Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК малите нешта несвесно го откриваат карактерот на човекот и неговите намери, а говорат повеќе од зборови.Скоро секогаш човек посакува да избега од моменталната состојба на околностите во која се наоѓа, можеби онака ради промена или некоја си трета причина по која паметот му лета... :D Па поради тоа што не може да избега, останува онаму каде што е и си продолжува да врви по истиот пат.Желбите се убава работа, убаво е и да се летка со паметот, онака ради релаксација, но човек треба и истовремено да е приземјен.

    Ако пред неколку дена ми леташе времево, сега од мртва точка не се поместува :| што и да правам, бавно е :D
     
    На FBI, marama, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ајде женски ве канам на парче чоколадна торта со вишни
    ова ми е 4 парче денес
    сеа моментално јадам од тортава и пијам синалко кола
    па кој е рсположен за дружба и на кој не му се спие ајде кај мене
    има доволо торта за сите
     
    На Monna.Monna, belieber, SEKSI.BARBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Значи фала ти господе што видеото што го поставила Кони е тргнато, да го видев мислам дека цела вечер и цел ден ќе ми беа уништени. По коментарите можам да препоставам за што се работи и само ќе кажам такви умоболни луѓе под итно на психијатрија :x .

    И искрено мислам дека нема никаква смисла кога на човек со цел да го навредиш ќе го наречеш животно. Животните се невини, беспомошни, не повредуваат никого додека луѓето се оние кои ги прават најгнасните работи на светот. Да, вистина е колку и да звучи грозно. Животните не убиваат, животните не се иживуваат врз некој, животните знаат да бидат пријатели (случајот со кучето кое бараше помош за неговот пријателче додека секој човек би гледал само за себе).

    Ете затоа драги мои ги сакам и ќе ги сакам животните. Оние кои им ги прават сите тие ужасни работи можам слободно да кажам дека не се човеци туку монструми. Толку.
     
    На ines.h, Monna.Monna, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    Ете затоа драги мои ги сакам и ќе ги сакам животните. Оние кои им ги прават сите тие ужасни работи можам слободно да кажам дека не се човеци туку монструми. Толку. :clap: го делам истото мисленје со тебе :)
     
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Мразам разделби! МНОГУ :swear:
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Да го почнам постов со „мразам“? Или сепак не. Ветив нема веќе. :!:
    Ај уште сега, плис! Ама не, сериозно. Фенси било да те додаваат на ФБ преку стројници. Абе додадете лично, пишете: таа и таа сум, тоа и тоа сакам, иди у материне. Било што. Ќе си удриме муабет и готово. Маме му ебам, дотолку лоша делувам бре? Немој, преку тастатура јадам. Ом ном ном.
    У реду, Captain Оbvious, не мора да каже име и презиме, за живо чудо, писмена да сум ми ти била, ќе знам да прочитам. Но не, поинтересно е да пратиш другарица да додава, оти Каљопа е приглупа малце и не знае да сврзе личности и настани, па душичка ќе мисли од мерак од што е убава и паметна сакаат и непознати женски да ја имаат у почасни редови. Ко гревче сум бе, најсериозно! :D
    А сад налево круг - дупе на југ и марш. Дали на Дрина, дали на Сава, Вардар, кај сакате. Овде нафта нема. Штом Обама уште не дошол да се заинтересира, вие па ич немојте. Оти Каљопе нема пишано ни статус, ни ништо, од далеке 2010, и нема ни слика ставено од тогаш. Гојдо сум бе. Партибрејкер.
    Аа, љубоморете ми на резултатот на Енгри Брдс и Авенџерс, а ја мадам, одох на Хавајски острови. Вам пријатна ви егзибиција на мојот давно напуштен остров.
    Мвацка, прцка, сакам да не беа толку проѕирни бе, поинтересно ќе ми беше. Ќе си игравме ЦСИ Фиром, и ја ќе бев Хорацио, ама без цвикич. Барем ќе се занимававме бе! Вака една епизода со откриќе за кое не ми требаа ни 2 минути, не иде. Ај вант екшн, мадафака! Ду ју гет ит?
    Уз пат, поздрав и до љубави. Да пренесе срдечна порака до Мортиша Адамс (мислам дека има девојка со вакво име на форумов, однапред го извињавам, да не мисли дека е за неа ), да не ги мачи другариците оти серка ме фаќа од такви провидности. Или барем нека ми лајкнат и мене нешто беееее! Јас не ли сум човек? Па што ако немам ништо новоооо? Не ли сум им убаваааа? ;( :sweat:
    Туку ова 7 километри одење, не ми влијае на арно. И не е. Посебно не ако го завршиш со толкав тост, сладолед и кока-кола. Влијае врз мозочните ќелии и те тера ко попалена тинејџерка да јајш зелени. Ама ако, битно е одењето, здрав живот де. Е не, ќе ве манијачам по нет.
    Хај фааајф и лека ноќ.
    Sincerely,
    Нафтопијач. :bow:
     
    На mims-89, LilBaby, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Се изнасмеав вечерва. ! :D
     
  8. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    :D i jas hihihihih
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Eкстра напорни сте станале!
    Можда е време да се научи што е форум, што се подразбира под дискусија, а во спат и што е тоа конструктивна критика. И дека не треба памет да се соли на сите страни.
    Аман веќе.
     
  10. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Надвор убаво време, кафето до мене, а мене онака лежерно уште ми се дреме!
    Туку сакам да прашам ја нешто?! Да не има некој што има желба за учење деновиве, па да си ги замениме улогиве? Не ми замерувајте на рима, денов нешто не ми штима
    А сите вие, имајте пријатен ден :$
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Епа женички добро утро :D
    иако легнав во 4.30 сабајле некако се чувствувам наспана, свежа ,полна со енергија за денешниот ден
    Тукуу денес е Недела |( најдосадниот ден, се чудам што да правам како да го потполнам денот, дали да скитнам некаде или да си пуштам музика на цел глас и да чистам генералка :?:

    Аа да сакам да ви кажам и да не се нервирате се глупости и за небитни луѓе
    уживајте сами во себе и не си ставајте се при срце
     

    Прикачени фајлови:

  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК дека не ми се учи.
    Не е фер, јас да учам, а сонцето надвор кој ќе го "забавува" ? :^)
    Сакаааааам да сум надвор, да се возам на велосипед, да трчам, да сум некаде далеку на плажа...
    Сакааааааааам распуст сакам и лето, сакаам и точка.
    Каде си 8 јуни, каде?
    Знам дека морам да издржам, а дали можам? :?:
    [​IMG]
    Нека дојде, ќе бидам најсреќна. :)
    [​IMG] ;(
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам одамна не сум пишала на форумов. А имам толку многу да кажам. Денеска времето е како мене. Час грее сонце час надвиснале облаци. И јас еден момент се смеам а друг веќе сум се намуртила. Како и да е животов е убав :mm: Било да си насмеан, било да си нервозен, или тажен... И неделата ја сметав како досаден ден. Но не е.. Никогаш и не е досадно. Само некогаш не знаеш со што да го пополниш времево. А да, ја поминав колоквиумската недела успешно. И имам само уште еден колоквиум за јуни. А она е тоа што ме прави да бидам оптимист. Кога се сака се се може... :)
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...I'm in love... I'm happy...

    Моментот кога ти се случува нешто толку интензивно одненадеж, се чини некако филмски или како кај руските класици (но малку адаптирано и апдејтирано за услови после цели два века), дури застануваш да се запрашаш дали е возможно. И во вистински момент, бидејќи имам уште еден месец од годините во кои жената го достигнувала зенитот на својата убавина, според едно од ,,оние,, истражувања :D ... И моментот кога ќе ја слушнеш најсексипилната реченица на цел свет, за мене, да се разбереме ,,ќе читам пред спиење,, т.е. втората најсексилиплна, првата ќе си ја зачувам во тајност ]:) :D ...

    И затоа, кога ќе почне да цимоли некоја на 18 или 22, како се‘ завршило на љубовен план за неа, ќе почнам да мавам виртуелни маја гери. Сериозна сум :!: ...

    Девојки, ве поздравувам сите, оние кои ме поздравија :) и оние кои не ме поздравија во периодов :^) :rofl: , ете така, понекогаш животот е неплански убав :) ...
     
    На Noemi, ljubam, anabel-a и 32 други им се допаѓа ова.
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Таман во петокот се полетав да се пофалам дека ми иде топ, односно, дека немам некои големи турбуленции во нагорна или надолна линија.......и ете, оп- се дешава малер!

    Не дека е нешто сериозно, ама зашто бе баш мене?! Една, двапати....ама трет пат ми се дешава!
    Кутрите мои по дома што ги имам, се нервираат, ама не викаат. Да сум била жива и здрава.

    Е да сум жива и здрава, вакви зијани никој друг не може да прави....

    А коа ќе ми текне дека имам за учење.....боље да не ми текне.

    Мислам дека денес сакам само да спијам и да спијам, ама кутрата јас од грижи на совест не можам ни око да склопам.

    Ахххх, нека помине периодов!
     
  16. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ќе научам математика и холандски, ама и ќе средам ХАОСОТ во соба :D
    Па после ќе си се опуштам и ќе си читам книга! 8)
    Уште 47 дена, и јас ќе си уживам во Македоија, на летен распуст!
    Посе во септември, осмо here i come!
    Животот е убав! :D

    [​IMG]
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не се чувствувам спремно...Ме фаќа страв.. Имам цел ден за учење а книга не ми се фаќа..
    Ми се јаде нешто, ми се пие нешто, се нешто ми се прави само да го одложам учењето, а времево си минува. И на крај се наеднаш...
    Сакам деновиве да сум некаде сама. Како во некој американски филм, да заминам Њујорк, да си изнајмам станче од тие залепените што се, да си појадувам, да си пијам кафе, да си шетам по улиците, баш како на филмовите..Да бидам самостојна..Барем неколку дена.
     
    На Hipster и Elennaa им се допаѓа ова.
  18. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    http://www.bezpardon.mk/video-naletal-na-bezdomnik-i-go-odnel-vo-prodavnitsa-da-mu-kupi-hrana/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=video-naletal-na-bezdomnik-i-go-odnel-vo-prodavnitsa-da-mu-kupi-hrana

    Од кога го видов видеово си се расплакав и тоа асално. Сето ова ме отсети на малиот Васил - детенцето кое го запознав на улица. Повторно ми се јави онаа желба да го сретнам низ град, но сега покрај тоа што ќе го внесам во супермаркет сакам да го однесам и во Џамбо, да си одбере неколку играчки и да им се израдува како секое детенце. Не глумам Мајка Тереза,нити пак добродушност, но кога веќе ние имаме се (топол дом, храна, образование и нормален живот) зошто не помагаме толку често на другите?? Верувајте 100 денари и не се некоја голема сума на пари. Подобро да му купам на некој бездомник леб, млеко павлака одколку да седам секој ден во кафич и да пијам кафе.
    Бидете хумани! Ништо повеќе нема да кажам!
     
    На AIT и Domino им се допаѓа ова.
  19. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    289
    Сакам да кажам дека ми треба Microsoft Office Word 2007 ама незнам од каде да го спуштам.
    Некој ако може да ми помогне :)
    Не знаев каде да прашам за помош па затоа овде пишав :lol:
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Моментот кога се спремаш и одиш да ги бараш едни од омилените чевли и сваќаш дека ги нема.
    Па пребаруваш секаде. Еднаш. Два пати. Три пати.
    Па ги отвараш сите кутии.
    Па почнуваш брзо уште еднаш да ги отвараш.
    Па ги отвараш сите орманчиња и бараш низ нив.
    Па почнуваш забрзано да дишеш.
    Па одеднаш почнува премногу топло да ти станува. Се препотуваш.
    Срцето забрзано ти чука и сваќаш дека ги нема!!!
    Си го враќаш филмот, па да не ги заборавив кај другарката? А последен пат во кеса ги носев, кај ли е кесата? Па тато го преуредуваше ходникот, кај ги ставил? А фрли многу работи, како по обичај секогаш фрла без да праша што треба и што не треба. А не ги фрлил? :o
    Одеднаш креваш паника низ дома дека ти ги нема чевличките.
    И сите ги креваш на нозе да ти ги бараат чевличињата и им објаснуваш дека СЕ пребара ги нема.
    И сите бараат и одеднаш мајка ти ги наоѓа на место кое 3 пати веќе си пребарал.
    И ги зимаш во раце и чуствуваш најголемо олеснување на свет, као оргазам, мож и боље.
    [​IMG]

    Е тоа сум јас.
    Се дирај, само чевли не дирај :!:
    Ухууу :lol:
    Ајт се спремам, свадба ќе е ова голема :wasntme:
     
    На fashionista, Miss.Ricci, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.