Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    8.711
    Колку и да сум уморна никогаш не се покајувам кога ќе излезам на кафе. Посебно на омиленото место, абе инстантно ми е подобро. Уште кога ќе почнам да се облекувам, да се шминкам, да си ја средам косата веќе сум порасположена.
    Колку површно од мене, ама ич не ми е гајле.
    Бројам денови, уште 3 недели до одење дома, уште толку од диетата.
    Испити, иселување, обврски, проблеми, ама кај и да е ме чекаат 2 месеци одмор.
    Големи планови за летото. Планови со луѓето кои се тука за мене со години.

    Летото е за создавање спомени, зимата е за евоцирање на истите. :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    ...И моментот кога се вртиш во круг за некоја работа. Кога си во кавга каде сакал нејкел си секогаш крив. Кога на сила прават да чувствуваш вина што ги разоткриваш нивните го*на. Моментот кога имаш чувства кои другата страна не ги дели (и ако не е така, тогаш се појавува прашањето од каде тоа така да мислиш.).
    И кога ти е тешко и чувствуваш дека кому и да кажеш едноставно ке те ислуша механички, провидно, со некој лејм совет кој е ради реда. И тогаш кога сфаќаш дека единствен пријател си самиот ти, бидејки ти си единствен кој сфака што другиот во тебе сака да каже. А можеби и другите сфакаат ама не сакат да признаат од некоја си икс причина, поради чувството на пораз, и неможност да се сокрие до крај она што се криело од почеток.
    Конфузни 24 часа за мене. А и следните ке се такви. Ништо, останува на џа или бу. Или ке биде или не. Ако не биде, е тогаш од играчка плачка, цимолење по форуми, и по луге кои донт гив а фак. Ама пуста човечка психологија, потреба да се каже макар и никој да не (сака да) чуе.
    Чуден животов. Јас која се сметав до вчера за интелигентно суштество полно со самодоверба, кое секогаш е спремна да помогне со совети посебно на љубовен план бидејки мислев дека на тоа поле сум поминала низ сито и решето, денес не се препознавам. Допрва следи моето сито и решето. Ама се тешам, се тешам со тоа дека во навидум совршените врски некој многу добро лаже. Барем така беше во мојата. Ама во моментов е далеко од совршена, па тоа е добра работа рајт? :)
    ;( :@
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.260
    Јен,два,три,од 0 до бугарска матуратнка,колку си очајна тиииии? :D
    Сакам да одам на бугарска матура!
    http://www.tvpaket.com.mk/zabava/616-matura-bugarki
    Фаворит,12тата...о да!
    [​IMG]
    Вистинското значење на синтагмата - леле ако (додади нешто,во случајов матурирам),ќе бидам на коњ!!!
    Леле го замишљам татко ми како ми го тера коњот...со дипломата у рака јас,жива среќна,низ триумфална порта,па се до ацета,па правам тука некој слет,некој перформанс и се џиткам у фонтана! :D
     
    На Divinebutterfly, bittersweet, anabel-a и 14 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.377
    Допаѓања:
    286.692
    Е значи маживе се за некои работи стварно :swear:

    Фино лепо си прашав што сака за вечера, оти сепак не сум профи кувар па секој ден да тресам нов специјалитет на мени.
    Стварно не сваќа дека после некое време веќе немаш инспирација .
    Секој ден додека е на работа а јас си идам пред него дома, се јавувам и си прашувам што сака да јаде, така и денес.
    Сакал тортељини со некој сос таму...
    Ок, фино лепо ги направив тортељините, сосот, салатата на маса, сокче..... се спремно и топло во моментот кога он ќе влезе дома.
    Таман се соблече изми раце и еве тел. мајка му.
    Ај рече да помуабети со неа па ќе јаде.
    Е ајде де си викам, ако ти не си гладен после цел ден рмбање...јас можам да почекам малку.
    И прво што слушам е МАКАРОНИ :@
    Претпоставив на кое прашање следеше одговорот.
    Второ што чув беше : да да важно е здраво да се јаде.
    И тука претпоставив на која реченица е воа дадено како одговор :envy:

    И така он си влева во кујна а јас со моето ОК лице.
    Што ти е, ништо викам. Се е ОК.

    Се освести малиот што е работата стандард гушкања, лигавења, изведувања стриптиз :^) дека нема причина за карања. Жената само рекла дека не е здраво да се јадат макарони, дека треба да се готви здрава природна храна.
    Море си викам не е у жената кабаетот у тебе е ...туку ај, додека не е свртена работата на карање и се вртка ко кутре околу мене да прекинам.
    Оти не верувам дека и сликовито да објаснев што е работата дека ќе сватеше.

    Еднаш така жената дојде на гости (иде еднаш годишно) и малиот оп со флека на блуза.
    Сто пати му реков да се пресоблече, ама он ме убедуваше дека најважно е да не мирисала блузата, а како за по дома макар и со флека арна била. Плус па пред мајка му што има веза ]:)
    И мајкава негова пуста МЕНЕ ми вика дека он имал флека :^) .
    Реков дојди во спална и отворив плакарот.
    А мене плакарот ми е како свето место :rofl: се е подредено, сортирано....па сама се увери што е работата.
    Али он не дека свати.

    И да сто пати му е кажано дека кога соблекува кошулите да не ги превртува наопаку и да не ги спровира преку глава.
    Како човек да раскопча и потоа во корпака кај нечистите.
    Кога спружирам уќасно ме нервира кога облеката е наопаку, не знам оти али.....спој у главата ми удира, а кога пеглам па ужасно мразам да морам да ги откопчувам кошулите.

    Уште се учиме како децата.
     
    На FBI, ines.h, stylishh и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Роди ме мајко со к'смет... и само не фрлај ме во Македонија.
    :|

    Крај да се нема на неправди.
    Усул да се нема во лажење и лицемерие. Лукавство и манипулација. Проклета дегенерација!

    Не, сериозно се прашувам и сакам да знам - до кога?
    Се' живо и диво проколнав, пробав и со арно и со лошо, и со трпение-спасение, и со инат, и со буткање глава во ѕид, и со така сакал Бог чедо, со помин нека е, и со се'!

    Не, се извинувам, лажам, не пробав со книшка, лепење плакати и чепење нозе!
    Да пробам ли?
    Нит ми се иска, нит ми стиска.
    Епа седи си дома.
    Година и 3 месеци... ајде здравје, ќе ве повикам на година и шест, мени скромно, оти така налагаат условите.
    Развратни усти и умови околу мене се залајале за женачки и мажачки, а мене ми се темни, сакам да земам прецизен германски нож, по каков пекам за во кујна, а немам, и на сите да им напакостам...

    Хорор, жанрот е хорор, со примеси на траги-комедија.
    Тоа е животот.

    Јас не знам како да излезам на едно обично кафе, они ми зборат за јајници и пелени.
    Луѓе, верувате дека животот не може да ми започне на прагот на 27мата година?
    Нели е тоа жално?

    Животот ми мава шлаканици, безобразни и дрски, а јас останувајќи тука, и верувајќи во трпеливост, понизност, добрина и љубов најповеќе, му доаѓа исто како да го вртам образот за уште !

    Еднаш во месецот, обично после ПМС се исплакувам до болка.
    Потоа му благодарам на Бога или кој и да виновен за здравјето, моето и на блиските и саканите и за љубовта.
    И останувам да си верувам...

    Пливаме во море од невкус, кич, пудра на кило, сатени на километри, пливаме во долгови, подигнуваме кредити за мобилен од 30 000 ден, од кој се нема ни за едно вошливо тииииииииииииииииит!
    Ебате смрдливиот свет.
    Грев е да зачнеш детенце во овој грд, покварен свет.

    Толку имав да кажам.
    Убаво си напиша Сесилија пред некоја недела.
    Блазе си им на оние кои ги радуваат темјанушките, пеперутките и нивните трансформации и сонцето.
    Јас сум на добар пат да почнам да мразам и да не верувам - во се' она, во што искрено верувам и ме воспитаа.
    http://www.youtube.com/watch?v=LVkP8UP-ImQ
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, FBI и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Треба да одам на заболекар, но штом ќе се доближам и ќе го надушкам мирисот - шпринтот го мавам.
    А денес, сите слики што ги отворив случајно - сите беа со заболекар поврзани.
    Некој јак знак е . :)
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денес, една грешка од минатото ме плесна во лице. Ама во психа ме плесна, не така јавно да не речам. Ме фати страв, срцето почна да ми лупа забрзано. Не дека е којзнае што, не дека извршив некој криминал, но е една од грешките кои горчат во мене...Не за друго, и тогаш знаев дека грешам..за да биде уште по трагично..Ме освести денес, ми плесна еден јак шамар!
    Ми велат, било поминало сега си нешто сосем друго, минато како минато, секој го има... Ама јас тој дел од минатото го нејќам. :|
    Совети се добредојдени...баш ми треба по некој збор...
     
  8. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Сакам да кажам дека сум најсреќна на цел свет , денес за подарок добив прекрасен Nikon coolpix L120 од мајка ми .... така да наредните видеа и фотографии на блогот и youtube ќе бидат одлични , да ми помине матурата и ве бомбардирам со нови видеа хахахахах
     
    На Divinebutterfly, FBI, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Лицемерие?
    Превртливост?
    Злоба?
    Ма дај, можеш ти повеќе од тоа.
    Ма што сум изненадена, можеш ти и пониско.
    Едно само не ми е јасно кај овие дволичниве, ако нешто не сакаш да до дадеш од икс причини, најасни но небитни, зашто даваш нешто што е тотално погрешно и што ми е непотребно, ЗОШТО?
    Глупа не сум, имам очи.
    Знаењето од глава нема да ти го извадам ако ми дадеш една мо*ана лекција да исфтокопирам.
    Сакам амбции, сакам луѓе кој се трудат, работат, учат, ама личност со коефицент на амеба со страшни бубатрорски способности, и нормално ЛГ синдром(лижи гз) не почитувам, ма ако сака сите 10ки нека ги нареди, за председател да ја изберат |(
    Е од ваквите ми се одмилува и факултет, и право и криво.
    3 години и не се научија да се понашаат како што треба? Епа немојте да плачете после дека никој за ништо не ве вика накаде, кога не само што не помагате, туку одмагате.
    Ситни мали луѓе, трули во душата.
    Рамнодушна сум, ма не ве ни жалам, тоа е чувство, а и тоа е многу за вас
     
    На fashionista, LilBaby, BlackSwan5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.260
    http://zazabava.com/i-kremite-za-sonchanje-se-shtetni
    Тенк ју!
    Од кога го зборувам ова,а уствари и еден паметен дечко што истражува ова одамна ми го кажа.Се разбира ќе те убедуваат во спротивното пошо факинг цела индустрија заработува на кремиве,особено откако се јавија ОЗОНСКИТЕ ДУПКИ и сите страшни работи кои ќе не голтнат! Кога се работи за мачкање со вакви креми,сум страшно недисциплинирана,ги сакам само ради мирисот и за онака више кога сите ќе ме напнат,мачкај се де. Освен на одмор,ретко,ретко од чисте мире се мачкам и ич не ги сакам тн пицајзли кои баш наоѓаат на овој дел да водат ЗДРАВ ЖИВОТ и се мачкаат... Другарка ми е таква,ама неа пак ја сакам. Значи она е у состојба три четвртини од одморот да го помине у мачкање со крема за сончање. Се спремаме за на плажа,она се мачка,стигаме на плажа пак се мачка,кој што сака нека прави,ама и викам,ај да пиеме кафе,а чекај да се измачкам,и трае пола саат процесот! Ај да влеземе у вода,оди со друг некој,само што се измачкав!!!За забелешка, потемна кожа има од мојата,последниве години гори и и се појавија бенки,јас сум посветла,глумам бедес и не горам,речиси воопшто и ми се нема појавено една ебана сончева пега (е ко шо сум а зинам се остварува,седете и чекајте,ќе ви кажам кога ќе се деси летово) и поцрнувам повеќе,иако не се печам и бегам под сенка или изведувам спортови по плажа. Епа сега...шта да ви причам?! Освен ако не си од Шведска,па ти горат дури и малите прстенца и стандардно носиш бела чарапа на сандала,не ги разбирам,значи не ги разбирам ќумур,природно црните како се шлакаат...

    Мех,меланом па ти,шо ако се штетни,и онака сме 6 милијарди...и да умре некој,ти е гајле,ама пари од 90ка фактор си се пари!!!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Аххх, жално е дури колку само те разбирам :( Наскоро ќе наполнам 26, а младоста ја поминав во нервози и попусти надежи дека сепак на крај правдата победува ;( Колку само сум била наивна, Боже мили! Како не си ме просветлил порано, кога во главава се’ ми беше Утопија? Чекав и се надевав дека се уште постои некој искрен, некој кој не лаже и не ти мачка очи, за на крај да сфатам дека се’ е отидено у ПМ :@
    А за болдираното, no comment. Значи ПОТПОЛНО ИСТО, пробав на секој начин, секако освен со книшка, плакати и ширење нозе, за кои слободно можам да кажам дека се „квалитети“ од пресудно значење кога станува збор за вработување во ова сра*е од држава! Значи веќе ни солзи имам, ни памет имам ;( Си навлеков 300 болештини, анксиозности и нервози на 25 години. Кај ми е крајот се прашувам?! :x
     
    На ana-33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Оддамна не сум пишала, па малку ќе позамарам. Ништо ново. :wasntme:
    * Го знаете она чувство, кога се враќате од слава/матура/полуматура/роденден мртви гладни?
    Епа не знам дали го знаете, ама јас го знам и тоа многу добро.
    Не знам што е работава. Дали е до мојата срамежливост или нешто друго..
    Ама кога сум на гости, не јадам ништо, и не ми се јаде, ама ич.
    А кога ќе дојдам дома? Е за тоа ти викам..
    Абре ми доаѓа еден гладначки, топлотен, огромен, ладнокрвен, фантастично симпатично катастрофален нагон и бран и за јадење.
    Облакам пижами, и се цртам пред фрижидер, и бутам.

    * Денес, и покрај тоа, што знаев дека копчето на фармерчињата не ми е сигурно, и се клати. Си ги облеков баш тие фармерчиња.
    Ко што си седев на час, нагло се свртив, и направи едно: Шлуууп.
    Се откорнало цело копче. :sweat:
    А јас машала, „немам ич“ стомаче.
    Кај ќе се држат фармерките само на еден патент? Толку и ми фалеше, ми се одврзаа патичињата.
    И: жгрццц, се откопчаа до крај. Ама деца да ти имало наоколу, не можеш да се закопчаш ко човек.
    Сирота ја, чекам да се направат у кругче другарките, и да го закопчам.
    Едно девојче, како ме измерка од глава до пети, сигуно си рекла: Леле, оваа сексо-манијак е.
    А ја мака си имам, си се држам цело време баш таму. :headbang:
    Ај во првиот автобус, си се качив, двокатен беше, си чучнав.
    Па додека дојде оној автобусон. |( Па уште пун, за што по прво да се држам? За шипка или за панталони?
    Едвај стигнав до дома, со тешки маки. Само ѕирни лево-десно, закопчај се, оноа пак се откопчало.
    Па уште имам една комшика, секој ден ме среќава пред згарада и ме распрашува:
    - Која година си сега?
    - Па прва..
    - Ааа, па си пораснала..
    - А на сестра ти, како и е на факултет?
    Утредента пак:
    - Која година си сега?
    - Прва..
    - Ааа, па мала си била.
    - А сестра ти која година е на факултет?
    Ма макни ми се жено, не оти гледаш имам мака. Како не запамти веќе која година сум. |(

    * Третово ми е за автобусиве. Денес, грев е, и кога е празен автобусот да седиш.
    Пред него празно столче, он одржава лекции: Каква је ово омладина? Сви млади седе. А ми друже? Како че мо до ту кривину? Ма не, ова омладина је за нигде. |(

    * Денов баксуски ми беше, онака нај. Ама како умее да те орасположи некоја палачинка со кремче. :inlove:
    И уште нешто сакав да кажам, ама ми отиде врапчето, ај доста беше за денес.
    Аливедерчи, ја одо да цртам.
     
    На anabel-a, LilBaby, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сиpпам Франк кафе во шолјата,со две лажички шеќер.Привршувам со составот famous for not beeing famous, и го спремам тушот..
    Станувам најрелигиозна личност во светот..боже те молам..
    Спремам два ненормално тешки тестови за утре и....
    wish me luck! :f:
    - :coffee:
     
    На anabel-a, BlackSwan5, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Го видов ова, и се изнасмеав онака од се срце, пошто рака на срце, се пронајдов така малку :D Иако, мене ми текнува уште на една ситуација, ама ај. Ќе ви текне сигурна сум, за после полноќ е секако :D

    [​IMG]

    Порано ми беше кажано од бившиот, ќе те затворам у кафез у ПМС и секое сабајле додека ти трае ќе ти оставам храна, а и ќе си набавам долг стап, чисто колку да те проверам дали си жива.
    А у овулација не го прашав што ќе ми прави?! Ау да, тогаш бев млада, тогаш немав ПМС два пати месечно :D Дали може да пцујам или не е дозволено?
    Јајник ме боли, едвај седам, едвај стојам. Ете, ете зошто бев онаква!

    А денес се изнасмеав, колешката ни вика, еј - девојче е! Јас се израдував, затоа што девојче е девојче да не се лажеме, ќе го тинтраш, слатко е, не се лигавиш претерано кога се лигавиш а и да се лигавиш, дозволено е, мило е, и фустанче и панталона можеш да му облечеш и пак да му се радуваш.
    И после се замислив си викам, ау не. Тешко ќе и биде у денешниов свет.
    И другава до мене онака замислена чекорејќи, а никогаш не сум ја чула да пцуе, кога одлепи - ма пииии*да им матер на феминистките, ни го напраија светов потежок. Што им било убаво порано на женине, раѓај, чепи се и пружај рака на мажот - а пари, камо?
    Сега и кариера, и пари, и раѓај, и воспитувај, и чувај, и оди на родителски, уз пут сврати до пазар, изпазарувај. И така. А он, ќе му го оставиш детето на еден ден, и ти вика после - леле каква работа сум завршил еј! Море се смеам, ама не е смешно еј.
    А онаа мојана се смее, шефот и рекол - да те пратам на службен пат еј, да одмориш малку од децава? :D

    И така, една слика што ми направи. Жена. Или онака, и да не си жена и да не овулираш и не рикаш у тешки моменти, те прашуваат како си, викаш, добро (ок, ние викаме се само не одговараме како сме, велиме, еве шетам, или еве на кафе, или еве по работа) и после почнуваш да се жалиш. Се сепнувам и јас повеќе пати, како велам, ма топ - и после морам да додадам некое гомце ситуација. Чисто онака, па и да се насмееме, зошто ако нема сеир, ко да не постоиш.

    Значи, такој. Како сум? Фала на прашање, не баш најдобро ама да речеме солидно, со оглед на тоа дека сум т-мобајл розева во ноктите, испив пивце, се измасирав, се изтинтрав, испушив две - три цигарчиња на тераса, си напраив што би се рекло, сам себе го сакал, и си велам, кога дојде бре полноќ?

    Што е битно кога дојде. Јас сум само жена со розеви нокти и пивце. На масиче, ене го ме чека, да го допијам и да хрчам ко камионџија, може ли? Ма може! Лаку ноч џезери.

    Со пивцево се разборев вечерва, а уста не отворив. Што ти е модерна технологија. Бреј!
     
    На BoaVista, FBI, Miss-Independent и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    После еден фин муабет со една личност многу работи ми станаа јасни.
    На пример, ми стана јасно дека во животот 2 и 2 не е секогаш 4. Ама иди објасни им го тоа на некои луѓе.

    И да, имам нова книга за читање, се надевам на добро четиво оти очајно многу ми треба одмор за нервиве, чувствувам дека уште малце ми фали да ми се скинат конциве. Ама не дека ми се дешава нешто потресно, онака си се нервирам, рекреативно :)
     
  16. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Набрзина да си си кажам дека оваа вечер ми е најубава од ситеееееее
    Јас , срцето мое, и уште еден пар ....дома сме се разиграле како мали деца
    прво ја изиграме
    http://www.youtube.com/watch?v=QQ4Ht5xfD5E
    после ја испеаме
    http://www.youtube.com/watch?v=bdZuRBBgywY
    и сега ке мрдаме газиња на
    http://www.youtube.com/watch?v=YzrBsIkqaXQ
    а до после којзне шо ке ни истекне :D
    Уживам цурици , уживам во животожНадевам се дека и ситееееееее вие уживате и сте среќни. ВЕ САКАМ СИТЕ .........среќна сум кога и сите вие сте среќни насмеани и разигранииии

    И за крај за сите срцки, пејте си ја песната секој ден
    http://www.youtube.com/watch?v=nbcHJpSIxBk
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    :rofl: Сакам да гледам филмчеее :P ај ако може некоја онлакн адрса и да си пуштам да гледам одма плиссс :*
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Не осетив ништо.
    Катаклизма во мене,тоа да.
    Значи,СДК дека МИРОТ нема цена.
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Е аман, уште ова ми фалеше денеска. Ако, имам јас срце, нека слабее.
    Не гледам веќе хорори навечер, па ај тоа, ама кај нив се клатат лустери, и мојов кога почна, па и вратата ми крца ко да некој сака да ја отвори. Гз преку глава, и дека во вертикала се ниша зградава, у плесајучи стил излегувам во ходник и прашувам што се дешава. Под дејство на филмот де, после се освестив што е финтата, ама бидна. Поекспресно немам рипнато од кревет. У пм бре, у пм. :D
    Теорија на заговор против мене. Добро. И тоа преживеав. Ready for the next level.
    Знам. Тотално непотребни информации, ама да си олеснам. :D
    Едит: Хоризонтала бе, хоризонтала! Лево-десно плешев. Опростите, ја сам збуњена.
    A пак 3:00 или 3:15 да беше, ќе умрев на лице место гарант.
    Тоа ми е психолошка последица од филмовине со егзорцизми. :D
    Time to watch kittens on youtube. :nod:
     
    На 1209, la-chicka, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Имаше земјотрес пред троа време???

    Во секој случај мене ме здрма. Дали е тоа ПМС, апстинирање од се*с или стварно земјотрес...сеуште не знам. Леле дури и се римува :D
    Организмов ми е отруен од кафе и цигари.
    Ми фали милиот мој, многу...ах да ми беше овде. Какво учење каква магистерска теза. Имаше маста да му ја извадам. :lol:
    Книги, стручни списанија, прирачници и милион листови и потсетници насекаде околу мене. На лаптопов отворени милион прозори со документи. Не знам веќе ни каде читам, ни што читам ниту пак можам нешто да поврзам... Мозоков ми е ко стадо овци на пасење.
    Мислев дека после добра прошетка, нали свеж воздух, благопријатен муабет и сладолед, ќе добијам инспирација и желба за учење, ама ништо од бизнисот.
    Ќе си се дружам со книгите до раните утрински часови. Нема да спијам бе. Нема. Од инат. :swear:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.