за овие работи, озбилно.
    И не е свати туку сфати, ми доаѓа опомени да давам кога ќе прочитам за некој сват, сваќа |(
     
    На Gordana10, Doozy, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Kим за сфати си во право, ама за останатите ме замисли.

    Јас сепак мислам дека се со т :)
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Да, со Т се, затоа напишав дека се нервирам кога ќе прочитам некаде дека се напишани со Д наместо со Т. Лелеее ај да редактирам да го поправам некако да не си помисли некој дека со Д се правилно, уште тоа фали :tmi:

    Кај што си почнав да си кажав друго што ме нервира што видов деновиве :D
    Значи страшно е да ти се закачи некоја тетка на фб, a не можеш да ја избришеш од пријатели, па на секоја слика ти коментира: Леле шуба си, лична таа на тетка :* / Најубавата внука си ја имам, еве те поздравува и тетин ти Ставре, сите те бакнуваме :*
    Или се сликаш со некое ново другарче, па ти пишува: Аааа кој ти е овој, а? Многу си одговарате, ајде ќе бидне нешто можеби :P
    Или ти пишува на ѕид: Нека ме викне мајка ти ако и треба помош за сармите.

    :devil:

    Jас си го немам овој проблем, ама се изначитав вакви глупости. Ноу комент.
     
    На Adi888, LilBaby и sesilija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.