Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ахх, последните колоквиуми се најтешки :( Не дека е тежок материјалот, ама неможааам ме мрзии, дека се последни и ич не се замарам, цел ден си играм игрички :tmi:
    И сега очајно дремам над книгата, и си викам има време до 8 часот ..Неможаам сама, заспав, ми треба друштво, ми треба кафе ;(
     
    На femina90, Hipster и angel92 им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Шта вам би, шта вам је :)

    Ноќна смена и шо сеа, да си ја рокнам Toxic од Бритни?

    Туку нешто друго ми е дума и истовремено мислам дека повлеквит одредени заморни вијуги на денешнава младина. Прво, немаме никаква детска програма по телевизииве. Зборувам за едукативни парчиња, социјално потпомогнати, да можат децава да разликуваат букви и бројки! Младина оде у бестрага. Сериозно.

    Освен онаа со Петко и Ај ти замижи, други детски емисии речиси и нема. Жалосно е во еден толку пренатрупан свет на медија со Хуреми, Џеврииња и слични со, пардон мај френч срања во боја, да не се отстапи парче простор за детските умови кои како сунѓер впиваат се’ што треба и не треба. Ми иде да смислам концепАт некаков и да го подметнам макар по телевизииве, да се сработи нешто, минимално.
    Утре, деца ќе раѓам, како ќе ги заштитам од телевизорот бре?
    И друго - многу емоции не е на арно. Особено на форум. Овде никој никому ништо не мора да му полага сметки, ама од друга страна треба да има почит. Во смисла на форумска, виртуелна култура.
    Не сакам да какам, ама така дојде римава.
    Море, многу работи сакам да кажам, ама ајде. Како на пример, дека дрскоќа не значи и памет и искреност. Нити па хиперпозитивност значи дека секогаш некој е 100 % среќен.
    Факт е дека сите ЛАЖАТ. Филуваат, фејкеришаат, се отвараат како пупунци среде мај кога нешто мислат дека е важно да го кажат. Ете, опет рима. И сите го правиме тоа, ама кој сака автокритика, никој. И сама ќе си кажам, некогаш толку ги китам зборовите, што ми се чини пропаѓам во нив.
    Но така сакам и можам, и што со тоа? Да не треба да се правдаме за се’ што чиниме?

    Пливајте бре. Уживајте.
    И да, мора да смислам детска емисија. За умни деца, и родители што имаат многу работа.
     
    На LilBaby, kate21, zhap4e и 10 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ќе те утеши ли фактот дека сум во иста позиција?
    И јас сум таква, последните колоквиуми веќе немам снага ниту воља за да ги спремам. И скроз сум лабава.

    Еве за дружба.
    И ич не му ја мисли, без стресови и ќе си легне материјалот.
    [​IMG]


    Пред да се препуштам на рутина, топло им препорачувам на некои феминки да излезат, да ги фати воздух, да се исексаат, да кснат нешто благо и утре опуштени и стабилизирани да се најават на форумот.
    Лека ноќ на сите.
     
    На Divinebutterfly и Nevermore им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека планирав да си легнам, се` дур не дојде брат ми направен камен... :D Тука сфатив колку за ништо уво не го боли. :D
    Инаку вие со колоквиумите, јас со пола учебници ненаучени, како ќе завршам - врска немам. Уште малце ми фали за да фатам просек одлична, ама до тоа малце никако да се догибам. Мрза г`за не рани - тешко си на тој што ја има. :D
     
  5. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Женски
    скд ДЕНЕС ДОБИВ ОТКАЗ ОД РАБОТА :(
     
  6. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    СКД дека добив сино цветче конечно
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.028
    Допаѓања:
    123.896
    Денес да ти било мој ден.Во сите тие подготовки скроз заборавив :|
    Љубовта сабајлево ме разбуди со вест дека ме носи два дена во Охрид :wasntme:
    Јас пак ви благодарам на убавите желби.Ме направија среќна.Денот обично е клише,ама ете мене нема да ми е :P Торта немам,ама ве честам со нешто друго :*
    [​IMG]
     
    На bittersweet, LilBaby, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Си го испратив брат ми на екскурзија. Сега дома 8 дена тивко ќе ми биде леле :( нека поминат побрзо
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Кога ќе пораснам, сакам да бидам Лепа Брена. :inlove:
     
    На Marley, LilBaby, rossonerka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СКД времево некако многу контра почна да ми ојT!!! :@
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сакам да научам да свирам синтисајзер за да можам на Гугл да свирам како што треба,а не некои вонземјански звукови да вадам :lol:
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    СДК а ќе ја пееш:
    Очи су ми море Јадранско
    Косе су ми класје Панонско
    Сестра ми је душа Словенка
    Ја сам Југословенка ?

    СКД утрово не да ме потресе една вест, од кожа ме извади. Во Бразил пораѓале некоја жена, ја измалтретирале, детето било тешко 6 кг а они го ваделе од неа со раце :o наместо царски рез да и направат и одеднаш жената слушнала крц и еден од докторите му рекол на другиот дали е нормален. Му ја скинале главата на бебето и обезглавено телото го ваделе со царски рез, за да на крај и речат дека мртво било уште во стомакот. Го погребале за 3 дена. Ни тука не е нешто подобро, и на крај се оградуваат од одговорност, прикриваат, манипулираат. Само Господ или некоја виша сила да не чува, зашто од вакви неписмени, тешко нас.
    Повеќе за ова тука
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Со здрвен врат и мускулни болки, мирис на цигари и портокал јас се будам и сум среќна.
    А, и песнава ми го направи денот
    http://www.youtube.com/watch?v=QrfNaYEH784
    Сфатив дека не треба форсирање. Се што ти е убаво, ќе се случи само тогаш кога ќе ти биде убаво. Со сила убавина не бива, јес да ни мојава не бива,ама така е зборот.
     
    На ana.ubavkata, Phyramide и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се бевме договориле со девојките да одиме на вечера во Кинескиот ресторан-така испадна, ама јас стигнав малку порано и се зазборувавме со една жена за машките членови-некако се многу вообразени, некултурни, ретко велат здраво-чао, ко да не сме дек од истата група , кој да ги свати.
    и жената ми кажуваше за нејзиното искуство со брачниот другар-прво ја натерале нејзините со сила да се омажи, и има две деца-син и керка со човекот,ама кога рекла да пресече , настанал пеколот т.е. зверот излегол на виделина :x , а пред тоа човеков бил ок, фин, културен-исто како овој мојот сега веке поранешен партнер навидум цвекенце за мирисање, а во него демони се кријат :D и баш разговаравме за тоа колку успешни бракови познавам во мојата околинаи кога и кажав дека еден од нив се стрина ми и чичко ми(ама немаат дечиња) ми рече дека или остануваат заедно таквите бракови, или се разделуваат брзо-според неа дечињата се тие што го прават бракот мноооогу комплициран. Бракот е сериозен чекор, и ако не си спремен/спремна немој, а ако истиот не е функционален, децата го прават ПЕКОЛ, и тие се всушност најголемите жертви-примерот од лично искуство :|
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Во утра како ова, после утринската гимнастика, совршенство, мир, тишина, цеден портокал и мусли, толку многу добивам инспирација да го грабнам лаптопот и да напишам статус на фејсбук!
     
    На Noemi, LilBaby, rossonerka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Незнам за други ама мене стално ме плашел идеалот, она совршеното ......се да е народски кажано подмачкано .....
    Поголема сатисфакција имаме кога се соочуваме со ситни проблемчиња дали е тоа во љубовта, работата или независно веќе во што ,одкако ќе поминиме низ тоа некако УБАВОТО потоа поубаво ни легнува на душа .
     
    На julie77 и maca99 им се допаѓа ова.
  17. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК доста е за денеска.
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Добив добри вести.Се јави мајка ми и ми рече дека операцијата на мачките (Госпоѓа Лили и Госпоѓа Црнка) поминала добро и успешно.Сега се дома и спијат.За неколку дена ќе се опорават.
     
    На rossonerka, maca99, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Топло капучино,мирис на ванила,се околу мене е мрачно.
    Времето отепува,а волја за ништо.
    За ништо не размислувам,само зиркам низ прозорец со компјутерот во рака.
    За беља,нема ни што да се набљудува низ прозорецов,нема жив човек.Сама ,без мисли,со одвратен звук на индиска серија во позадина.
    Натпреварот бил 1-0 за неа.Зошто прва останала трудна.Ми се грози бре од сите.Името ќе било на свекорот,пошто она останала прва трудна,јас сум можела да го ставам на свекрвата,ако сум останела трудна |( :puke:
    Уф,се згрозив и што ја напишав реченицата.
    само да ви дадам до знаење до каде оди човечката мизерија.Дно-нема дно!
    Баш мизерија,тешка беда.Мене пак ми е сеедно,се одделив во мојот свет оддамна,и освен моите ништо ме не занима ;)
     
    На Abeja и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.266
    http://off.net.mk/bavchi/jana/do-koga-kje-se-doteruvam
    За ветувачки сајт ко шо требаше да биде,*колумнисткава* му ја јебе мамата.Ни е духовита,ни е забавна,ни досетлива.А генерално глупи и се темите и не знае како се гради концепт на колумна...
    Смееле ние или не смееле,луѓето се позаебаваа на сметка на фемина за колумната на Кери уште необјавена,а овој *бисер* балкански нема да помине *казнето* само шо е на оффнет.Абе Трендо...биди објективен,не знам од кого ти е внука момава,ама не ја бидува.
     
    На zhap4e, LivingGlam и maca99 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.