Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Сдк кажам секоја чест за Калиопи ,многу ми е мило што ја испеа песната на македонски јазик, не претстави во најдобро светло :clap: :clap: :clap: заслужуваме да бидеме финалисти така да се надевам дека следната новост што ке ја прочитам на фемина ќе биде Калиопи и Македонија конечно ќе бидат дел од финалето на евровизија :party: :party: :party: И да доста е веќе да плукаме по нашите изведувачи овој не чинел, тој англиски не знаел ,па неубава песна сме одбрале итн .
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    многу сум срекна што вледовме во финале :$
    браво за Калиопи :clap:
    криво ми е за Хрватска- а навистина супер беа, а мило ми е за Бугарија што не влезе :)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК ретки се добрите луѓе, што сакаат да помогнат.Драго ми е што сеуште ги има :) навистина го ценам и почитувам тоа.А благодарна сум, веќе се знае и кажав :) :hai: Ех, а други што речеси ги познаваш скоро цел живот, ем пријатели, ем не сакаат да помогнат кога треба...само воопшто не треба човек за истите да се нервира, не вредат.Човек кога најмалку очекува нешто, тогаш се случуваат убавите работи :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    СДК дека конечно по долго време сум среќна,ми се оствари еден голем сон,само да не се расипе :) :inlove:
     
    На anabel-a, Divinebutterfly и Yipman2 им се допаѓа ова.
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    А бааги си се подновив денес, од се по нешто, од прслук па се до чевли. А тоа што најмногу ми требаше не најдов :D И после доолгиот напорен ден, следи убавиот момент кога си дома, ја вадиш новокупената гардероба од кеси и ти доаѓа убаво на душичката :D
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Добро бе,овие Кинезиве стварно почнале да градат арки :o

    Иначе СДК интересна ќе е оваа Евровизија :D За два дена пак сите во темата да сте :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Најважно ми е да сум среќна... А штом на другите им е сеедно, и мене ќе ми биде сеедно за нив. :*
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    ,,Кога и да ти притребам за нешто, јави ми се, ама веднаш. Ако ти треба нешто, било што, ама веднаш ѕвони ми. Одма ќе дојдам, одма ќе ти помогнам. Ама знаеш, не ги слушај другите што зборуваат, јас само ти мислам најдобро. Кога некој ќе ти зборува против мене, одма да ми се јавиш и да ми кажеш."

    :^)

    Не бе, татко бе, не ми требаш за ништо. Никогаш не си ми ни требал. Никој не ми зборува за тебе, освен ти и твоите дела, доволни се. НИЕДНАШ, ама ниеднаш во овие мои 18, речиси 19 години, не сум те замолила за ништо. ЗА ебано НИШТО.

    И намерно, да ја тестирам твојата ,,грижа,, и ,,милостивост,, спрема мене, те замолив за ЕДНА услуга. Услуга која се состоеше во одговор од типот ИМАМ/НЕМАМ. Едно бројче да ми пишеше, само тоа. Уствари само префиксот беше битен, него ајде. Знам дека го знаеше, ми имаш и сам кажано. Не е проблем, си се снајдов јас, макар и по дождови, и по олуји, и ми излегоа луѓе во пресрет, ич да не ме мислиш.

    Ако тебе не ти е срам и не те боли што ќерка ти мисли вака за тебе, мене па ич не ми е гајле да зборувам за тоа колку ,,добар,, и ,,грижлив,, татко си ти. Додуша не ни заслужуваш да зборувам. Заслужуваш толку колку што ти ми даде мене - ништо. Зироу, нул, НУЛА. Подоле од нула.

    Ќе си дојде и моето, и твоето во живеачкава, ич да не се секираш. ;) Ќе се однесувам како што ти се однесуваше со твојот родител. За да видиш како боли. Немој да ме мислиш, уште не сум отидена кај дедо на гробот, нема да ти пренесе тоа будалата дека ме видел. Јас си го почитувам и сакам дедо ми, тоа не се искажува со запалена свеќа пред мермерна плоча и врз куп земја. Нее, извини, тоа на друг начин се покажува, и во друго време, кога човек е жив да го види сето тоа.

    Па и јас па со сиот памет се замарам, тејјјјј... :x
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Абе ајде нека се попрај ова времето па... Досадно стана :worried:
    Многу сум среќна што влезе Калиопи, а пееше на македонски. Ич не се надевав јас па... :lol:
    Незнам за вас, ама мене многу ми се бендиса на Португалија песната :wasntme:
     
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    сдк кога нешто искрено и од срце ќе посакаш и веруваш во тоа што го посакуваш тогаш се исполнува јееее во финале сме големо Благодарам до Калиопи за оваа радост и посакувам успех во финалето :clap: ,конечно како во старите добри времиња ќе се собереме со другарките и ќе навиваме ,сега има зошто да го следам финалето на евровизија ,не мора да сме победници ама можеме да бидеме меѓу првите пет директно да се пласираме во финале догодина, да не мора низ исти стресови и нервози да поминуваме пред тв дали ќе влеземе во финале или не епа ајде да прославиме само убави работи да ни се случуваат :party: :party: :party:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто по хаотично од тоа идниот ви свекор да ве начека во пижамите од неговиот син на сред скали, со еден бокал во рака? Да, и тоа ми се случи. И да биде уште по патетична ситуацијата, кога ме праша Како си, само му се изнасмеав во лице, елегантно се сопнав на скалата, истурив половина бокал на тепих, пусто напраив се околу мене и марш у соба шпринт како фурија. Да, не му реков ни добра вечер :emo: , па ја у тој момент да ме прашаше колку години имам не ќе знаев да кажам, а камо ли такви сложени зборови Добра вечер, како е, како животот, како сексот со свекрва ми, дава? Не дава? Штом шеташ во овие доцни часови по куќава не ќе да е на арно :D
    Тоа ми беше елегантен резил, достоинствено со насмевка од шеска до шеска ја напуштив просторијата и уште по достоинствено џоа торнадо се пикнав под ќебе и не дишев активно 25 минути.
    Нема врска, денов ми беше прекрасен. Исполнет. Бев на гости, уживав, ово оно и еве ме дома.
    Кревету, доаѓам! (Испраксирана сум за ненадејно прецизно скокање под ќебе)
    Аривидерчи!
     
    На Buttterfly, mims-89, Alegriaa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Добро значи сфативме дека Калиопи е во финале, не мора статуси на фб -.- прво ја брукавте сите, а сега ја сакате абе мрш таму
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. duduk

    duduk Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Да прашам нешто општо луѓето? :D Кога ќе прекинете да јебете со таа глупа фора што му ја украдовте на Кили? Глупа ја викам зашто ми скурчи од секој втор да ја слушам низ Скопје. XD Глупи луѓе, фејкери, копирачи, крадци.
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Нема повеќе да јадам олку касно, нема повеќе да јадам олку касно, нема повеќе да јадам олку касно, нема повеќе да јадам олку касно... :talk:
     
    На Divinebutterfly, Annie.mk1, stylishh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК денес сум ранобудец!Од 8 седам на компјутерот и барам нешто за денешнава писмена,ама си немам поима :D
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Добро утро Македонијо,добро утро верна дружино,добро утро Фемино !

    Го гледам времето надвор и си мислам,немој пак да ми направиш проблеми,ама ете го ми покажува заби.
    Си имам планови за денес ама кој знае дали се ќе излезе по планот,треба многу кафиња да се испијат.
    Ете така колку да куцнам нешто.
    Ајде станувајте спанки :hai:
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    СДК дека изгледа направивме некоја грешка во темата Постојано се кара !!! или мене така ми се чини ??? Некако почна да ме јаде јанза :x
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.174
    Пол:
    Женски
    Кратко е времето до први јули, а мора толку работи да се средат... се надевам дека ќе успееме најважното да го средиме на време... а за другото - цело лето ни е на располагање...
    Кога само ќе помислам дека најмалку три месеци ќе бидеме разделени со љубовта... уф... не сакам ни да мислам како ќе биде... не е првпат, ама не можам да се навикнам никако, сè потешко и потешко ми паѓа секое патување. Никаков скајп, чет, телефон, видео повик - ништо не може да ја надомести празнината од физичкото отсуство. Сепак, мора така да биде, ќе помине и тој период...
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ехеее, чекај. Ќе прекинеме, кога ќе се појави нова будала со нова фора ;)

    Такви сме ти ние. А нешто е ин, сите чопоративно ко секташи си одиме со бранот кој не носи.
    Ми текнува кога почнаа да се отвараат првите трговски во Скопје. Освен ГТЦ нели. Мислам дека прв таков беше оној во Капиштец. И сите идевме на шопинг таму. Братучетка ми ми се јавуваше - ај дојди ќе искачаме кај нас у трговски. Оно не можеш да се разминеш.
    Потоа се отвори Бисер веројатно, не знам хронолошки како идеше тоа, ама знам дека шема беше да те видат у кафич у Бисер. Или во оној другион исто во Аеродром :emo:
    Да не праам муабет што се случи кога го отворија Беверли. Спа и оној кафичот на Дарко панчев, аууу! Шема!
    Кај ќе искачаме вечер бе? Седи мирен, ја идам у Беверли :emo: :D
    И после го напраија трговскиот у Топаанско. И таму искачавме, на бурек и крем крофна :D И зашто бе не стана толку популарен бе па бе па?! ;(
    Нејсе, јас и така и така се собирав со мирцерите на клупите кај Лондон. Евентуално на коцка која веќе ја нема :(

    Така и со фразиве. Прво беше работава гељди гељди пролече и сите бевме за тате, а се лапавме у Манда два пути, у Булевар само еднаш, работава - немој не ме радуј, сите ги сунчавме мало кокошките, бевме сигурни во се 102,9% и закажувавме средби во пет минути поминуење после полноќ, па кога ќе огладневме нарачувавме хот дог со пЉескавица само, немој да ми ставаш буЊаковец еј! ризик јак, мила душа, ето ти го Дунав, и ако решиш да идеш на пастрмајлија у Велес, далеко е богами далеко, ако одеш пешки, и глеј да не си напраиш сам себе го убијал, за на крај да молиш никој, ама никој да не те је*е! Врти сучи, тоа ти е Македонче :) Летово сум спремна. Крем салонка, минт лак и искинат шорц, је бејбе! На лево круг!
    А и не е битно, битно, како што рече Спаркс, знаеме од се срце да се радуваме.

    Е тоа е, моментот! А јас сркам веќе изладено турско со млеко и тоа со цевче, внимавајќи талогот да не ми залета у грло. Ху баба ху! Петок е. И баш е фино кога е петок.
     
    На la-chicka, AIT и green.eyes им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.896
    Која Милка,кое Нестле ,Бајадера само Блок Чоколадо :mm:
    [​IMG]
    Чувството кога ќе ја изедеш сама,не е баш убаво :$ Грижа на совест и мисла дали ќе ме собере фустанот,да не има некој инцидент :lol:
    Ама убава е па :wasntme:
     
    На Neytiri, Buttterfly, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.