Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Јас кога ќе остарам сакам да бидам Џо(е)ан Колинс :makeup:
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... знаете никогаш не открив што премеруваат меѓусебно жените, повеќе атрибути се во игра, лесно е кај маживе и се знае на прва.

    Еден од омилените ми е архетипот на македонско девојче - НАЈсовршена домаќинка... Таа прави најкрцкави корнишони, нејзините колачи се топат во уста сами бе сами, без помош на плунка, а сармите и‘ се совршено свиткани и сииите исти и зелникот има секогаш идеална дебелина, нејзиниот мебел е најласкаво исполиран, нејзините деца се највоспитани во дијаметар од 10 км, дури и нејзиното милениче има манири. И таа ги храни сите околу себе, бидејќи нАли фрлаш некоја кутлача вода плус во манџата, ама после си хероина во соседството... И таа сама ракува со сите апарати дома, со замисла дека е рамо до рамо, со оние кои работат во нуклеарна или електроцентрала, тука некаде е де, тежината. А, да и крпата во рака и‘ е срасната како средното име на странците, бидејќи прашина убива поефикасно од сида...

    Има уште. Има огромна потреба од споделување прекрасни моменти од својот семеен живот, како на пример, кога на доручек ми беше соопштено како синчето и‘ повратило претходниот ден, во центарот на дневната на новиот тепих... Имам и подобро нешто - како мажот и‘ се качувал, откако на сред ноќ ќе станел да оди во тоалет. Еј, оваа имаше над 55 год. и визуелизирајќи ги со мажот и‘, сериозно ми влијаеше на пад на либидо...

    Ок, ок, значи ваквите сметаат дека ако им упатиш ваков поглед :^) или :o или :doh: , ти си веднаш бе недомаќинка, па ти си срам за целиот род, ти не знаеш еден ебан компир дека може да се направи пире, помфрит, рестован или мусака, не знаеш ... абе, ништо, ништо, поим си немаш од светов и веков и ако не дај Боже имаш дечко, ќе го упропастиш бидејќи домаќинка со сите тертипи нема никогаш да биде од тебе.

    Ох, значи сите овие активности одземаат време, не секоја е подеднакво вешта за се‘, ама кога се преценува дека спремањето на храна или хигиеничарењето низ куќа, бара некои екстрасензорни и паранормални способности, не ми е ни смешно од што ми е трагично, а јас многу сакам да се смеам.

    И да, си ветив себеси и еве овде и пред вас, ако станам како некоја од оние погореопишаните, ќе се удавам во пеесетлитарска каца за ферментирана зелка, попозната како расол, во оваа драгоцена течност.

    Јас немам амбиции да победувам на секоја локална тортијада, ни да имам најдобро уреден двор со цвеќиња (јас би засадила пиперки и патлиџан бај д веј, поголема практична вредност ми има) и јас не сакам да бидам супер-убер-хипер-домаќинка. И радо би оставила и куп валкани чинии и неспружени алишта, за да си се гушкам со мажето (ако го имам де)...

    Поентата ми е, сите недомаќинки дај да се обединиме, или да ги реформираме домаќинкиве, ама за секој случај јас да си купам каца со време ќе ми е најпаметно...

    И текстов го пишав дури ми се суши вториот слој лак, значи имам онакви бе, најнедомаќински нокти...
     
    На mims-89, Hopeful, innablood и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.267
    Пак не честитате влашки празници бе?!
    Не планирав да ве частам,сега па ич!
    Ај чао!
    :D
     
    На Neytiri и LilBaby им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Од вчера до денес, во рок од 24 часа, сеуште не прекина да ме изненадува како некој се обраќа во официјален мејл.
    Се пишува ли бре, и тоа со капс лок, нешто што јас го доживувам како виртуелно дерење - абе не глеам твој број да ти се јавам, да се договориме?! :^)
    Абе?!
    Абе ја и ти на кој пашњак шо овца пасевме заедно потсети ме? Ја тебе почитуван - а, она мене АБЕ. Сериозно, да се смеам ил’ да плачам :D И денес пак продолжува сагата.
    Успеав повторно, вторнички да накиснам. Со таа разлика што минатиот вторник си купив и хаљинче ( :* до девојката шо ми донесе среќа и со која рипавме по барите). А и вчера беше филмски, вриштевме и трчавме. Еј ми треба да се изурлам ко човек, сконтав. Многу е, олеснувачки. Живота ми.
    Успеав да доживеам некој да ме нарече „интересен материјал за работниот пазар“. Жити се, а накај жоржет влечам или поише сум накај груб лен? :?:
    Успеав да промашам Евровизија, ама затоа денес ги гледав Бабушките, леле колку се слатки! Само јас ли одлепив на бабичкиве бе? Од кога ги видов цел ден си зборам со руски акцент, пажалства, спасиба, харашо и парти еврибади :D Немам поим што кажав, ама солидно знам да ги имитирам, верујте! :wasntme:
    Успеав да најдам битно тоа што ми треба. Готово оп стоп, јас се замислив како предам ко маче на балконче. Ок, ко маче не мора баш, може еве ко панда, тие ми се слатки барем а кога заборавам да симнам шминка, најмногу потсетувам на нив.
    И на внука ми и купив најубава маица со лепршави ракавчиња, и со усни и јазик - Rolling Stones :rock: Am I the coolest auntie or what?! :D

    Ок да не претераме, не сум можеби најкул тетка, ама сигурно сум најпоспана. Абе само мене ли ме шамара притисоков или до месечината ли е или до што е? А среда ли е? :yawn:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    4.871
    Сите знаат сеири да си фаќаат, ама не е тоа важно во животот... Најважно е да си човек ;)
     
    На BeYourself и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ме фати мрза...а треба да вежбам. :yawn:
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Натпревари и дожд. Убитачна комбинација. Али ајде, ни второ место не е за жалење со оглед на тоа дека детето не дига глава од книга, знаеше да чита и решава задачи по физика уште од забавиште. Хм, on a second thought, добра сум. :)
     
    На aaaaa и Smilly им се допаѓа ова.
  8. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК конечно се чувствувам исполнето.Иако сите работи не се под конец ,сепак сум благодарна за некои работи кои ми се случуваат.Колку ќе трае сето тоа не знам,знам само дека ми е најубавиот период во мојот живот. :)
    Повторно се вратив во живот! 8)
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    едно големо БЛАГОДАРАМ до црвената точка која ме посети пред малку-откако закажав преглед на гинеколог :lol:
    ветувам дека овој пат колку и да ме боли ке молчам-додуша за сега се издржува , оти тооолку вежбав-дури и претерав со физичка активност, остани ми до кога сакаш на гости :)
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Очекував малку поинтересен ден ама ништо :|

    Сега ќе дремам пред компјутер, ќе слушам музика, ќе пијам кафе и ќе им се жалам на сите за времето, дека кога нема сонце ич не е интересно. Истото што го правам секој ден.
    Да кажам и дека многу убаво мирисам денес (всушност јас секогаш мирисам убаво :^) ) ми иде да си се лижнам :f:

    Постов го пишувам 15-20 минути, не ми текнуваше што да кажам, а сакав да пишам нешто. :u:
    Очекував малку да е поинтересен ама ништо :|
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    11.999
    Пол:
    Женски
    Положив, положив, ПОЛОЖИВ :party: :party: :party: ... После 4 пати паѓање, конечно успеав. Како нетокму се радував пред институт. Дури ми дојде да заиграм еден танц налик rain dance, само што ова беше hapрy dance. Прашањето ми е- погрешив па затоа заврна?
    Повелете по едно Старопрамен, моето омилено, оскудација е, немам пари за шампањ :lol:
    [​IMG]
     
    На teddybear, MacaLove, esperanca и 19 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    17.252
    Среќен празник на сите власи. :)


    За частење не спомнувам, знам каква ќе е ситуацијата. :D (шега) :*
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Поштувам девојки со самодоверба, навистина.
    Ама изгледа голем дел се прецениле, па немаат проблем во 10 часот, да се шетаат како станати од кревет. Што е тешко во ставање на малку коректор и моливче, и зачелшување на косата? Не ми е јасно.
    И не. Не сте природно убави, со тие подочњаци и гнезда на глава. :devil:
    Понекогаш делува непристојно, понекогаш одивно, а најчесто ме става во прашање дали е тоа преголема самодоверба или е рамнодушност спрема себе си?!
    Жими се, јас не можам да поверувам која трансформација прават некои девојки. Што би рекол еден другар, ја муваш во диско, а следниот ден на кафе не можеш да ја препознаеш. Или не сакаш. :D Да, да, дечкото е напатен, зошто 80% од девојките со кои се забављал во диско, следниот ден се појавиле.... и типов избегал, или ноншалантно поминал покрај нив, непрепознавајќи ги.

    Муабетот ми беше, make-up is not you enemy.
    Најсеризоно.
    Има некои на коишто им треба малку повеќе, а има некои на кои им треба сосема малку. Ама побогу, не се лажете дека воопшто не ви треба!
     
    На MacaLove, Miss-Independent, BoaVista и 12 други им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Кога една врата се завторала, се отварала друга. Демек. Или да?
    Ама не чекам јас сами да ми се отвараат и затвараат. Фино, си ја знам границата и самата си заклучив. Клучот, во наредна прилика.
    И да, ми се отвори друга врата т.е. сама си ја отворив. Онаа на факултетот. Ми ја затвориле дека врне, па се прпелкав малку додека ја отворам со ташна и чадор во раце. Златен ранец море, ми фали. Стави си го на едно рамо и шибај. Големите книги пак што ги носам...
    И тогаш иде revealing moment, се растресувам ко наврната кучка и си се пронаоѓам втора на листа на положени. Мајке ми, 69 поени. Знаев дека имаше хемија меѓу мене и тестот. *удварачко смајли*
    После си излегов со една ме густа фаца, мх мх.
    Туку, таксистиве знаеле и за друго да направат муабет, не само за времето. Еве, на пример, денешниов беше продуктивен, поучен и со иновативен муабет.
    Топличко внатре, напред од радиото свири Incomplete од Backstreet Boys, и не ја ни замарив додека таксистов не се избаци со коментар у стил колку биле патетични овие песни, како не им било срам на толкави мажи да ги изведуваат, и експресно менува станица некоја со поздрави и нарачки у стил на ТВ Едо од кај се слуша „...само, и да пише да се видиме пак. Поздравче од Шема/Шена“ и екнува у етер „Добро јутро пијаницеееее“... А јој! |(
    Кое јутро бе? Три попладне ебаго. Битно шоферов си направи една блажена фаца ко да кења прв пат после три дена. И зошто секогаш мене ми се паѓаат такви?
    И еве сега да не биде „Понекогаш седам и мислам, а понекогаш само седам“, си размислувам на тема мажи и музика. Дојдов до заклучок дека они се у суштина мачо и хардкор, и треба срам да им е на Бекстрит Бојс, толкави волови, што имаат нежни песни. Па то бруки за машкиот род. Пу јаз`к!
    Ама затоа кога Аца ќе зине „Пао сам на дноооо...“, сите со него пропаѓаат на куп и се пронаоѓаат во длабоките стихови што параат срце, душа и бела гаќа. Ма ја сам просто одушевљена.
    Сега ме чека ќебенце, филм и топло чоколадо. Кој вели дека дождлив ден не можел да биде убав?
    Ма најубав ќе е, ако сам си го направиш.
     
    На mims-89 и Hipster им се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Пред токму една година го добив Роки како подарок. Онака, ми го донесоа.

    Беше преслатко и многу малечко. И многу спиеше, а јас сакав да го гњавам и гмечкам. :D
    Беше најслаткото кученце кое некогаш го имав. Срце.
    И се сеќавам, следниот ден се разбудив во куп искинати ливчиња од тефтери и испишани кучешки машки имиња. Ниту едно име како да не му одговараше. Требаше да биде нешто посебно. Не дека она што му го избравме е , ама нема веза. Битно се трудевме.
    Ама, најискрено кажано, ова именце му одговара. Колку и да си негирам - тоа е.
    Потпорасна кучето. Почна да каса, сакаше да си игра, му беше жешко, а јас едноставно бегав од него. Сакав да имам мирно куче, со кое ќе можеш мирно да си седиш, а не само да се вртка околу тебе, да ти ги лиже стапалата и да ти ги кине пачавиците на панталоните. Сакав нормално куче, кое ќе можам да го шетам, а не вакво, чиниш ловџија сум, па да имам такво куче.
    А оно, ме гледаше со тажни очички.
    ...
    А, да ви кажам каков е сега - нема да го препознаете. Всушност, пак е лудо куче кое сака да игра, ама сега му се гледа сјајот во очите, преку долгите мустаќи. Вистина ви велам.
    Пред неколку дена го шетавме со брат ми на баирот. Не можам да ви опишам како трчкав со него. Беше прекрасен. Веќе се чувствува дека е стар цела година.
    Сега Роки не е бебе. Знае да ме ислуша, често ми клима кога ќе кажам нешто. Дури, се натажува кога јас сум. Абе, ми клима, ми намигнува...
    И иако јас уште сум оддалечена од него, тој ме сака. Чувствувам.
    Ама, јас не сум тип кој обожава кучиња. Мислам, јас ги сакам, ама сакам воспитено, дресирано, со манири. Не сакам некое кое само ќе скока и со предните нозе ќе ми ги валка блузите. Сфаќате?

    Како и да е, сега без него не можам да го замислам денот.
    Кога го нема - го нема ниту неговото лаење, ниту трага од него. Нити некоја мочка или кака која ќе смрди во песокта.
    Ама, за среќа го има, освен на моменти кога го носиме кај баба ми и дедо ми.

    Пред токму една година го добив Роки како подарок. Онака, ми го донесоа...
     
    На BoaVista, mims-89 и Hipster им се допаѓа ова.
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Проклет ПМС ,заедно со времево комбинација снова.
    Стомакот ме боли толку лудо што посакувам да скокнам во некое мочуриште и да ме изеде крокодил.
    Барем нема да ме боли после тоа. И не пијам апчиња не ,нее мојот организам кај поднесува апче ,трпи си и ќути си или легни си .
    Јас одбрав да си легнам ,да се стуткам во клопче барем ќе го изигнорирам тмурново време .
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    :music: :music: ...Haribo macht Kinder froh,
    und Erwachsene ebenso... :music: :music:

    Како и секогаш, и мене ме развеселија. Барем на момент.... :|
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк толку време помина откако го направив последното самостојно јадење. Денес не беше некоја царска маса но со цимерката го направивме најубавото!
    И да, нема ништо послатко од зготвено јадење во интернат (каде што е забрането да се готви :lol:) и зготвено од наши раце ]:) .
    Знаат оние кои биле.

    http://www.youtube.com/watch?v=co6WMzDOh1o
     
    На zhap4e и Hipster им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    некои работи и колку да ги избегнуваме тие се тука..
    денес може ке се правиме дека не ги гледаме али утре или задутре не можеме :^)

    животова е таков..
    како ке си постелиш така ке си легниш :)

    колку и да мислиме што и како ке биде,тоа што треба да биде ке биде :!: но тоа не можам да престанам да мислам за себе и тоа како ке биде и дали ке се снајдам во некои работи..
    само го молам господ да ми помогне :( и се да биде добро,не мора најдобро но да е добро :)
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Aaaa јас ако не качам 5 кила неделава,никогаш нема да качам.Цело време сувомесно,кифлички,чоколатца домашни,купечки,атлантис,бајадери,оф и јас не знам веќе кај ми собра се....ама не,другата недела само на салати ќе бидам,да се оддолжам за оваа недела,оти што е многу,многу е :D
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.