Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Тенок бил конецот што ги дели љубовта и омразата.. :)
     
    На BeYourself, teddybear, pupi.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Тоа е тоа :up:
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, CaperucitaRoja, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... јас не сум јас повеќе, кога таксистот ми ги демонстрираше своите пејачки способности на турбо фолк музика и мене не ми пречеше, ама сериозно, па на семафори асоцијација на него, во вид на патоказ, па уште со стрелка бе :lol: ...

    Туку и од грмотевиците утрово не се исплашив, се сетив на муабатот со ваквото време и неговата омилена литературна хероина, која го носи моето вистинско име, а во која бил вљубен. Коинциденција, како да не. Почнав да верувам во чуда, хороскопи, вселенски заговори, езотерии и други ѓаоли :D , туку да си ставам камче во штикла со време да не се испотепам низ калдрмите низ мојот или широчината на неговиот град...

    Па следеше кафенце и чајче со комбинација на благо солени палачинки, со една од најпрекрасните личности.

    Јас не сум јас, или пак дури сега сум јас јас и сум своја на своето. Не знам многу одговори, но убаво ми е и нека потрае...
     
    На bittersweet, JuLleE, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Што сум јадела сега една тулумба. Па тоа не беше тулумба, тоа беше погача :o Метро на метро
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Because when I shop, the world gets better.
    - Жими мајка |(

    После 6 часовно шетање и наполнети кеси, мене светов ми е потполно ист.
    Скопје е згужвано како лист хартија, автобусите вторнички се преполни, дождот ми ги накисна кондурчињата, а ветрот ми ја разбушави косата. Со другарка ми се боревме против невремето - таа од десна, јас од лева страна го држевме чадорот, за да не летнеме со се него.
    Животов ми е како ненаштимана гитара, како изместена рубрикова коцка што сакам целата да ја распарчам! Се губам низ лавиринтиве на животов и ме маваат прашалници по глава.
    Summa summarum - периодов ми е тапа.
    Сега ме чека средување нокти и фризура, па правец на матура.

    P.S. За инат на времево, денес си купив купачи.
    Па нека пукне!
    Сонцето!

    [​IMG]
     
    На starbucks, Doozy, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Има една тема каде жениве се многу активни :D
    Ако пишувајте уште,уште,ќе читам :rock:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Ги разбирам сега старите кога викаат не ме дирај ако цветот ми е на лева страна |(
    Или на лева нога сум станата.
    Ма да јас увек станувам на лева, ама денес некој убаво ми удри тупаница со лева рака, клоца со лева нога, ма како год било.
    Животот има толку многу разочарувања, тешкотии, падови, кои тешко се пребрдуваат ако не си навикнат на нив или ти е сосема прво.
    Денов грд, дебилен, ужасен, џабе што сонце ѕирка, мене не ме огреа денес.
    душава квичи како свинче пред колење, како зар`ѓана брава и венее како неполиено цвеќе, денес и само денес и не повеќе
     
    На LilBaby и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    4.860
    Ладно камен, во Мај... каде го има ова? Искрено ме плаши вакви нагли промени. Сабајле врнеше, па се наоблеков.... Кон 12/1 изгреа сонце и одма се стопли. Најмногу ми е криво што во Америка па дури и Англија се стопли многу времето што дури и на плажа одат, а ние неможеме ни јакните во шкаф да ги оставиме. Не е фер, сакам да се прошетам по балетанки и со фустанчиња, да седнам на кафе покрај езеро и да ме изгори убаво сонцето.. а не да се мрзнам со јакна на мене. И после зошто имало земјотреси и зошто мавале громови во населени места во Охрид и Скопје. Ево зошто, времето е лудо и забегано. Неможе да се одлучи кое годишно време е и кое годишно време треба да дојде. Олку ладно во Мај, никогаш не било. И го замолувам Мај, мојот најубав месец, да не се понаша како Декември и да се соземи затоа што ми се смачи од јакни и од хулахопки, па и од патики. :(

    Колоквиумска се ближи, а мене книга не ми се отвора... :/
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    На диета сум со чоколади и бонбоњери. Денес за доручек три топчиња рафаело, за ручек милка со цреша и за вечера ќе си ја отворам Атлантис бонбоњерата. :inlove: Го обожавам чувството кога си ги јадам омилените чоколади, како нешто да ми се врти во стомакот, како да ме скокотка, не не не е љубов, не ме сфаќајте погрешно.
    Денот ми е некако многу обичен. Сакам да ми помине грлото и одма одам на Широк Сокак кафе да се напијам. Па утре си доаѓа другарка ми одвај чекам да ја видам неа :*
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Пак јас, шо да правам, пак имам нешо да кажам :D :wasntme:

    Понекогаш стравот е тој што не чува и не прави да бидеме претпазливи, а некогаш и спремни да се соочиме, дури и со тоа за кое сме мислеле дека можеби повторно ќе се случи.Добро е човек да биде спремен на се, само за да не биде изненаден и после да се чуди како би реагирал соодветно.

    А некогаш човек треба да знае да прифати негативен одговор.Незнаев дека до толку ќе биде болно за некого, но тоа е што е, незнам поинаку.Само изгледа очигледно е дека штетно е човек да биде научен само да победува, без да прима порази.Ах, животот е таков, денес можеш да бидеш богат, а утре сиромав, никогаш не се знае.Затоа и треба човек да е спремен на се.Болката е болка, само треба истата да се преџвака и да се продололжи понатаму како да не била.Реалноста знае да биде сурова.
     
    На marama и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Во моментов, ова очајно ми е потребно. И онака мирисам на млеко за тело, и онака сум мазна како бебе, и онака треба да се искористи мојава влажна и лелеава коса. Мхм! :wasntme:
     
    На bittersweet, BlackSwan5, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    кога се јаде се јаде.... :talk: :talk:
    што туку брzаш секој јадејне како да трча некој по тебе :^) јади по лека и смирено нека ти оди убаво на мефчето а не брзај,не иде никој по тебе и плус тоа и другите се брзат кога брзаш ти оти ке им изедеш се :D :D
     
  13. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    ете така, сега ќе си научам и ќе си гледам евровизија LIKE A BOSS!
    легнувам на кауч и си пијам цедевита, СОН!
    После тоа че си заспијам убаво, и сабајлето че бидам спремна за тешкиот ден !
    Ама морам да научам се прво, да не се деконцентрирам со Фемина...
    :rofl:
    Ајде ајде, десетка че добијам!!
    Поздрав до математика!
     
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Време е за промени..
    Да разговрав со татко ми за 10-15 дена заминувам во ЦГ
    у план ми е да бидам таму цело лето, али незнам ништо не се знае
    сакам да сум далеку од мојот град да сменам малку
    да бидам далеку од некои личности, да пробам да заборавам некои работи
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи ако не можам нешто да направам значи НЕ МОЖАМ, не е до мене, аман! И не инсистирај, не го поднесувам тоа, ептен ме иритира! Идиотска работа брејј, ко ќе запне некој ко пијан за плод, а не се работи за сакам/ не сакам, туку за можам/не можам. :@
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.377
    Допаѓања:
    286.692
    Денеска за вечера имаме салата и хом мејд супа а за десерт јабока колку ти сака душа :devil:


    Воведувањето на здравата исхрана не беше прифатено со најголемо воодушевување, али баравте гледајте.

    Вечерата очекувано не траеше долго, па се повлекоме во дневна.
    Јас на софата со компјутерот во раце си чкрапам, си пифкам кафе од новата кафе машина а него место не го фаќа. :rofl:

    Првичниот предлог да нарачаме нешто за јадење беше категорично одбиен од моја страна па ја летна ѓубре да фрли...ја рајт |(
    Кинеско,пица, гиро...цело мени ми беше набројано, али не попуштив.


    Со фрлањето на ѓубре се подзабави...
    15 минути од како излезе еве го звони дали динче или лубеница да купи, како што претпоставував пут под нозе у дуќанче отишол хахаха.

    си купил и лепче и нешто за мачкање бре ....
    за греови, гладен
    хахахаха
     
    На slavica999, Divinebutterfly, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Денеска ме подзамисли еден другар. Ми вика, многу пати размислувал на таа тема, и ако не сакајќи станел татко на 18 години би бил, пред се, најсреќниот човек на светот. И си викам :clap: за него. Малкумина машки на таа возраст размислуваат така. Си викам еве некој кој си ја живее живеачката со сите предизвици кои му се испречуваат на патот.
    А со таков елан ми зборуваше за темава, јас останав без коментар (а ретко кога останувам :angel: )
    Да го омажам а? Што викате? :D
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и татко ми се загледале во серијава (Езел) чиниш не дишат.
    Пред долги години ова време евровизија гледавме сите заедно, срцето ни лупаше, бевме во исчекување.
    Сега, сега мајка ми не ни знаеше дека има денес Евровизија, па онака незаинтересирано кога ја прашав ми одговори со прашање Навистина?.
    Ах пусти шпански и турски серии..и хрватски и секакви...
    Едно та исто во круг. Ги разболеа луѓево, се нешто ќе слушнеш И што рече Езел? А онаа кога ги начека? Лелеее што ќе прави сеа кога ќе разбере лелее. Ма даајј..По еден дијазепам на сите у 6 саатот за таман ова време да спијат.
     
    На Trendafilka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Конечната одлука е донесена... сега може мирно да спиеме. Време е за нова авантура! :dance:
     
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    You only live once-реченица што ја кажуваш пред да се фрлиш бомба во Охридското ко некоја будала со половина мозок.
    Ама убаво е. Убаво е да бидеш опкружен со друштво и да се смееш без причина.
    Можеби водата беше ко пирани парче по парче да ти гризат од кожата ама пак насмевката не ми се симна од лицето. :)
    Не се сеќавам кога последен пат сум си поминал олку убаво некаде. :)



    Инаку,три дена ме немало а веќе се отворила тема за нешто што јас сум рекол.
    До некаде се осеќам виновно што сум предизвикал драма само затоа што сум си изразил мое мислење или став кои не мора да се точни.
    Едноставно не сметам дека нешто толку банално заслужува своја тема.
    Крај краева,право на избор е кој кого сака да го коментира.
    Не ми треба некоја феминка мене да ме прозветли и да ми соопшти дека и се допаѓам за јас да мислам дека имам стил. :)



    Бидете ми поздравени,среќни и весели.
    Љуби вас Џокси! :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.