Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И денес сум повторно ранобудна а и до кај 8ми јуни мислам дека секое наредно утро така ќе ми биде :lol: Кафето на биро, литар и половина густи сок и книгата до мене се главните предуслови за да ми започне овој ден :) И морам да признаам времево е на моја страна :) Кога ќе го видам вакво тмурно,облачно и како се спрема во секој момент да заврне воопшто не жалам што седам дома и учам :D Јас заминав да се фрлам на наука а вие феминки имајте убав и успешен ден :* до сите
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831



    Постоела таа жена, жива здрава е, наша е, и да биде уште послатка причата - ја гледав на документарец за ју музика а имам и читано за неа во еден постар број на Теа Модерна. Била Муза, тивка кротка уметница. Ако најдам нешто за неа на нет, обавезно имаш абер од мене :)

    А денов, радост. Се будам покрај него, си гувееме ко мендувци. Не ми се оди на работа од што ми е убаво да спијам и да се мачкосувам во неговите пижамки. Зошто мора да врне и да е така слатко романтично баш кога треба да се оди на работа? Баварски перек и насмевка меѓу очи. Да, и наочари со капки дожд и мирис на асфалт што испарува. Распоредот за работа хаотичен. Спремени тренерки и опрема за планина, викендов идеме за Берово. И ветив на мама беровско сирење, компир а на љубовта џем од капинки. За сите по малку Љубов. Наредна недела - Заз. Никоја од моиве чупи не сака да дојде! Епа сама ќе одам ако треба. А снег никако да дојде ;) Можеби треба да хухаме?
    Си возам низ улициве, со чекори. Бајадерите во излогот на Краш треба да се преуредат. Да се направи уводот за Поетската трибина и да се оди после тоа на вечера со колеги. Да се гушнам со Пикасо и остатоците од пица во сабота навечер. Да си го испеглам палтото за на роденден, да нацртам едночудо бакнежи по мокрите прозорци. Да самувам со себе, но и да споделам живот со Нас.
    Здодевен четврток, се врзува за трегерите на маалските фраери, на усните на карминосаните тетки што итаат на работа. На сијалиците што жмиркаат под напонот на утринските зраци. Скопје е фраер наутро, со здив на лукче! Абе свашта. Убави свашта.

    И прикаските љубовни продолжуваат... ;)
     
    На Annath, lovely91, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Се разбудив со насмевка,убаво ми е,си реков "Господе нека потрае"
    Кафето како мелем за душата е веќе во мене, ме боли половината, почнав да кивам, времето ужас, а се си мислев дека сум невиден метереопат ама еве знам да ги срушам стереотипите,од денес сум пола :D
    Гледам среќни лица околку мене,не е важно што можеби јас не сум како порано но како да останам рамнодушна после толку топлина.
    Вчера брат ми по телефон ми кажа "Знаеш си го сакам животот" му реков "И јас,упорно претеруваме за некои работи а други ги имаме во изобилство".

    После ќе одам да се подновам,утре,задутре ќе имам и нова фризура, ако менувам статус бар да се сменам и јас,потребна ми е самодоверба
    Ве гушкам сите :*
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не се согласувам дека ситници го прават животот.
    Поточно не се согласувам со формулацијата на реченицата.
    Можеби е ситница голицкање на носе во тмурни, дождливи, ветровити и невообичаено студени денови ко за мај месец. Можеби е ситница гледање на ѕвездите уџум богу иза леџа онаму кај што мувите идат и си викаат - ај сеа врти и вози назад.
    Ајде да се натпреваруваме кој ќе препознае повеќе светилки од градот.
    Онаа сината што свети во Карпош е?
    Не бе, тоа ти е малку подесно од Топаанско.
    Не не, за онаа ти зборувам.
    Тишина.

    Можеби, и тишината е ситница.
    Ама кога ја правиш на посебен начин, мамутски е добра и станува хималајски голема!

    И забораваш на многу работи, на многу случајни и ништожни ситници од другата страна на градината и бзуечки муви на кои чат пат мора да се потсетиме за да можеме да го цениме повеќе она, што го имаме.
    И тука следи замав со крпа. Пау! Мувата, е сплескана на ролетната. 1:0 за мене ;)

    Икам. Некој ме спомнува.

    Одам да бројам ливчиња од детелина. Таму некаде ме ѕирка онаа со 4 листа, си знам јас. Си знам.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Hopeful, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Мај е убав,се е убаво,матурски,свадби,апсолвентски ама едно не ми е јасно :angel:
    Гардеробата,кичот,шљокиците,пунџите,желбата да се биде нешто што не си :^) ЗОШТО?
    Зошто било еднаш во живот и заради тоа еднаш ги заглавуваат родителите со кредит :| Ма дајте ви се молам.Разбирам дека сите се возбудени,и јас сум била,ама ете не ми е јасен тој момент.
    Бидете поедноставни и секако ќе бидете поубави,зошто ќе се делите од другите ;)
    Може времето тера на вакво мрчење,ама утринските фотографии на ФБ од матурантки и апсолвентски ме оставија без коментар.Како да гледав невести,само во други бои :tmi:
    Сепак,ова си е ваш ден и бидете највесели и нека ви биде незаборавен денот!
    На сите ви посакувам после тој ден,успешно да си го остварите патот по кој сте тргнале :)
    П.с.
    Не ме сфаќајте лошо,мое видување само :!:
     
  7. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Значи неможеше да имам полоша макеа.
    Толку е самобендисана, само за себе си мисли, се си сака.
    Знае дека неможам да и вратам со зборови, па само мене ми збори глупости, се прави важна.
    Знае многу добро дека ако му кажам на татко ми за неа, она мене ќе ме криви, како јас не сум и зборувала.

    Аххх фамилијарни драми.
    Сакам Македонија, не тука.
    Уште 51 дена, ќе поминат брзо, за да си ја видам мајка ми.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    По дифолт се будам рано после пијана ноќ и да не кажам утро :yawn: Славевме и се веселевме како да ќе дипломираме утре, а уствари абер немаме, ама зашто да не се прослави предвреме де.
    Се на се многу беше убаво, само ми се смешни оние моменти кога низ факултет некој не те ни приметуе здраво да ти каже што се вика, а вчера сите си се сакавме најмногу. :yawn: Деканот не изнанади со мала пажња, кали за понежниот пол и ни посака се побројни да сме на факултетот, а вака сега кога ја гледам групната слика сфаќам дека сме уствари побројни. Уа за половата дискриминација, не било машинство за жени хау јес ноу!
    И тоа ви викам, јас цел ден ќе си зевам ќе пијам вода како камила и ќе јадам чипсови ко дебел американец. (после пијана ноќ единствено што може да поднесе мојот желудник е чипс)
     
    На Smilly, bittersweet, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Да и јас се сејќавам на тој број од ТЕА модерна (како што бев зависна од броевите на списанивчето ништо не ми бегаше )плаволика жена и доста симпатична говореше за другарувањето со нив и искуството од тој период
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    25.553
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам на реклама,или по филмови како се будат наутро насмеани и полни со елан,абе ми се умира од смеење.
    Како еднаш не се разбудив наспана и одморена. Врат ме боли, грб ме боли,цела сум со гребаници и коленава дури ме болат, не знам стварно што правам навечер сама со себе.

    http://www.youtube.com/watch?v=A0WOoIr052Q

    Инаку ми се свиѓа времево и целава меланхолична атмосфера. Уживам со прејако кафе над книга.
    И ич не мора да се среди за во недела,фустанот ми е доволно дречлив за да ги огрее сите.

    :rain:

    ...
     
    На L-enna, Scar.Tissue, innablood и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Mмм прекрасно мерисаат штотуку извадените соленки и баник од рерната кој ги правеше мајка ми за утре, мм се потсетив на мојата матура вака околку мене сите беа дали нешто ми треба, сега го гледам брат ми му се радувам душа моја матурант ми е :inlove: Какви планови има за во иднина срце на дада он се надевам се што посакал ќе му стане реалност иако се караме сеа кога го гледам пресреќен ми се плаче он ретко се смее таков си е по природна срамежлив и не многу зборлив
    Морам да станам да и помогнам на мајка ми за утре бар дел да средиме утре да не ни биде хаос..
    Душичко среќна матура да ми си жив и здрав па апсолвент да ми станиш
     
    На IndieGirl и Lux им се допаѓа ова.
  12. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Метеопат сум и го мразам тоа.
    Расположениево ми е ко времево,тмурно,никакво,на најниско можно ниво.
    Сакам да сум дома под ќебенце и да гледам некој добар филм,сама.
     
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Во последно време само пишувам за глупаво време,за дождови,за лошо расположение..
    И сега појдов да ви пишам колку ми е уништено расположението благодарение на лошо време ..
    Ама знам дека се ке дојде на свое место.Сонцето пак ке изгрее,а коцките ке си се подредат и уклопат..
    Знам дека оваа е само еден лош период и знам дека ке биде подобро!!
    И оваа диета веќе не се издржува.Овој стомак не се намалува,а цревата кркорат чиниш револуција да има внатре..
    На момент појдам да направам топла пица,ама мозокот ми вели - издржи уште малку :(
    И така ке си направам сега салата од зелка и ке си се задоволам со киселиот вкус :clap:
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Јас па кога јадам желки шеќер им ставам, не ги сакам кисели :rofl: ;)
     
    На Cynthia, LivingGlam, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е многу ме исполнува значи кога некоја личност се понаша онака, мило. Денес на шалтерот вработената толку позитивна, толку пристојно со насмевка се обраќаше што ми идеше да влезам внатре и да ја гушнам. Смирено објаснуваше се, што треба да се пополни, каде, како, што е навистина реткост, обично ти се дерат како улави. Еднаш, кога уплаќавме со другарките, кај таа на шалтерот, ајде што ме врати едно 3-4 пати (не било убаво напишано) туку и се дереше како ненормална, вакви такви, јас не ќе ви објаснувам тука бла бла.. Така ли треба да се однесува еден вработен во државна институција? Море платата упола...ма какви упола, бркање од работа одма. Да ти е страв да прашаш нешто а да не бидеш посрамотен... :fubar:
    Него, си ги завршив обврските денес, со чадорчето во рака, слушалките..Како во некој филм...
    Но, сепак, пролетниот дожд не е толку романтичен како есенскиот. :)
    [​IMG]
     
    На teddybear, TeddyGrey и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека денес за првпат сум благодарна што живеам во вакво тешко време(мислев дека нема никогаш да го речам ова)

    благодарна сум бидејќи од првиот ден се бориме за се во животот и не чекаме ништо на готово. благодарна сум бидејќи научивме да се снаоѓаме во најтешките времиња а сепак да останиме достоинствени и професионални.

    жал ми е за оние што работеле во времето на југославија каде се било условно мед и млеко и тешко го прифаќаат денешново време и денешниов бизнис.

    ако некогаш биде подобро ќе се радуваме и ќе бидеме благодарни, ама мислам дека ништо лошо не би можело да не изненади за да не турне на земја до оној степен за да неможиме да се крениме (зборам психички)
     
    На marama, slavica999 и eli25 им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вчера, после славјето во чест на една прекрасна матурантка, отидовме сите до Палас. Да ја испратиме, нели, таков е редот, а и да не е, мерак ни беше да отидеме. :)
    Ми се случи шок во една минута, наплив на емоции, сакав да постои еден времеплов и да ме врати назад. Премногу емоционално ми дојде целото испраќање, па решивме и ние да се развеселиме уште малку со коктелите што ги правеше другарка ми, и да продолжиме со славење во диско. А во среда во диско, мислиш сабота е. |(
    Сабајлево не можев да се помирам колку брзо си врви времето. Не дека не знам, ама ко што вика другар ми: Следното вакво собирање ќе ни биде по повод веридба!
    Аман бе, некако многу брзо пораснавме сите. Мозоциве ни размислуваат во други насоки, интерес имаме кон сосема трети работи. Кој овде, кој онде.
    А јас не сакам. Колку убаво ќе беше да си останевме сите во средно!
     
    На LilBaby, fashionista, elcezelce и 5 други им се допаѓа ова.
  19. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    3.345
    Пол:
    Женски
    Испити, испити, испити...ненајадена, ненаспиена...само на кафе и цигари сум и по некој кроасан, а моиве по дома па уште толку ме збеснуваат со најдосадната реченица- Седни да јадеш....!
    не дека нешто особено се оптеретувам со испитиве, ама има онакви што јадат претерано додека учат и онакви што јадат многу поретко додека учат (ова една професорка го има кажано и до негде во право си е жената :) ) а јас се пронаоѓам во вторава категорија.
    како и да е барем некако наоѓам време и за себе, за социјалниот живот. па така додека сите некако се стресираат во време на испитна сесија, моето расположение си е на високо ниво на среќа :D
    сосема расположена идам и на факс и сум си 8) like always :)
    Дожд или сонце, сепак сега правам некој кафе-договор и искачам, зашо досадно ми е по дома, а и штетно по здравјето е многу учење ;)
     
  20. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Пица, кифла со крем и топло џемперче! :mm: Беснее времето надвор, ама ако, ништо не ми може! :P
    Денес среќа, само среќа. Понекогаш не сфаќам колку ми значат малите работи. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=h8Hgp150Eno
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.