Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Нешто ми се сака. Нешто ми се прави.

    Знаете кога нешто ви се јаде, а не знаете што. И шетате по рафтовите низ продавницата, кружите и се наоѓате на истото место, а кошницата празна.
    Или ви се оди некаде, ама не знаете каде, ни со кого.
    И седнувате дома, вртите на тв, нема ништо интересно.
    Воздивнувате.
    Барате на мобилен во именикот некоја жртва, да си поправите муабет. Рекла-казала, ништо ново.
    И така во недоглед....

    Ех, кога на човек не го држи место. Кога на човек му фали нешто во душата, па го бара наоколу, ама не го добива.

    Ме потсети вчера една другарка. Бевме на кафе, шопинг, ама целата беше намрчена и место не ја држи никаде, од ништо задоволна. И` се сака нешто, ама не знае што.
     
    На marama, lovely91 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Малите работи можат да кријат големи задоволства :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Annath, Monna.Monna, fashionista и 7 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    зошто зошто зошто??!!!...
    неможам да сватам зошто лугето се мешат во туги живот??
    сега,баш сега кога се моите моменти,ммоменти каде што тоа е сон на секоја девојка.
    момент каде што целиот живот ти го сменува,зарем мора да е лошо тоа??..
    да не се знае што те очекува?
    кога се сонува за преубави моменти со саканиот,сите други мора да се мешат и кажуват како да тие ке се мажаат и женат?!!!.. :devil:
    сега ли најдовте сите вие да солите памет?..
    зарем не може човек да си сонува со саканиот?да =ивеат од лјубов без сите ваши предавајна и памети?
    зарем не ке има ни 5 минути мир за нив??
    како тогаш ке станете баба и дедо?
    вие имате ли памет?
    или мислите дека и ние ке бидеме како вас кога сте се земале?..
    еееееејјј :fubar: денес е 21 век..секој одлучува за себе а не некој други за други живот...
    и да е така,јас одлучувам за себе..може ке ве почитувам али нема да правам тоа што не сакам тоа шти вие сакате :!: не!..
    сакате ли уште сега на мои години нервен слом заради вас да преезивеам?!!!!.. ма идите упм сите вие!!!!..

    ако мислите дека мојов живот ке биде тоа што сакате вие,е па извините не сум робот..
    јас јасно и гласно ви кажав јас сум таа што сум.нема да с еправам нешто што не сум и што други сакат..јас не знам да глумам..

    а вие сите што солите памет и правите кавги во туги брак не сакам ни да ве видам..
    само тоа што ке бидете во близина ке биде она нормано..
    јас веке немам лјубов за вас.јас не сум векее таа што ке ви пмага како порано..јас ке ви бидам како странец.кога виее мене така тогаш и јас исто.. :!:
    јас продолжувам да живеам,ако сака он нека со мене ако не земетего и оставетеме.. :)
     
    На malo-bebe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Тажно е што некои бидејќи добрата финансиска состојба успеаа да се запишат на факултет во големиот град со цел да се омажат таму без разлика дали ќе е тоа со оженет човек битно да има пари, да живеат студентски живот а незнаат кај им е факултетот , да ги исцедат кесињата на своите родители и да не се враќаат за работа во лето, а некои немаат финанскиски средства да се запишат за да ја работат професијата што ја сакаат иако вредно учеа 12 години ,дипломи ,натпревари итн.
    Официјално 2 мои познанички растурија бракови после 2 год живот во големиот град и сега среќно живеат до крајот на животот ,како бајка. Уште да беше...
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Бидејќи темава спаѓа во оние од Кафе-мубает, јас си зедов кафе овде пред компјутер да ви чинам еден муабет. Надвор времето супер за шетање, само врзете си ја косата да не ви се плетка додека зборувате. Рака под рака со цимерката, одиме до Буњаковец да си купи наочари иако надвор пред врнење е (по пат се моли да не и се купени). Се смееме, чекориме побрзо демек некоја грам да потрошиме. Лево-десно ќе видиме некои батиња и смеење ни идат, ама ајде само ќе се погледнеме и веќе цел муабет е сфатен. Од некаде ни замириса на пица, ги пребројуваме парите и се двоумиме дали да се частиме. Студентски живот! И ајде викам да проверам сметка дали ми стигнале пари од стипендијата... и ОПААААА! Ич не бев суптилна и јавно се насмеав и израдував! Па 10.000 денари убаво ми ги ококорија очите! И така, трчаме до другиот банкомат да проверит и таа се израдува ама беше посуптилна од мене :lol: И одма ни се реши дилемата дали ќе јадиме пица, па дури и исти прслук си купивме од радост!

    И така ви викам, слатко ми е некако кафево :coffee: , а и денешниов ден. :*:

    Време е за учење! :o:
     
    На Breezy, Strumfeta93, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Не ми се верува дека го испуштив последниот ден на факултет ;( ;( Чекав 3 ипол саати во амбасада за глупавата виза :@ Не е фер па... срце ми се кине, и ми се плаче ..воопшто не се ни радувам на визата ..
    Јас паничев за сестра ми, таа за мене, се држевме за раце, не гледаа тие што интервјуираат и ни се смееја. Па да се знае дека или на двете ќе дадат или ништо, ние двете во пакет одиме :!:

    Мака ми е , дупка имам во градите, ништо не ми се прави ..
    Tреба да учам .. А не ми учи. Со мачорот се разделивме пред пола саат и веќе ми фали .. Варам едно јако кафе и учам турбо до вечер, за да уште еднаш го видам :inlove:
    Каков период ме чека од овој ден па натака .. дури и паника ме фаќа и се плашам.. Треба да донесам многу важни одлуки, чекам резултати и одговори што буквално можат да ми го сменат животот. Епа нестрплива сум и мразам неизвесности !!

    П.С. Изгледа ПМС може да се однесува и за пост менструален синдром, тоа ми е најлогично објаснување за моето расположение :|
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    сдк после една кратка пауза пак се вратив,поздрав феминки
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Блашко со кокос и кафе,ете това беше оваа недела народе,чича мича,завршила је причаааа...

    Искрено,многу сакам да ги разберам жените кои се склони кој (ал)хемија кога ќе се облечат ултра дрољасто. Од накиснато,шугаво маче,ма све постануваат принцези. Слушај ма нешо да ти кажам,тој слоумоушн што го гледаш у филмови, реалноста НЕ ПО-СТО-И,така што престани да ја вртиш главата со малце замислен и лут поглед,незаинтересиран.Тоа што го гледаш на филм,спот на мтв или шодае, е посебен ефект,а таков у реалноста изгледа глупо,ГЛУПО! Не,стварно сакам да ги сфаќам! Ама СТВАРНО!

    А колега се напиња,леле некој ме одфолоунал на твитер,ако не се согласува со мене или нешто такво,глупо е и пишува твит за тоа. Не глупо е шо те потресува тоа,сфаќаш? Му викам мртва ладна,а не помисли дека некој те преценил,а ти си досаден и после си викам,Лилит се слушаш?!Да се слушаш глупа една,гласно го кажа,во се-бе,сееее-бе,колку пати мантравме во себе,во себе,во себе,за да не се излетуваш... Ме погледна на криво ко,ма јас сум интересен... Ќе ми летнеше и делот,не,не си...ти мислиш дека си. Паметните те избришале,тапшачите не те бришат,може ќе им се најдеш,а ко шо глеам,само муабет си правиш и на сите им тераш риплај,уште малце и опција длабинско лижење на задник да стават,боље ќе ви стои...И такој... ете,денес така ќе си видиш како некој нема самодоверба.Мислам на твитер,се спрдачиш,реално...друго ништо,па или си досаден и глуп,а следен од други разлози или си ултра духовит и досетлив.
    Мислам оно на фемина зафати бран одлајкувачи,ама тоа беше без преседан. Очај и патетики,стрпете сеее беее лелееее,Михајло дели парфеми и саати за нова година,има време.
    Болести психолошки,постануваат тоа шо не се,глумат нешо шо не се,глумат тоа шо сакаат да бидат и патат ако некој ги одфолоуне или не им стегне лајк или не им постира или не ги ретвитне... Ми оди чврги да почнам да мавам...
     
    На antonina, Angelche, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Алкохол, апчиња, анестезија. Вчерашниот ден ми беше пекол. Станав со ужасно лице, веројатно некоја алергија, лом ми беше, грозно за гледање. Забот не престана да ме боле, си плачев од болки. Саат време пред да заминам на матурска, бев кај заболекарот, ми стави анестезија, апчињата веќе не помагаа. Се облеков, спремав и отидовме. Расположението ми се смени за 180 степени кога влегов во хотелот. Заборавив на болка, на алергија, на се’. Игравме, пеевме, пиевме, одлично беше. Ноќ за паметење. После хотелот во дискотека, до 5. Го затворивме ICE. Убаво беше, последна вечер заедно.
     
    На GarpovaV, Monna.Monna, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Прекрасен ден.

    Поминат со драга личност. Ми требаше добро смеење со оглед на тоа дека ми доаѓа предизвикувачки период. И место да се мислам како ќе се снајдам во она што следи само се потсетувам на убавото од денот. Сите заслужуваат ден кога не им е гајле колку калории внесуваат. Пирошка со сирење, шејк од киви и зелено јаболко и за крај крофнички со леплив воденест чоколаден прелив и шеќер во прав за да си направам чоколадни мустаќи и гордо да си се шеткам со нив.

    Убаво е да си човек, да уживаш, да се смееш. Да имаш пријател.

    И на враќање си мислам дека ако гледам во земјата никогаш нема да го видам виножитото. И затоа си се смешкав и гледам нагоре додека ветрот пробуваше да ме дувне.

    Затоа и ги сакам овие денови. Затоа што се среќни денови. :sun:

    [​IMG]

    Ее така. Уживајте сите. :*
     
    На Breezy, Bright, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Имав многу убав и интересен ден, одамна не ми било вака убаво :sun:
    Ех што ти прави еден сончев зрак, ги подмачкува работите како Брилијант :D
    Сега ќе си лапнам едно големо чоколадо, да ме исполни уште повеќе :mm:
    :*
     
    На Divinebutterfly, srcekrsacka, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Море купи си еден еурокрем од Агроплод :D :D
    Ким, ми фалиш мор! :P
    Вечер може ќе се најдеме на чет.
    Те гушкам :hug: :hug:

    СДК уште еден и готово :whew: не ми се верује
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Потврда за патувањето во Португалија. Фак јеаххх! Ми се исполни желбата! Док некои моми изиграваат аждаи и се замраат со рекла кажала, ја им давам мидл фингр, вие занимавјате се, а јас ќе дејствувам скроз! Ако тоа ве прави среќни еве го имате мојот одговор: да така е!

    И Лилит се сложувам скроз со она што го кажа, јас мислев дека само мене ми е премногу. И те поздравувам тука у СДК оти сакам така, и ти викам единствена си бе! Реална, дрско реална..и ми се допаѓа тоа!

    И она ко ќе ми каже некој дебела си! Јас викам да дебела сум и среќна, нешто друго да ми кажеш м?
     

    Прикачени фајлови:

    На FortuneTeller.xD, fashionista, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Оној момент кога мислиш дека ако пуштиш одредена песна,ќе се скршиш на парчиња. :doh:
     
    На ViktorijaMari, anuskaNESTLE, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Итс Фрајдеј бичес!
    [​IMG]
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    На 10 мај пред 2 години започна.Бев матурантка,бев изгубена,бев заљубена..ама го најдов лекот.
    Го најдов лекот и на уште мал милион ситници и големи проблеми.Најдов место каде да ги споделам сите радости и солзи,да ме слушнат многу,а сепак никој да не знае.
    Запознав толку многу различни женички на едно место,на кои не им го знам името и презимето но ги знам многу подлабоко одколку некои луѓе кои лично ги знам.По малку се сакавме,по малку се нервиравме,ама сепак си помагавме едни на други.
    И сега после 2 години ТВРДАМ дека никогаш немаше да се изградам во личноста каква што сум сега,да не се зачленив тогаш на фемина.
    Наздравувам за прекраснава годишнина ,за форумов кој секогаш ќе биде дел од мене,зошто во него имам оставено многу голем дел од себе..
    Повелете женски,it's on me!
    [​IMG][​IMG]

    Бизу,бизу :*
     
    На Breezy, Strumfeta93, Divinebutterfly и 36 други им се допаѓа ова.
  17. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Денес се комплетирав и штикли и алки и обетки, и сега сум раат.

    Уствари не, ја заборавив ташната.

    Пеколот продолжува!
     
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Колку е убаво :coffee: после напорен ден , туширање, топло кафе и секоја келтка од телото ти се опушта :!: убавини.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Некои луѓе едноставно зрачат со негативна енергија-подвижни злоби ,дека не е баш розево не е по малку сиво да ,ама толку црно во никој случај...
    Сите имаме тмурни денови ама секој ден да сме такви не е во ред за нас и за тие околу нас...
    А мала насмевка ќе влијае на расположението на некој друг и тоа како,па разубавете им го денот на луѓето околу вас ,ќе ви вратат во иста мера .
    Смејте се додека имате заби :)
     
    На Anabelle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ти само дај си шанса и ќе бидеш изненадена од самата себе си, на што се си била способна да постигнеш!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.