Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Пу, пу, пу да не се заречам, ама коцките една по една се редат на место.
    Овај, некогаш се растураат ама потоа набрзина си се местат онака како што биле предходно. Понекогаш по растурањето се појавува и уште една коцка, која е доволен доказ за да знам дека работите одат по блага нагорна линија.

    Тогашниот пост .. сметајте дека не сум го напишала. Фала Богу, околу тоа се среди сè. Се надевам дека никогаш нема да се случи тоа повторно, таа тема веќе еднаш да се затвори.

    Второто најважно – најмилата братучетка во секој момент треба да се породи! ^_^
    Како што кажаа, ќе биде машко. Ајде, редно е едно машко бебче да имаме во фамилијава, смачено ни е на сите од женски. Сè што сакам е на тетин да го додржи здравјето, да си го види своето внуче ..
    Едвај чекам да дојдат и таа, и бебушот, и внука ми, и сестра ми .. или јас да отидам таму и сите да не ги испуштам од прегратка.
    Многу се, ама ќе успеам!

    Таа има нова љубов. И лета ли лета, можеби и погоре од на 7 небо е. Нека продолжи така, бидејќи се заслужуваат. Тој и неговата добрина, таа и нејзината налудничавост. Само додека е таму горе да има среќа и сите зли нешта да ја избегнат.

    Јас со херпес на устава од пустите нервози си барам работа за летово. Ај да имам среќа и да најдам .. стварно ќе ми треба. Парички треба да си соберам.
    Екскурзија ме чека, да. :nod:

    И за крај да си кажам дека тешко ми оди преточувањето на мисливе и чувствава во зборови .. затоа тука ќе престанам.
    Останете ми во добро расположение и уживајте, и иако сонцево не е тука, вие грејте ги љубените. :sun:
    http://www.youtube.com/watch?v=M3OTNgtXtOI
     
    На bittersweet, teddybear, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Правам фатални грешки :x
    Моментално имам желба за бесење,давење,труење,убивање и сл. работи ..
    ебати животот :tmi:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Вчера се утепав плачејќи за мајка ми. Многу ми падна тешко, јас не знаев дека до толку била работата. И подвикнав малку на свадбата и сега ми е тродупло потешко. Па се обидувам да се искупам, се слушаме постојано, беа на ручек, одам таму, не повишувам глас само, се што ќе добие жената од мене ќе биде само љубов.


    Него, сакав нешто да споделам, ама ништо, го кажав веќе во реалниот свет, па ќе ми остане во душичката. :lol:

    И стварно човече, читам во коментарите на статијата за Калиопи во финалето, пишала некоја дека е украден текстот од сител. И отворам на сител, текстот ист, од А до Ш, толку ли не можат еден текст да напишат, па од фемина најдоа да крадат? Идиотизам бре, ама па од сител и не може да се очекува многу.
    Ѓубре(да употребам наш израз)од телевизија.
     
    На antonina, cinderella5, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Пријател сподели твит со мене. Не знам дали ќе се пронајде некоја,а и да се пронајде или ако пронајде некоја,кажете и дека заедничка констатација ни беше... нечовек. Да напоменам,поим немам за која личност се работи,а да имав ќе ја именував.

    Да парафразирам... Луѓето што купуваат екомер,можеби и заслужуваат да умрат.

    Сакам да ја прашам сестрава дали видела мака во животот? Дали некогаш некого изгубила?! Дали некогаш имала проблем со вољата и верата( и при тоа не мислам на некаков бог)?! Како живее со себе?!
    Твитер е дувло на секакви одвратни,лигави,искомплексирани гадинки. Место каде секаков внатрешен гнев се претвора во вербално ѓубре.
    Духовитоста и смислата за хумор имаат граница на добар вкус. Ова не е вкусно,ова не е ни смешно,ниту е саркастично,ова е врвна идиотштина.
    На какво место луѓето си ги билдаат егата,бројот на ретвитања. Па ќе си речам за навек, никогаш квантитетот нема да го надмине квалитетот. Слободата на говор и изразување е убава работа,ми помага да си ги утврдам стереотипите без срам, да ги разводенам генерализациите, да знам што не сакам и пред се да знам од кого да се чувам и кого да погледнам попреку и да речам фала курцу што не сум ваков идиот.
    Од вакви губам надеж дека светот е добро место за живеење...Ах да...врхунско лицемерие од друга страна е тоа што ве толчи драги луѓе.
    Не бидете така,ве молам оправете се.
     
    На Neytiri, Shelea, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК пак дожд |( |( Аман веќе!!И така сум на крај со живциве па мора и ова никакво време да го трпам :tmi: :|
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    4.875
    Иронија е кога ја читаш темата "(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат" а во рака имаш пица... како мене во моментов.

    Ужасна сум, ништо од слабеењето мое.
     
    На mims-89, Elennaa, fashionista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И она кога си доаѓаш дома, со умор од убавини.
    Одиш во неговиот град и случјано го среќаваш. Дождец врне и се смеете ко зелени, не се криете оставаш нека ве потопи. Го сакам и дождот и него. Ме имаше по вебови и весници во Србија поточно Ниш. Се зеза со мене дека окупирам. Да окупирам и неговото срце, и светот. Запознав многу луѓе, многу приказни многу искуства. Се изнаплакав. Не можеш да останеш рамнодушен на човечка загуба. Колку само херои постојат во светот ама никој не ги препознава.
    Животов ми дарува без да барам. И грабам зошто знма дека утре ќе ме нема. Задоволна сум од себе. Уморна ама задоволна.
    И утре нов ден, Јас и Таа едно..
     
    На antonina, kravce, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога си договорил излегување а те фаќа таква мрза што ти иде да фатиш правец кон креветот... :wasntme:
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Шо убаво кога цел ден ќе ти помине а ти уште си насмевнат. Сабајле од 6:30 до сега скоро 22:30 не сум се намуртила, пу,пу. Од шеска до шеска да бидете оцерени толку време, можеби и не е на арно, а? Абе како и да е, бев после милион години кај братучедка ми на гости, го играв малиот, се послејавме со неа, ми даде едно фустанче шо мнооогу ми се свиѓа, ах, само да се стопли времево ќе го силувам од носење. Друго, денес правевме тест граѓанско, како што кажав ништо не знаев, ама ете добра наставничка, ми потпомогна. Италијански и биологија имавме „настани ливчиња“ и тоа 5 минути пред да звони со по 10 прашања, ма иди реши ги. Си купив ролери, ги возев и нозете ми отекоа, и се утепав де. Ама не сум јас виновна, улиците ни се ископани и се со камења, лле газот уште ме боли. Собата ми е хаос, алиштата сите се извадени, де мојте де на брат ми, ма урнабес.
    Ајде отидов јас да ги забуталав мојте во шкав, на брат ми на неговиот кревет. :*
     
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Неможам, неможам, неможам !
    Неможам да излегувам со личност која само себеси се цени, која само себеси се смета за убава, која само себе се слуша, која само себе си верува, која мисли дека сите нејзе ја сакаат, која мисли дека е најубава во град и сите покрај нејзе сме грди и никој не не сака, која мисли дека таа е ѕведата на се, која се преценува, која зборува само она, која не почитува мислење, која не ти верува, која лаже !
    И кога сето ова го препрочитав, сфатив колку сум била во заблуда, колку слепо сум и верувала на личност која неможам да ја поднесам, која има карактер каков што неможам да поднесам !

    Друго што неможам да сфатам е, како сите сакаат искреност и да им кажеш се во лице, но кога ќе го направиш тоа, се лутат, те мразат, менуваат однос ..
    Ако ти изгледа толку лесно во прв чекор, да кажеш, не значи дека е лесно да се прифати ! Тоа чувство е ужасно, но е подобро од тоа да те лаже некој постојано.
    Како потоа ти префрлаат дека си лоша личност и не ги почитуваш нивните чувства кога тие тебе воопшто не те почитувале !

    Викаат пријателството се гради врз искреност, верување и почит, верувам и јас, но ова некој сеуште го нема слушнато.
    Најлошо од се е кога веруваш, сакаш, се надеваш - ПРЕМНОГУ. После ПРЕМНОГУ боли !
    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ех Марфи,Марфи........кога би бил жив и некако би ја дознал мојата последна контрадикторна постапка,најверојатно би се самоубил.
    Можеби вакво е времево за конечно да ме научи како правилно се користи чадор,секогаш последна ми текнува дека преврнало па треба да се затвори...Денеска сакав да пробам едни панталони во продавница.Само што тргнав кон соблекувалната кога еден случаен поглед во огледало ме погоди со некоја нарцисоидна стрела во мојов,инаку многу самокритичен мозок.Стварно не сум знаела дека фармерките толку добро ми стојат.Може беше до огледалото или светлото,или...море нема врска,важно не ми беше до пробување ништо.И ги вратив фино лепо панталоните на продавачката и со игнорирање на нејзиниот зачуден поглед и возвишени чувства ја напуштив продавницата.Во нормални околности и јас не би се сама себе разумела.
    Правам неколку чекори и оп,пред мене комшивката со швалерот.И ова не би било чудно доколку женава не е педесетгодишна и мајка на моја другарка.Само да видевте како се збуни,небаре тинејџерка е,а нејзината реакција и мене ме деконцентрираше така што воопшто не можев да го разгледам швалерот.Од она малку што го видов ,беше претерано стар.А таа,се разбира дека се направи како да не ме виде иако беше на два чекори од мене.
    Главава ме боли,шмукам Септолете и ми се спие...Се надевам дека ако сонувам нешто,нема да биде со мотиви од горенаведенава тематика. :^)
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Месечно минувам по 3500км. Која глупост. Да можам сите тие километри да ги заменам со време поминато со најмилите, а не по патишта, би била пресреќна. Вози ваму, вози таму, таксиња, автобуси. Исти луѓе, исти релации, секој со својата судбина.
    Чуден е животот. Непредвидлив. Тежок.
    Затоа е убав.

    http://www.youtube.com/watch?v=YTHmKtkc10k
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Морам ли да сум олку смотана, се зареков во претходниот пост. Абе Памела, Памела. Одма се растажив кога ја слушнав песната http://www.youtube.com/watch?v=6lPobbQI ... re=related, и мораше ли и таа солза да ми потече, а? Еј, веќе кога сум среќна за мене ќе си бидам, не ви се фалам олку многу.
     
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Нешколувани, прости глумат VIP.....
     
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК прв пат у живот олку да сум подувана коа имам добиено. Ова ми се нема случено ни у најбољим годинама :D
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Еднаш, кога бев тажна кученцето на баба ми ме гледаше чиниш ќе заплаче со мене. Кога се наведнав си го гушнав силно а тоа па почна да ме лиже на раката како да сакаше да ме смири. Не се мрдна од покрај мене, додека ги држев солзите на трепките. Толку топло чувство од едно беспомошно животинче, па луѓе солзи да ти дојдат само да помислиш на тоа. Сакам кученца. Сакам да си имам едно дома, и секогаш кога ми е тешко да си го гушкам, да ме задева да си играме..
    Сум имала до сега 2-3 кученца ама надвор сум им правела куќичка. Овој пат ќе ми биде внатре до мене постојано![​IMG]

    A за сите љубители на мачки, еве едно сличе. Ја мачки многу многу не! :D
    [​IMG]
     
    На kate21, Justice, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Едно враќање во Македонија, неполни 24 часа од кога сум тука и одма си се нафукав ракија у домашни услови и тоа. И шта да вам причам? Се разлигавив, си се расцмиздрив, коо и секогаш кога си пијам сама. Слушајќи лигави песни почнав да се прашувам :

    Што ќе содржи последниот оброк што ќе го изедам? Кој ќе биде последниот датум што ќе го согледам? Која ќе биде последната работа на која ќе се расплачам? Која ќе биде последната работа на која ќе се насмеам? Кој ќе биде последниот човек што ќе го запознаам? Кој ќе биде последниот човек што нема да сакам да го видам повеќе? Кога последен пат ќе си ја исчешлам косата? Кој ќе биде мојот последен збор?

    И така зборовите се одамна мртва работа, доста дрдорам, немам некоја поента, ама ми е нешто мачно на душичкава..

    http://www.youtube.com/watch?v=hXe1jpHPnUs

    песнава натинг прсонал, само така, секогаш добро иде сос ракија... На здравје.
     
    На Shelea и L-enna им се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Сакам да кажам ЗАЉУБЕНА СУМ!!!!!!!!!!
    Барем проценувајќи по насмевкава која не можам да ја симнам од лице :)
     
    На smiley-94, anabel-a, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мајка ми ме прашува како се чувствувам, а јас замислена и велам ЧУВСТВИТЕЛНО !
    Каков малер сум бе..

    Морам да ви ја кажам мојата блиска средба со една бубачка, умрена цела, што мислеше дека ќе ме изманипулира.
    * Си седам јас на компјутер, си гледам некои сликички и кога пред мене прошетува една бубачка, со сигурно 10 нозе, и мислам дека се движеше пребрзо на час. Ај си велам, ми се причинило. Кога, паметната, еве ја иде на кај мене.
    Станувам, земам две тетратки и и зборувам, дека убаво од нејзина страна што дошла да ми направи друштво, но несакам денес, а посебно не од неа.
    Траааас ! Како сум ја залепила брате.. :wasntme:
    Заврши прекрасна приказна на една не толку добра бубачка, која сигурна не знаела дека ќе умре денес.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    4.875
    Сакате да ви кажам кога ќе знаете дека сте многу многу МНОГУ мрзливи? ...
    Кога им се радувате на откажани планови. Немам волја да се мрднам од местово а не пак да се спремам или ТУРКАМ по кафичиве....

    NO THANKS! - NO WAY JOSE!
     
    На anabel-a, Miss.Ricci и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.