Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Солзите некогаш не се потребни....некои колку можат да те повредат со насмевка....други не можат ниту со море од солзи да се извинат :|
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Многу глупав ден. Многу! ;( ;( ;( ;( ;(
    Ми се плаче, а не можам! Ми се вика, а немам глас! ;( Сакам само да заспијам, и да се разбудам во некои подобри времиња! Ах... ;(
     
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    4.848
    Имам желба за повторно да сум активна на форумов затоа што ми недостига комуникацијата со феминките... Се надевам ќе успеам во тоа :)
     
    На Divinebutterfly, Miss.Ricci и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Од толку трпење веќе секој ден,денес дојдов до работ на нервен слом...
    Јас незнам како го издржав и овој ден но барем дури и во ваков момент се гордеам самата на себе и си велам дека морам да имам сила до крај...
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Секоја приказна нема среќен крај. Денес умре кученцето што на крајот на јануари го спасивме од смрзнатите скопски улици. Со неа умре дел од моето срце, и дел од срцата на семејството на кое му ја дадов. Долго се бореше, лавовски, до последно.

    Сега знам што ти значеше името, мала моја. Пустина ми е во душата, почивај во мир.
     
    На rossonerka, Strumfeta93, Theodora и 17 други им се допаѓа ова.
  6. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Ајдее ајдее ајдее вечеерр на три матури каде побрзо, и во сабота пак и во недела.. офф многу ќе ми се фати бе :P Хахаха ај знам дека најубаво ќе си поминам кога сум со луѓето што ги обожавам..

    п.с Литл памет у глава! :rofl: важи ;) :lol:

    Поздрав феминки ако одите и вие некаде најубав помин :* :*
     
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ... не ќе е на арно... :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    И со дупки и без аква паркови, со споменици или врби и со сељаци и шмизли, секакво те сакам. Затоа што си мое Скопје! :sun:
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Со мачорот сме окапани у парк, од кога знаеме за себе.
    Научивме кој иде да џогира у понеделник, кој у среда, кој у петок.
    Кој у колку саат трча од стадион до чешма да пие вода.
    Научивме кои клупи се стално слободни.
    Каква намера имаат работниците шо уште го доградуваат.
    Каде ќе се коси денес, а каде не.
    Но една работа сеуште не научивме..
    Кој е тој човек што секој ден ја носи истата блуза, истите фармерки, седи на трибините, понекогаш на клупите, седи со часови, размислува.
    Така некни решивме да му пријдеме.
    Му викам срамче ми е, што ќе му речам, а се движиме и движиме кон него.
    - Се почнува со „Здраво“ ми вика детево мое.
    И одиме...
    -Здраво. - му вика мачорот.
    Ја поткрева главата, никогаш не сум видела такво исцедено лице..
    Очите му сјаат, а тој полн празнина, замор.. гласот му трепери..
    -Добро ли сте? - му викам - скоро секој ден ве гледаме тука?
    И кутриот тој, вели :
    -Не,не,јас секогаш си седам тука..некни седев ондека, на трибини..а сега тука..дека нема никој..
    -Да не сте гладни?- го прашувам.
    -Не, не, добро сум..-вели, а очите му сјаат се повеќе и повеќе, гласот му се крши, зборовите на парчиња ги плука од устата.
    - Сигурно сте добро? - му викам. - Не ми ми изгледате така.
    - Добро сум, добро.. - вика и со раката одмавнува за да си одиме - Одете вие, само одете..слободно..

    Како да се исплаши од нас, како да се плаши од луѓе.
    Таа кревка снага и тие ранети очи ми го распараа срцето.
    Колку е тој човек сам.
    Се прашувам каде е сега, што прави?
    Студено ли му е? Каде се крие на дождот?

    Нареден пат кога ќе го сретнам, а сигурно ќе го сретнам, ќе се обидам да му помогнам, колку можам..јас. И мојот мачор, моето детуле на кое денес му е роденден.
    Сакам да му честитам роденден, да му кажам дека се гордеам со него, дека го сакам најмногу на цел свет, и дека е најубавата работа што ми се случило.

    Му посакувам и на тој човек од паркот да си најде некој што безусловно ќе го сака, некој што никогаш нема да го остави сам.

    Уствари, на сите вас ви посакувам да си најдете некој што безусловно ќе ве сака, некој што ќе ви покаже што значи да се биде слободен, што значи да се полни секое едно ќоше со љубов, што значи секое ќоше да ти возвраќа. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=0bbTTxwwHCg
     
    На CIA, Theodora, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    тооолку ми се плаче, многу...ме фаќа носталгија за некои подобри времиња, Матура :inlove: се би дала да може да ми се врати тој период...сега ги гледам матурантите и некако ја чувствувам нивната возбуда и ми се плаче многу...
     
  11. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Совршена вечер. Не ми смета ветерот. Само среќа ме следи.
    Си размислувам, и двајцата љубов чувствуваме, на што се должи оваа себичност? Па кажи, покажи. Уствари, па и не мораш. На крај краева која сум јас да кажувам?

    Ах, што би правеле ние женските без машките? :D Не бива работа.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Легни си,читни си,спиј си,релаксирај се,погушкај се,азното само ќе си дојде! Е такаааа...некакооо...

    И да ви кажам,и утре,ако сте вака агилни ко денес,па и некоја година ДМ ќе поживее на нашиов пазар,ќе влезете,ќе намирите потреби. Ми раскажаа,навидум ко во Нептун сега скоро било. Никако не ме убедуваат овие постапки дека сме изживеан народ,ама сериозно. Простотилук...Ај оние вчера у МААААНГО да ги сфатам,еден ден попуст...ама овие денес у ДМ...Како не поминав и да им се развикав,џабе чекате и се мачите,грди ќе си бидете и потоа!!! :D Онака да ги разгневиш само! :D

    Оваа (не)прилика ја користам дамата која ме увредила,мене и мојата професија у печење...па да и порачам дека,има среќа што се премислив на време од она која таа го пече,зошто иначе со таков нејзин неталент за истото,ќе ја искомплексирав. Какви луѓе бе...мене ми е загрижувачки кога некој што го знам од извиџење или па ич,знае многу за мене...дневна рута и навики. А муабетот доаѓа до кулминација кога рандом напиздена типка бара зезалица у нешто за да се закара со тебе,а кога тоа да му биде бивша на твојот бивши,а ја поим немам која е женава и шо и е,онака ролам со очите. Ок сите бивши на светов,вас само ме сакале,сите претходни и после вас се мивки,само вакви испади друг пат ќе ве молам не, за ваше добро...

    Си се слушнавме... :wasntme:

    Одам пак да прилегнам,приетно...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Сдк.. денес ми е роденден, треба да сум прекрасна со една нога сум во полнолетството, но не сум едноставно сфатив дека на некои личности не им значам ни малку... жално, ми иде да плачам на ваков убав ден, стварно не е фер! ;(
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како може работата на некој да му е поважна од личноста. Да ти кажам можеше барем да ми честиташ матура да ми кажеш не се секирај знам дека убава ќе бидеш, ама ништо. Па што можам да речам прост си и глупав. Кога не си ме разочарал па сега... пфф и јас будала знаев дека нема да сакаш да дојдеш и да ме видиш матурски скоцкана. Оди си на работа скапи таму, да даде господ се што ќе фатиш да ти падне на подот... Срам да ти е ни еден комплимент не знаеш да ми дадеш...
    Заклучок друг пат нема да си фантазирам толку за ништо ама па и песимист да сум не е убаво. Се што сакав е тој да ме види утре, ама ете работата ако веќе и оди е поважана од колку мојата среќа од една минута... ма каква една ни толку... Фала ти што ме натажи кога треба да сум многу весела.
    Утре почнуваме со шминкање, фризура па потоа облекување и навистина не можеш да си одвоиш ни 5 минути ах беее :( ќе си пукнам од мака ...
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    А јас сакам да ти кажам дека за такви личности не вреди ни да ти избега мислата накај нив. НЕ си го упропастувај крајот од денот, насмевни се и сфати дека можеш и без нив, како и пред да ги запознаеш така и сега. Уживај во себе и со себе, денес е денот за тебе. ;)
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ах временце временце па не си фер :!: сите планови ми ги упропастуваш :x
    Златно планирав за утревечер да носам фустан ама со вакво време тешко, ако облечам фустан ќе премрзнам
    ништо фармерки и некоа интересна маичка не ми бегаат :^)
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    СДК дека Енрике во спотот за песната Naked со Дев, ми предизвикува нерамномерно отчукување на срцево. :l: Премногу ми го форсираа порано и не го заприметував, но во овој спот невозможно е да не го заприметиш :inlove: Добро бе ќе остари ли овој човек некогаш? Се помладо и помладо ми изгледа, а тоа не можам да речам дека не ми се допаѓа. :) Ах...
     
    На chocolate.chick и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    И ете така, следна недела имам 4 теста и еден есеј за пишување! :@
    Како ќе постигнам во 3 дена...
    А еден е по математика, што треба да вежбам многууууу...
    аххххх, како ќе постигнам, или нема...
    По географија 16 страни за учење, абе АЛО, здрави се...

    аххх... :@ :@
     
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    http://www.youtube.com/watch?v=Xv0P2SxBARw
    Звукот на песнава од некој автомобил на паркингов пред зграда ме врати во времето кога бев матурантка. А како вчера да беше, мајке ми. :D Подготовки, возбуда, среќа, тага, солзи, страв заради почеток на нова фаза од животот... хаос од чувства.
    Излегов да ги видам. Млади, скоцкани, насмеани, распеани...спремни за журка. Ми доаѓаше да се симнам и да ги изгушкам. :)
    Уживајте девојчиња...средношколскиот живот е (т.е. за мене беше) прекрасен.
    Честитки за сите матурантки и апсолвентки! Среќни и насмеани кон уште поголеми успеси...
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Брат ми е матурант! Пресреќна сум за него! Иако нема да го видам утре и лично да му честитам, знае тој што неговата сестричка му посакува! :$ Ахх колку сум само тажна...... :( :tmi:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.