Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Вчера беше денот посветен на мајките, Mothers Day.

    [​IMG]

    Првиот мој од се надевам уште многуууу, интересен ден.
    Мм ми го исклучил мониторот за да се наспијам, кога станав веќе спремаше доручек малиот го облекол во боди на кое пишуваше My Mommy is the best :lol:, му ставил еден цвет во рака со надеж дека ќе ми го даде мене пред да го стави во уста :D
    Подарокот беше преубав, да знаеше македонски ќе си помислев дека го чита форумов и ја украл идејата на Doozy, ама бидејќи незнае ваљда сам си го смислил, преубава слика во црно бело од мене и малиот :inlove: а втората слика од Матео со на брат ми близнаците легнати на кревет Матео во средина се држаат за рачиња(како ги наместил така којзнае) а големиот внук ги гушнал сите, исто во црно бело, ме расплаче од убавина, ме погоди во срце.

    Татко ми дојде со огромен букет цвеќе, среќен затоа што јас сум среќна, само тој знае колку бев загрижена дека можеби никогаш нема да станам мајка, тој беше последна личност што ќе ја видев пред да влезам на операција и прва од кога ќе ги отворев очите,сешто помина со мене, сега сум среќна затоа што не мора повеќе да се грижи за мене.

    Внук ми ми направил честитка на училиште на која пишува I love mu aunty/mom :D , таа учителката затоа ме гледаше чудно во петокот кога го земав, иако имаме сосема нормален и здрав однос, во општество каде повеќето се разведени и со деца од безброј партнери сигурно ние делуваме како ненормални :D

    Како и да е преубав поминат ден со најмилите, не дека тек сега животот ми добил смисол ако е така тогаш предходните 31 година сум ги живеала залудно, битното е дека сега знам дека никаде не би сакала да бидам повеќе од тука во прегратките на мм со синот во нашите прегратки.
     
    На sesilija, miss.ella, MacenceEna и 32 други им се допаѓа ова.
  2. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    СДК дека многу е глупо кога некоја женска ќе види убаво машко и иде да му каже -еј убав си како се викаш? |( |( |(
    место асално да се запознаеш,она така..чоеков ќе си мисли дека е лесна е*аго
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ми излегуваат листови на нозете, ќе пукнам од мака. :(
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Yee back to work ^_^
    Не дека си го сакам работното место ил работата што ја работам ,битно ќе го чекам 15ти за плата ,месечен шопинг , многу поминати километри за време на празници и викенди и тако даље.
    А баш некни се пријавив за волонтер и сега нема смисла да откажувам ,нема врска јас сакам да имам многу многу обврски ,да си го организирам цело време ,да бидам busy нонстоп :D да се прави нешто .
    Египет wait for me , Sony и ти исто така , Ерусалим ти земи си клупа да подседнеш за чекање :D ,
    Ајде бе па не е се се толку сиво нели, има и розеви моменти,да живееме за нив па така може почесто ќе сакаат да се покрај нас :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    СДК многу работи. :geek:

    На некои самосвесноста им работи на ниво на амеби. А, бе, не знам луѓе, до мене ќе да е изгледа, па мене ми е уште од сега срам да им барам пари на моите. Да живеевме некаде каде што ќе можев и да работам и да студирам, тоа ќе го правев и сама ќе си се издржував. Мои пари, што сакам ќе им правам. Еве сега идат одмори, едно друго, и искрено, порадо би ги пратила нив некаде на одмор, неголи јас да отидам некаде. Чекај малку, чии се тие пари? Мои сигурно не се, јас сигурно за нив не работам секој ден од јутра до сутра, и јас без осет да си отидам некаде, да си ја прчам долнава (пардон на израз) а тие да се варат во градов? Не фала, ќе си ја проверам заштедата, ќе го проклацкам свинчето со пари... е тек тогаш ќе можам да се одморам на раат. :wasntme:

    А година, е година... со друг памет ќе пристапиме кон летните активности. :D

    И додека доучувам за последниот колоквиум, стварно се запрашувам што со мене од понеделник па натаму, до далеки октобар? Еве решив ќе слабеам асално, ама што тоа, саат и пол дневно занимација. Да спијам по 12ч, да се дружам по 4-5 часа наоколу, пак ќе имам вишок време, и тоа многу. Лани сум прочитала 53 книги, годинава изгледа ќе се надминам. |( Ако имате идеи и сте некаде во странство, а сакате да вдомите девојчиште што знае убаво англиски и неубаво германски, фил фри ту контакт ми. :D

    Така ви викам, сега си го дрмнав второто нескафе, се фаќам одвреме навреме како пијам на екс по една чаша кока-кола, да ме штрекне троа. Се изнапишав, многу голема пропаст е кога некои работи едноставно се учат со пишување. Па пишувам, пишувам, пишувам, со денови и изнапишав страници. Да ти пукне жчката, ме замара предметов. :devil:

    Арни добри, ај чао сега. :hai:
     
    На Hipster, danniela5, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    И така времето у Скопје влезе у ПМС... |(
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Четири месеци од кога те нема..
    Ги сакаш ли Bon Iver? Уште ли сум она што ми велеше дека сум и треба да продолжам да бидам?
    Каде си?
    Фалиш да кажеш по некој расфрлан збор чие значење треба да го собирам од секое ќоше во космосот.
    Среќна сум, уствари, ехеееј, толку работи се случија.
    Запознав еден Иван летово, и знаеш што? Изгледа тоа е тоа. Знам дека единствено тебе не би ти звучело патетично ако 17годишно девојче каже дека Тоа е Тоа.
    Што направи, човече??
    Подврати, чачни ми низ мислите.
    Денес е глупаво, овде, на Земјата. Дождлив ден. Тапа.
    Осветлувањето у куќава е грдо, се ми смета. Ме чеша коската под вратот, го мразам тоа, и самиот знаеш.

    http://www.youtube.com/watch?v=ssdgFoHLwnk

    Љубовта може да се плете во безброј различни џемпери што го берат секој.
    Љубовта може да има безброј значења.
    Таа е бескрајна, уствари.
    Може да биде и ковчеста.
    Види..не знам што ми стана, ама да знаеш дека сум среќна и вљубена.
    А не знам дали ти некогаш беше вљубен.
    Беше ли вљубен, Утопиец? А? :)
     
    На Bright, Nevermore, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК,

    Понекогаш зборовите за премалечки за да се искаже она што се чувствува.

    Како синоќа што ми беше тешко и пред очи не ми се гледаше од работа, се оставив така растурено. Утрово станувам и гледам се средено.
    Кутра душа, станала толку рано, средила, ги измила садовите и заминала на работа. Којзнае кога станала, можеби и кај 4 утрово.
    Да барав ваква свекрва и на Лото да ја очекував, немаше да ја добијам.

    Од срце си ја поздравувам и сакам да знае дека многу ја сакам, како вистинска мајка :hug: .
    Зашто заслужува многу :f: .

    [​IMG]
     
    На savana, Monna.Monna, Lux и 15 други им се допаѓа ова.
  9. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ми треба лето, и тоа многу! ајде доагајјјј
     
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Коа кафето дома ти губи шмек..тогаш нешто не е.Ама..си имаш со кого да делиш сонце,дожд..среќа,тага,љубов и гајле ти е.
     
    На Lux, Bright и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Ме живцира Интернетов! И тоа многу јако! Не знам дали е до него или до компјутеров шо ми е полн вируси, ама дека ме нервира и те како го прави тоа! Па, преку глава ми е! Ауф! Сега го исклучувам и врска немам кога пак ќе го вклучам (минимум до утре попладне). Абе ај! Ова ти е жива напаст. Треба да чекаш 15 мин. еден линк да се отвори, а знак прашалник е дали до тогаш нема да ти се блокира компјутеров па по не знам кој пат ќе го рестартираш.

    Коментаров е повеќе за во Испукај се ама не би нешто кликала сега зашто знам дека можно е пак да треба да го рестартирам, а не би сакала. Со учењето сум дупка, абе ајј ич да не се нема па желба, не за друго просто досадно ми е тоа нешто да го учам. Да ми беше интересно, со ќеф ќе си читав, ама ова психички те разболува. Мхм! Така е, кога се чека недела пред колоквиум да се учи, а материјалот е обеееееемееееннн... стискајте палци и вие форумџии ама дека имам потреба и од помошта на сите светци за овој колоквиум, имам!

    Овојпат сум загазила, нагазила. Ама ајде бе, ќе биде. Ако не оваа година, наредната. Само без нервози, ќе изгубам дел од лепота хах. Интересен период ме чека, а јас не можам да престанам да си мечтаам за летово што не' очекува и можам со саатови така да си поминам, а книгата у раце ја држам :fubar: . Море, веќе почнав и да не ја држам, ги оставив и импровизациите, сега така ми минува денот викендот у фантазии дека сепак среќата нема да ме напушти. Како и да е, има време за се, ќе се избавам и јас од студентските гревови :wasntme: . Затоа пут под ноге, да станувам, да одам да си читам оти друго ништо не ми преостанува. Кутрата јас, кај заглавив |( .

    Чао дечки! Се читкаме пак.
     
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Зошто бе, зошто ми требаше да го направам тоа вчера :(
    Само си отворив стара врата преполна со проблеми! Срцево ми се кине.
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ух,шубаво било кога ќе се издуваш овака,си се повозивме со тато и одма сум некако посмирена.
    Знам тато дека немаш на кој друг да му се пожалиш освен мене,и иако можеби не ти одговарам кога ми зборуваш,те разбирам потполно.
    А да,прееска ми гледаа на кафе,и женава скоро се ми погоди.Ама реченицава поточна неможе да е :„Тебе дома те гледаат како син,и сакаат да бидеш џандар“. :wasntme: Сакам сакам,и освен што сакам да сум полицајка,сакам и да сум машко,ама ајде некако ќе си се задоволам со тоа што ме сакаат како син единец :wasntme:
    И еве сега тато се распраша за тетоважи...јао колку ме изненади,а он ми држеше проповедања како не е убаво да ставаш тетоважа вамте тамте.И го прашав,му реков нели не сакаше тетоважи,ама рече му текнало некоја идеја.Мислам дека сака да го истетовира моето име и на дада,али видечемо дали уопште ќе се одлучи.Го прашав ќе одиме ли заедно да се тетовираме и се разбира одговорот како и секогаш „женско си,нема шанси да се тетовираш“ |( Плус уште една причина зошто не сакам да сум женско.Ама ај,морам некако да го убедам,тетоважа на мене морам да си ставам ги обожавам. :inlove:
    И така девојки,си кажав јас што си имав,отидов сега на роденден да се накркам :D .
    Имајте вие убава вечер :*
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам пиво и скара.
    Природа и забрането овошје.
    Живот и смрт.
    Чат-пат и по некоја солза.

    И најважно од се' сакам да мрднам со месециве малку.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК и кога срце тагува, човек треба да собере сила за да биде насмеан и расположен, потребно е да не дозволи тагата да го надвладее.

    И според соновите и толкувањето на истите, изгледа се остваруваат :wasntme: :tmi: се нервирам како може да се предвидувачки :D :tmi: :|
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Динамични денови, пред малку се прибрав и убаво ми дојде бањањето [​IMG]. Накиснав цела, ама си купив тоа што сакав и си го надополнив мојот гардеробер. Ме стега нешто срцево, и не само мене... тешко ми е некако, конкретно во градиве... се надевам не е лошо претчувство, зошто ми остана уште да предавам лекција во понеделник математика, за да завршам со оценките веќе еднаш. И само се тресам да не испадне нешто, да не се одложи за вторник зошто планот ми е да не одам во школо, закажано имам за нокти, па се молам да ја предадам лекцијата во понеделник, а требаше уште вчера и веќе аман, да се отарасам. Се надевам нема да се одложи. [​IMG]
    Истотака, во понеделник ќе се враќаат книгите, интересно ќе биде лалала тегни се, пусти се, кичми се, ама од книгите отараси се. [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Lux, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ако секогаш упорно ги избегнувате другарките додека сте во врска а по цел ден сте со дечкото - немојте да се чудите по раскинувањето ако останете без нив... :!:
     
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    После постот од вчера се чувствувам посмирено и постабилно.Сега сигурно знам што сакам.Сега сигурно знам дека треба да заборавам што сакам и да запомнам што заслужувам.
    Смирена сум!!
    Дури се радувам и на кафето со две другарки.
    Ке излезам на воздух.Ке се насмејам на новите шеги со другарките и ке слушнам некој нов трач муабет ..
    А и тоа што утре имам еден тон за учење не ме депримира.Смирена сум и знам дека ке постигнам,колку толку..
    Имајте и вие убава и смирена вечер.. :wasntme:
     
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На zhap4e, mims-89 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не е се’ така розево како што изгледа.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.