Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека КОНЕЧНО си го добив ваучерот и си одбрав тоник за лице, и пена за кадрава коса ^_^
    и аман веке нека дојде таа црвена тетка, оти веке спобудалев,не можам веке не се издржува ;(


    и најважното :!: утре е денот кога сите жени треба да се соединиме на парадата НАПРЕД РОЗОВО и да дадеме поддршка на оние кои се болни од рак, или познаваат некој таков-или не дај боже имаат дома
    јас имав, знам како е ,се мачеше кутричка баба ми, и на крај болеста победи-борбата беше за таа година дена да и се продолжи животот, ама како и беше, таа си знаеше ;( па дајте женички да помогнеме со тоа што ке присуствуваме и ке одвоиме од нашиот буџет симболична сума на некој што премногу ке му значат.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека знаев дека живеам во олку многу сељачки град,ама то волку да се расипани луѓево е тоа не верував.Никаква култура да се немало бе море мајката :lol: Застанало цело Тенеќе мало се собрало свират али свират,убичу се.Доместос само лекот му е! Еден од комшиите ако е матурант и сите морат да одат да го видат пред ресторан,леле мале.Се срамам што живеам во овој град се срамам.Јас кога ќе бидам матуранка ќе си појдам најпрва пред сите,зашо како што гледам како што трганле работиве,бетер се собираат луѓе и од театарска представа ко којзнајт што да гледаат. :rofl: :rofl: :rofl:
    И успат вака да им честитам на сите матуранти среќна матура,убаво поминете си и се најубаво понатака :)
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.376
    Допаѓања:
    286.666
    Моментот кога не можете ниту да се погледнете себеси во огледало бидејќи го гледате одразот кој е непознат за сите останати.

    Лежите во кревет и лаптопот е единствен кој може да го толерира вашето друштво.
    Изборот на музиката е адекватен на приликата, болка, сожалување, тага....но не за себеси, за некој друг.

    Колку само ќе беше полесно кога би покажале кон другиот со обвинителниот прст.
    Кога покрај сопствената болка не мора да ја носиме на рамења и туѓата која сме ја предизвикале.
    Кога другиот е бед гај .
    Овојпат прстот е свртен кон себеси.

    Присуствуваме на цела дискусија, но сами сме во просторијата.
    Обвинител, бранител, судија неколку гласчиња пиштат ти се чини.... прегласно е во главата, а навидум седиш мирен и уживаш во тишината.

    Се згрозуваш од сопствениот егоистички, користољубив и искористувачки одраз за кого толку долго си бил слеп и се трудиш барем еднаш да ја направиш вистинската ствар.

    Немаш мир се додека не го направиш она што е правилно и човечки без разлика колку боли, колку е тешко да се изусти или да се направи.

    Мораш да ставиш крај на измачувањето......а единствен начин за тоа е да го истретираш ко ѓубре и да бидеш сигурен дека никад више нема да те погледне, пише или да крене слушалка.

    И на крај сваќаш дека ништо не е сменето.
    Дека мирот не се пронаоѓа така лесно, дека сопствената совест за болката што си ја предизвикал ќе те следи уште долго.
     
    На SanjaKirchner, Mini-Mouse и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Фем.

    Се чувствувам некако празно, оддалечено од остатокот од светот иако сите се толку блиску.
    Немам често вакви денови, затоа и ги мразам. А највеќе ми пречи тоа што немаше ништо ама баш ништо посебно лошо во денов а пак ми е така.

    Некако скиснав. Се скиселив сто на сто, мислам дека во моментов нема лимон што е покисел од мене, а се трудев да се смеам, да делам насмевки а до вриштење ми доаѓа.
    Ме напаѓа мојата прастара другарка, Параноја.

    Едно време ни се заладија односите, сега некако повторно ко да посакува се почесто да ме дружи. Незнам како да ја откачам, да и кажам дека не ми треба нејзино друштво. Не ја сакам и точка.

    Сабајле му цимолев на либето, ми беше тешко, го онерасположив само што дојден од матура. Ама па несакам да дојде моментот да се разделиме, да му се јавам а да знам дека нема да можам да му речам да дојде да ме гушне, да се легачиме, да го трошиме времето џаболебарејки и пушејки, да гледаме глупави американски серии гушнати, да пуштиме порнич и да се смееме зошто чудно и се треселе градите на "актерката". Моментот кога ќе не разделат толку многу километри. И ќе прекинам да набројувам бидејки ми навираат солзи.

    Ама не сум ја крива што ми се крвавите денови од месецот. Мислам дека сепак тоа е причината за мојата моментала психичка состојба. Се ме мачи, се ме нервира, се ме расплакува.
    Едноставно неможам органски да си се поднесам.

    И сега што му преостанува друго на едно емоционално потресено суштество освен да се жали и да квичи по форуми :$ !

    Глуп мензис!

    Еве и една песна што ми иде со расположениево :
    http://www.youtube.com/watch?v=gVra5cOVfL0
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Насмеани лица на плоштад, ход дог за 30 денари и Скопско. Цело друштво на кеј, позади некаде мирис на скара се шири и музика од рок свирка. Куп бисери, ме скина стомак од смеење.
    Непланираните работи секогаш спонтано излегуваат најубаво. :drunk:

    http://www.youtube.com/watch?v=ZfF-YaSVoNs
     
    На Smilly, anabel-a, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Со количина у крв,доаѓам дома и кога гледам,пуштен телевизорот и на него Миленко и Мирка си играат телевизија и у муабет спомнуваат одметник од сдсм во емисија Јанко,со епитет,брилијантен дечко... Разбирливо е зошто одат после дванаесет по полноќ...дрзок вулгаризам,не знам како се уште се доживуваат за важни.
    И да... не ми се верува дека слушнав цмиздрење за скршен нокт...проследено со клетва за виновникот... Ја сериозно ќе прејдам на насиље и мавање на лапушки... а онда фап се фаќа за пивото,кого лажеш ма?! За неа само чери,евентуално мартини,а најубаво сокче,го лигави пивцето,пушти душа во вид на умрени меурчиња,резултирано со целосна истоштеност,овај изветрејаност... И ќе гледа европско ко демек,слушајте ми го зборот...
     
    На Trendafilka и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Најголема среќа е да имаш вистински другар/ка до тебе. Некој кој ке те слуша нон стоп па дури и досаден/а да си со твоите мисли и желби. Некој кој ке биде до тебе кога ке ти е најтешко, дури и кога ке и/му ѕвониш во 3 наутро тој/таа има време за тебе да те ислуша. Кога си среќен да се смее со тебе, кога плачеш да плаче со тебе, кога сонуваш да го споделува товите соновил. Да се восхитува и да биде среќен што те има тебе.
    Јас сум среќна што ја имам мојта најдобра другарка, иако е далеко од мене секогаш е присутна во мојто срце.
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК не знам што сакам во животов.Се смеев и уживав, демек...Сакам да бидам нешто, сакам сите да гледаат со восхит кон мене,сакам сите да мислат дека нешто сум постигнала, дека имам на што да се надевам и дека имам кој вистински да го сакам...А всушност која сум јас? Дали правилно го чекорам животниот пат или сепак не?
    Ми се потребни моменти кои ќе ме натераат да мислам дека се` уште постојам, дека се` уште дел од мене е комплетно посветен на себе...
    Пред речиси една година мислев дека слободата е се` што ми треба, дека сакам луда забава и другарки и другари околу мене,а сега...Што мислам сега? Сега не мислам, сега знам дека ми недостигаш. Сега знам дека дел од мене е секогаш со тебе... Сега знам дека твоето срце ми припаѓа мене...Сега знам дека секогаш си бил мој...
    А тоа што не сум со тебе...Тоа е твоја заслуга.Можев да ти го пружам најдоброто, можев да бидам најдобра девојка на целиот свет, можев да бидам твоја засекогаш. Единствено што требаше да ми дадеш беше твојата доверба и твојата љубов. Одлетај, искрено ти велам .Едвај чекам да ме снема одовде за да не те гледам веќе. Ме повредуваш со самото присуство.

    А ти...Т....Ми недостигаш премногу понекогаш, особено кога те гледам во живо. И она ракостискање :D е тоа највише ми недостига...И Италија, и загубувањето во Фиренца..И прегрнувањето за да ме утешиш дека сепак патот ќе го најдиме кога тогаш..И онаа прегратка кога се онесвестив, и гушкањето под исто
    ќебе дека ти е ладно...

    Моменти кои секогаш ќе ги памтам затоа што ми е тешко на душава...Сакам да сум сама.
     
    На Adi888, Breezy и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ми се јаде блачкооо, ама нема :( .
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Да видите колкава насмевка имам развлечено на лицево моментално! По 2 години, 7 месеци и 20 дена, повторно пријателчиња на фејсбук, и тоа на најслучајниот начин. Тоа е поентата на фејсбук, драги мои, да се поврзете со старите пријатели :nod: Тоа е поентата, но се изгуби попатно. Како и да е, не мислам да мрчам во овие доцни часови исполенти со среќа и спомени, па само да им посакам добра ноќ на ноќните птици и добро утро на ранобудните :hai:

    Имав еден депресивен пост за денес, но ќе го оставам за утре. Денес е време за насмевки :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, ViktorijaMari, aaaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    17.251
    Фенес ми е роденден, гости многу сакам, ако некој не дојде ќе ми биде мака.

    Вака денес сум многу среќна, уште рано сабајле. Денес ми е роденден, и јас четарнаесче од денес. Еве сега е 9 ипол, во ова време сум се родила јас. Само шо на најблиските другари немаше да им текне ако класната не ми честиташе со петка на тестот. Тоа е уште една причина да се радувам. :)

    Имајте убав ден, еве ве гушкам сите :hug:
     
    На anabel-a, Divinebutterfly, aaaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакате си успешно и темелно некој да ве нанервира од сабајле? Сакате ли да се нанервирате така што цел ден ќе ви се заебе... А незнаете како?

    Лекот е кај мене, само побарајте ми, ви ја испраќам мајка ми по брз воз, па да видите дали едно утро расположени ќе станите.

    Не, НАЈСЕРИОЗНО немам толкав капацитет на мозок за да ги сватам луѓево шо цел ден седат на ФБ. Па, морало слики од матура, слика од гостите, масата како е поставена, секоја табла детално сликана.... Да вида луѓето, не после не спремија за матура, па да зборуваат. А, шо напраел средно завршил, на денешницава да ми извините голем к*р. разбирам јас дошле најблиските, да не излези само детето од дома, ама спремање ко за свадба, ми е апсурд.
    Е жалново е што и мајка ми тука спаѓа, вчера на матура(на која бевме10тина души, скромно, но доволно спремана) цела вечер скоро помина во муабет за ФБ. Што праеле, што ледале, кој се омажил, кој родил дете.....МИ СЕ ПОВРАЌА!!! И за текот на целата вечер 3 пати најмалце и кажав, сабајле во 9 сум на анлиски. Ама нели, не зборував за ФБ и ената не можеше да слушни, лупава јас.
    Ако барем ме потслушнеше ко седнуваше на ФБ сабајлево од ранорано, да ми тропаш над гла, и ако само со нетрпение не чекаше да се пушти компијутеро, туку и погледнеше учебниците на биро ќе ти беше јасно!
    Ама премноу барам јас!!


    Е сега ако не си закажам час ми останува јавно да замолам некоја феминка да ми помони оти во хаос сум..... :@
     
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    "Good morning Upper East Siders" :wasntme:
    Топла и нежна Сабота.Со тешко срце се одлепувам од кебенцето со свеж мирис на Ленор од лаванда,и во утринските часови заминувам низ градот принудена со куп обврски.
    Потпивнувам од капучиново,кое мама по грешка го утна,наместо какао.
    Сеуште нерасноета и поспана,ама едноставно мора да се прифати поканата за шопинг партија.
    Ја ставам ташнава на рамо,и праќам заострен,сонлив поглед на вратата...
    Активен ден...од ќеси во раката,до роденден со гледање финале ЛШ,и после денсање на подиумот во диското.
    [​IMG]
    Имајте топол ден! :*
     
    На CharmedGirl, Hipster, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Што вели човекот кој претходната вечер бил пијан и кој има страшна главоболка
    сеа и ја така
    Веше не пијам
    туку си ја пеам наа главобоља од вина а нигде аспиринаа ја си надополнувам а може и аналгин не е проблем што и да е само да ми помине главоболкаваа
    Додуша не пиев кој знае колку се напив 3 чаши црно вино чисто и толку ми треба мене
    еве што правев синоќа
    :d: :d: :call: :d: :drunk: :dance:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека убаво се зезнав од сабајле. :D
    Си станав така весела и најпрво гњурнав во кутијата за кафе по потрага, арно ама беше празно. Си викам:„Има ли нешто полошо од тоа да станеш во сабота сабајле и да нема кафе?“ Арно ама, по неполн пола час ми се приоди по надвор и кога завршив со работата сфатив дека нема тоалетна хартија. Јбг, имало и полошо. :D
     
    На anabel-a, Monna.Monna, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    ПРЕНАЈУБАВ ПОМИНННННННННН !!! :party: :party: :party:
     
    На bittersweet, Smilly, Annie.mk1 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темана за попусти и гледам дека секоја втора феминка бара тексас шорцеви! Аман, бе, што напраивте?! Изглеа летово масовна екпанзија на шорц ќе има, кој, што носи, битно тексас шорц да е. Земете едни стари фармерки, мавнете една ножица, ич гајле да си немате!
    Неинвентивен народ. :D
    Спикинг оф неинвентивност, не смеам да ги скокнам матурантките. Веројатно, како што му доаѓа на тоа, дека мора да се носи бел фустан на свадба, на матуранткиве им доаѓа дека на матура мора да се носи оскаровска хаљина. Не викам дека нема прекрасни девојки, си имаме ние на форумов такви, едноставни и прекрасни, ама поголемиот дел... Па да речеме, дека модава не напреднала задњиве пет години во однос на матрускиот кич. Сите сакаат да се принцези на матура, сите сакаат да се кралици на свадба.

    Јас сум во блага агонија. Нормално, кога спремаш колоквиуми, а летните дискотеки се отвараат и веќе почнаа да се планираат занимливи проводи. И времето наеднаш се поправа. Секако, секако!
    А, си имам и едни две мали чавчиња на дрвото до тераса, што си пискаат по цел ден, па седењето во соба ми е отежнато до максимум, камо ли учењето. Па и комшијата од доле, прави концерти секој втор ден, со гитарата и напорниот глас, потсетувајќи ме колку е фин соживотот во зграда.
    Се е толку прекрасно, што ми иде да се самозапалам. :wasntme:
     
    На bittersweet, Smilly, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ете така, уште малку ќе научам се :D
    И после правам планови 8)

    Сакам да кажам, си го сакам животов!!! Си се гордеам со се што постигнав !
    Со фамилијата, со оценките, со храброста!
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    17.251
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.