Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Фала нека ти е и тебе со среќа, се за знаеш да напишиш :) јас сега од 12 полагам :D
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК Дека сум пресреќна :D
    Му го напрајв најубото изненадување на најверната другарка на матурата,
    Дечко и е во друга држава, и напиша текст, јас му го предадов на пеачот и го прочита пред цела генерација :D , чупето срцев удар ќе доживееше :D
    Како и да е ја сакам најмногу :inlove: :inlove: :inlove:

    Денес е денотттттт :D
    Уште малку шминкања фризури и сл.
    Леле леле кефој сум :D
    Матураааа !! :party: :party:
     
    На bittersweet, Lepaaa, Smilly и 23 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Дојди денес, дојди утре, дојди по сто години... па АМАН више, освен да идам да те гледам јас друга попаметна работа во животов неам нели?! А тоа зашо некои луѓе зимаат плата речиси колку мојата за легачење, стварно не ми е јасно. Ама не, порано бев идеалист, не сакам легачка непродуктивна работа, сакам да се надоградувам, сакам ова она...морееее од денес си сакам исклучиво легачка работа, вака да се влечам по можност и да ги нервирам луѓето, да идам на работа за да се налакирам поубаво и за кафиња и цигари...уствари не пушам...не е ни битно. Кој рече дека мора да се надоградувам и наобразувам на работното место. Јооок бре брате, отсега натаму, приоритет ми е легачка платена работа. Е не сите паметни само теси тротинет...
    Нема! :devil:
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Леле дојде денот :tmi: кога поминаа 4 години? Кога заврши учењето и дружењето.... многу брзо ми помина времето :( Ете денес матура ми е, а јас воопшто не сум возбудена. Нон шалантна сум од сабајле. Па на шминкер треба, па на фризер ... па ако не си се допаднам ќе има плачки.
    Не ми се оди на факултет, сакам во БТ да си останам ама знам дека мора во СК иднината и кариерата ми зависат од факултетот.
    Само се надевам дека вечерва нема да има многу теткици, да така ги викам, во пунџи и плетенки :tmi:
    Имајте убав ден
     
    На marama, aaaaa, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ете така викендот ќе почне. Четири теста следна недела, треба да научам многу.

    Постојано сакам нешто што немам. Не сакам да е така.
    Имам толку многу можности тука а сакам да се вратам во Македонија.
    Пусти желби.
    Ќе издржам уште 50 дена и нема да се жалам!

    ЌЕ БИДАМ СРЕЌНА И ЗАДОВОЛНА!
    :D
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Конечно се освестив по вчерашната вечер и дојдов да кажам дека прекрасно ја пројдов матурата. Во ресторанот до кај 2 и пол се изнаигравме сите, па во дискотека до кај 5, па натаму-наваму, па трубачите сабајле во школо што свиреа и пред ресторан, и внатре и сабајлето значи задоволни бевме од се да кажам, освен фактот што имаше многу тепачки и незгоди, ама тоа си е до самата генерација :tmi: . Битно ја супер пројдов, се изнаиграв цела вечер на штикли зошто балетанки не земав, не сакав да мкнам кеса! А вторава вечер паааа :tmi: :rofl: ...по матури, па на славење солидно беше свртевме и по некое орце таму опааааа :D хехехе и такаааа има многу да се кажува, ама треба да се доживее дефинитивно :!:
    И совет до сите матуранти првата вечер пројдете ја трезни :!: , ама затоа втората... без гајле :D
     
    На Lepaaa, Beauchamp, Smilly и 12 други им се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денес е ден, знаете каков, кога ви се чини дека никој ви нема рамен, кога сте најубава, најпаметна, најзгодна...кога сте нарцис невиден, значи нацисссссссссссс ]:)
    А зошто сум таква денес??
    Еми имам шишки! :geek:
    Конечно, промена.
    Фарбање, шишање, и на крај... ни едно ни две оп оп ШИШКИ!
    Сега имам бебешка плава коса. И ми е најубава да кажам уште еднаш!
    Кој сака од форумот да стане плавуша, или понежна бринета нека се обрате кон мене, јас ќе ви го кажам лекот и ќе сакате да ми пуштите пари како што им се пушта на бајачките! :D

    Вечер матурски велечери, абе вечери на поезијата ќе бидат, филозофии стари, постари од прадедо ми на маса ќе се развиваат, ама ете, годинава иам среќа, шо сум кај блиски на матура па кога ќе ми стане досадно :yawn: можам да одлетам кога сакам во кујната и да се мавнам во мајонез салатата! Боже однапред прости ми, ама вечер ќе јадам, оу да, мајонез салата, кифлички, кашкавалче, куленче, чајничка, саламка, ле ле ле, уште сега се чувствувам како грев да сум направила :|
    Ама пааааааа...затоа од вторник, трчањето во 9 сабајле на кеј со медо мој не ми бега!
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Ќути аман, касапница...зарем јас не знам. На минатото раб.место бев во иста канцеларија со една аспида. И останатиот персонал беа кој од кој, ама друго е, со неа кмишиш 80% од времето. Значи со душа сум чекала да замине на годишен одмор ејј со мерак тогаш си работев, а газдата бил пријател на братучед и`, па не смееш нити да и` вратиш, нити да се пожалиш од неа. Е тогаш се исклучував и си читав Фемина кога другиве ќе пиеја кафе на пауза, јас во канцеларија си го носев кафето и си читав. И тоа да не беше, ќе скренев! Абе мисли ако не ти се стемни тебе, на неа нема да и` се раздени. Кокошка...
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сериозно има луѓе кои ги запазуваат старите''обичаи''од камено време
    како ''Капење само во Недела'' ?! Одвратно :puke:
    Ја имав таа чест денес да застанам до една цура во Космо, имаше околу 20 години ,се си беше тип топ средена колоритна комбинација Spring 2012, но кога застанав до неа забележав дека од косата само што не почнале масни капки да и паѓаат и верувале или не мирисаше на твор :|
    Битно си купи парфем од 3500 денари.
    Не е финтата да се напрскаш со скап парфем и да мирисаш ''убаво'', гледај да не замирисаш на неубаво а за убаво кој колку што може да си дозволи парфеми според кесето.
    Хигиената пред се :!:
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чоек немој вака можда е на пракса ставена од некоја фабрика за масло :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ги читам матуранкиве и се чудам кога помина цела година. :o
    Како вчера да беше кога се спремав за матура и кога ја поминав една од најзабавните и најубавите ноќи во мојот живот. :)
    Значи времето лета ли лета. А толку многу работи се сменија оттогаш во мојот живот. Се е некако поразлично. Ме фаќа некоја носталгија за средошколските денови. Дури сега сваќам колку ми фалат некои личности и колку ми е криво што некои работи беа такви какви што беа, колку работи остана нерасрешени и недоречени...
    Честито матура на овогодинешните матуранки и се најдобро понатаму. :)
    Подгответе се за една нова фаза во вашите животи...
     
    На Plavusa.17 и DressedToKill им се допаѓа ова.
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    [​IMG]
    Е ваков сакам. Образовно дружење у врска, шо убооо :D
     
    На antonina, bittersweet, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  13. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК Положивввв со сите можни поени :party: (после тоа еден ме изнервира па незнам дали да се радувам или нервирам ама ај)
     
    На Monna.Monna, Lepaaa, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тато, носи ме во болницата и кажи им нека ми го извадат срцето и нека ѝ го дадат на сестра ми -братчето на помалата сестричка која доживеала инфаркт на само 3 месеци. Добро бе душо мала, уште на мали години спремно животот да го даде за сестра си. Колку само се наежив кога читав. Ме потсети на брат ми кој од секогаш е спремен на се за мене... Еднаш ми рече "Недај Боже, ако ти се случи нешто, и јас ќе си умрам заедно со тебе". Ах Господе, колку е убаво да си имаш братче! Ти благодарам.
     
    На Angelche, JoxyTheFreak, antonina и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Мир на душа, мир ме слуша :)
    Работа, јагоди, Pink Floyd, макарони и шеги. Љубовни шепи ко мачка на кола, вжештена. Некако ми е лелеав животов. Иако сум ко бумбар полна, ми се јаде, имам договорено збиранка во парк со компаративциве мои и очите сами се склопуваат во онаква фина далиевска истечена слика. Вчера ко диносаур глодав пуканки со Сај, ми бараше палто за сликање. Станавме веќе Дами, Жени, што ли? Големи! Ама светот на возрасните е и те како тупав. Полн административни гомненици, стресови, одговорност. Ние, Децата, во душа, не значи дека сме инфантилни или не прифаќаме одговорност, ами едноставно така, ни се лулаат уште ноџињата во лулашките, ни се дуваат глуварчиња, сакаме модрици и од игра и од смеа... Но.
    Светот вели друго. Модриците сега можат да бидат и од рибање тепих во умор, зошто детето го ушлакало ручекот директ во дневна. Можда и модрици од совесен blow job да бидат, но важно се веќе големи. Модрици од сосема нови неба.

    Даде ми купила чорапи со прасиња :angel: Си мекнеам. Денов ќе биде петочно чист. И као и секогаш, полн со комплименти од комшиите како цвеќиња ми растат од образи.

    Ок. Утре патувам за Берово. Ве гушкам во китки детелинки. :*
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Пресреќна сум кога нема тажни лица околу мене! :angel:
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денес намерно не пиев лекови за вечер да можам да мавнам некоја чашка...
    брат ми донел коњак и водка, ќе има и ракија и вино
    мераци... едвај чекам
    се мислам измеѓу водка и вино
    Денес ќе пијам ма ич око нема да ми трепне
    :wasntme: :d: :d:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК некогаш реков тука, напишав, пак ќе речам, денес за човек да опстои треба да е покварен, да е лош, а добрината изгледа не поминува.Луѓето велат дека ретко се наоѓа човек, а некои пак истото го велат, а обратно бараат, за очекување да не зборам.Не разбирам, зошто сакаме едно, а бараме сосем друго? И потоа се жалиме, зошто некои работи ги нема? А дали истото сме го дале, за да го добиеме? Тоа е исто како да отидеш на пазар и сакаш да купиш нешто, но за истото треба да платиш за да го купиш, а не сакаш да платиш или немаш пари, сеедно во случајов, е тогаш нема да го имаш тоа што сакаш да го купиш.Но, во реалноста некои работи не се купуваат, се заслужуваат доколку за тие си дал некаков свој придонес.А ако не си дал или со други зборови не си се потрудил, тогаш нема место за жалење.За да имаш нешто, треба да дадеш, да жртвуваш.Некогаш работите треба да се одвиваат двонасочно, не еднонасочно, се додека се одвиваат само еднонасочно, ништо не правиме и ќе биде светот вакво место полно со егоизам и злоба, ништо повеќе.
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ади заминва на фризура и шминка :hai: :hai:
     
    На Monna.Monna, Beauchamp, Lepaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  20. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Тмурен ден,а јас во уште потмурно расположение.Ова моево не е пред менструален туку пост менструален синдром очигледно :lol: Толку се осеќам празно што ни самата не знам со што би можела да ја потполнам оваа празнина.Можеби последниве денови направија да се осеќам вака.Крајно разочарана од се и сите.Уште еднаш ми се потврди правилото дека секој те гледа додека има корист од тебе.Зарем и од најдобра другарка да слушаш лаги?И после се чудите зошто ве игнорирам?Удрете си ја главата во зид па може ќе ви текне.Подобро ќе останам со една или две другарки ама вредни,отколку да ве слушам само кога немате со кој да зилезете или кога имате проблеми.Време е за уште една чистка.Ајде гитла и оставете ме на раат :devil:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.