Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TrueStory

    TrueStory Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Животот е како маскенбал...Кога сите ке ги симнат маските забавата завршува!!! :devil:
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Фала ти сестро што успеа да ме расплачеш на овој ден. Фала ти.
    ;(
     
  3. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Ах брее оваа десната нога навистина ја жаламм кутрата таа...Три пати ја удрив и не ја боли бре....Таа си нема гајле а јас цел ден си кривам.....:(
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Лежам, спијам, затворени очи, а исто ко на јаве, исти сништа, иста мечта и иста страст!
    Веќе ни спиењето не ми е мирно, па си барам нова занимација, нова искра која ќе ме растопи пред спиење како мешан кашкавал врз пица, или бар да ми донеси нова нишка мирен сон.

    Денес, будењето беше во Неготино. Конечно.
    Но...станување и правец на доктор. Искрено, помирна сум, ништо ново.
    Враќање дома и одма им се фрлив на малите мачиња кои се толку нежни и ми носат радост. Мижат и барат цице :D Жаде моја, пие млеко, јаде, и ќе им се фрле во кошницата, ќе се растегне, и овие едно врз друго, јен два три во потрага по цице. Кое ќе си најде па ќе се засити, кое ќе залута врз неа...
    Се на се, дома радости, моите прекрасни како секогаш, веселби и хармонии летаат од нашите прозори а јас домче сум безгрижна. Проблемите ми се чинат помали, а оно тежината не им се мере...
     
    На drugarka, Noemi и marama им се допаѓа ова.
  5. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Хах! Мислам дека статијава ми го разубави денот!

    Внимание.
    Тема Кој ја хакна Кардашијан?!

    На американската старлета Ким Кардашијан и беше хакирана биографијата на веб страницата IMDB.com, а на нејзина сметка беа упатени многу навреди и понижувања.

    И сега следува важната промена, мислам онаа што треба да е де. Убаво си напишале хакерите.

    "Ким Кардашијан е симбол на плитката американска култура за првите две децении од новиот милениум.

    Додека некои културни критичари ја сметаат за претставник на групата личности со лажна слава, Ким, заедно со Парис Хилтон, се новиот вид на "мачки" чија слава настапува по објавувањето на нивните порно снимки и мудрото искористување на стекнатиот публицитет.

    Контроверзните снимки на Ким и Парис не им донесоа срам, туку слава. Америка, исто како стариот Рим, ги има отфрлено моралните вредности и доблести на републиката, па сега ужива во срамот", стоеше во биографијата на светски популарната старлета.

    На страницата се наведени и славни личности кои ја критикуваа фамилијата Кардашијан, вклучувајќи ги и Даниел Крег и Џон Хам. Ким е опишана како метафора за социо-економско-културниот неуспех во Вашингтон и ширум целата земја, каде што главна движечка сила се неморалните вредности.

    Исто како јас да сум го пишувала :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Патам од комплекс на нижа вредност и боли навистина кога се чувствуваш бескорисен. Знаев дека завршувањето на факултетот ке ми донесе само депресии поради тешкотијата да се најде работа. А од дома веке одамна не ми се чека за пари. :(
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Животов решил да ми дава лимони во последниов период, па нека биде така.
    Наместо да кукам, ги цедам и си ги додавам во чајот за да го разбие горчливиот вкус.
    Кога пред две недели ја дував роденденската свеќа, не знаев што да си замислам.
    А да ми е сега тортата пред мене, веднаш ќе знам која желба да ја посакам.
    Затоа што здравиот има милион желби, а болниот само една.
     
    На Monna.Monna, CharmedGirl, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Неделава јадам како луда. Два хамбургери, два големи чипсови, едно големо чоколадо и веќе не бројам колку помали, Кока Кола, крофни, сладоледи, павлака, мајонез, тартар сос се само дел од чудата што ги изедов неделава.

    ПМС. ПредМенструален Синдром. Или Pass My Shotgun. Или People Make me Sick. Или Provide Me Sweets. Pardon My Sobbing. Potential Murder Suspect. Подобро речено, Pissy Mood Syndrome.

    Епа тој ПМС + предколоквиумска недела = Окси со неколку килограми плус. Веќе не знам што е полошо, кога ми доцни и ми е нередовна или кога така ненадејно ќе тропне на врата и ќе ми пристигне. Жени.

    Патем, запросувањево во јавност ми е веќе толку здодевно, толку клише. Ако на некој му е мило така да си ја запроси идната му сопруга, кул. Ако некој мене така ме запроси, ќе го одбијам од принцип. Ако порано запросувањето во јавност беше нешто несекојдневно и поинакво, сега дефинитивно е дефиниција за исфорсираност, помодарство и гледаност на Youtube. Лично ми е лигаво и крајно некреативно. Blame it on the PMS.

    Уживајте во остатокот од денот и времето што ми ги расипа сите планови :hai:
     
    На CIA, la-chicka, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Утре е вечерта, утре ова време ќе бидам при крај со подготовките и ќе бидам спремна за матура.
    Утре е единствената ноќ! :d:
     
    На kate21, Monna.Monna, Elenuskaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Собата ми е како да паднал метеор- што не е типично за мене, џвакам харибо, нозете кренати на статичниот точак на кој вчера не вртев од пусти мерак и слушам музика. Денес сум ван себе. Правам се што не ме карактеризира, се влечкам кај ме однесе ветров, цапам во вирови не обрнувајќи внимание на мокрите нозе... Така уште од сабајле си ја фатив левата страна.
    Ќе продолжам да не правам ништо уште некој саат и после мора на вежбање.. Точаков и јажето ми се лути што не ги мачев вчера па настана благ пресврт на настаните. Тие ме изнамачија мене!
    Сабајле уште во шест ипол малото прсте на ноџето ми настрада, јажето ми се чворосало околу нозе додека го газев купот од алишта и се оптегна кога прочекорев и право на нос се пречекав.

    Незнам ни што се изнапишав во постов... Но ме интереса нада!
    Чус! :smoke:
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    6.638
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Епа Феминки, немате појма колку само еден саат спиење, може да ви го смени расположението!Деновиве сум како зомби, станувам во 6 и по цели денови очите ми се затвараат, се ме мрзи, цело време сум нерасположена.И така, Чарми денес си поспа едно саат време и сега да ви кажам, супер сум 8)
    И имам многу други работи за кажување...

    1. Моите две омилени особи се вратија денес од Франција и не знаете колку им се израдував.Всушност, не сфаќате колку сакате некого, се додека тој некој не го снема од вашиот живот, барем на две недели.. :)

    2. За три недели ми е роденден!Добро, не вистинскиот, вештачкиот е тогаш.Родена сум на 18 јули ( си знаете веќе, ракче :rofl: ), ама никој никогаш не е тука на вистинскиот датум, па ќе си го славам b-day-от годинава на 8 јуни.Одбрано е местото и веќе е резервиран термин, тортата е одбрана, само треба да се нарача, guest list е веќе направена-50 луѓе (само не знам дали ќе ги собере во кафичот :$ ).Уште останува да се одбере нешто интересно за мене, некое весело фустанче и спремни сме ;)

    3. Денес, ме прашаа дали сум заљубена.Не ми требаше ни еден момент да размислам за одговорот - Не!Јас сум антиљубов и вечно ќе бидам! Да ме прашаа пред два месеца, ќе речев дека сум заљубена и среќна, дека моментите со него ме исполнуваат и дека тоа чувство не би го менувала за ништо на светов.Ама, за два месеци многу може да се смени.Не ме разочара тој, ниту неговата љубов, се разочарав сама себе.Се изгуби мојата личност во таа заљубеност-нешто што не смеев да го дозволам и повеќе никогаш нема да се случи.За мене љубовта е патетика, што ги тера луѓето да прават глупави работи и сега, засега, сум задоволна со таа теорија :rock: Но, сигурна сум, нема оваа состојба да трае долго, само додека да дојде следниот во кој ќе се затрескам и ќе поминам низ се ова повторно... |(

    И уште нешто, овој човек многу ме расположува.Неговиот глас + латино ритам = парти 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=rf2jwgSXJVM&ob=av2e
     
    На Butterfly15 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Женски
    СДК многу, многу тежок ден ми е овој. Станата уште од рано наутро, успеав и да се дружам со многу луѓе и пак не се развеселив ниту се насмеав искрено.
    И веќе одамна и се немам. Не постои ниту една работа, макар и ситна, што ме задоволува во последно време.
    Не знам што се случува, тмурен ден, го поминав целиот гледајќи gossip girl или слушајќи безвезна, тажна музика.
    Не ми се учи,ништо апсолутно не ми се прави.
     
    На CIA и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека конечно добив. :whew: Не можев да се поднесам повеќе, вака е веќе подобро.
    Временцево што е мрзливо, мрзливо си е, а со него и јас. Цел ден се влечкам низ куќа во пижами, со бушава пунџа и нова и нова шоља со врело кафе. :D Мотивација за учење никаде нема. Радо би да си уживам кај мене во соба со четки и бои, ама не ми е во план во јуни да учам. :D Не можам да засукам ракави, зошто сум по кратки, а ни да го згреам столчето, бидејќи седам на кревет, за фаќање книга ноктите ми се налакирани. Стани Вајлд, стааанииии. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=4ERT8gND ... re=related
     
    На blueeparadise и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Боже дај ми снаге да преживим данашњи дан.
    -ХА!Готово,преживеав.И подобро од очекуваното. :muscle:

    P.S срдечен поздрав до мојата професорка.И додека мене ми се губеше видот,ми се матеше пред глава,само паренхими,епидермиси,десимилативни процеси,склероиди,Калвинов циклус..и се така на купче ме прогонуваше до изгревањето на сонцето,таа со нес кафе и цигара во рака уживaше во трач партија со нејзините пријателки.

    Какао,книги..какао,книги,зелен чај..какао и пак книги.
    Еден од постовите кој го пишувам барем еднаш во месецот.Сите толку слични,мислиш копи-пејст кликам на некое претходно мисење.
    ете морам..
    Отупев со биологија ова година,буквално душата ми излезе!На крај краева и сите тестови ми беа 5,само еден 4(ова невозможно беше да се добие 5.)..ама битно ме остави без сон!
    О,боже не сакам повеќе ни да слушнам за Биологијава.
    Денес,заврши ова мое патешествие,низ дебелите корици на биологијата.Нели,небитно што само кориците и останаа,сите листови ги испокинав од влечкање на чудово налево-недесно,натаму-наваму..
    До наредната година,молам!
    Материјал од 100 страници,кој мора де се совлада за еден ден!Лекции научени-0!(ма одлично)
    Јас не би била јас,кога би терала континуитет,вака во петт до дванајст е најслатко.
    И жити бога,кога и да треба да совладувам материјал за еден ден,мене тенисот ме прогонува.
    Ма,кога ќе се загледам во некои си меч,а прв пат го случам името на тенисерките кои играат..ма ни болдожер неможе да ме отргне од телевизорот.И овие ко за беља прв пат во традицијата,го решаваат победникот во трет сет. |(
    4 часови,поторешени на тенис...fubar!
    И така се предозираш со кофеин,за да ја преживееш дождливата и морничава ноќ,во која освен црните букви на бела подлога ништо друго не е осветлено.
    Шишенцето со вода,4л.во организмот.Па за концентрација и освежување на мозочните клетките.

    Онака,сакав само да кажам дека и покрај тоа што имавме само 20 мин.за решавање на тестот,мислам дека ќе можам да се почастам со калории за уште една 5ка во низа.Оу јеа! :d: :f:
    http://www.youtube.com/watch?v=TS9_ipu9 ... ture=share

    Живописен е дождецот,кој удира по прозорецот,пресладок е мирисот на свежина во воздухот.
    Инспиративно!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Ме побара за жена со Киндер Јајце! Е од ова поголемо изненадување нема!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    Се смеам, нормално дека е шега само. Ама убаво испадна. Ми вика: Еј, види што имам за тебе?

    И јас ко мутава мецана некоја: Што е тоа?
    Он: Па предлог за брак во Киндер јајце.
    Ја: |(
    Он: Абе стварно! И ти ќе си имаш една половинка од него, и јас.
    Ја: :wasntme:

    И еве уште си се смеам, со пешкир на главава, стругам ноктиња, чистам лакови со ацетон, ич не ми е гајле за капитализмот, си го имам него... :rofl: :inlove:
     
    На CharmedGirl, ines.h, Lepaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  17. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Што е со ова прашај гинеколог на форумов ,кога неколку пати одговорил и го снема.. :^) Дури мислам дека само си се рекламира преку форумов :^) Еве еден негов одговор:

     
  18. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Сакам да кажам па многу работи сакам да кажам..
    денес сум некако голем филозов..ме избркаа од час затоа што филозофирав ама нема врска ќе продолжам да филлозофирам и ајде нека поминат овие 13 дена учење више неможам да ги поднесувам суштествана.. досадни се
    да ви кажам одлучив каде ќе идам на одмор не е негде далеку ама ми беше битна личноста и решивме ќе идеме во Охрид и за мојот роденден таму ќе бидеме..леле леле :D
    и неможам јас сеприсутна да бидам..идете без мене..не идам јас .:D
    xeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee :D
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Нова десетка во индексот :party:
     
    На CIA, la-chicka, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Драги дами и господа, добро дојдовте во градот на разговорот. Убава средба, филџан кафе, за него и цигара, по некоја нова брчка, стари лица, нови муабети.

    Овде сите сакаат да живеат европски, а сечиј обид за живеење европски се судира со неограничена доза на ограниченост. Знаете, под европски не сфаќам живот на висока нога, ниту пак одржување на снаата додека братот е на печалба, туку нешто антипримитивно, што значи живот за себе. Јас живеам доволно современо да верувам во љубов и пријателство, да знам во душава, но и јавно да ги одвојам и конкретизирам.

    Имам другар кој не би го дала ни за 50 другарки кои би ме згужвале како истушена топка за плажа при поинтересно женско или машко друштво или кои први би ме осудиле за првата вистина кажана за мене. Мене драги мои пријателки, поважен ми е тој кој и покрај сите мои мани и доблести, останал покрај мене и му била важна личноста која последната капка крв би ја донирала за него отколку аморалната за која ќе речат дека постојано е во машко друштво, го продлабочила деколтето и за која во некој момент ќе му речат: -Ене ти ја... другарка ти...!, во обид да се потенцира дека пријателството меѓу машко и женско секогаш се одвива зад затворени врати. Сите вие омилени фаци во градот, не сте погледнале подалеку од туѓите животи. Најдалеку од се што можете да сретнете некогаш е токму вашиот живот. Не се ни стремите да го проучите и усовршите.

    Мажите тука сакаат жената да е мирно пајче кое плови под закрила на мастер лебедот, да е светица во јавност, а курва во тајност; да е Дита интимно, а Леди Ди пред народ, за да го збудали од љубомора секој пат кога јавно, макар и ненамерно погледне во познаник, сосед, далечен братучед и друго суштество од различен пол без оглед на можните некогашни или престојни интеракции меѓу нив. Тука маж е оној кој изразува насилен контакт. Ти бе квазимаже, да си маж ќе знаеш и зошто тепаш! Не зашто има машки другари што ги чувствува како и женските. Не зашто е културна да му каже едно „здраво“ на соседот.

    Јас максимумот го достигнувам секој ден. Секако дека секој ден дознавам нешто ново за себе, од вас, но не мислам на тоа. Јас се интересирам за себе, допирам до себе, се усовршувам и се величам. ЈАС не е самобендисаност, туку значи дека еден разговор со погодна личност не ми почнува и завршува со трето лице еднина и множина. Зборувам за себе, прашувам за тебе, не споделувам со неповикани особи вистини и лаги за себе. Ти го оставам тоа задоволство тебе, ти кој немаш чувство за приватност, култура, убавина, слобода.

    Вчера, денес и утре... останува иста една фраза: „Македонија таква е.“. Знаеш ли ти македонче зошто е Македонија ваква? Види го него, тие двајца пред тебе, девојката од лево, чичкото кај аголот, девојчињата што си личат од десно, оној што доаѓа од ваму... е сите сте вие Македонија. ТИ СИ МАКЕДОНИЈА, малограѓанштина и мешотуѓоманџаштина.

    Овој малиов град во кој живеам јас се вика Македонија. Ви посакувам добар престој.
     
    На mysterious, JoxyTheFreak, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.