Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Денес тежок ден........ќе ги видиме резлутатите за два дена(ако се вратам )
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во период од животот каде се ме гуши, здравјето ми е се покомплицирано-некои случувања се на нервна база, не можам да дојдам до работно место за да соберам пари и да продолжам со студиите-би требало да имам најголема поддршка од семејството, а не за секое денарче кавги по дома(ова со мајка ми) да гледа зошто момчето(кога го имав не ми го подарил ова-нешто поскапо, туку она-нешто поевтино) а најодвратно ми беше кога ми рече дека имав домакин покрај себе да не умеам да го задржам :devil: :@ да беше таа на мое место ке си поднесуваше и ке си молчешезнам (арно и реков пред тоа, ако сакаш зет нека биде тој, ама јас веке не сум ти керка) :D а за медитација уште од самиот почеток секта мислеше дека е-неврорастроена, и во депресија и тоа длабока е, и како што можете да прочитате дека лечи комплекси на мене, ме смета за безвредно нешто,а во моето срце се повеке и повеке ми ствара ОМРАЗА(па ако некогаш би станала членка на некоја секта како на пр. црна ружа и би морала да убијам некој од моето семејство, тоа би била таа, а најверојатно после и би се самоубила)
    и не само јас туку и татко ми приметил до сега не знам колку пати дека е незадоволителна од ништо
    а најмногу сама си е крива за тоа-сега свакам дека се испливува на површина(од ненормален живот, од пореметено детство, тоа што морала да работи уште пред полнолетство,да им изигрува мајка на двете помали сестри, брак со погрешен човек-стравот дека ке остане сама и ред други работи-свакам дека НИКОГАШ во мојот живот не сум имала МАЈКА во вистински смисол на зборот,туку личност која го носи тој назив,грижејки се за моето здравје, и образование без другарски разговори, споделување тајни и сл.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се прашувам, дали уште некој се нервира кога ќе наиде на луѓе кои не знаат ни една просто-проширена реченица да ја склопат на сопствениот, мајчин јазик, а за друго да не правам муабет?!
    Да не се знаело основна комуникација да се воспостави!
    Како овие луѓе се вработиле и како тоа некој упорно ги држи на истото работно место и им плаќа?! За што? За кафе паузите по 5 пати на ден?
    Немам ништо против глупави или да речам помалку интелигентни луѓе, доколку се учтиви, и пристојни. Отсекогаш сум велела, дека што и да се случува, кога некој ќе настапи со насмевка и културно, немам причина да не се однесувам коректно со тој човек.
    Ама да не знаеш една реченица да пишеш? Па уште и глупости ми испраќаш? И после зошто е тешкото кај нас? Три напред, едно назад. Ете зошто. И не само кај нас, секаде гледам дека цвета некомпетенција. Знае нокти да лакира, ја ставиле да управува луѓе и ја нарекле, директор. Директор за што бре?! За дремење на фејсбук и препраќање „смешки“ по мејл? Како не им е шубе пари да и плаќаат се чудам.
    Колку што ме воодушевуваат успешни и паметни, компетентни луѓе кои си ја знаат работата, па дури ја работат и со љубов, толку и обратнопропорционално ме ужаснува фактот, колку има од другата страна такви кои безделничат, земаат плата за ништо и плус ќе ги најдеш на кафе низ град како мрчат - брат, тапа ми е на работа, али пари зиам, шо да се праи.

    Не се нервирате? Јас да.

    Море по една прачка за целосветскиот систем на НЕфункционирање. Затоа што ваквите им го заземаат местото на оние, кои можат тоа нивното да го сработат квалитетно и со љубов, а ете седат дома, или се заглавени на друго работно место, кое не им одговара.

    Имам едно другарче, фризер. И нали, како на фризер, идам кај него за фенирање и за парче муабет, ми светна - човеков работи нон стоп од утро до вечер. Едвај наоѓа термин да ме смести некаде помеѓу некој и некој. И го прашав - ти си ја сакаш ли работата бе?
    МНОГУ! како од пушка ми одговори.
    И никогаш не ти се смачило од коса? Никогаш не си помислил дека ако измиеш уште една коса ќе повратиш?
    Не! Никогаш!

    Е за вакви луѓе ми е ќејф. И тоа ептен :)
    А ова мулево што ми пиша сабајле нелогичен мејл со основни граматички грешки, и она другово кое треба да го сретнам за некое време, би ги поздравила и би им рекла - жити бога мењај работа и ослободи го своето место на некој друг. Ама под итно! За јас, тој, таа да не се нервираме при секоја комуникација со тебе, а и за некој друг да се пронајде можеби токму на твојата фотеља.

    Тако ти је мала моја, кога сите сакаме да сме менаџери, а идеални сме за пиперки садење или месење пита.
     
    На Doozy, anabel-a, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    11.998
    Пол:
    Женски
    Штом се решам сандали да носам, на времево му недостигаат моите кондурки/чизми до глужд.
    Со книгата во раце, забележав како страните полека се затемнуваат. Готово помислив, видот почна да забегува. А што да видам, надвор темно чиниш квечерина.
    Еве го истура како со кофа да сипува некој.
    Нема врска, решив да не се замарам со троа покварено временце. Ќе облечам подлабоки кондурки, ќе земам зелен чадор и по пат ќе шлапкам во вирови како порано.
    Их...
     
    На marama и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    ...дека трчав на физичко 2 километри без престан пред 20 минути и сеа ќе умрам :(
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ту би, или нот ту бе, некој мора да биде.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Синоќа за прв пат во мојот живот се опив. Ова ќе ми биде прв и последен пат. Започнавме со вино, па вотка, ред бул и на крај текилата ме дотепа. И јас не знам како сум си дошла сабајле дома. :drunk:
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.711
    Допаѓања:
    43.747
    Пол:
    Женски
    Каква ноќ, спиев на шилици.Може имало само три, ама мене ми се тресеше цела ноќ, дали толку силно ми лупаше срцето, којзнае.
    Ова беше најсилниот земјотрес кој сум го почуствувала некогаш, а во Кочани, па и на 5ти кат, каде што сите врати крцаат при најмало поместување на рамнотежа, беше страшно.
    На крај си го земав кучето и легнав со него, нели демек ќе ме спаси тоа,пошто чувствува и си реков ако се умира нека се умира, нека се тресе, ако не да спијам оти утре тешко мене.
    Сум заспала некако и кога ме стресе последниот, викам крај, ова сериозно е.
    И така сега сум си ненаспиена, цело тело ми се тресе и срцето ми лупа посилно од умор.
    Лек ќе примам после во вид на нови чевли.
    И поздрав до оние како мене што живи не се при самата помисла на земјотрес, мајке ми тоа ми е најголем страв, после стравот да умрам гола :tmi: да ме фати земјотрес на спиење.
    Пу пу скраја да е уште еднаш.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ и моето куче вчера цел ден трчаше наоколу, квичеше и лаеше.. Сабајле и јас сфатив зашто! :D

    Штом овие три дена преживеав, завршив јас за цел живот!
    Четри дена на милион матури, пиење од осум до рани зори, одење во школо, после школо пак матури.. Ама затоа бев со најмилите и најубаво си поминав! Слободна сум, среќна.
    Се сторив stalker, си шмекам..
    Незнам што да напишам од толку што ми е убаво!


    И бај д веј... Мај, жити бога не ми се понашај ко декември!
    Смараш ме и фејк си!
    Ете така, ви испраќам од мојата среќа.. Имам доволно :*
     
    На anabel-a и 1209 им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    25.557
    Пол:
    Женски
    Well, well..
    Од каде да почнам.
    Еве го и тој момент за кој зборував после секоја караница. Собава е празна и само моја. Сестра ми се омажи. Уште не ми се верува... Битно си поминавме прекрасно.

    Друго, не знам дали е од многу обврски или од проклетите соништа, но чувствувам некоја тежина деновиве, само плачам, на секои две минути очиве ми се насолзени и никако да ми помине.
    Се само црни мисли ми се вртат низ глава, од толку убавини, јас размислувам со саати за најлоши сценарија.

    Заминувам сега да си направам топло кафе, како контраст на денов и да продолжам со учење.
    Имајте убав ден.
     
    На Divinebutterfly, Dulceee, Cynthia и 5 други им се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Каков земјотрес бе падна топката на Рамос :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На JuLleE, Smilly и Yipman2 им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Дожд и пљусак, а јас со точак од кај љубовта накај дома. Циркузи. Надвор е сепиа, чиниш е ноември и веќе фаќа квечерина.
    А вчера ѕвезди броевме! И се смеевме дека крофните растат на дрвја. Настапот помина супер. Се видов со сите драги познаници, поети, друштва, професори. Подруми дефинитивно нејќам, ама затоа ми годат аплаузи. Прочитав тоа што имав, дадов изјава за Телма и се церекав ко полупијана во тоа темното амфитеатарче. Заклучок: Сета градба е правена како да бил некој под тешки дроги додека смислувал инфраструктура и ентериер. Бљак. А темата нели, за Мајка Тереза е ескапизмот, чистите тонови. Нејсе. За поетска трибина и настап, си послужи. Не знаев дека Брајт била во публика. Ти благодарам што си дошла! :*

    Утрово го удавив во кафе и индиго пеперутки. Добивам идеи како да си ја остварам цела лична статус кво егзистенцијална ситуација. Никому ништо. Пишав два три мејла, одговорив на поканата за во Македонско радио и трептам ко некое задишано кутре.
    Го љубам. Вчера домаќински ги понудивме гостите со слаткото од диви јагоди, пиевме на балкон, Месечина немаше, ама пак светевме. Му благодарам што ме најде, што го најдов.
    И што ги толерира моите внатрешни немири. Многу нешта сакам да кажам ама ги голтам. И тоа што кога некој ќе ми каже дека сум здебелена, јас му враќам со - Фала и кај вас. Па пеки веќе.
    Олабавени жици од гитара, таков е денов. Расклимана симфонија.
    Не сум била на журка одамна. Но не знам дали е тоа причина за мојот насобран стрес. Секс, фала на прашање, супер. Дружби - и тоа има. Но, секогаш една коцка од мозаикот, секому фали.
    Како инаку би сонувале?
    Рафтингот за Тара некако ни падна во думи. Многу е ладно и не знам што ќе се реши. Но, пред секое патување, нормално е да имаме вакви ситуации. После банкротот на Малев и минус 30 степени во февруари пред Париз, се’ ми е нормално и минливо.

    И да, си ја гушкам Трендафилка.
    Знам дека и е смачено, и и праќам пуна дланка јагоди и верба дека ќе светне сонце.
    За секого светнува. Мачно е трпението, но ќе биде.
    Верувам. :*
     
    На JuLleE, 1209, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  13. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    http://www.youtube.com/watch?v=9Gpl48_AcOI
    СДК, не верувам дека многумина ја разбираат песната али многу е убава, у секој случај горда сум на својата внука .. :D Браво Катее :*
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    17.252
    СДК - Шо убао ми мина денот у школо. Не ме испрашаа по ништо, губевме италијански, утре не сме на школо, абе милини. Само ова временцето не заеба. Баш си испланирав по гости да си идам денес, оно му текнало да врме, башка и ме накисна додека да си дојдам до дома. Ама па и тоа по дожд да одиш без чадорче не е лошо. Си мислиш на убави моменти од живот, па некоја глупост што си случило, па засрамувачки момент па се смееш како улав, и луѓето шо брзаат да не ги накисне те гледаат боже си од Марс. Ама не сваќаат они колку е убаво тоа, не им теклнало да пробаат да одат по дожд, онака лагано, да не брзаат. Ќе ги намокрело, ќе настинале. Па што ако ме намокри ќе се исуши, за настинка веќе сум настината. :D

    Утре не на школо, ама мораме да идеме да гледаме приредба у кино, Боже, Боже. Ама ајде да не се бунам добро е шо неаме настава. :D
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    животов е убав-преубав :) 8)
    само треба да знаеме да го живееме онака како што сакаме и баш така ни е преубаво и не прави среќни...
    живејте и смејтесе :D :D
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    СД и Кажам на Реинбоу, ништо до моите 500 мислења :D уште само 133 :D Успеав вчера дури 7 мислења да напишам, кој е ко мене 8)
    Абе не дека немам што да пишувам ама 133 мислења за еден ден тоа е немогуча мисија. :D
    Само што станав, ќе си варам какао, ќе си седам на фемина, ќе си читнам нешто и тоа.
    Дечко ми само ми дава некои обавези, таман ќе си речам Хух, finally немам обврски и ете ти го него. Глупава и јас, му се пофалив синоќа дека сум слободна КОНЕЧНО и он да??? Е па супер да ти дадам една тема да побараш материјали |( Од сега па натака само ќе се жалам дека сум зафатена, дури и кога не сум.
    Ме мрзи бе, денес ме мрзи да дишам, да можев ќе дишев со паузи :D
    Него, убав ден ви посакувам. :f:
    Smile, it's not the end of the world! Баш... :)
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Имам некој страв поврзан со сите работи што мајка природа ни ги сервира понекогаш. Колку уствари ние луѓето сме беспомошни....
    По дифолт, со вечер како вчерашната, одат и гадни соништа. Сабајле, со кафето, го отворив соновникот на Фемина, од преголема љубопитност да знам дали имаа значење или психава ми била под притисок и стрес.
    Се извињавам што вака јавно ќе кажам, ама соновникот е толку контрадикторен и без врска, што наместо нешто да разјасни, уште повеќе ме збуни.
    А мразам да сонувам. Уште од мала сакав да сонувам срнички на ливади, виножита и сладоледи со големината на зграда, ама во досегашниве 20 уште не се случило да сонувам убав сон, ниту приближно на тоа што се надевам.
    Ја замолувам мојата психа, ако сака нешто да ми каже индиректно, нека го направи тоа на друг, директен начин. Затоа што, мразам да се будам изморена и со триста прашалници на глава!

    Ме чека книгата. И цел термос, речиси горко кафе, за ми дава погон.
    Денес сакам да бидам мојот мачор и да те тегнам на секој објект со подлога за спиење, додека сите ме чешкаат.
    Уште еден гаден вторник, во низата денови кои не вредат да се памтат.
     
    На fashionista, la-chicka, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    После серијата земјотреси вчеравечер, толку сум ненаспана, што ми заменила 3966582 колачиња, торти и пици за 2-3 часа сагламски сон.
    А денес.. Не врне дожд, туку некој не тушира со ладен туш одозгора. Се вратив накисната, ладно ми беше и уште не можам да се стоплам.
    И ај што сум уморна и ладно ми е, треба да преведам скрипта од 20страни од англиски на македонски. За да биде уште потешко, тоа е скрипта за медицински факултет, со толку апстрактни поими што мислам дека од кинески поубаво ќе преведам.. А за биде па најтешко, скриптите се за сестра ми, така што не добивам ни денар за услугата!

    Одам да се фрлам од Искрин мост. :hai: фалачаопријатно.
     
  19. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    СДК дека не ми е денов нешо по ќејффф , најчесто знам да уживам у ваквово дождливо време ама денеска не ми се нешо чакрите у ред ... задњиот пат кога врнеше цел ден си го поминав под ќебенце заедно со господинот ,јадејки јогобела од праска, и јагода и по незнам по кој пат ги изгледав ПИЛА од кецот до седмицата again & again :) аааааа и не се жалам убаво ми беше ,кога сум со него секогаш и секаде ми е убаво :inlove:
     
  20. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Само мене не мi се станува од ова компјутерот за да одам да јадам или има уште некој :D :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.