Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Сакам да кажам дека ми треба помош од некоја феминка хемичарка :(
    Ако се најде некоја таква онлајн во моментов ја замолувам со цело срце да ми пише...

    Ах ужасен ден.
    Ќе поцркам.
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Убавини ми е кога ќе го отворам форумов и ќе наидам на еден куп позитивни женички. Алал да ви е бре, како цврсто си газите низ проблемите, силни, зрачите со оптимизам :hug:

    Брат ми два дена се обидуваше да му стане мајка на штотуку родено врапче...жално завршија тие обиди, ама интересен ми е кога така се внесува во нешто. Понекогаш е стварно будалест, ама си го сакам.

    И газот ме боли бре (од инекциите), ама гајле ми е, си го имам јас десниот за да си ги одморам чат пат коските :D
     
    На slavica999 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Добро утро.
    Понеделник..
    Нов ден, нов почеток.
    Можеби денес ќе биде подобро, кој знае. А можеби ќе биде и полошо, онака како понеделник што знае да биде. Расположението ми се менува како оваа времето што се менува.
    Имам да направам еден куп работи, а не ми се станува од креветот. Сакам само да лежам, да лежам и да лежам.

    А јас сакав да кажам.. Кога машките би знаеле да ги прават сите овие работи, ќе немало женски без насмев на лицето..
    http://www.kurir.mk/magazin/zivot/59833-30-nacini-da-ja-napravite-vasata-devojka-posrekna

    Имајте убав ден феминки. :hug:
     
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    На ова глупо време големо чудо е што сеуште сум присебна,море како би се вратила во кревет..
    Вака или така,животот си продолжува,не сме први ниту последни,што побрзо го сватам тоа толку побрзо ќе можам да продолжам понатаму.
    Имајте убав ден сите
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665

    :hug: :hug: :hug: :*


    Брат ми луѓе. Тоа не е дете, тоа е животно. Теле. Толку лошо дете немам видено. Сама сум со него дома. Кујната е во хаос, собава исто. Трча од соба во соба, лом праве, а јас не можам се’ по него да одам. Кафето го пијам веќе саат и пол. На прв час веројатно нема да одам, на кој да го оставам? Ниту да се заигра, ниту да гледа телевизија, гледа шо полошо да направе. И одозгора на се’ гледа ме во очи и ми се смее. Ѓубре мало.
     
    На Lov3, BlackSwan5 и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ох, какво ужасно време надвор. Ми ги буди клетките за главоболка, и намќорство.
    Али нееееее, јас не сум јас (како она ти не си ти) ако не го напраам денов поубав, и да се насмеам на крајот од денот кога ќе склопнам очи. Епа луѓе, јас ќе одам во еден шопинг. :wasntme:
    `Одам по ташничката, дал ќе ми ја дадат ... :ninja: ` Само што нема да одам со сватови по ташната, него ли сама, пустата јас, ќе се избедирам повеќе од времево ако ми ја продале, за евтини пари беше одлична, виш ми лак! :bandit:
    И друга работа, оваа недела ако паметот ме послужи, ќе намалам малце со форумов, пошто до гуша сум заглавена со книгишта и не знам кај ми е главата, јас како и секогаш го фаќам последниот воз за Долно Дупени и си возам, до кај ќе стигнам бог знае ...

    Ево нешто од наша драга Каљопа што ја пративме од аеродромО `Ацета наш` да не претстави во најдобро светло, со благослов од Г-дин г-дин Стефан и нејзините фанови! :lol:

    Песнава секогаш ја слушам во вакво време, ми го буди `талентот` за певање:
    http://www.youtube.com/watch?v=jKTDKjwf2q4
     
    На marama, BlackSwan5 и starbucks им се допаѓа ова.
  7. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, Elennaa, sadangel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.023
    Допаѓања:
    123.891
    :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ми треба сонце,плажа и по некој коктел ХИТНО!!!
    Или бар само секс терапија,зошто ова времево више не се трпи!
    Ама гуес ват?Ни едното не другото не можам да го добијам!!!
    Овој па сега нашол да се разболува.... :devil:
     
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Па и оваа да не и напишеш нешто ќе си чекаш година ипол доека да ти врати на чат.......-.-
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    81.376
    Пол:
    Женски
    Знаат, ама најверјатно не си наишла на некој таков сеуште. :angel:
    И уште еден понеделник, плачлив почеток на неделава и потајно се надевам дека нема да се задржи ваквото расположение на времево до крајот на неделата. :shake:
    А уствари и сеедно ми е, мене ми е прекрасно, дождливо и љубовно, не знам колку пати сум кажала дека обожавам дожд - или сепак, сум помислила а не сум кажала. :wasntme:
    Ма исто е. :D

    Него сакав да кажам, колку повеќе си ја тупам главата со глупости, ми текнува на муабетот на еден мој драг пријател кој неретко знае да каже - М. сопствените пу*ешки секогаш мирисаат на китки, или се правиме дека не ги ни заприметуваме, иако околината го негира тоа. - па на некој начин во право си е човеков, ете на пример ако се насочиме кон грешките кои постојано (можеби и несвесно) ги правиме.
    Нам може веќе и рутина ни станале, па и не ги заприметуваме, додека оние околу нас постојано ни даваат замерки божем за нашето неправилно постапување низ животецов. А не важи веќе правилото, за наводно да си суштествуваме онака како што сме замислиле и онака како што сакаме !? :^)
    Па сепак, грешките се релативна и индивидуална работа, не е тоа шаблон за сите да се раководиме по него, или, како всушност беше ? Небитно.
    Уствари ова со пу*ешкиве како ќе му дојде - општонароден факт. (?)
    Пиши небитно, додека на цело не забегам. :D

    И немам што друго да ви кажам, освен да ви посакам убав остаток од денот - (ќе) бегам јас на една партија
    систем линеарни равенки и неравенки. Уауаауауауауу, вундербар.
    :drunk:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TrueStory

    TrueStory Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    СДК :inlove: ( ееех љубов љубов ) - Ми треба една топла прегратка на ладничково! <3
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Иако едвај станав за на факс (подочњаци до долу) и иако надвор чиниш октомври е, сепак утрово ми беше некако интересно-убаво. Еве и зошто: кафето си го погодив ептен, лиснатото со сирење од мама го изедов на 4-5 пати (мх мх!), си ги изгушкав колешките, усниот испит помина супер (9ка!), си помуабетивме и изнасмеавме со љубениот на телефон (патем, вчера се запознав и со татко му!), купив некои нови житарици од Виталија и сега едвај чекам да ги пробам, си размислувам дали да заспијам на троседов или уредно да си облечам пиџами и да си го продолжам утринскиот сон.. И што е најважно, цимерката ќе ми дојди! Безвезе ми е станов без неа!

    И така. Ќе видиме како ќе терат денов понатака. Засега е добро :sun:
     
    На Breezy, Monna.Monna, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    За магичната моќ на прегратката прочитав и тука на фемина иако одамна ја знаев нејзината моќ. Нема ништо подобро, посмирувачко од прегратка. Не мора да е од Љубениот, понекогаш прегратките од семејството се оние најтоплите. Или прегратка од другарка, на која и липаш на раменце.
    Утрово со потечени очи се вовлеков во постелата на мајка ми и се припив до неа. Иако ужасно ме нервира кога ме гали по образот, утрово сите болки ги снема од тој допир.
     
    На Nine25, sanjalica, Neytiri и 15 други им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cд к дека времево тотално се расипа... Hе и дека ми пречи, зашто сакам јас ладничко :)
    споменикот на мама е готов, сега за роденденот ќе и го ставиме...
    баба ми па, слуша недослушува, гледа недогледува, земала слика од 1997 година, си мислела од 2007 е...и сега таква слика ќе има...

    Hего сакам да кажам, неколку дена пред да си одам од кај мојов, нешто барав во шкафчето кај него. и што да видам, еден куп листови од тетратки со мои потписи, што сум цртала срценца фаци,паломи со отисоци од мој кармин, уште некоја крвава влошка од мене да најдев :rofl:
    се подредено, си собирал за успомен и дуго сечање :lol:
    Mе мавна еден бран романтика, на 2 секунди, ама се направив демек не знам.
    после некој ден ми вика, ела ела да видиш нешто, и ми ги покажува, а јас па се правам демек не знам и |( а за што ќе ти се бре.
    вика ако јас се твое си собирам, си ги чувам ти ги нацрта :D
    гревче бе :) :)
     
    На Neytiri, bittersweet, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Гулабица: Нека грмат громови, ветришта силно нека веааааат...
    Природа:[​IMG]
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Чувството кога си наводенет и кога се враќаш од школо :D :$ .
    [​IMG]
    Времето тмурно, врнежливо..никакво, ме тера само на спиење, ама не и се предавам на дремката, времево нема да ме спречи да си ги извршам моите обврски. :yawn: :wasntme:
    Понеделнечки ни почна врнежливо, иако мразам вакво време, денеска денов е посебен, иако мислиш Оkтомври сме... :D
     
  18. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    СДК, ми се чини дека моето расположение и времето надвор одат рака под рака. Ама не се издржува мај месец а ми се чини дека сме март. Дури и тогаш беше потопло од сега. :( :(
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Што убаво ми легна времево...
    Го отворив прозорецот, земав книгата и учам. Ме концентрира дождот, колку убава позадина додека се спремам за проклетиот колоквиум. Нека врне денес цел ден, мислам нели е жално да треба да полагаш а надвор +40 степени, сите шетаат а ти дома.
    Вака, сите дома и ти дома :)

    И по некоја птичка на прозоров, како збунета ја слушам си потпевнува. Се доближив да ја видам, ја анализирав некое време, не побегна. Добро е, не сум страшна :D
    Убав ден, и не туку ми барајте сонце сонце сонце, после на горештините дожд ќе барате. Ќе му дојде време и на сонцето, подобро сега да врне отколку среде лето како лани.
    :rain: :rain: :rain:
    Го сакам дождот бе!
     
    На teddybear, la-chicka, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Уште точно 25 дена до 8ми јуни, ако не го броиме денешниов. Само 19 од нив се работни! Лето, едвај те чекам!

    Денов врнежлив, и ко по навика, и мене фацава ко свената на времево. Не бев ни наспана. Ама пак, радосна су, ете така ми е убо. Еден убав монолог и уште 30 насмевки. Ќе речат глума е, ама ја решив архитектект да се правам. Привремени одлуки се тие, за да најдам изговор, а и нешто да ме убеди да продолжам на природноматематичка наместо јазична или општа. А нели, да се излажеш и убедиш себе си е најлесно. Сами си одлучуваме што ќе веруваме. Некако ми одѕвонуваше песната на Тоше во мисливе цел ден.

    Немаш ни благодарам
    зашто се трудев да те сфатам,
    да те љубам, да те вратам.
    Немаш ни благодарам
    ниту, пак, надеж да ми дадеш
    и пак срце да ми крадеш.
    Немаш ни благодарам,
    си одиш ти, а надвор лие,
    око тажно солза крие.
    Немаш ни благодарам,
    немаш ни благодарам.
    Насмевка немаш, се` ми земаш,
    сега знам ти срце немаш.
    Немаш ни благодарам
    се` што ти дадов се` ми зема,
    што те немам што ме немаш.
    Немаш ни благодарам
    зошто е крај, крај на чинот,
    пепел само во каминот.
    Немаш ни благодарам.

    Колку ми е убава.

    Англиски тест правев, same old, same old. Се чувствував како да се вратив назад во времето, на државниот натпревар, и ко ги згрешив истите задачи. Па и ко ќе читам делови од “книгите’’ што ги напишав, гледам дека истите грешки и таму ги правам. Ама добро, ко ќе пишувам често наместо на пр. book, broke пишувам. Слободата на умот, има и последици.

    Денес, последните епизоди од Очајните Домаќинки ќе ги гледам. Батали учење, Марио, мрзо една. Времево ми е изговорот, дека денес ваква депримирана, ама мислам дека Домаќинкиве ќе ме натераат да пуштам некоја солза.

    Па, да има што да неможат да сфатат тие што неможат.
    Останатите... па, неможе секој да биде Врховен судија ако е само еден суд.

    Еве, на Бога се ќе оставам. Тоа што е дадено од него, е најдобро, бидејќи тој знае што е најдобро за нас. А тие што не ценат.. Епа, и јас веќе нема да толерирам.
    ^^ Нешто што го зедов како лекција од книгата “Седум дена за вечност’’. Ангел беше таа, да, ама и нејзината толеранција покажа граници кога беше неопходно. Па не ќе изиграва сега ја ангел.
     
    На L-enna, ludoto19, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.