Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Недела.
    Ветровито и облачно..
    Денот создаден за учење,пишување и тупење на мозок..
    За бањање и средување.За лакирање и депилирање..
    Создаден за средување на алишта во плакарот..
    Создаден за вечерно уживање пред телевизија и гледање на турски серии..
    И создаден е за рано легнување,пошто нели утре сме сабајле на училиште..
    :drunk:
     
    На CharmedGirl, Elennaa и Squirrel им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.208
    Мојот проблем се состои од премногу давање шанси (ко пријатели) на машки,недоквакани особи со женски особини.
    Ах да,ова беше она неделно утро коа си у дилема,да почнеш да тераш конвенционален живот, глуматајќи го и спремајќи свадба или да речам ебете се вие злобни,ситни,мали души,мојот микрокосмос е во зен,баш ми е гајле што вие не се согласувате со мојот живот и неговиот луд тек.
    Ако не сте знаеле,луѓето мораат да изнесуваат извештај со кого се емотивно врзани,со кого на физичко ниво,со кого едноставно спијат еден до друг, сите бараат ексклузива,а нечесност ги уништила,ниту заслужиле,нит па имаат капацитет да ја заслужат. Искреност?! Да ти докажувам?! Ха-ха... можда,ако сакам со тебе да речам пред олтар или што год,додека смртта не не раздели.
    Сум била гола до душа и срце пред една личност,не е тоа нешто за пред широк аудиториум,а бога ми и се заслужува со напор.
     
  3. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Колку и да одрекувам, убаво е чувството кога некој ми завидува :rock:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Значи најмногу мразам кога ќе ми се обратат со демунитативна форма у името.
    Знам нагалено ама личе ли на вол од 80 кила ЈОВАНЧЕ да му речиш?! |(
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ами Јоцка, Јоцо. |(
    Кога ќе слушнам дека така го нарекуваат брат ми, ми доаѓа на челото да му напишам со олкави букви дека се вика Јован.
     
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.686
    Кога случајно ќе добиеш покана за конференција, од рандом луѓе и по напорен ден ќе го фатиш сепарето во клубот и жестока дискусија со рандом дечко до тебе.
    Ден со траење од 18 часа активност, денес ден за рехабилитација.
    Убава женска вечер, поубаво вино и внимание. Да не се лажеме ми фалеше ласкање. Ама не и главоболкава.
    Покана за дејт, а тмурно време. Недела е така добар ден.
    :wasntme:
     
    На bittersweet, anabel-a и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.208
    Многу значи...*сакам* кога после години неискуство на свадби,ќе ми дојдат денес на канење,јас се подавам за чоканчето,они ми викаат,а сваќе,ти имаш посебна улога,од сабајле во 8 си кај нас и на посебна маса ќе седиш. А ја не ни намеравав на свадба да одам.
    А сваќе,не се договоривме така,не,не. Да,да сваќе, за штимунг,китенки и невеста,ти сваќе,пошто си фамилијарен PR ни требаш сваќе за односи со јавност те за односи со другите сватови. Зависи какви односи мислите и колку тоа од бакшижот на невестата оди кај мене...
    Брееее што фамилија ќе имав! Е нејќам,не одам! Кој те прашува бе, те тураат во филмот и ич не им е гајле.
    А да ви кажам,годинава многу свадби имам...многу. Ви ветувам еден туторијал на крај од летото. На една сум заедно со бивши дечко,ни се посватуваат фамилиите,а на друга...баш сум кај бивши дечко,па сега видете... Ќе се потрудам сите букети да ги фатам,одам кај Сноу на тренинг,да ми каже кај да штипам!
     
    На Hipster, LilBaby, TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Смислувам увод за трибинава поетска, и сфаќам дека читајќи Мираж сум станала ко некое бабе професорско. Граматички нацист. Ми пречат граматички грешки, чудесии. Небаре сум станала совршенка. Абе бегај таму. Ми се јаде улаво многу. Работам и блаботам. Треба да одам до чевлар и шнајдер. Да живее еснафот! И дужам на мајка шетња низ Чаршија и 10ка со кромид. Не за друго, денес ќе ми тегне пита со праз, а јас ќе мењам завевчиња и ќе зевам пеејќи арии, зошто нели, не ми се спие, не станав утрово во 7ипол, немам ПМС лудило и не, не ми се јаде се’ што ќе видам!

    Рижото со морковче, туна и лулашка на балкон. Очекувам да шпљусне дожд и да фрли некоја магија врз сите вжештени глави што кенкаат. Вклучително и мојата. Пратив брдо песни до Иван, да ги скенира и да смислуваме концепт за читањево.

    Решив, т.е не, одлучив каква стихозбирка ќе објавам, и многу си се самоизбодрив за изгледот, начинот на кој песните ќе бидат вметнати, самата корица. И некако ме фати еуфорија. И не стивнува. Драго ми е.

    Со Фиши се разбираме интерстеларно, си праќаме музички парчиња што живот значат. Со неа сме ко сонце и месечина, а небото ни е платно за цртање животни судбини. Се договоривме да капнеме некоја идеја на хартија, и откако лудиот бенд ќе ја објави нивната песна постнаталното бебирање на Алекс, ние да скокнеме со уште нешто. Време е, та невреме.

    А да. Со мачорокот си решивме да идеме на рафтинг на Тара. Колку сака нека е, авантурата мора да се деси. Иако не сум нешто ревносна да мачам газ по реки ко Мерил Стрип, за атер на летово, сакам и тоа да се испроба! Ако не, правац југ, па морето нека ми меси бутови.
    И ништо да не се дешава, мене животов ме решава.
    Сабајлево во автобус на едно деде му фалеа 2 денари за автобус. Му платив автобуска карта, и после низ наочари се расплакав ко тиква.
    ПМС, ме прави и дама, и тепач, и јадач и плачка се’ во едно.
    Ма боље од глумица.

    Идам да сонувам ја, чиаос.
     
    На bittersweet, anabel-a, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Нема да сватиш и да ти објаснам....
     

    Прикачени фајлови:

    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Матури, апсолвентски... Нема крај..
    Почнува периодот на спремање. Ух, депилација, веѓи, па хулахопче да докупиш, некое шминче...

    И да, немаме сите ист вкус.
    Што ќе се случи сите да сме роб на модата и ко под калап на прием во ресторан..
    Ма, не не иде.
    Поштувам различност, уникатност, сопствен стил.
    Сакаш да носиш штикла 17-ка, носи. Убава си.
    Сакаш да носиш балетанче. Носи- ти си таква, убава ќе бидеш.
    И панталони, и сукна, и фустанче.
    Секој како се чувствува така.

    И јас сум таа што по улица кога ќе видам некој ултра де-моде,микс од различни принтови, ќе се завртам и ќе се запрашам дали има огледало дома, но кога ќе размислам таа така си се чувствува убаво, така нека се носи.

    Не можеме сите да сме жртви на сезонска мода, да ги носиме само тие бои, сите да носиме штикли, или пак сите да носиме патики.
    Полуматура, матура, апсолвентска е период на разделби. Период на нови почетоци..

    Јас за полуматура имав бели панталони и зелено маиче, и имав спреј зелен на коса ставено на некои прамени. Оух, да, што сум мислела?! Но, јас никогаш не се сеќавам на тоа во негативна конотација.
    Јас се сеќавам на спомените, на дружбата, на случувањата вечерта, тогаш сум била убава, сум била мала и зелена (дури и во буквална смисла на зборот) и тоа што денес никогаш не би се осмелила да ја направам таа ужасна комбинација, не ја изместува вредноста на моите спомени.

    Моја препорака. Не се опседнувајте премногу со изгледот. Да, бидете убави за себе, како вие се чувствувате најубаво, така. И гледајте убаво да си поминете вечерта, спомените од дружбата ќе ви останат, се друго ќе се заборави.
    Ви посакувам на сите полуматурантки, матурантки и апсолвентки најубава вечер.
    Среќни нови почетоци. :*
     
    На TeddyGrey, bittersweet, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Обожавам гумени бонбони! :inlove:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На TrueStory, JuLleE, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    СДК дека веќе жал ми е да гледам како луѓево сами си го уништуваат животот :worried: посебно оние "блиските" што мислев дека ми се :worried:

    Живот иде дање...
     
  13. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    денов е Досаден, со големо „Д“ |( |( |(
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ахххх.... :?:
    [​IMG]
    Точно ова ме подсетува на нешто.....
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Првото CV испратено :D се осеќам возбудено како прваче :wasntme:
    Држете ми среќа ^_^ :makeup:
     
    На kravce, FortuneTeller.xD, ceca-1 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За жал ќе мора да си го дадам кученцето ;( , срцето ме боле.
    И се, затоа што живеам во куќа со антиобожаватели на животни |( . Многу се нервирам, упм. Нели е ги воопшто жал? Страшно се приврзав за кученцето, не знам како ќе се збогувам со него. Ќе го плакам како човек да е :( . Кога ќе тргне накриво, тргнато е.

    Пробав денес да се насмеам, ама одамна не се смеам од срце. Одамна се смеам ради реда. Се прашувам ќе бидам ли некогаш среќна? Ама навистина среќна. Заборавив како изгледа тоа чувство. Ај јбг живот, мора да се живее нели, како така.
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Жаде моја се омачи, и на овој свет ни донеси 4 малечки мрсолави маченца плукнати на неа! :)
    Жал ми е што сум во Скопје, што не можам да им се изнагледам и изнамилувам на тие мали (моментално слепи :D ) животинки, но ќе надокнадам за некој ден.
     
    На FortuneTeller.xD, Serafima и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека преку едното од девојчињата што учевме осмолетка заедно, си најдов и некои соученици од истиот клас-лошата работа беше тоа што од администраторите на ф.б. би го блокираа профилот на кој тие ми пеа пријатели, па сега си имам нов :) и ги позајмив де, ништо страшно :D , а на едното од девојчињата , ја најдов и сестра и-колку е сменета , на себе не си личи, едвај ја познав.
    марама и јас сум како тебе , цел живот налетувам на погрешни, ама не се секирај, можеби Господ чува нешто убаво за нас , па ке ни го испрати кога најмалку очекуваме :)
     
    На TrueStory му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Како да ви опишам колку сум среќна?!
    Ќе наполнам милион балони со љубов и среќа и ќе ги пратам кон оние на кои им треба, и уште толку ќе остане во мене! Сонцето изгреа и над моето семејство!
    Мајка ми најде работа после д-е-с-е-т години. Заедно со тетка ми ќе работат во веќе опремен дуќан, кој е отворен од партнерот на татко ми.. Почнувајќи од утре! :dance:
    А воедно и јас и братучедка ми летово ќе се мафтаме таму чисто колку да земаме џепарлак :devil:
    Одамна го немав видено татко ми да ја гледа мајка ми со толкав сјај во очите, да ја гушне, да ја бакне и да и каже- Знаев дека еден ден ќе се средиме!
    И многу јасно јас со мојот изразит ПМС почнав да се лигавам пред десетина души.
    Јес да ќе ми недостига кога ќе се враќам после прва смена школо да трачарам со мајка ми, да и кажувам како ми поминал денот, да јадеме два саати од што неможеме да се изнакажеме.. Или кога сум втора смена, да ме буди фрлајќи се врз мене, па да ја будиме комшиката да дојде на кафица и така седејќи сите три се труеме со цигари и кафе и ја гледаме Деби на хрт1.
    Леле, звучам како мајка ми да ќе оди којзнае каде.
    СРЕЌНА СУМ БРЕ! И како што е редот да ве почастам сите.
    Бујрум мили мои, да ви се врати со уште подобро!
    Љубим вас сите до една у сред чело :* :hug:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Annath, drugarka, Buttterfly и 23 други им се допаѓа ова.
  20. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Навистина многу добро ви стои неговото презиме... Е ај омажете се на 14, глупачи! |(
     
    На TrueStory му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.