Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Ми заврши пеколната колоквиумска, ама сега во петок пак полагам, ама не ми е во перцепцијава некако тој предмет, ко да не постои, не можам да се убедам дека треба да го учам.
    Уште неделава, па после до крај на ноември одмарам, уау цели две недели.
    А што ме чека во јануари, не сакам ни да замислам, Господ нека ми е на помош. Битно од сега знам како ќе си го прославам роденденот.
    Тешко, тешко. Диоптеров ми се зголемил од учење дупло, ама уште одбивам да ги носам наочарите.
    Само сакам да им кажам фала на мачорот и на другарка ми, што само саат време поминати со нив ми даваат позитивна енергија и знам дека доколку се друго отиде во неповрат, тие се секогаш тука..Затоа сега им спремам мини-изненадување, како знак на благодарност. Обожавам да давам поклончиња и да правам вакви малечки ситници за нив, ептен ме исполнува.
    И најбитното, здравје следниот викенд си шишам и се фарбам кафена за максимум задоволство, чудно како кога ја кратам косава како да си ги скратувам маките, а да не зборуваме за менување боја, тоа е ultimate промена која ми причинува необјасниво задоволство. Уште побитно е што си се враќам на старата јас, плавава фаза баш и не ме претставуваше во најдобро светло.

    Е да, си се распишав, а само сакав да се пожалам дека нема крај учењево..
    А радо би го поминала цел ден слушајќи музика...

    http://www.youtube.com/watch?v=xsYzsV4RzdE
     
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК убав ми е денов гледам малку сонценценценце надвор :D А претходната година овој ден не ми бил некако интересен се , се случувало најнормално се до вечерта кога бев кај една другарка и си седевме си планиравме да одиме на Бени и ми пиша ти буце мое да се видиме пак :) Се видовме иако беше коцка надвор и низ парк си се шеткавме , си зборевме ииии накај 23 : 45 или веќе 00:00 си се фативме хахааах колку колку ми е смешно и затоа ми е денов јаготче :rofl: и после се чекам со другарка ми пресреќна да и раскажам што се случило леле лелеле и така се до денес.. хихи година бејб годинаа . Иако би требало да учам денес и цела недела јас си се заебавам ама ај ќе биде, ќе пројде и тоа :*
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=EeFZB5VmO6I

    Па добро бе, до кај стигна народов? Слушнете го текстот, и видете ја типкава!! Да ти се пљукнам на суратот, со сила ку*валана да се праела ц ц ц . Добро бе и не сфаќам, се мисли дека е убава, дека песната и е уба, не знам шо сака да постигне? Пу пизда ти матер!
    Не бе , не можам да сфатам шо е со типкава. |(
     
    На baguf4e, la-chicka, anneyy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Чувствувам дека во блиска иднина ќе се дерам на глас за да го натерам секого да си ја гледа својата работа и да си ги плаќа своите гревови. Поточно нека не ги плаќа и нека биде зафатен со правење нови. Само нека нема време за друго.
    Како Саманта, која се бори за признавање на функцијата на презервативите. Исто.

    Убедливо, секогаш е најдобар оној кој знае да се заштити себе си и да си ги скрие малверзациите со прикажување на туѓите мани и гревови.

    Убаво сонце над Македонија. Штета што успева само површински, а не ја огрева во душата.

    Првин тресни, па кажи Оффф...!
    ... или како и да беше...
     
    На ines.h и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    На Nika666 и smiley-94 им се допаѓа ова.
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На starbucks и Cynthia им се допаѓа ова.
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека решив денов да го искористам на секој можен начин. Резултатите одлични. Неделата знае да те изненади ако и дадеш шанса. Излегов со мечокот мој сакан и со кутрето, се прошетав, се изнасмеав, се изнатрчав во лисјата и просто и се воодушевував на есента. И таа знае да биде магична, опојна е.
    А од утре со нови сили повторно нурнувам во бранот со обврски и само обврски.



    И да, Синтија си доби нов телефон.. Тралала :dance:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Ветрот ме милува со магичен допир
    мириса на доцна есен ...
    Важно е да знаеш да го разубавиш и најтемниот период, да се надеваш на светлината од крајот на тунелот и да знаеш на кого можеш да се потприш при целото твое патување..
    Сега, се разбира во тие моменти е добро да имаш некоја личност која те разбира..
    Се смеат на глас а во себе плачат, се плашат да живеат викаат дека се е во ред а се жално, патетично.
    Не сакам да бидат вакви , посебно не тие кои ми значат..Но неможе секогаш да бидеме насмеани нели ..
    Ќе им бидеш отскокна даска на сите, и откако ке го достигнат врвот, не ни погледнуваат назад да видат кој им помогнал да стигнат до тоа ниво. Забораваат кои биле пред да се запознаат со тебе...
    Така функционира светов.
    Јас сум среќна со тие што ги имам покрај мене и во светлите и во темните моменти , иако се малку .
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.655
    Ох,луѓето и таа нивна љубопитност! Ги сакам! :*

    Солзи и смеа кога се жалат од останатите лоши луѓе! :( Лесно е да се прости,зошто сите се исти,пааа...мање - више колку ќе те повреди. Им ги љубам згужваните фациња на загрозените жениња!
     
    На Go-Girl и anneyy им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес имам неодолива желба да акнам некого со тавче, баш онака како што прават на цртаните. Па на дотичните (да, множина е во прашање) да им кружат околу глава не славејчиња него мршојадци. Си размислував прееска и заклучив дека немам некое хоби од типот Јас сум колекционер на шеќерчиња/лажички/цигари/кондоми (кој користени кој некористени) и сл. Е, затоа можам да станам колекционер на тави. А пропратно ќе направам и еден убав список на имиња кои би биле здраво удрени со одредена тава. Селекцијата може да биде или според омилената боја (колоритен човек сум јас) или според дебелината на тавче (секој според заслуженото).

    Во секој случај ваквите тавчарски мисли се сосема оправадани во недела. Недела е сепак домаќински ден а што е подомаќинско од садови за готвење. Па во среден век мислите имале толку тави, за да им биде полна кујната?? Како не, тавите им биле оружје на жените не помалку опасно од револвер или љубов.

    Јас и моите тавчиња ве поздравуваме и по потреба стапуваме во акција.
    Еве не на дело од заседа:
    [​IMG]
     
    На ines.h, Strumfeta93, IndieGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. RoseMarie

    RoseMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    18
    Сакам само да кажам...бај бај , си одам од форумов.Фемина е прекрасна но незнам дали е до мене или до моите години.Изгледа сум многу мала да одговарам или да поставувам теми. Имам 12, така да да не се занемарувате со мене и да ги читате моите глупости ќе си се исклучам.Можеби некој пат ќе ставам само слики во темата ,,Вашите нокти,, бидејќи темата многу ми се допаѓа.

    Ги поздравувам сите феминки Посебно Трендафилка,Хипица,Лилит и Пирамидтка.Нивните совети и теми најмногу ми ,,помогнаа,,(ако можам така да се изјаснам)
    Голем бакнеж до сите :* :* :hai:
    И онака мојот живот е само една голема црна дупка
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Дедо Мраз пристигна во Амстердам! :)

    Прекрасен ден! Уште од сабајле излеговме да го чекаме Дедо Мраз, пристигна на брод, пловеше низ каналите на реката Амстел, па потоа попладне, со коњ пристигна на плоштадот.
    Имаше многу народ, децата се радуваа, па и времето се погоди сончево..

    Колку добро организирано, каква манифестација, забава, цела церемонија направена за пристигнувањето на Дедо Мраз.

    А кај нас во Мк, е битно која партија ќе ја организира забавата, а не каква ќе биде |(

    Им викам на другарките во МК дека денес Дедо Мраз пристигна овде, и они се чудат, рано било..
    Така сме научени ние, две недели пред Нова Год да го украсат градот и толку..

    Овде веќе се ужива во предновогодишната атмосфера. :hug:
     
    На Doozy и Name им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Кога дојдов овде ми беше ок,сакав да сум малце сама,настрана од сите,особено од моите,да можам да потонам во мисли,да си ја разбистрам главата,да се исплачам и да си ја пуштам душичката слободна...
    Некако поспокојна се чувствувам,смирена,иако понекогаш беснее некоја бура во мене :mm: Имало ден за одмор и за мене :)

    Подобро е понекогаш,но секако и ми недостигаат моите.И другарките.Битола си е Битола.Има некоја посебна магија :) Ама и тука е убаво,кафенцето пред мене,греалката ми дува топличко,јас со книгата,потчитнувам :D Погледнувам и Фемина :) Ме буни само тоа што сеуште го нема,ми ја нарушува концентрацијата...Толку ли е тешко да си признаеш и да се покаеш?Толку ли е тешко да направиш еден чекор? Еднаш да ја погазиш таа гордост? Ама ако не ми веруваш џабе е се... Ама ќе си почекам,за нигде не се брзам :wasntme:
    Недела убав ден и за одмор и за учење :) Се надевам и вас да ви се погодил :*

    И уште нешто,се насмеав преѓе :D Една порака...
    Оче мој,кој си на небото,оној кој не сака да ми се јави и да пушти сигнал,ете тој мајкин син,ако не ми прати порака да го изгуби мобилниот.Амин! :D
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    На Nevermore, Nika666, Dushica-sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Дека ништо не е како што изгледа. И глупаво ми е кога ќе слушнам/прочитам некој како кажува: „Јас никогаш не би...“ или „Јас нема шанси...“ и ред други вакви реченици. Сериозно, работите не се такви какви што изгледаат, и се' се менува. Секој треба да го знае тоа пред да тропне некоја глупост...
     
    На Gordana10, crazylady, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Што и да беше она што ми ја кочеше инспирацијата последниве две недели, повеќе го нема.
    Фрустрирачко беше чувството со денови да зјапаш во празен лист, да имаш толку работи да кажеш, а да не знаеш како. Викендов се ослободив од сите мисли и чувста и ги пренесов на хартија.
    Полесно се чувствувам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Охо охо охо охо охо.

    Будалата мој најдобар другар си дојде од другиот крај на светот без да каже на некој, на било кој ... мрднат. Едвај чекај утре да го гушнам.
    Тој ќе го подмавнуваат љубомори што ќе ги чува во себе, а убаво ќе ме третира, затоа што се освестува дека вредам, и колку вредам, и дека бум некој може да ме грабне а тој да ме изгуби ... Па и знае дека другар ми имаше еден благ момент, кој не требаше да го кажам, ама во пуста нервоза му го кажав ... ама ако. Мене целава ситуација ми одговара.
    И другар ми море како знае кога да дојде лелееееееее. Го сакам бре и ќе го згмечам.
    Тој нека е свесен што има покрај себе бре, за да не ме нервозира за брз врска. Додуша и јас вчера се свестив дека може да го подзагубам ако претерам со моето однесување. Имено една фина девојчица му пишувала дека го сака, и колку го сака и што се би направила ... а тој нели, со години има девојка имено јас. Ладно изреагирав пред него иако жичките ми се приспоија во главата така малку плус и минус. Сега кога ќе се скараме само да не му го накалемам тоа и добро ќе биде. :rofl:
    Да не почнам и јас со глупави статуси на фејсбук од типот чувај ме злато ме сакаат и други :rofl:
    Ама стварно да ме имаш мене покрај себе е ... ехеее. За него па ... чисто бинго сум, премија бре. :D Се шалам, ама стварно е така :rofl: ХАхахаха збудалев малце. :P

    Ама за некое чудо, неделава беше прекрасен ден :dance:
    А вечерта ќе биде уште попрекрасна, во уште попрекрасно друштво ... како предвесник на понеделникот кој ќе биде уште попрекрасен зашто прекрасно ќе гушнам две прекрасни личности, или три четири, ама за овие две е сигурно. И тоа би било тоа.

    Прекрасната јас сега го напушта прекрасниот форум и ќе оди да ги пегла шишките кои и се како сателитска антена. Па така, бидете прекрасни, како мене или попрекрасни, ама невозможно е да бидете попрекрасни, па доволно е да бидете како мене.

    Не сум пијана жиВми се, само јогурт пиев денеска од течости ...
    Али заљубена сум. До уши, како првиот ден. Даааа, да да.

    Ај чао :rofl:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Чекам тогаш да прочитам нешто :) You creative soul :f:

    И СДК браво за постовите во Ваши дела – поезија или проза :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Женски ја нисам од овде,само чекам автобус. :nod:
    Е ме нема ,ме нема,ама...
    Колквиуми се нижат,десетки се ближат.
    :)
    Е така да си знаете,и ако ви фалам и ако не ви фалам.
    За поинтензивно дружење,ќе ви се обратам од следната недела.
    На ви цел грозд бакнежи! :*
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Неправди, местенки, и врски. Имало, има, и ќе има, во се!
    Само што, наместо да си гледам за себе, јас се нервирам за други. Епа и да можам, не сакам да ми е се сервирано на маса.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.