Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека веќе почнав со подготовки за мојата свадба.. :)
    се надевам се ке биде во ред..
    што туку си закажав кај фризер :)
    ке ми остане уште фустан да си изберам,иако од прилика знам каков ке биде :)
    па малце по малце се ке си дојде на место...

    е па девојки на вас да си дочакате :D :clap:
     
    На Monna.Monna, Squirrel, Cacy и 25 други им се допаѓа ова.
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Денеска светлата испуштаат сенки како некогаш, или никогаш до сега, не знам точно.
    Но .. знам дека Dreams never die!.

    Кога сите нешта се сознаа почна новиот почеток.
    Ново утро, нов почеток, нов живот за мене! - повторно се родив! :!:

    За неколку часа патувам за Скопје па Куманово Па Швајцарија. Дуга и широка е мојата, ама ако!

    Доаѓаат подобри времиња! да да ... На памет ми паднаа уште мал -милион идеи! - Подобри од било кога. :!: :rofl:
    А, да, да ве прашам нешто..
    Знаете што приметив изминативе денови?
    - не

    Знам дека не знаете, ке ви кажам па ке знаете. ]:)
    Сознав од каде доаѓаат добрите идеи, покреативна сум, поинотавина бе!
    Не се фала, ама така е.

    Имав тешки денови, со книгата во раце, Со овај Францускава де по 20 сати на ден ... Во Швајцарија ке бидам во Француски кантон, учев, учев, всушност ми помагаше Професорка ми по Француски, не дека го научив, ама бар знам нешто, нема да идам тапа!
    Што Англиски , што Француски, Олала, две муви со еден удар ке убијам!
    Ај.. може ке понаучам боље и Француски па ке станам и Французинка покрај Англичанка! :rofl:

    П.С .. Да имав мајка која што ме разбираше ке и се јавев утрово за да и кажев колку сум среќна... Ќе и кажев дека сакам да биде крај мене.. да ја почуствувам нејзината топлина...
    И покрај целата моја зрелост ,години и опит... треба ми подршка , совет и утеха!!

    П.С.С .. Феминки останите ми со здравје, штом се средам се читкаме повторно.

    За сите феминки по еден....
    [​IMG]
     
    На imelda, anabel-a, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Читањето влијае на карактерот!

    "За разлика од книгите, филмовите нудат веќе готова слика на ликот, па луѓето не мора да се трудат да ги пополнат празнините и да "го замислат" ликот како што тие го гледаат.

    При гледањето на филмот, едноставно само се гледаат ликовите", тврди , Геоф Кауфман.

    ................ :coffee:
     
    На Monna.Monna и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку бев на фризер во студио Сандра и шишање+миење+фенирање и 150 денари

    инаку шминкаат со Голден Роуз за метурски, и венчавки-500 денари :)
     
  5. TrueStory

    TrueStory Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    :!:

    Гледајте кон небото! Никогаш нема да пронајдете виножита ако гледате надолу... :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    • clouds3724.jpg
      clouds3724.jpg
      Големина на фајлот:
      7,3 KB
      Прегледи:
      283
    На Serafima, fallenangel, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Ја отворив модни критики и ослепев од убајна.

    Леле, жими се, прекрасни сте.
    Да му е мерак на човек да ве гледа.
    Која од која, поготово свадбарките, врв ми се... Лепотици...
    И како да не ставиш ѕвездичка, како?! :)

    Друго немам паметно да кажам освен дека се спремам за вечер за во Аце палаце...
    Си купив се што ми требаше, убана ќе сум.. (ми умре циганката) хаха..
    Битно, многу среќна сум...
     
    На Hopeful и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Одам ан доктор и ме фаќа страв :worried: :( Нејќам доктори, страшни ми се. Несакам да одам. Ама морам болките не се издржуват.
    Којзнае што сум и направила на раката, толку несамсно говедо сум тоа е чудо :fubar:
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сингл си е сингл беее. Не се каам, ниту тагувам иако очекував да западнам во некоја „депресија“... Незнам од каде волкава исполнетост.
    Има нова личност за која можам гордо да кажам дека ме стекна како stalker.
    Иако веќе две години го мањачам :wasntme:
    Ахх, со најубави плави очички е. Не се осмелувам да растурам „другарство“ па затоа ќе си седам мадро- да не носам модро!

    Ете, одамна не сум го имала ова чувство на ол деј ол најт опседнатост со некоја персона.. Затоа простете ми на изнакажаните глупости. Си леткам слободна во облачиња и им фрлам љубов на оние кои им треба, затоашто јас секојдневно се полнам гледајќи го.
    Адиос! :smoke:
     
    На Lux, la-chicka, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.759
    Пол:
    Женски
    Кога се раѓа женско дете и стреите плачат... ;(
     
    На cigarce, Gordana10, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Во секој човек се крие приказна, во секое срце спомени, во секоја душа - живот.
    Сите во себе носиме по нешто, по некоја случка, по некој спомен, по некоја приказна, нешто што е дел од нашиот живот и без кое ние не би биле она што сме денес. Колку и да се банални, обични, за некого можеби и досадни и неинтересни тие наши работи, за нас се посебни и тие се коцкичките кои придонесуваат нашиот мозаик да биде комплетен. Тие се нашата приказна.
    Многу сакам да ги слушам приказните на луѓето. Со задоволство го впивам секој збор, се восхитувам на секој спомен, кој каков-таков ним им значи многу, пробувам да замислам како тие се чувствувале, како ги доживувале работите.
    Некои со воодушевување раскажуваат за себе, некои не толку, некои само површно, но сите сакаат да се навратат на својата приказна и да си спомнат за неа. Особено постарите. Уживам кога слушам некој постар човек како се навраќа во минатото, како со страст раскажува за својот живот, за детството, за спомените, за првите љубови и толку многу ужива во тоа, толку многу се внесува како се' повторно да доживува, чиниш пак е во младоста. Некогаш тоа ги исполнува луѓето, ги прави горди, некогаш ги растажува и насолзува, некогаш само длабоко воздивнуваат, но сигурно им е мило што пак се присетуваат на тоа.
    На пример, баба ми. Нејзината приказна е како приказна без крај. Секогаш има по нешто ново да каже. Таа има толку спомени во неа, што секоја кутија би била премала да ги собере. Со секое едно нешто, макар и најобична тревка, таа има врзано по некој спомен и што било да види секогаш се присетува на нешто и раскажува. Секогаш кога ја слушам си помислувам дека таа си го памти целиот живот, секоја случка, секој разговор и збор, секој сретнат лик и неговата приказна. Дури и најситните детали.
    Се' би било попусто доколку немаме со кого да го споделиме. Така и ние сме посреќни што се присетуваме, а можеби и другите што, ете, слушнале нечија приказна.
     
    На Lux, teddybear, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк само едно се прашувам..
    Зошто секогаш кога нешто изгубиш сфаќаш дека премногу ти значи?! Зошто не сфаќаме дека ни значи додека го имам тоа нешто покрај себе, па да се потрудиме да го задржиме. Би ни било полесно.
    После џабе мака мачи да го вратиш кога не се враќа. Зошто некои работи не се враќаат назад.
     
    На La.Reina.Del.Sur, Serafima и Squirrel им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    И да верувам дека треба да се пружи шанса,верувам дека треба да се помогне некому но не сите го заслужуваат тоа,знам дека треба да те ислушам,знам дека би требало да те советувам,ама застани прашај се дали си заслужил ?
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Драг градоначалнику ти благодарам за водените површини на моите улички на кои имам можност да научам да пливам. Но, биди фин прати ми и згоден истуктор по пливање, да не биде залудно поминувањето на таа гадна вода.
     
    На Monna.Monna, Juicy03, Cynthia и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Денес сонив многу лош сон.
    И најдов 1000 денари на улица.
     
    На Monna.Monna, Cacy, la-chicka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама уште од мала пудингот ми е највкусен кога го јадам со дрвена лажица од дното на тенџерето ^_^
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, anabel-a, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Леле луѓенца, не ми се верува.
    Биологија после 4 години за прв пат ми става 5 за крај. :rock: Не ни сонував дека 5 ќе ми ставе, дека оцените во дневникот ми се 3,4,4,5. Се’ си мислев 4 ќе ми ставе, кога кажа 5, скокав од среќа. Не ми беше верно. Така по повод 5ката по биологија, отидовме со другарка ми низ град, си ги завршивме обврските за денес. И’ купивме на класната преубаво ланче Сваровски, си купив пудра и креон, таа хулахопки. Останатите работи утре ќе си ги докупам, а во четврток матурската. Can't wait! :dance: :party:
     
    На Monna.Monna, Doozy, Lov3 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Останатите три дена, се ехо на тие пет минути :D :wasntme:

    Ме фаќа носталгија :worried: :( ќе беше убаво да не бев премногу емотивна, така тапа да бев :D :worried: ни на мртво плаче, ни на живо се смее...а не вака :worried:
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.232
    Кога бев помала...имав поздрави навики. Спиев многу,јадев редовно, имав социјален живот. Сега... еве баш сега,*појадував*,ќе го пијам второто кафе, спиена сум 4 часа, песот и мачорот ми се једини пријатели до петок,а тогаш пак ќе се поднапиеме и ќе ги заборавам сите ебени спомени од истиот. Е*ате тоа капитализмот,е*ате! И да,денес каснев 45 минути,ме одраа такси и да ти се плукнам во помочаниот град! И да му се невиди,сите чекате во последниот момент да излезете од дома и да направите тааааква гужва?! Не ви е мука така секој ден?! Па стрес е тоа човече,уште не стигнат на работа,срцев удар! Денес 5 минути закаснив и заглавив!!!
    И НЕ-МО-ЖАМ! Јас и граѓанин на Македонија од градот покрај езерото,од машки пол...увек ме гледаат подзаудрено,чудно и ... чудно... Не сум еклер!
    Професија за мрзлив народ - копирајтер,мајке ми. Денес у дејдриминг дур се пулев во празно су викам,а да се дадам у тие небитниците,џоа прават нешо за светов,само измишљотини кои се чисти лаги,а често и десетрно јадење гомца,па уште и во Македонија (е оваа смешна нелогичност ме мрднува од смеење),а за тоа си ме бива без ебан напор,а не тука...реална професија ќе калам,пих!
    Е добро,подпретерав... доза нежност,барем еднаш на ден,најмалку 2 часа,по употреба покријте го и не мрчете,препорачлива е дремка!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Ми недостига живост во животов, а не можам да сторам ништо против тоа :?:
     
  20. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Само Госпов нека ми те поживеј мајко моја и стварно да видиш дека нема дома да се враам, НИКОГАШ!

    Од уста не го изваде и никгаш нема. Нема да дознаеш колку беше волшебно и магично. Ти никоаш не сакаше. Затоа не ме сваќаш. И не се каам, за ниту една работа која ја направив со него и нема никоаш!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.