Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Брејјј, многу си а сакам фамилијава!
    Чудна е, ама сложна!

    Значи вака, мајка ми и татко ми се разведени.
    Татко ми ново семејство - жена и син.
    Родителите на татко ми и родителите на мајка ми се дружат 24 - 7. Значи најдобри другари.
    Мајка ми е многу сложна со мајката на татко ми, поранешна свекрва. Си се гледаат и на кафе.
    Значи мама се дружи со целата страна на татко ми :D
    Најчудно е дека траната на татко ми од семејството не се дружат ич со сегашната жена :o ....
    смешки :D

    си се гордеам многу сепак со нив... :inlove:
     
  2. TrueStory

    TrueStory Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    СДК дека повторно простив...
    Не сум личност која лесно може некому да прости, напротив ако некој ме повреди веднаш го отпишувам од живите!
    Но со таа личност е сосема нешто спротивно... Едноставно се обидувам да го оправдам тоа што го прави. Сепак го сакам.. :worried:
     
    На m.m.5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк,,ова..
    most people think their dog is the cutest in the world. they're wrong. MY DOG IS!!!
     
    На ines.h, chocolate.chick и Serafima им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.260
    Пол:
    Женски
    СДК конечно знам што сакам да правам во животот. Алелуја. Се осеќам ко некој превез да ми паднал од очите. Слепче бре.
    Ми викаат дека многу убаво ми прилега улогата на мажена жена, сум процветала. :$ А богами и преубаво се чувствувам, насмевката од лице не ми се симнува, со гордост си ја покажувам бурмата. :)
    Се вративме во фазата меден месец со маж ми, исто како на почетокот кога почнавме заедно да живееме, се љубиме сегде, чиниш вчера сме се фатиле, тазе сме уште. :lol:
    Убавини луѓе мои. :inlove:
     
    На La.Reina.Del.Sur, Annath, eli25 и 45 други им се допаѓа ова.
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Убаво е чувството кога знаеш дека не си сам, дека има некој кој е тука да ти пружи подршка и да те прегрне кога ти е тешко. Убаво е кога има некој да те посоветува и да те поправи на грешките, но и да те пофали за дадениот труд. Ќе ми треба низ лавиринтот на животот една ваква недволична личност како тебе , само убаво ти кажа во една прилика : „ Еднаш како мене се раѓа “ . Навистина е така. Можеби си нервозна и знаеш да се изразвикаш, но не и да навредиш, и кога тебе ти е тешко знаеш да се насмееш за јас или другиот до тебе да се почувствува среќен. Сакаш, знаеш , а најважно од се е тоа што можеш да им помогнеш на оние околу тебе вкличувајќи ме и мене .

    Ти благодарам другарке моја. Никогаш нема да го заборавам тоа што го направи за мене. И запамти , јас секогаш враќам дупло. :bow:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Се превртувам во кревет а тој до мене, само пружам рака и го галам, тој отвара очи и иде накај мене, ме граба со раката, ме припојува до него, а јас како медуза се плеткам околу него со раце и нозе. Аххххх, таа цунка на сред спиење, дишењето на мојот врат и рацете околу мене ми го продолжуваат животот и спиењето стотици и стотици минути.

    И друго, преку глава ми е од оваа простава Гулабица, дајте депортирајте ја некаде надвор од Македонија, интернетот е преполовен со постови за неа па и на Јутуб, популарноста и расте, демек, накај добро, според неа и нејзиното плитко и смешно интервју.
    Се завртеле околу неа како да е некоја си зајачица њоњ.
    И мислев дека доволно пријатели сум избришала од фејсбук, ама кога видов дека некои прости, немаат попаметна работа освен да ми ја полнат почетна со реметење и тупење само околу неа, ајде брате мили, фино лепо, мило ми беше, убаво беше додека ме имаше, веќе не, асталависта парасијемпре, делетед!

    Се пофалив ли дека имам нови звучници за лап топот ах ах, само 300 денари, а веќе сериите се 20 посто подобри со новиот звук! Од дечко ми ми се ла ла ла ( дај залепете ми една).
     
    На bittersweet, Lux, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Има нешто во водата, има нешто во воздухот, море има нешто во климата!
    Свадби и колачиња со порака. Работни обврски и рецепти за карбонара со печурки и лут сос. Неговите смешни пораки со симболи, а моите со зборови. Контаме. Он е гик, ја поет. Си возиме точаци на сто степени, ја горам ко ракета а сум црна ко ќофте, а он бел, беличок, ни боја ни бутур ни мака!
    Време е за алергии, јагоди, осипи, кивање, мушички околу лустер, муви што порано се будат од тебе, па ги ишкаш со пцости и ти се гади секоја нивна маневарска муниција што ја какаат по твојот фин свет!
    А па недајбоже да се у пар, па се сексаат каде годе!
    Но тоа е што е. Пролет и им се може. И нив.

    На Боб Марли денов, пројдовме со мачорот мој ко туристи во некое селце. Пиво у тон со гардероба, цвикера како не би не гледал некој, а богами и ние него, и шетај. Се изнавидов среднисти, колеги од факс, фини ушиња и рачиња, точачиња и куп манијачиња. Ме глеа еден другар, одамна се неаме видено, Кумановец, фин. Ми вика: Де си мори Ану, шо по небо гледаш!
    Викам, па убаво е небово бе! Има некоја ванилеста боја со тук таму неколку црешки!
    Па шо. Парк ко парк. Корнеше на трева. И оваква и онаква.
    Ја си гувеев вечерта во Скала, со мешано скариче и ракиичка и после тоа на Пикасо, јееееееиј! И пољубивНе врата. Секако.
    Музеј отвара во 9, затвора во 17, така!
    Нејсе, ќе го виѓааме Пикасо други ден.

    Си начекав патем, едно фино книжуле, алијас весник, се вика ГраѓанСки, го препорачувам топло.
    Купишта култура, неоптоварени теми, свесни колумни и ниеден гаталец. Све ок типци и типки, уредништво на место. Целам таму да пратам CV, ама прво им давам година дена гаранција. Оти весници кај нас - помини замини.
    Еј не ви кажав - си купивме со мачорот тенда за на балкон и ќе расчуриме скара утре!
    Нека мирише нек храна се дише! :rofl:

    И ова слушам сеа, постточаковозњачки, со мирис на јагоди у образ.
    Раат, Дома. Светлина!
    http://www.youtube.com/watch?v=UAv2s4Q2wwI&ob=av2e
     
    На innablood, cigarce и starbucks им се допаѓа ова.
  8. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    СДК, бев свесна за некои работи, и кога конечно се потврди тоа што одамна мислев дека е така, неможам да се помирам едноставно. колку и да се спремав пак не сум доволно спремна за тоа. лошо, многу лошо :worried:
     
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Од прееска одлучив,саламата и лебот (бел или полу бел) да ги тргнам од моето мени.Почнувам од денес,од сега..
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    6.638
    Смачено ми е од животов преполн со лажни и невистински вредности. Тоест криви се луѓето кои не ги знаат вистинските вредности, па ги наметнуваат овие.. А што е најлошо, сите почнуваат да ги прифаќаат.
    Дури и јас. А најкриво ми е за тоа. Иако не сум стигнала дотаму, до тој степен до кој што стигнале некои други луѓе. Ама мило ми е што барем јас знам да чувствувам и да сакам, нешто што некои одамна го загубиле. Некогаш дури се запрашувам дали воопшто постои љубов на овој свет и дали некој го знае нејзиното значење? Сите се ладни, студени, не сакаат никого и ништо или пак немаат време за тоа. Имаат часовник на раката кој им служи само за моден додаток и понекогаш да погледнат во времето, не посакувајќи малку да застанат и да го замрзнат, да живеат во моментот. Брзаат да стигнат негде, и важно им е само да се убаво облечени, по последна мода, да ја имаат најдобрата шминка и аксесорис од сите, во петок да се надуваат и да не можат да се вратат дома.
    И од следната недела пак. Важна е само материјалната страна на животот, а не емоционалната. Важно е физичкото, но не и психичкото -онаа внатрешност на човекот.. Секој ја гледа твојата надворешност и убавина, никој не се заљубува во твојот карактер на прв поглед. Всушност, не се ни работи за емоции. Се работи за нечии сексуални желби и фетиши, кои само бараат некој да им ги исполни. Жално е. Ама стварно. Дрога, секс, алкохол. -Пороците на 21от век.. Сакам еден ден да се разбудам, да излезам надвор природна, по тренерки, без слоеви римел на мене, пудра и креон кој ја кријат мојата вистинска убавина и да го живеам животот. Сакам тој да ме сака - како што јас го сакам него, притоа не мислејќи како побрзо да стигнам до неговиот кревет, а потоа и неговиот џеб. Не ми е гајле што има палата и три коли, кога ќе сватат дека тоа не ми е важно? Само сакам барем на ден да бидам со него, да го држам за рака, да го гушнам и да се чувствувам како тоа да ќе трае вечно. Пуста желба.
    И да, сите ќе умреме. Но, некои ќе умрат среќни, а некои не. Јас сакам да умрам со насмевка на лицето, и верувам дека сепак ќе бидам посреќна од оние што имаат се - а сепак немаат ништо.. Зашто нив им е празна и гола душата, исто како што им е голо телото, за разлика од џебовите кои секогаш им се полни. Ама и тие еден ден ќе сфатат дека не се среќни.
    Но, зашто го пишувам сево ова кога знам дека нема ништо да сменам. Велат, ако сакаш да ги смениш блиските, почни од себе. Почнувам од себе, но другите се отпорни на промени. Тие се како дрва на кои коренот им е веќе длабоко навлезен во земјата, а гранките веќе им се накривени.. Не можеш да ги исправиш, колку и да се обидуваш. Ми останува само да се променам себе си, да се обидам да бидам подобра личност, да го сакам светот онаков каков што е, притоа не гледајќи го преку розови очила..
    Жално е ова што ни се случува.
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Еј, ако видите некое мало среќно девојче, со румени обравчиња , кафеаво ранче и срциња што лебдат околу главата - јас сум!

    :inlove:
     
    На Annath, Lux, cigarce и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Колку е глупо чувството кога си опкружен со луѓе кои не ја делат истата смисла за хумор со тебе :(
    Друштво, незаменливи сте!
     
    На ana-girl и Squirrel им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    За овие протестантиве што демек се борат за нивни права, а врска нема ...


    само еден ваков специјалец треба

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и stylishh им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека цела вечер се смеам,неможам да се соземам од смеење.Ах што би правела просто јас без неа? Мори кучко те сакам најмногу :* Да ми е жива и здрава братучедава.Убаво си и направила,малку е за неа ;) :rofl: Повеќе и требало,епа така ти е тоа драга моја ко ќе пригледуваш во други,и на прав пат ќе се испотепаш :rofl: :rofl: А плус тоа и носот в небо дигнат лјелје мале.Па така да ќе речам само:
    "На се има крај,и на твоето лице од рај".За брзо време некои луѓе ќе те разберат каква си. :rofl: :rofl:
     
  15. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Не зошто си ми идол, но ти нема рамна! Тело, насмевка, лик, тен, коса, ма совршена си од глава до пети :inlove: :$ :*

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Justice и MacaLove им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Кога на 4 годишниот внук му велиш-Те сакам и ти враќа со фала, што да очекуваш од останатите момци во животот?
     
    На Neytiri, bittersweet, Sanniii и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК дека со ништо не се замарам, животов ме научи така, а и сеуште ме учи...гледајки што се случува околу мене.Човек не може да биде имун на било каква ситуација, но понекогаш е потребно тоа, знаејки дека животот е многу краток.Ме доболува што некои луѓе страдаат, тоа што поради нивното страдање некои други се криви за тоа, само поради невнимание.И после се чудиме зошто животот е суров? Можеби и ние правиме да е така, само не сме свесни за тоа.Не секогаш нештата се одвиваат онака како што ние сакаме.

    И сдк дека неизвесноста е страшна работа :x :worried: убива :( :worried: :wasntme:
     
    На Lux, zhap4e, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437

    НЕ ОДМА!!! НЕКОГАШ!! Прв пат се грижев за некој дали е најаден, дали е наспијан, дали безбедо ќе стаса некаде... поточно дали му е исполнета секоја една желба.

    чуствителна си сум јас малку повеќе на вакви теми, де...


    Е сега да ви ја цитирам тетка ми. „Ќе видиш тете, ќе те побара тој еден ден тебе!“
    А, јас целаа :o вака и се пулам. Е че видиш ми вика и на тетка габи и кажав дека за Љупчо че се омажи и се омажи имам јас некое претчуство за вас, слушајми го зборов. |-) |-)
    И ко ми гледала минатата недела на кафе ми кажала дека имам некое ново познанство,ама јас не се сеќавам искреноо...
    Ај за арно нека е само ! :D Убав циркс од целава ситуација направив.
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    СДК дека сум сама дома и ми е страв помалку :worried:
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК дека вечерва сватив дека имам вистинска другарка покрај мене. Која ме разбира само и со поглед и секогаш можам да се потпрам на неа. Иако некогаш греши, па сите сме луѓе- грешки прајме. Токму то не прај совршени. Фала богу сеуште постојат луѓе во кои можиш да верваш, бидејќи во последно време многу ме разочараја луѓе кои ги знаев со години. Ама така е... Времето поминва, луѓето се менват, а спомените останват...

    Имајте добра ноќ сите :hug:
     
    На Lux, cinderella5 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.