Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.023
    Допаѓања:
    123.891
    Некогаш,го обожавам ваквото време,и сакам да има што повеќе вакви денови :wasntme:
    Кафе,тивка музика,ручек што крчка,мерак за по дома :mm:
     
    На bittersweet, Ann.94, slavica999 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Седнав по маичка и дуксер и не можев да се стоплам,па облеков и една блуза.Во средина на мај :^)
    Нема врска,и онака времето не ми го расипува расположението,ама ич.

    Кафе и пудинг после успешно завршен ден на работа ми се сосема доволни.

    Баш ми е убав денот,ако го купам тој прекрасниот фустан до вечер, ќе биде и совршен ^_^
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На slavica999 и eli25 им се допаѓа ова.
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    времево само за спиење |-) ,а јас на работа |(
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Што убаво си врне... за инат на тмурниов ден се шетав во весела боја, за инат на сето црнило и сивило. Ако врне не значи дека треба сите во темно да се облечеме, пркосете му на времето! И така у инат лагано си се шеткав и си се смешкав. Се гледав во излози и добив комплимент од непознат човек „Не се гледај убава си„ ,а ја :emo:
     
    На Neytiri, bittersweet, ljubam и 13 други им се допаѓа ова.
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Денов ми е некако ептен убав.Ваквото време понекогаш знае да ми предизвика депресија,но денес не е така.Си пуштив тивко музиче,пијам кафенце и си размислувам за се што ми се случи последниот период.Од некои луѓе крајно се разочарав,а други само си го зацврстија местото што го имаа во моето срце.Сметам дека е крајно време да си се посветам само на себе и на сопствената среќа,а се што е лажно околу мене слободно може да се изгуби од мојот живот.....
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Еве нека те расположи Рики

    [​IMG]
     
    На Anabelle, Ann.94, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    СДК дека убаво е чувството кога помислуваш на него а тој се нацртува пред твојата врата со омиленото чоколадо. Да, малите нешта го прават животот а животот се состои од моменти за кои живееме.
     
    На marama, kravce и eli25 им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    После 2 и кусур години го совладав стравот и отидов на забар. Самоиницијативно.
    Луѓенца, мене ми се плаче кога ќе влезам, од страв, и кога ќе излезам, од олеснување. Пекол ми се тие брмчалата и после тоа цел ден не можам да си ја доведам главата во ред. Ме мава на психа.
    А, секако дека фактот што го скокав забарот толку долго, си има последици. :|

    Сабајлево другарката од Сараево ми пишува порака и ме вика да правиме снешко. Додека да сконтам што се случило, трипати препрочитав што пишала, и се прашував дали е можно да се надувала на пладне.
    Полуде времево. Полудеа и луѓето.

    За никаде ми се последниве неколку денови.
    Ако до пред една недела се беше од сјајно, посјајно, сега се е од лошо, полошо. Штом трга наопаку.... Ко што вика татко ми: Едно зло никогаш не оди само. Е не оди!
    Во недостиг на верба во луѓе на кои можам да им кажам што ми лежи на душа, си го гушкам мачорот и си плачам скришно во кревет. Можда е и до депресивното време, па сите се однесуваат како мавнати со мокар чорап.
    Не знам зошто секогаш мора да е така, ама се чини човек плаќа за својата среќа. Едноставно, не може да бидеш среќен на раат.
    Од ништо, имам чувство дека можам да се расплачам во секој момент. Денес ми треба многу љубов и многу сладолед. А пошто не смеам да јадам уште неколку часа, ми останува само да се јавам на особата што ме прави и најсреќна и најтажна во исто време. :|
     
    На Breezy, TrueStory, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Има нешто возбудливо и антрополошки значајно додека пазарам по тезги. Допирот со мајка Земја, така лесно игрив. И сите тие бои... Како да сум била којзнае каде. А и со Мама и си пазарев. Моја мама. Тато не’ откачи, а требаше сите тројца да отидеме до Центар, на изложбата на Пикасо, па до пазар. Почна да врне, јас и мама, со шешири и торби зарзават и емиш, како од некој второкласен лондонски филм. Совршена пролет!
    Торби со зелка, спанаќ, морков. Тазе јагоди. Мирис на совршенството, на чистите емоции. Дождов паѓа, зошто Скопје плаче како бебе небањкано.
    Ајде мамо измиј ми го носов од премногу барок!

    Сакам кога во мај паѓа залуден дожд. Инспирира на многу начини. Да си правиш домашен вафлест сладолед со ванила и свежи јагоди. Да си лежиш на под додека Кејт Буш те вози по бескрајот. Да си ги сушиш чорапките внатре и да ти мириса на Ленор Парфумеле. И да сонуваш со ширум отворени очи како мендо кога ќе здогледа пчеларник.
    Си купив депилатор, си купив овошје. Си купив грам мир од небо!

    Понеделник, толку е... Саботен.
     
    На Buttterfly, Neytiri, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    времево ме стави во недоумница..

    дали да си одам дома под толо ќебенце да си гледам некое убаво филмче да си го читкам ниче или да ризикувам да ме наврни за да ја договорам венчаницата... одложување по кој знае кој пат... ќе си останам без фустан осеќам... :D
     
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...како по правило, секогаш кога надвор врне, јас плачам.Маскарата се растекува, а пудрата се размачкува по линиите по кои течат моите солзи.Течат и не престануваат, исто како и дождов.Судбината дефинитивно ја тестира мојата издржливост и сила, и се досега мислев дека се ќе биде ок, дека можам да преживеам се.Јас сум Чарми, силна и непобедива... 8) ...како да не!После се, не знам дали ќе успеам овој пат.Не знам дали како секој пат, како феникс ќе се издигнам од пепелта и ќе продолжам како да не се случило ништо.Времето ќе покаже, само, што и да биде, чувствувам како ослабувам,со секој зададен удар од животот станувам се понемоќна да се спротивставам...
     

    Прикачени фајлови:

    На ViktorijaMari, ludoto19 и marama им се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абре на повидок ми е уште еден проект кој планирам да го предложам на момци едни ... Охх само нека ме служи љубовта за сонот и дај боже да не бидам одбиена ... Би била бескрајно среќна ако би прифатиле... На таков начин и коцките од сонов си ги редам. Само да не наидам на лоши луѓе , а таквите број не им се знае .. Ама ке биде нели ?

    верувам у себе, срцево ми се радува ми танцува на некој посебен само за него познат начин.. Се надевам ке биде. Среќна сум само тогаш кога имам обврски и проекти , само тогаш сум исполнета ... :)


    Сдк2 дождов овдека посебно ме занесе, одамна го немам слушнато ми се чини онака безобразно да ми тропа на прозорецов додека ја упорно се трудам да заспијам, и безобразно ме буди сабајле .. Ама ако ја не му се лутам, напротив ми одговара и време вакво, си го сакам и дождот носи некоја посебна магија .


    Това е дечки ... Ајде имајте убав ден :*

    [​IMG]

    Koj сака слободно нека нарача на моја сметка :lol:

    Саде убајни ... 8)

    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Денов да беше режиран како најкатастрофален, немаше вака да испадна....а што убав сон си сонував од посабајлечки,за по неколку часа човекот од сонот да ме накриви дека пробелми во бракот сум му правела. Па, што ти сум бе јас крива човеку што ја изневеруваш сопругата, ако мислиш дека нема да дознае гадно си се излажал.

    Повторно толку глупава грешка на тестот математика, убаво ми рече класната дедо ти да разбери во гроб ќе се превртува. А истата ме кошташе отцена. Бравос. Аплаудирајте ми, зошто погилем баксуз од мене НЕМА!!
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Броење последни денови до крајот на учебната година, после тоа спремање за матура и на 24 „големата вечер“. Хах смешки. Не знам зошто немам толку желба. Признавам сакам да дојде вечерта да славиме, да ни биде убаво, но сме се запрашале зошто славиме? Затоа што сме завршиле четврта година и тоа задолжителна. Е големо чудо. Или пак затоа што се разделуваме, па сега се веселиме. Признавам ќе ми фали средново, понатака во животот нема да биде се така розево, ќе си ги барам деновиве назад.
    Исто така жал ќе ми биде што нема да можам толку многу да дремам на фемина :( , мислам дека е време да се почне да се учи за матура.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    На marama, mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    СДК дека имам најразгален брат! Детиште! Си заглави прст во врата и пак сакаше да го стави!
    Инат, Инат пуст!

    аххх, сега морам да учам на памет 3 страни :^)
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И како да го решам сега ова проблемче?
    Ко мене да не ми е тешко.
    Ц ц ц
     
  19. TrueStory

    TrueStory Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    СДК... Музиката e таа која ми дава сила!

    http://www.youtube.com/watch?v=fQAcpUZtT3o (омилената) :)

    Eхх Тоше! Секогаш кога врне се потсетувам на тебе... Да, можеби звучи будалесто , но си мислам -И небото плаче за него (како и јас моментално)...

    :(
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    11.417
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека како си минува времето толку повеќе ми фали мојата соба :( , креветот кој секогаш велев дека не е убав за спиење абе си го сакам и кога одам некаде сакам побргу да се вратам под изговор дека неможам на друг кревет да спијам, и навистина е така :!: . Како се повеќе разговараме за венчавка со дечко ми сфаќам дека многу работи ќе ми недостигаат мама и тато, смешките на брат ми, мојата соба и мојот сакан кревет ;( , И секако погледот на мојата тераса од каде што на дланка ми е моето сакано гратче кое уживам така да си го гледам, додека го гледам и слушам црцорот на птиците размислувам за многу нешта е тогаш најмногу се опуштам...
    Како сум се поблиску до маѓистратурата се повеќе ке ми фалат студентските денови, за некој средношколските денови се најубави но моите незаборавни денови се студентските кои сеуште траат но не за долго :worried: , уфф ме фаќа носталгија. И не дека секогаш ми беше се розево ама мојот оптимизам никогаш не попушта, ретко мноогу ретко кога анксизноста ме тресне од земја :lol: , ама пак си се исправам.
    Сакам да кажам дека сум среќна, да навистина сум среќна ! Може немам многу пари, не носам чевли од 5 000 денари али се радувам на секоја ситничка, се радувам и кога си купам едно карминче :$ . Среќна сум што имам луѓе кои ме сакаат, што ми се здрави и живи и среќна сум што го имам моето сонце кое е моето срце.
    И да, да кажам не се мажам оваа недела но можеби ќе биде оваа година :D , тоа е една моја слатка мала тајна ја знаете само вие :$ ....
    Имајте убав ден девојки, времето нека не допринесе да ја снема вашата насмевка :)
     
    На icegirl, lady.N и cigarce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.