Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене после подолго време отсуство, ама не сум јас крива - комшијата не го платил интернетот :lol:
    Се шегувам!
    Работите кои требаше да бидат премногу едноставни, здодевно им е да си бидат такви, па решија да се пошегуваат на моја сметка, си се закомплицираа, а јас требаше тоа клубче да го размрсувам мнооогу време, а башка само што си ставив нови нокти и идеше некако тешко :lol:
    Ме стегна стомачен вирус и ме држеше неколку дена, па еве со „задњи трзаји“ од енергијата што ми преостана да шкртнам нешто, а остатокот ќе си ја барам некаде низ канализациските цевки :rofl:
    Многу напорен период, се скршив од работа, а за возврат само добив потчукнување по грбот во стило „Браво“ :clap: -аха фала, ќе си купам нешто, со бравото :^) :!:
    И така, трчи, брчи, чврчи....
    Бидете ми поздравени, имајте убав ден, па се читкаме низ темите!
     
    На TeddyGrey, Ariel, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Утрото изгледа мнооооогу поинакво кога си поспан т.е. НЕспан цела ноќ:

    * ги мултиплицираш самогласките во зборовите за да го интензивираш дејството иако и без тоа зборот си го има истиот ефект; вака можеш само прозевањето да си го доловиш
    * кога ќе стигнеш на факултет ќе сфатиш дека си испил три утрински кафиња
    * не можеш да си ја тргнеш насмевката од лицето додека ја гледаш црвената лента на креветот и си ја замислуваш на косата, а веднаш потоа си замислуваш како ветер ти ја дува во лицето, а тој се труди да ја држи понастрана од твоите очи :wasntme:

    Утрото изгледа УБАВО.
     
    На Ariel, maca99 и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дека најголем процент смртни случаеви на светско ниво има во понеделник! :!: И тоа најчесто срцев удар, како резултат на стрес и нервози. :!:
    Почеток на обврски, малку спиење и забава, замор, страв... напуштање на удобното, топло легло и заминување во раните, мрачни утрински часови на работа/училиште или попладне - сеедно...
    Што би било кога би било... да седиш и уживаш во топлиот кревет, постојано, ама и тоа не бива. Сакаш да шеташ, скиташ, да мрднеш тоа салцето :wasntme: кафе, мафе, пафе...

    Не би сакала да сум во кожата на понеделникот, не!
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Gea и Cacy им се допаѓа ова.
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК конечно да седнам на нетот!
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сонцево ми фали, откако раскинавме некако потребата наутро додека си пешачам до 22-ка, за него е се повеќе изразена :)

    Денес почувствував потреба да разглобам една тема.
    ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ НА ПАРТИЗАНСКА....зошто воопшто постојат, кога 80% од налудничавите возачи не ги почитуваат??

    Навистина не знам дали освен скопскиов смог, ги раздразнуваат нивните сетила со некоја друга хемиска супстанца па пред себе ништо не гледаат?
    Дали положиле вториот ден и сега ни докажуваат колку владеат со волан??

    Не разбирам....се работи за човечки животи а не за кеса компири од Зелен пазар :^)

    Јас сфаќам дека бесните коли купени од тате треба да бидат промовирани во полн сјај, ама не и по цена некој да отиде курбан оти нечија размазеност ги надминува сите досега познати граници... :x

    Секако дека во групата на несовесни возачи, има повеќе подгрупи...ама овој навидум сончев ден нема да го уништувам со нивно споменување, нема ќар, не за друго..

    Само пред да ви посакам убав ден ќе кажам: НИКОЈ не заслужува да плаче поради фактот дека секоја џукела мора да стане шофер :worried:

    Ајт, со здравје сега.
     
    На Hopeful, TeddyGrey, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добро утро девојчиња .
    Овој ден и покрај тоа што ке имам многу обврски,претчувствувам дека ми биде максимално исполнет и убав.

    И така јас сега ке си се средам за на школа и ке ве поздравам. Имајте убав ден и убава недела :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Rock-a-Fella, Divinebutterfly и Hipica им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ако споделам некоја случка овде- не можам да ја споделам со другарките и обратно, еб*ате анонимноста, човек да не може да се искаже :devil: :D .

    И да видам дали има некој повинтиџ од мене, излегов со кошула од прабаба ми 8) и ептен бев секси ( да секси сум и го знам тоа :lol: :emo: )

    Вие како сте бре? Арни? Убај? :P

    Ајде да видам по една насмевка кај секоја, и покажете му заби на животот, затоа што ништо не е толку црно за да се жалиме над она што го имаме ;) .
    И запамтете- никогаш не знаете колку сте навистина силни, се додека да бидете силни не е единствената опција. Реченица која што ја прочитав пред некое време и се уверив во нејзината вистинитост.

    Јас денеска планирам да уживам во тоа што го имам и да се радувам на малите нешта, како на пример ова “утринско кафе“ до мене. :lol:

    Ве гушкам, понеделнички, за убаво да тргне неделава :!:
     
    На Hipica, Gea, Mygirl и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Незнам од кај ми текна песнава преѓе,ама реков е сега ќе им ја ставам на Фемина,да ги постсетам,што то бјеше детствооо и бар на трен биди детинееест :D Убаво детство имавме ние,туку што ќе им кажат овие сегашните генерации на своите внуци аааа ме лајкна,после јас него му лајкнав слика,па ми пиша на чат,се замуабетивме и рековме да излезиме на кафеее,после кафето пак на чат си пишевме,ама секој ден! :lol: Или аааа да,и ние си игравме,знајш на мафиа варс до кое ниво сум?Ехееее!Ами на фармата знајш колку бев богата?Сите ги тепав! :D Аааа и сите места кај шо имам одено сите се на фб,шо да ти кажвам,отвори ќе видиш сам |( Ааа мами сега мама ќе ти пушти една песничка на јутуб,детска...Чекај Џастин Бибер ќе ти го пуштам :D
    Е ние богами имаме што да кажуваме ;)

    Сдк2 туф денес нема кафенцето да си го испијам со Фемина,ама ај покасно уште едно :)
    Имајте ми убав ден :* :* :*
    http://www.youtube.com/watch?v=qb4Z8SxCWGE
     
    На LivingGlam и barby им се допаѓа ова.
  9. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    СДК пресреќна сум.
    Добив стипендијата за школување и за оваа година. Толку многу сум среќна. Сега со поголема мотивација ќе учам да ја задржам.
    Немам зборови, среќна сум.......... :rock: :rock: :rock:
     
    На Hipica, Strumfeta93, Rock-a-Fella и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ајдеее понеделнички си се отвараме онака фино лепо , се трткаме се мрткаме скоцкани и една клоца в гз и навечер на колоквиум наваке - натаке и оп така цела фрики недела :lol: Нека е со господ напред 4 дена се во прашање еее чекам одма љубовчето да си го видам колаченца да му однесам и да си го бакнам :* :* :* и готов ќе е денот прекрасен , исполнет .

    СДК аххх го љубам :) денов а и него ]:)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И така започна и ке заврши уште една недела. Не отидов денес на факултет, а сите ги излажав дека отидов. Да, ги излажав :!: Се јави сестра ми, ке ми ги донесе внуците на чување. Татко ми се жали дека сум била навлечена на интернетот а тој е 24/7 на телевизорот па кој е навлечен кажи сега ти :!: Мајка ми ми рече дека животот ми се заснова на гледње филмови и пишување нешто по цел ден (се мисли на форумов). Очаен ден о да, многу очаен, мразам Понеделници и тоа како. :!: Не ми се јаде, не ми се пие, не ми се спие, не ми се зборува, не ми се шета, ништо не ми се прави, денеска сум 100 посто обземена од мрзливоста. Па претпоставувам ке бидам цел ден ваква :| и ваква |( . Јбг има и такви денови. А да, сега ми текна зошто сум таква, имам две нови бубуљици и градите ме болат ненормално многу, претпоставувам сум во ПМС. Јака им душа на оние кои ке ме траат. |( чао.
     
  12. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК мачорот го нема и глувците оро играат. Значи за ќотек сум :wasntme:

    Од 08 часот па се досега пенкало немам кренато. :$ Дир е болен, душичка... ако нека си одмори, може и цела недела- нема да ми смета :angel: мислам за доброто на сите нели. Што ако и јас се разболам молим ти се.

    Па си реков жално е да не се искористи вакво сонце,нели, и си зедов за дозвола сама да си се наградам и си дадам дваиполна пауза за кафенце надвор од офисот :D

    И сега се мислам..... што ли да правам до 16h, м? Anybody? advice? idea? :?:

    Пуххх, да не се жалам ама ќе се пожалам ... ептен ми е тешко :whew:
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ако се нервираш и секираш за секоја глупава ситница, ќе си бидеш нервозен и насекиран, а дека тоа нешто ќе смени-нема!
    Листот е свртен! Се напишаа првите зборови на новата страница.
    Кому тоа му се допаѓа, убаво за него, кому не му се допаѓа, тој си губи.
    И ако денес се изнервирав за оние стандардни работи кои редовно се случуваат, јас сега ќе се труев со огромно количество кофеин и ќе имав главоболка.
    Ама ниту се трујам со кофеин, ниту имам главоболка.
    И ме заболеа обравчињата од смеење. И стомачето.
    Ама ако, додека болката е позитивна, нека боли.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Денес многу се изнерверив, сфатив дека некои личности едноставно не можат да се помират со тоа што двајца биле среќни и сега сакаат се да уништат и да те повредат. Ама не знаат со кого си фаќаат работа, Јарецот не е рамнодушен, враќа двојно со поголема мера. Па пазете да не подзините двата ;) глпаци
     
    На maca99 и LilBaby им се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Колегиве се фаќаат за мене ко слеп за стап.

    Од толку многу луѓе мене ме замараат. Е не можам веќе. :@
    Иди си на предавања, следи си што се учи, а не да ми барате страна по страна да ви пишувам што сме учеле. Немам таква намера.
    Пукнав! :swear:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Скд дека денес преубаво се чуствувам зошто во друштвото бевме премногу искрени си кажувавме што ни пречи еден кај друг за да се попраиме и така

    иначе пред 2 3 дена дознав дека уште постојат оние добрите луѓе
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    О, колку е добро чувството да си го сместиш газот во удобна фотелја по последниот положен колоквиум! Положен реков? Удобна реков? Како и да е, за првата половина од овој семестар јас официјално завршив (добро, освен усниот по Германски, but it's not a big deal). Сега онака цимерски ќе се нагостиме со печено пиле и после не планирам да мрдам неколку часа. Life is good 8)
     
    На Doozy, LivingGlam, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На Magnolija, Rock-a-Fella, anuskaNESTLE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.