Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.828
    Се разбудив со силна желба за секс, солзи и палачинки.

    ПМСов работи ко на стероиди. Па го изгледав Шрек, се изнасолзив, си направив кафе екстра јако, собрав полувлажни алишта од жица и ги испоредив ко во студентски стан по закачалки и столици.
    Денов е само за хрчење, мјаукање, предизвикани меки допири ко со шепи мачешки.

    Но и за палачинки! Лапачинки.

    Едвај чекам да дојде 5, да го прегрнам него и да потонам во Нашиот свет.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Едвај се извлеков од постела.Отворив прозор и студот веднаш ми влезе во коски.Па добро Мај или Март е? Утре полагам.Изминативе дена се над книга ги поминав али денес не ми се ни фаќа.Не ми се учи.Знам дека треба да повторам, вечер сум на матура ама што да правам кога не ми е паметот тука.Изминативе дена ако не го совладав материјалот па сега за 2-3 сати воопшто нема - вака си се тешам :lol: А и утре полагам дури од 3, така да имам време хаха. А кога ќе подразмислам подобро немам класичен испит со бубање туку решавање на вежби, преводи така да и нема баш конкретно што да се учи.Времево и облациве што се надвиснале над градов и онаа мала желба ми ја убиа.Времево е само за спиење да си го гушниш тој што си го сакаш и да се топлиш кај него во прегратка :)
     
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.118
    Сакам да кажам дека овој пат ќе се стегнам и ќе го завршам нештото, зашто следна шанса амин. Само дај Боже да ја имам онаа олеснителна околност, само тоа. Времето е совршено.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ете, собрав храброст и го направив тоа што мислам дека требаше-не сме веке во врска јас и тој(всушност не ни требаше да бидеме во врска, бидејки не се запознавме доволно пред тоа-подоцна се покажа дека како пар не си одговараме. Беше што беше,денес заврши уште една од неколкуте врски со погрешни партнери ;( си признавам дека малку ми е тешко, ама кога на некој човек му укажуваш на грешките, а тој ко за инает не се менува, и си тера по свое, тоа е :)

    утеха-доага лето, а јас сингл ^_^ па се надевам дека ке биде подобро отколку со партнер што те испрашува кај си , што правиш, со кого си-ко јаже околу вратот да ти ставил, те гуши.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    11.990
    Пол:
    Женски
    Сон од скоро 14 часа. Да, тоа ми требаше!
    Конечно свежа глава и разбистрени мисли. Конечно собрав сила да направам план, затоа што во суштина јас сакам спонтаност. Никогаш, ништо не се одвива по планот. А сепак ми треба за да ме мотивира.
    Утринско пладне, сонце на дожд, љубовен повик додека уште се топлам под ќебето.
    Јако турско кафе, со 2 лажички, и спремна сум да почнам да каснувам од денов.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ја сакам! Болно многу!
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Љубав чине чудне ствари :D кога ќе им дозволиш така малце повеќе и кога ќе ти се качат на глава , не можам да го погалам готово лудило го има фатено ......во ваква ситуација се наоѓаме почесто , немам обувки се појаде
     

    Прикачени фајлови:

    На Hopeful, ludoto19 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    [​IMG]

    А дали новиот почеток значи и заборавање на убавите спомени? :?:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Сдк дека за 10 дена одам за ИТалијааа .... :D :D
     
    На Anna-Banana, Gordana10, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Среќна сум. Во ПМС период сум и расположението ми се менува 200 на сат. Кога станав се изнервирав, а сега си учам англиски, си слушам песнички и уживам. Дефинитивно англискиот ме расположи. :lol:
    Немам инспирација да пишувам повеќе, доволно е и оваа. :D

    Имајте убав ден феминки.
     
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Taжна сум... Вчера почина вујна на мајка ми ;( Се ежам кога ќе помислам на смртта, ама таков е животот- се раѓаш, живееш и умираш. Засекогаш ќе остани во моите сеќавања како жена од која зрачи позитивна енергија, секогаш насмеана и добродушна. Ќе ги паметам времињата кога со мајка ми ќе фатевме автобус на лето и ќе одевме кај нив на гости за да седиме на балкунот. Колку животот е неправеден... :(
     
  12. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК времето е само за гушкање и спиење :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Колку IQ треба да имаш за да напишеш на фб дека невиноста си ја изгубила со таксист на задното седиште од таксито? :fubar:
    Безмозочни.
     
    На Monna.Monna, la-chicka, Bright и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК ,т.е. прашам кај се сите? Шо е штама на форумот? Сите учите и се спремате за матури и апсолвентски или спиете? :D

    Јас си го испив кафенцето,требаше да излезам,ама кај ќе излезиш на ова време смотано,ништо,утре евентуално,поубаво ќе било :)
    А и сакам да кажам си го најдов албумот Сара Кеј,леле сум го прелистувала еден сат :D шо интересни сликички има,не ми се сите собрани,ама тие шо ги има се преслатки :inlove: И ми дојдоа спомени,како си го чував,си ги штиклирав стихчињата кое важело кое не :lol: Ги знаев сите напамет :D Ме потсетува на едно убаво време кога имаше интересни и вредни работи...Од срце си го сакам споменарчето : ) А си најдов и други албумчиња,едно со Аладин малечко и едно со коњчињата играчки : )
    Ех да беше така и во денешно време,се ќе беше поинаку...Ќе имаше вредност,а сега тешко,а и тешко кој ја цени.Е ко примерот на Старбакс,кои маломозочни суштества постојат бре,ц ц ц :headbang: Уште за фалење е |( ВЕ МОЛАМ од срце да не бидите такви! Знам де дека вие сте ми паметни,ама немојте ни да се дружите со такви...
    Јас сонував па еден чуден сон и заклучив дека очигледно ми фали многу љубов и внимание,ова ни малце не ми е доволно,до нигде не сме,на мртва точка сме уште...Ако се среди се,јас ќе сум најсреќна,ама нема да оставам некој будала да ме прави,има да се реши тоа,дали ќе е позитивно за нас или не,тоа незнам.Зошто бе некој да си прави шо сака,а јас да си ја стегам душата? Ма нека иди упм! СЕ,тотално се ми пропаѓа во вода со тој однос спрема мене.
    Е ќе бидам среќна,за инает на се,и на далечината и на се шо ме спречуваше досега.
    ЌЕ дојди денот кога ќе пишам дека сум пресреќна.Мило ми е и вас кога ве читам такви,пред некое време имаше такви убави постови,ептен ме израдувавте.Се надевам тоа да продолжува и да сте насмеани и понатаму.И за инает на времето дури :D
    Имајте убав ден :*
     
    На Monna.Monna, Adi888, Annie.mk1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Се,баш се во животов ми се врти околу љубов.
    Е сега,можам да глумам лудило и да се муртам демек ради времево,ама нема.
    :sun:
     
    На Bright и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк дојдоа моите пет минути :D траеа три дена :D
     
    На teddybear, Divinebutterfly, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Што пак сакам да кажам?
    Денов - комплетно разочарување. А виновникот сум самата јас, не одрекувам. Ех, камо овие поројни дождови да можеа да ја избришат разочараноста во самата себа, па потоа и разочарувањето на мама. А, вренеше. Целата ноќ, па и целото утро. Го замразив дождот. Особено овој, монотон дожд, без ниту еден зрак сонце. Само силен ветер и крупни капки.. Е ова не е до мене. Ја сакам јас пролетта. Со сето срце ја сакам, но пролетта не ме сака мене. Како што се случува и со останатите работи кои ги сакам. Тие, едноставно не ме сакаат мене..
     
  18. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Кога најмалку очекуваш - среќата се насмевнува. Второ место на градски, па и не е мала работа. :P Конечно се си дојде на свое место, а на ова тмурно време цветаат рози и грее сонце околу мене. :sun:
    Благодарна сум што имам семејство и дечко кои се незаменливи и се секогаш со мене. Светот не е толку суров, ако гледаме на поведрата страна. :angel:
    И нека ми е честито второто место на градскиот, па нека се множат :wasntme:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Отворив календар да се уверам дека навистина е месец мај,јас пак си мислев дека е ноемрви :tmi:
    Ветерот дува,облаците го покриле небото,улиците мокри..ДА ТИ СЕ СМАЧИ !!
    За утре имам за учење и тупење мозок,а мене ми се спие во мекиот ми кревет.Ама не,какво спиење,зарем е можно? Си направив јако турско кафенце.Две лажици кафе и две лажици шеќер.Нека се олади и ке го исркам..
    После можам да ги земам книгичкиве и да поучам..
    Нема друго.Учење и учење...... :drunk:
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Деновиве откако се смрачи времето ми се ужасни, не дека пред тоа ми беа нешто подобри. Пред се заради времето, а потоа и поради него. Времето ме убива полека, разни болки имам секој ден и цело време сум поспана, едвај функционирам. А тој... лут ми е. Претпоставувам тука е крајот на се. Ќе се погледнеме и веднаш ги тргаме погледите, не комуницираме, не ми враќа на пораки, низ ходник се разминавме како воопшто да не се познаваме. Едноставно не можев да го погледнам во очи, посакував да ме застане или пак јас да застанам, ама не ми дава гордоста која и онака веќе ја немам. Не знам. Ме упропасти.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.