Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    ^ Има, има, како нема... тоа стално ми се случува, идам од школо и прваата работа што ја правам е седнување на интеренет и ме мрзи да потстанам, а некогаш заборавам да јадам. :D Ах, технологијава, ама што да се прави не се можи без фемина.мк. :wasntme: :)

    Мрзелива песна, мрзеливо утро, мрзелив ден = Мрзелива Глоси :(
    Ај еве ќе ве поздрава со една мрзелива песна:
    http://www.youtube.com/watch?v=fLexgOxsZu0

    Имајте убав ден и искористете го максимално и не бидете мрзи ко мене. :D :D :D :D
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.335
    Пол:
    Женски
    Ме нервира времево, тоа што излегов уз сонце а надвор е капни заледи, што немам чадор а што баш денес морав да излезам од работа, денес дефинитивно не е мој ден, зар морав баш синоќа да сфатам дека јас имам озбилен проблем со неговата индиферентност :'( Ве молам сите, не ми се приближувајте, оставете ме да се повлечам во мојата обвивка и се ќе помине, сама сум си крива, сама ќе си решам, совети не прифаќам, не се трудете.
     
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ват д фак?
    Матурска ли се прави,свадба ли се прави не ми е јасно.?!? Важно знам дека за мојата матурска овој ебен циркуз нема да го има!На шо личи тоа 50 гости,боже сачувај.Па нервози,кој каде ќе се смести,а куќава дека е една „огромна“ па ќе ги собере сите |(.Па ајде 3 дена ќе се чекало.И првата вечер,дома да дошле само најблиските за да ја испратат.Ма немој да ме јебеш,овоа за мене нема да го има.Па мене поблиски ми се другарите и другарките,одколку некои си 2ри братучеди,што низ чаршија нема да ме препознаат,оти не дошле нагости со години.Така да,мамо тато,ако планирате за мојата матурска да дојдат најблиските,тоа нема да бидат роднини со години што не сум ги видела туку другари и другарки.Па како што мразам јас гужви,ау,вечер на компјутер ќе си дремам,сестра ми нека се занимава таму со гостите,јас нема!И ептен сакам вечер да не бидам дома,да отидам кај другарка ми,ама ајде атер за мама ќе седам,иначе ауф да ме нема.Па и покрај замарањето што ќе биде вечер,та и утре бе,и утре комшиите ќе ми дремат тука,оф мори мајкооо,страшно е овоа.Барем вечерва нека направи сестра ми еден свршок со дечкото,ете барем помалку трошок ќе биде,секако вечер ќе бидат собрани 300 души шо треба и не треба,па нека биде де 2 у 1,и матурска и свршок,треба да бидеме малце економични ;)
    Ајде честито нека и е матурската на сестра ми,и на сите оние кои слават вечерва :d:
     
    На Adi888, Phyramide, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Е па сега не ќе ги враќаш луѓето од пред врата. Сигурно некој што знае дека имаш матура а притоа добро стои со тебе ќе дојде. Ние не се јавуваме да ги викаме сите, си се знаеше дека правам матура, кој дошол добредошол, па имав преку 40 гости. И баш пре убаво е чувството кога знаеш дека сите се тука собрани заради тебе, сите едвај чекаат да се сликаат со тебе, да те видат, како некоја филмска ѕвезда...
    Јас пре среќна бев кога видов толку луѓе кои одвоиле време да дојдат специјално заради мене, и моите се радуваа многу. Тоа е неповторливо!
     
    На Doozy и starbucks им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Утрово ме разбуди грмењето, па продолжив да спијам. се туткав во топлото ми креветче и си зборев во себе колку е убаво чувството да спиеш додека надвор врне и грми.
    Второ будење - телефонот на татко ми кој има рингтон ко првиот измислен телефон е*аго :^) Е после тоа верувајте дека нема заспивање.
    Пак се прашувам што ќе се прави цел ден, рано ми е да почнам со учење, ни за работење нема ништо, неам ни семинарска или проект што е најчудно на свет ...
    Не ми се ни дружи со некој, сакам да сум сама.
    Со топло какао со млеко и цимет во рака ќе продолжам да мислам како продуктивно да го искористам денов. Може да се читне некоја книга ... :yawn:
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^ ^Имав и јас околу 50 гости, ама славев 3 дена, зашто немаме место дома сите одеднаш да ги собереме. Тогаш кога ми беше матурската дојдеа помладите братучеди, околу 20, вториот ден постарите и комшиите, немаше многу, околу 10-тина, а третиот ден дојде тета од Берово и едни други, зашто не можеа да дојдат претходните 2 дена. Имаше некои шо ги повикавме, а не дојдоа. Со сите шо ги повикавме си живееме. Мене ми беше баш убаво, па на вакво нешто ако не се собереме сите, кога?
     
    На Mishela и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Уфф го мразам дождот :rain: :devil:
    Денес ме направи лом, водена бев како да ме исфрлила поплава :tmi:

    Како и да е не можам да се пожалам бидејќи денес завршив битна работа :!:
    Ме послужи среќата. :)

    Сега следно што сакам да направам е да се подновам со некое ново парче облека, мора да си ја зголемам самодовербата. :)
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Не е за моја матурска,за на сестра ми е,иначе и ние 3 дена ќе чекаме оти нема место,вечерва поблиските,утре комшиите и уште некои други,а во четврток на сестра ми другарите...ама не бе,мене овоа ми е претеризам,ама со пола роднини што ќе дојдат вечер којзнае од кога се немаме видено,ви викам на улица дали ќе не препознаат,и сеа они ќе идат демек како поблиски ќе дошле вечерва.
    Друго е кога ќе се соберете со некои што се стварно блиски,тогаш и 70 да се не е проблем,ама друго е вака,мене ич не ме бендисува,им кажав јас за мојата матурска свадби нејќум!
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    И почнуваат нови колквиуми,а ми се чини дека само што завршиле старите.
    И таман имав некој елан за учење,и тарааааам...време је све уништило.
    Ненормално лошо влијание има времето на моето расположение,ненормално.Сакам сонце,и тоа го сакам 365 дена во годината!По се изгледа и ќе завршам во Ница. :D
    И уште нешто приметив...
    Кога врне дотичниот многу повеќе ми иде на живци,а чим огрее сонце ја сум до срж заљубена.
    Is it normal?
    Не,не е.Јас сум само еден фрик.Еден голем фрик.Еден голем фрик кој многу сака сонце.
    И кој не го сака дечкото кога врне.
    :wasntme:
     
    На Phyramide, anabel-a, FBI и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    CIA сум видела и полошо.За матурска во мотел славење и знаеш што?Околу 200 гости имаше,ама тоа одамна беше,не сакам ни да се секавам.Само се чудам со кој памет им беше тоа да прослават небаре свадба прават.

    Него ова веке не е хумано,се заледив.На ништо повеке не личи.Дај нека се оправи времето за да не ја вракам пак зимската облека |(
     
    На CIA и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас оваа недела ќе одам на матурска со 150 поканети во кафана небаре завршила магистерска па толку гозби како за свадба... и јас не ги сакам големите прослави..
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    17.252
    Моите први братучеди по една година се разлика, правеа матури со 150-200 гости, во сали за свадба. Еве ја кога ќе сум матуранка со тие пари шо моите би ги одвоиле за матура, ќе си отидам на некое патување, ем ќе прошетам ем нема да ставаме луѓе на трошок. Пошто нели морало поклон, цвеќе, торта..
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК мака ми е од љубоморни луѓе, таман ќе помислам дека ги снемало, нови се појавуваат :|
    Ретки се луѓето кои се разбирливи.Ме налутија и сега само ова можам да кажам... :worried: :@

    И многу ми е страв од земјотрес, вчера ноќеска се преплашив до толку што и кога престана земјотресот, од пусти страв ми се причини дека дрма :worried: Ох леле :sweat: :sweat: :sweat: малку да дрмне, мене од страв, три дена ќе ми се тресе земјава :(
     
    На 1209, BoaVista, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    СДК знаев и знам дека жените се способни за многу работи... ама не знаев до каде некој може да оди... бреј, до толку да се немало свое „јас“... |(
     
    На Lov3, Doozy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    СдК ми се замрзна секое делче од телото,прстите слабо ми функционираат |(
    Повелете во мојата соба за да се згрозите и вие од оваа моја глетка.

    И она кукање немаме ние пари,ние ама ич немаме пари,немате а? Епа кога некој би немал пари не би можел да си дозволи одење два пати на одмор,одење на маникири,фризери,плазми,кожни гарнитури итн инт,ама да не се сватиме погрешно,ова го прават луѓето кои немаат пари и кои се заглавени до гуша (смајли што се мава со чекан по глава)

    Ех,сега би сакала да сум негде на некое убаво место,да има еден кревет да имам книги околку мене каде што е опишана најубавата љубов и да си замислувам и јас за една таква, за подоцна кога ќе влезам во една врска поради тоа мое сонување да треснам со главата од земја и да си кажам "Не е се прекрасно како во бајките"

    Под итно ми треба кофеин во крвта,дојдете на кафе бе женчиња,ќе ви дадам Atlantis и ќе ми ја средите собава :D
    Ааааа уште нешо ! Имам страшна потреба за
    секс
    !
    Адиос
     
    На Divinebutterfly, marama и Pelikuna им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас го сакам дождот, ама не го сакам на прв ден од добиено, да врне и да имам милион обврски, да трчкам од факултет до факултет, да се расправам со створења што работат во студентки прашања, да шлапкам од вир во вир, да ми виси над глава некоја баба со портокалови обетки во тон со карминот за да станам а само што сум нашла место во автобус да седнам а таа аздисала да акосува а јас не можам да стојам од болки и на работ сум да почнам да врискам и си викам леле што ме снајде, леле леле, аман дома да си стигнам, ете тогаш не го сакам дождот, само тој ден, т.е денес, кога на секое грмење гомцето ми смрзнуваше се поише и поише а јас итав накај проклетиено од факултет...
    Јас кога ќе добијам првиот ден сакам да облечам широка маица од татко ми, без прслук без ништо, три пара гаќи и памучни пижами, и боса да се стуткам во кревет, да лежам и да гледам романтични филмови, прашувајќи се дали навистина во животот постојат такви моменти и работи, а потсвесно знаејќи го точниот одговор, или па сакам да читам книга со истата тематика, буквално сакам да не си го заморувам мозокот, да пијам многууу сок и да јадам едно по друго чоколадни бисквити од виталија, да им терам инает на болкиве и да не пијам апчиња, плачејќи па смеејќи се без никој да ме заморува и без да мрднам од мојава соба подалеку.
    Уф сега и ќе го правам тоа, и не мрдам од креветов па што сака нека е.
    Па и реално не барам многууу, само мирот и удобноста на мојата соба... и барем да успеам да соберам сили за утрешниот ден да го поминам.
    е така. ај чао.
    :bandit:
     
    На la-chicka, AnaKarenina, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Жении помагајте ми треба некоја идеа за поклон да му купам на партнерот бидејќи ќе заминува во Америките па нешто интересно сакам да му подарам ама незнам што :( Хелп... пишав и во други теми ама нема одговор ми треба итно...
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Aбе лицемерие и користољубивост за извоз се има ...

    Кога се дешава некој настан, дали журка дали седенка такви ствари некој период пред самиот настан одма ти се појавуваат ’другарки’ од стилот : “Леле сооооонцкаааа едвај чекам да ми те видаааам, лелеее ми фалиш бе душоооо дој си побргууу неможам веќе да издржаааааааам“ :^) Сериозно ?
    А чек да те прашам, како издржуваше без мене пред некој период ??? :?:

    Патем шо е најтрагично, има и такви ’другарки’ шо у живот очи не ти виделе и оп одма најдобри другарки, сестри па на фејс и такви ми ти ствари абре лижење лижење до немај каде, мислиш у секој момент ке почнеш да се намалуваш од самото лижење небаре сладолед си ...

    И да , кога ке дојде дотичниот момент за горе наведениот настан. Сите тие “другарки“ ке почнат да стануваат дел од твој кошмар...

    Среќа имам лек и за таквите :lol:
    Да се вратам само, и ке има да ме нема од социјалните мрежи :*

    Епа извините али ја не сум на офингер закачена па на кој како му текне да ме земе за да би му правела друштво или за да би била ја нечие друштво оти дотичните немале со кој да идат некаде ...

    не не не не нече мочи

    *Биди пријател пред се. Дај за да ти се даде ! Почитувај за да бидеш почитуван. Биди секад тука за некој , за да и тој некој биде секад за тука за тебе. :!:

    **Не гледај се од корист. Има нешто многу повеќе од тоа да гледаш некој од корист...
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пијам кафе, би требало да е попладневно ама за мене е сеуште утринско. Одамна ми се нема случено да станам волку доцна од спиење и да ви кажам право, се чувствувам како денот да ми е сјебан (единствена добра работа е што сум пропуштила одвратен и изобилен дожд).

    ПИјам кафе и си се смешкам. Една најобична забелешка во модни критики и одма БУМ!!! Ама, голем БУМ!

    Толку различни ставови и мислења, секој со својата логика и погледи кон работите, па ако застанеш од сечие, различно стојалиште ќе видиш дека сечиј став држи вода.

    Абе жени, жени секад сме биле мотивација за војна :*
     
    На Divinebutterfly, Miss-Independent, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.