Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    1.119
    Дожд, креветот, отворен прозор, мир, ништо друго. Фала ти.
     
    На starfish и anneyy им се допаѓа ова.
  2. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    СДК,.. не игарм вака,.. кој е тој а кој Филип...
    јас ништо не видов... темница бепше... :)
     
  3. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    со душа чекам да ми пише онлине е :)
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    и кај мене слична ситуација само пто мајками и сестрами сепак можат да разменуваат а јас ништо, па секогаш настануваат кавги кога ке купат 38 наместо 39 :)
    таткоми вели дека сме имале повеќе чевли од јавор ( битолчанки знаат) :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК сакам позитивни луѓе, со голема смисла за хумор, ми го разубавуваат денот :) Е тоа е убаво, а не тмурни и ако се нашали човек, па те гледаат попреку мислиш ќе те убијат |( Џабе не рекле, смеењето го продолжува животот, не е само рекла - кажала работата, туку стварно е така, ама оди разбери се... |(
     
    На ozbilnazena, Divinebutterfly, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Во ваквите врнежливи ноќи многу души размислуваат и сонуваат,оние кои имаат некого покрај себе го милуваат,му шепотат на увце дека го сакаат, а осамените - тие само се надеваат на подобро,се гушат во спомените и веруваат во подобри денови.

    Некој никогаш не може да биде задоволен а некој успева да се задоволи со малку,малите деца сега се во кревет со мечињата а родителите мака мачат со проблемите.
    Богатите незнаат уште што да посакаат и да побараат,сиромашните собираат железни парички за парче леб.

    Победниците земаат се,победените чекаат своја шанса.
    Добра ви ноќ !
     
    На antonina, Phyramide, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Зар има уште место во мојот желудник?! Сендвич, бајадера,лимонада и скоро литар Вива ...сето тоа в рок од 3 часа, залудно ми беше неколку дена по 1 саат тресење во Вибра Тоне :D не дека вежбав јас али сепак и тоа е труд. И уште барам низ фиоки некое белисимо да не имам подзаборавено. Зошто ПМС е толку одвратен период и од каде после волја за вежбање.
    Сакам благо,сакам густи сокчиња ,лимонади ,овошни јогуртчиња ,сакам мини шопинг ,се сакам .
    И плус стомакот ме боли.
    И вакви црвени пантолончиња сакам ,исти ама до следниот месец нема ништо ]:)

    Детенцево ми е пресрцкасто :)
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Нормален човек просечно гледа по една епизода од серија, јас за една вечер речиси ја гледам целата сезона.
     
    На Hipster, TeddyGrey и teddybear им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК дека упорноста секогаш се исплати. И најмногу се согласувам со она-кој си бара, ќе си најде... :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Длабоко во сезоната на матурите оваа година после 3 цели години повторно пред палас.
    Времево ужас невиден, врне истура, едни свират, други пеат и се веселат најбезгрижно, други стојат со апратите ви раце, и како папараци те бркаат лево десно, кој каде ќе те фати.
    Стоевме на дождот со дебелиот и од далеку ги набљудувавме.
    И двајцата го имавме тој носталгичен поглед, за минута се вративме 3 години порано, 3 години помлади, полуди, побезгрижни.
    Ме облеа некое убаво чувство, и покрај фактот дека станав жива вода, ми беше топло на душата.
    Колку повеќе стареам, толку поносталгична станувам.
    Едни пискаат ќе им се растурела косата, други ќе го извалкале балскиот(кафанскиот) фустан, трети се веќе длабко во транс, со едното уво влезени в трубите, а со раката во новчаникот.
    Сите среќни и весели, некои полни со интузијазам, некои полни со алкохол.
    Но најубавиот момент од сите, кога еден од "папараците" возбудено дотрча до нас и почна да не слика, за на крај да остане со збунета фаца како тоа не сме матуранти. Yeah, уште сме младолики, па и за матуранти почнаа да не сметаат :emo:
    Се вратив во не толку далечната 2009 кога бев сесема 10та особа. Побезгрижна, послобнодна по спокојна.
    Не дека сега нечинам, далеку од тоа, но видов одраз од себе, now and then.
    Дефинитвно тогаш имаше малку повеќе интузијазам во мене, и жар во моите очи кога зборував или раскажував што тоа сакам да бидам еден ден.
    Сега поинаку ги перцепирам работите, пореално во секој случај, ама со помалку интузиајам него порано.
    Тронка повеќе разум, а помалку занес.
    Now and then.
    И многу е сменето, скоро и ништо да не е исто.
    И чудно ми е, убаво чудно, носталгично.
    [​IMG]
     
    На Lux, antonina, Cynthia и 17 други им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    а упм нека идат сите :devil: се нешто проблеми недоразбирајна,лаги и глупости...сакам да живеам во мир а не со тие глупости...доста веке ми го уништувате животот со секакви глупости...разберете дека не е како што било во вашето време,сега е 21 век а не 19 или незнам кој... :devil: :devil:
     
  12. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ми фали забава бе луѓе умрев дома затворена по цел ден аман више :@
    Ми фали да испаднам викенд со другарки :!:
    имам две другарки али они веќе 2-3 години идат у црква и ко демек црквата им забранила да излегуват викенд |( :fubar:
    ко демек у дискотеки е се грешно :x
    пред тоа излегувавме чат-пат
    али еве 2-3 години не сум испаднала од дома мислам на викенд вака :(
    не сум некоја таква да се пикам да молам да ме дружат
    секој си има свое друшто и не сакаат нови
    ај би испаднала ја со некој 1 - 2 пати али нон стоп нема шанси
    денски по кафичи не одам на кафе од иста причина
    немам друштво си умрев од самотија
    аман до кога вака :@
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Дожд и џезови, мирис на мачки по влезови. Тишина и никакви насоки кон небо, освен од чадорите, нели. Што мораат да покажуваат од каде небото плаче. Со колешка ми си го толкуваме животот, си потплачуваме што можеме, а и што не можеме. Смоки и топла чоколада. Мајлс Дејвис знае како да ти отвори дизна и да те одведе некаде далеку.
    Едвај склопив око денес. Со даде бевме да скенираме неколку фотки од детство, да зачуваме спомен кој почнал веќе да жолтее. Цел ден ашкање по дожд. Пијани улици ко млади матуранти и светла од автомобили што се кршат во рефлексиите на вировите. Има ли и почудно? Имало. Кога сме мислеле дека мај е чист мај а не ноември. Но ако. Си блаботам зошто не можам да работам.
    Сакав да кажам дека владее ужас и неправда насекаде. Мораш само да изголташ или да збудалиш и да најдеш сосема нова страна на светот. Капитализмот те меле ко орев за торта, луѓето се ајкули и волци, шибаат пред себе гледајќи само да згазат нечие достоинство и да бараат невозможни мисии. Ок. Зарем треба да се жалиме и за тоа? Зарем? Смееме ли, ние обичните смртници, што живееме од емоција, глад за нешто духовно? Нееее. Ќе те голтне челуст и ќе си останеш нем. Молк, марш, молк и марш! Тоа сака светот. Дисциплина на роботика!
    Не сакам да живеам така. Не можам. Не сакам. Не смеам. И ќе трчам по сонцето се додека не освестам некои клетки од себе што ќе бидат мали воини и ќе се борат со светот.
    Може ќе биде тоа трчање во круг и трачарење на Екваторот, ама што ако.

    Да се биде Човек денес, за жал не е важно. Тоа е тажно.
    Затоа, ќе си медитирам со очи свртени нагоре. И ќе го љубам него. Ќе сонувам, оти соништата се бесплатни и тераат на Љубов.
    Ви ја праќам мојата медитирачка енергија. Директ од Берово. Простум, зошто така најдобро се гледа светот цел.
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam, Johny, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Саат време маткање низ Чаир (и Топанско кое пак не научив кое е) дур си ја најдам забната ординација и омилениот заболекар. И такси кое не ми го наплатија фини луѓе, не ми ги земаа парите, а ме однесоа дотаму по толку барање, секоја чест. Забите - туто комплето прекрасни, можам да снимам реклама за паста за заби комотно и ко што вика он да конкурирам за Мис :P :lol: јеееј! Излезена од 5, вратена по полноќ. Ама ептен сум среќна, и покрај малите кавги по дома. И нешто сакам да им порачам на некои луѓе: никој не сака да го слуша она што не му одговара, т.е. туѓо мислење што нему не му се допаѓа, но мора да се научи да го прифаќа. Секој си има свое мислење. :!:

    Утре е нов ден, пак динамичен, одам во шопинг. Мора дел од парите од матура да одвојам за гардероба. :hai:
     
    На Elennaa и CIA им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.267
    Него,ви се верува ли дека на пат сум да развијам тенисерски лакт,мајке ми! Само пишувам со десна,со лева се останато (СЕ останато!!!),па така и фен држам... Не се фенирав,се топлев...цела вечер,сега ме боли лактот... Лилиткова работа... Да не се правам интелектуалка,ама од досада испив три чаја и прочитав пола книга,а ако размислам може и ќе ја дочитам ако не заспијам.
    Имам сериозен проблем со дејдриминг и големи планови,убаво чувство во стомакот,како заљубување,ама во животот и она кое сакам и ќе го зграбам.
    Ме викаат на викенд,а јас сум веќе сериозен кандидат за во пензија! Јао што ме мрзи! Дојдов до стадиум кога едвај чекам да дојде викенд да се исперам,да се зачистам,да се изнаспијам,па вечерта да се опијам и во недела мамурно на баботам...
     
    На anuskaNESTLE, Johny, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EuRo

    EuRo Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Сакам да кажам дека...
    Сакам да се запознаам со некоја нова девојка,па заедно да се дружиме во мојот или нејзиниот град.
    Ете така..кој има слободно време и таква желба може да ми пише ЛП..ќе ми биде мило ем драго :)
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Виновна ли сум што сакам само топли зборови и внимание? Виновна ли сум што сакам гушкање, мазење, бакнежи, романтики? За некои сум, за некои е клише..Брееј луѓе, јас си имам и нежна страна позади оваа гордост и инает. Ја откривам кога сакам. И сега кога си фин не чиниш, кога си дрзок па не чиниш. Е па добро ондак да се наштимам, да купам неколку далечинска, да им поделам на сите околу мене по едно па нека ме управуваат како сакаат? Така е нај добро нели?
    Е па на .!.
     
    На Juicy03, Elennaa, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  19. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Е значи сварно имаме добри филмови!
    Искраено попорво би гледала македонски или евентуално српски филм отколку американски!
    Во последно време ме тресе некоја "треска" по македонски филмчиња, што стари што нови.
    Воодушевена што од приказните, што од саундтракот...
    Убаини! :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=jCo5B0YseBc
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    СДК дека сум уморна од животот.. да,звучи многу депресивно знам,но денеска доживеав еден пресврт, една експлозија на душата.Незнам дали некој доживеал да има се во животот да го живее својот сон од раскош и гламур,да патува на места да изгледа демек совршено да е центарот на вниманието...и ај да не звучи ко бајка... да живее еден малку поразличен живот од другите.Најголемата иронија на сето тоа е да се вратиш дома сам и да плачеш како мало дете.Да го молиш Бог да ти даде да се радуваш на една скромна љубов,да студираш како сите други и да се смееш со пријатели кои и безтоа знаат колку вредиш,да те сака некој и кога немаш пари,да ти се јави некој одвреме навреме ете така да те праша како си без да мисли колку многу пријатели,обожаватели,познаници имаш кои сигурно тоа веќе го направиле па ајде нема што и јас да ја замарам.Реалноста е друга драги мои вклучени во мојот живот,јас како и сите други имам недостатоци,имам разочарувања,како и многу други сум осамена но најважно од се сум уморна,уморна од тоа да бидам весела уморна да бидам позитивна,уморна да ги кријам сите тие празнини од внатре и без тоа не ми верувате,секогаш следи она тапкање по рамо ааајде бе ти баш ќе се нервираш,те знаеме ништо не е тоа за тебе ... Тоа е тоа не се компромитирај ти си се што имаш е моето мото...и не не сум јас во ѕвездите вие сте штом уште верувате дека постојат и такви што се таму.Иронија на животот да имаш се е сепак ништо.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.