Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ќе ти купам за роденден ;) и дај еден осмех бре колешкоооо :P

    Си ја скратив косата во саботата :$ . Ете одделив време да си посветам сама на себе ама не и дека ќе решам некој проблем. Истите стојат на иста глава. Знам дека треба да се решат а не да се трупаат ама сега е повеќе време во прашање. Ме убива оваа неизвесност. Ем ми иска ем не ми баш стиска. Сакам промени и чекам да се случат.

    Денес направив убав гест за многу драга особа. Некако како по старост :) да ме лупа по глава романтика. Денес е нивна годишнина и и` испратив цвеќе на работа со едно големо чоколадо. Напишав некој збор ама не пишав од кого е :lol: . После неколку часовно измачување и се јавив да ја прашам како е, а таа цела во филм со цвеќето кое не знае од кого е. Најпосле и кажав :D и добив одговор ,,е ќе те скршам од ќотек,,.
    Чувство кога друг правиш да е среќен....
     
    На Doozy, zhap4e, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    здравството во Македонија ни е КАТАСТРОФА

    на веке закажан преглед ме вратија-не важел упатот, па сега ке морам нов да земам од кај матичната
    за на Неврологија упатот важеше-а е од старите, а овој не важи, треба нов :@
    а ако сестрата не постапи како штотреба, т.е. ме прими со стар упат, ке биде казнета 2-3000 од плата :worried:
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.655
    Допаѓања:
    202.154
    Пол:
    Женски
    СДК имам нова фризура. Така е секогаш кога ми треба промена. Кога немам моќ да сменам она што навистина сакам да го променам, тогаш косата ми е прва на удар. И сега изгледам десет години помладо :wasntme: добро де, пет :lol:
    Животот е убав... и сè уште е убав и покрај сите неубави работи од овој месец кои се нешто побројни отколку оние убавите. И некако многу бавно ми поминува мајов... од една страна не сакам да помине, од друга страна сакам... ни мене човек не може да ми го најде крајот :geek:
     
    На Miss-Independent, teddybear, esperanca и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Здраво народе како сте?
    Знам дека ме немаше некој период ама еве сум сега,подобра со сила во мене да продолжам напред. :)
    Се е веке заборавено и преболено.Со нова страница во животот.
    Најважно е што до мене имам личност која неизмерно ме сака и ме подржува.
    Го имам тоа што го сакам.Сонот ми се оставри.Конечно.
    Како и да е животот ми даде една лекција која ке ја паметам до крајот на животот.
    Да знаев дека вака ке ми е подобро одамна ке го сторев тоа но луге сме грешки правиме.И тоа е за нас нели?
    Останете ми поздравени,се читкаме низ темите.
    Ветувам дека ке надокнадам за пропуштеното.
     
    На Divinebutterfly, Miss-Independent, srcekrsacka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ужасно страшно ме нервира коа некој постојано јадејќи мљацка онака намерно, сочно ги малтретира залаците в уста, и доста звучно го прави тоа. Па добро бе мајкуму, те сфаќам дека уживаш во оброкот и дека е вкусно, ама не мора така нападно да демонстрираш, невкусно е можеби некому му смета, не можеби туку сигурно мене! Гррррррр :@ и тоа не деца, возрасни! Ццц. Ептен ме иритира!
     
    На Doozy, srcekrsacka, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    незнам што по ѓаволите ми се случува деновиве ,западнав у некоја безвезе депресија . А зошто ? Можеби зошто се освестив за се она што ми се случувало изминатиов период а не сум сакала да го видам ,таква сум по природа поубаво ми е да замижам за некои работи и да се правам дека не се ни случиле за да не бидам повредена .како и да е еднас моРА да се каже ДОСТА !!!
    Доста е некој друг да ти поставува правила и да те води низ животот,само затоа што го сакаш безрезервно и живееш за него .....
    аххххх ми се плаче ,како мало невино дете сакам да го исплачам сиот бес и болка - со надеж дека барем малку ке ми олесни :?:

    А да и СДК дека песнава не ми излегува од глава
    http://www.youtube.com/watch?v=uvgi7P97lu0
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Чувството кога после колоквиумот си задоволен со она што си го напишал 8) Во ваква ситуација дури и непријателите ги гледам како пријатели. Значи за да биде среќен, човек треба само да е исполнет во душата. Ни пари ни злато, мирот внатрешен е нај битен.
    Башка и детенцето на комшиите што убаво ме насмеа, срце мало, комшиката ме испофали, аптекарката ме нарече кукла :wasntme: абе денес се само убави комплименти, нај јака сум! :smoke:
     
    На Divinebutterfly и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Си се подновив со нови работи :D
    :wasntme: :wasntme:
    [​IMG]

    Ете така да си знајте :D
    Имајте убав ден :*
     
    На Doozy, srcekrsacka, BeYourself и 4 други им се допаѓа ова.
  9. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    СДК денеска сум како темпирана бомба!! Секоја секунда очекувам да експлодирам!! :@

    Најтешко е кога човек треба сам со себе да се бори. Незнам што се случува со мене во последен период, ама не е на арно. Се прашувам до кога вака?? :?: А и времево вакво никакво-ме докрајчува!


    Се надевам ке ми помине оваа недефинирана конфузија во мене....секој си има период кога незнае што му е сигурно....па така и јас.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Драги мажи, единствен начин да ја измерите вашата машкост со сантиметри е да ја измерите ширината на насмевката на лицето на вашата девојка...кога ќе и го извадите огромниот полов орган. (ако е тажна е алармантно).

    Или едноставно, користете линијар. Така ќе им помогнете на оние што смислуваат вакви бедни цитатчиња да си најдат друга работа. Во фабрика за школски прибор, рецимо.
     
    На Marilyn-Monroe, Bozica1980, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    понекогаш некои работи ако си ги планирала за денот,некој други знае нешто да ти пресече из мегу тоа.. :^)
    си планирав денес нешто за себе ииии оп ајде мама и тато се фатија за работа :^) е добро тоа али мора и мене да ме замешат и плис тоа си имав свој план што не ми успеја заради нивниот план да се заварши :x а и тоа јас со моите тетки на гости :?: памет на окопу,,...
    ама ајде и денот помина и утре да се надеваме дека нема нешто ненадејно да ми каазат ајде стани денес ова ке правиме :x

    аах само како ме нервира кога ке ги прашаш дали нешто ке се прави а ти викаат нема и потоа си планираш планираш нешто за себе и оп :!: ова денес ке правиме ајде :| и без зборови :x
     
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк
    [​IMG]
    Едно никогаш не ми е доволно, две никогаш не ми се премногу, но дефинитивно три секогаш ми се малку.

    :music:
    Moja prva ljubav
    moj prvi predjen most
    moja prva ljubav
    moja nevinost.
    :mm:
     
    На wolf4e, pupi.girl, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК помина модата на симнување ѕвезди, комети, месечини и слични на нив нешта :!: можеби би требало да се измисли нешто иновативно, колку за промена.

    Сакам приземјени луѓе, мислам дека сум скроз разбирлива шо сакам да кажам :)
     
    На ozbilnazena, anabel-a, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Скопје, 21ви мај, еден месец пред почетокот на летото... а Скопје е веќе сварено како тврдо варено јајце во јули! :x Раскашавено како оувер-кукд брокула и се тегне како недоварено мевце. :!: Скопје, иш, во лето не те сакам.

    Пуфффффффффф!

    Мислам добро бе, тоа зградиштата, прашиништата, нит дрвце нит тревичка, само згради, згради, згради, коли, коли, коли, автобуси, автобуси, автобусиииииии. Ова ти се вика сауна-слабеење, ем стоиш, ем се топиш. Ветренце од нигде, спарно, загушливо, хорор. Како мува пред дожд се осеќав. |(

    И после почнав да одам.... одев, одев, ме маваше Сонциште одозгора, колнев, кај им текнува така, неочекувано да објавуваат резултати, па одиш по оценки, нели, сите ние во секое време сме им на располагање. Па џган внатре, кој чул, кој не дочул, сите дошле да разберат.

    Кога влегов во автобус за назад, мислам, излишно. :D А кога си дојдов дома, само ја џитнав ташната и се закиснав, се триев да ја измијам од мене сета нечистотија. Фуј, гнаса бреј... Па уште ме гледа една комшика ми вика, што си ваква ма? :D Фала на прашање, најубава сум на мајка, и после пеколен ден во метрополата.

    Битно, најбитно, додека цепев по вруќиниве да барам шеЧерна паста за матуранткиве мои, да ги заблажат троа влакнестите делови од телото, конечно ги открив сите тезги со накит на Бугарите. Па људи мои, јас мислам дека заслужив да си се подновам со нешто, оценкиве сега за сега арни и добри, и така си се почастив скромно, со бувој, прстени и едно околувратно, пу пу, најубави. Како мене. 8)

    Ако ви кажам што ќе правам сега, ќе ми се смеете. Не ви кажувам. Само знајте дека до мене имам чинија со цреши, филџанче нескафе и дрвца на 2-3 метра воздушна далечина од прозорчево, па ме дувка ветренце. А јас си мирисам на темјанушки и чистичко, и арничко ми е. :D
     
    На LilBaby, bittersweet, caroline.costa и 8 други им се допаѓа ова.
  15. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    СДК
    Конечно денеска почна диета, секој ден се борев да издржам ама поради ноќната смена на работа никако не можев :worried:
    Еве денеска со самодоверба и упорност надевам се дека ке издржам. Морам да симнам килажа свинче сум станала :)
    Почна да си водам дневник што јадам, што пијам, колку кила имам и.т.н
    Остави го во кујна и залепи си потсетник на фрижидеро дека сам на диета :D
    Планирам секоја вечер да вежбам (преку денот неможам да работа сум)
    Па дааааааа се надевам дека ке дојдам конечно до некој резултат :)
    Држите ми среќа :angel:

    малку тешко иде работам во мекдонадлс таму на пауза да не јадам ништо и плус :!: да готвам за срцето мое .. сања без блачко и сладолетче лелелеле ке сонувам секој ден благо и сладоледи :D
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    1.119
    ...А вака значи изгледало вртење нов лист. Арно де, за шо постои корпа за ѓубре ондак.
    И да, луѓе шо не оставаат место,меѓу,запирки,и,зборови,како и луѓе! што! секоја! реченица ја завршуваат! со извичник! се! напорни! многу. И, почнуваме.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.710
    Допаѓања:
    43.744
    Пол:
    Женски
    Надвор мириса на расцветани маслинки потопени во пролетен дожд.
    Mене не ми пречи сивилото на оваа квечерина, напротив, уживам во свежината.
    Песнава во позадина...Животот е убав поради ваквите моменти, случајни, толку секојдневни, а сепак толку обновувачки.
    http://www.youtube.com/watch?v=FcMzjftJR8w
     
    На slavica999 и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.303
    Допаѓања:
    158.255
    Летово ќе живеам сама. Мора да набавам официјален дечко за да има смисла.
    Комшиите изгласаа...погрешно. Не сум сигурна што се случува со Балканов. Македонците ги боли левото маде за све што се случува. Уживајте дечки,не не зимајте за сериозни,ние и онака сме тука за сеирот и кредитите,имаме уше некој споменик па да драпаме бронзени муда,одиме кон бројата 2 милиони за да има за сите,да не се испокараме. Бронзен добиток не занима,елегија за не толку далечното минато...
    Го видов случајно,од далеку...не знам на што се дужи ова...
    Не сакам жени кои сами се фалат,ничега изазаваног со интелигенција и кариера (која не им е ни започната,а не се ни блиску до нашата,а и светската реалност,дека не можат да ги наранат сите гладни деца на светот,оу...истата оваа стринка,се фалеше и кога ранеше ромчиња по центар...ох мај...). Од старт им правам бич плииииЗ! Оваа увек готви само за себе и е фригидна без преседан,освен кога подсвршува на коментарот,јааао бејби како си ти тоа паметна...начин како да ја убедиш да голтне...а и ќе голтне,ако и речеш дека тоа покрева интелигенција и тоа го прават сите независни девојки... Не,ја стварно поим немам шо е со овие глуаЌи и тие мис индипендент грл,а коа уствари чезнеат за дечко шо ќе ја третира ко принцеза. Нзс?! Јас не разумем! Сериозно е глупо и незрелно кога сам си даваш комплименти,на несуптилен и претенциозен начин...онака,мене ми е незгодно,ко...девојче,како да ти кажам дека грешиш мила,управо си спушти 20 единици од твојата интелигенција и уште не знам колку од единицата мерка за добар човек. Јас те сакам ко човек со посебни потреби,зошто си човек со посебни потреби и при тоа не мислам на оние за кои обично се мисли, туку ти сериозно имаш посебна потреба од родителска прегратка која јас и општеството не би можеле да ти ја надоместиме,а и твоите родители сериозно доцнат.Ама онака ептен сериозно...Поправи им ја штетата и јахај.
    Глупите луѓе заглавуваат во релативности без исклучок. Како?! Ете така... Се фаќаат за релативни работи ко да почнеме од најглупите. Дечко ми мора да е над 185 сантиментри. Вистина?! Имам запознаено дечко со помалку од толку сантими,а останатото е легенда! Фасцинантна креатура која и не беше метро и жилет во било која смисла,физичка,умствена и духовна. Или мојот дечко мора да има просек 9,5,а она као може и да ти ја замлати некоја,пошо има право,заслужил. Или кои ња ња ња ња ња не е убаво облечен или ња ња ња ња ња не вози јака кола,неспособен е или и баба ми да имаше кур,дедо ми ќе беше педер работи... некои такви минорности кои би требало да седат некаде на маргините. Не дека не сум западнала во нив и јас,ама моментот е кога се соблекувам гола од истите и слободно паѓам! Ме потсетува како кога одам во аква парк и ми викаат,извади ги синџирчињата за да можеш без пречки да се забавуваш и при тоа да бидеш безбедна и ти и останатите... Тоа ти е така и во реалноста...
    Многу ми се смешни оние млади фиданки (шо се тиче оваа тема,јас не сум млада фиданка...ИСКРЕНО ЗА ЖАЛ!!!) кога зборуваат за опасна кариера у Македонија во било која професија. Ова американскиве филмови...ни го ебаа мозокот дур си играа Холивуд и на платно и по бел свет. Ако бе,оптимизам,увек ми мириса на сон кој го испушта последниот здив и пуф... Економистите се мислат дека се у шоу на Доналд Трамп или ги очекува некоја опасно забавна кариера со динамика,патувања,креативност,лесни одлуки,адвокатите мислат дека ќе водат не знам какви парници,а и дека увек ќе им упалува најдобриот аргумент и прашање у судница, програмерите се за нијанса боље,кај и да ги гледаш у светов,релативно досадна работа,за убави пари,со тоа што стекнуваат тениски лакт,тешки кичмоболи и оќоравености, ама пак,не е ова гугл гајс,а ни фејсбук корпорација, архитектите...па да речеме ок се, особено ако мајка им и татко им ги лансираат од нивната централа,ајмо дечки,топ сте,ама ова не е Дубаи...да бидеме на чисто. На три метри квадратни сиромашна земја... ќе има кризи,ќе имааа! Психолозите можат да протријат раце и да здивнат,конечно народов за ослободува од стереотипите и бара помош,освен тврдокроните и запачени во чувство на виша вредност. Докторите...летс си...се гледаат ко доктор Хаус или нешто ко Грејс Анатоми,со повеќе патетика и помалце остроумност (уствари,и нашево здравство е вакво,патетично и неостроумно,со доктори со по 5-6 брака,таа трета смена заебува ствар). Дечки извинете,ама...како да ви кажам дека...вас рутината ве прави,во Македонија,4ца вредат и тоа џабе им е пошо нема технологија,све останато,заглавено во запчаникот на времето и не тера напред. Странство?! Ах ви стискам палци,се случува еден наш во 1000 да го види белиот свет и денот и ... да ја заборави својата држава,пошо ипак,пари се у питање,тоа е,толку од мојата благородна идеја да бидам доктор и да спасувам кутри луѓе со надчовечки напори и да променам нешто во нашиот здравствен систем.
    Е сите ние сме деца на родители кои ни создадоа розеви соништа од кои требаше да не заштитат. И да не заборавиме, го правеа тоа додека ќутеа на системот и сите лоповишта...и сега...ти си ебано разочаран... Ма супер си ако се уште веруваш во истото,ама боље ти е побрзо да се прилагодиш. Се сеќавам кога се упишав на факс...кој ентузијазам беше тоа,па згасна со првата пракса...После си турив у глава дека мојата земја не ме заслужува,амбициозен студент,потоа сфатив дека ниту една друга нема да те земе срдечно за свој,освен ако не студираш од старт во неа... И сега... се трудам рачно со ланец да го одглавам запчаникот на мојот механизам.

    Вторник,уште па и зафатен...на тоа место се осеќам ко да работам у јавна куќа. Па уште и коа ќе ми се обрати некој со Лилит душо...оу мај гад,а може да ми биде дедо (е де,релативности па и вие сеа! :D ),си подповратувам,ама осмех и му викаш,тука,тука,тука и тука и при тоа не мислиш кај да те допре по тело или не даааај боже и ти него.

    Секој ден сум ко,елан,елан,елан,адреналинот те лаже,пиеш кафе,сокич,те анимира твоја прекрасна раја и доаѓаш дома,каде по ѓаволите е мојата енергија?! Како тоа?????? Како?! Кома! Нозе на биро,кафе до мене,списанија, телефони по цело биро,ах да...и безобразен шопинг,кој не те обрадувал,ами потреби и пак ми фали уште некое основно парче. До кога ќе купувам основни парчиња?! Сакам да се префрлам на висока мода и рогови,на сини сакоа и оние грди чевли со дебела штикла.

    И извинете што ве потценувам,така што ве делам на нормални луѓе,супер интересни луѓе и сељачишта што излегуваат во она кафичот кафана на кеј. У саботата...после лига на шампиони си минав од таму (кога ќе речам минам,увек ми оди песМата,сношти минаааав покрај вазииии,тебе дома не те најдов,срце ми се растрепериииии! :D Извинете,ама...свадбите си го прават своето,ова е ИЗВОРНА МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА!!! Молим лепо!) и ... онака пуна себе,си викам,ех мориии ни една песна не знаеш,и си се самошлапнав по гз! А сеирот у мене да не пукнам,онака,брзам,брзам,брзам,да го поминам сеир делот од кејот и доаѓам до Дион и успорувам за да се испулам на кого утре ќе се потсмевам и гледам,фстанче цветно,кусо и флуросцентна розе штикла. Па паааау,ми експолираше мозокот! Шо ви е жени?! Шо?! И сите тие мажи таму...
     
    На FBI, bittersweet, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    СДК и на Мерлин ја фати треската за сликање пред огледало. Шема бе 8)
     

    Прикачени фајлови:

  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Долг туш за враќање во нормала,после викендот кој беше повеќе од прекрасе.
    Баба и дедо,ви се приказна сами за себе,вчера на златната свадба само едно заклучив - тие сеуште се сакаат како првиот ден,никогаш не се напуштиле,и останале заедно и во најтешките моменти, си се смешкаа цело време,пред сите рекоа дека се гордеат со своите внуци.
    Немам многу желба за да пишувам,уморна сум премногу
    имајте убава вечер
     
    На pamelche и marama им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.