Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мене денес ми е нова година :lol:
    Еден куп одлуки донесов, решенија, планови, абе шта да ви причам кад све знате :D
    Пу пу да не се урочам и да не слушне марфи, нека потраат убавиниве. :angel:
    Сакам кога се е подредено како што сакам, буквално онака како што сум си го зацртала до најмал детал, аххх :emo:

    И сакам да кажам една паметна реченица, што прееска и ја кажав на една мила девојчица, а не знам кај сум ја видела, гласи:

    Една од најголемите вистини во светот е дека мажите се глупави а жените се луди. Мажите се глупави од проста причина што жените се луди. :bandit: абе ајдееее, ама замислете ова е вистина ама навистина, и ич не ми е гајле, деновиве баш си се сакам што сум женско лудо створење :D

    Цветче бе :f:

    Мислам дека е време да си легнам :D
     
    На LilBaby, Neytiri, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Би рекла па и не мораш...
    Ама правилото се потврдува секогаш,затоа луѓето не заслужуваат близина. Порадо ќе ти се радуваат кога си им подалечен,него ли поблизок...
    Денес ќе си речам само благодарам.
    А рака на срце...немам време за лицемерие. А со суети,не сакам да се борам.
    Кога сакаш да се убедиш дека некој не е злобен... само затоа што зборел за таквите.
    Не знам до кога наивно ќе оправдувам постапки...
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Овие два дена,прекрасни. :)
    Одлично помина матурата на сестра ми,баш се почувствував убаво,конечно после долго време.
    И блискав едноставно...од секаде комплименти ми делеа и тоа така позитивно делуваше на мене,ќе полетав од среќа. :D
    А денес бев загрижена за моето здравје,но длабоко во себе верував дека се ќе биде во ред и така и испадна.На снимките од ехо се покажа дека моите сомневања за нешто лошо не се точни. :)
     
    На srcekrsacka, anabel-a и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    моментов се наближуе онака неосетно ...

    Охх ајде бре собирам храброст онака пополека вдишувааааам ама длабоко и издишувам и си го бодрам секој атом од мој мозок дека треба да го направам чекорот и да пишам на личноста околу соработка...

    Охх се надевам само нема да бидам погрешно протолкувана и сфатена и све остало. Ахх нека Љубовта моја ми го осветли патот.
    барем ке знам, ако биде нешто од све ова е за добро, ако не пак е за добро ...
    нели, идам по тоа дека се се дешава за причина .. Па да вииме ....

    Ајде со Љубовта моја напред ... Па шта буде нека буде ...

    :*
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК животот е енигма, понекогаш мислиме дека знаеме многу за него, а всушност не е така, но и тоа што го знаеме е малце за истиот да го опишеме со зборови, па дури и јас незнам многу за истиот, иако имам некакво гледиште за него во глобала.Понекогаш мислам дека ние само ја одигруваме улогата во животов, всушност она што сме ние самите, нешто што мораме да го направиме, мисија.Некогаш исти работи ни се случуваат кај сите нас, само на различен начин, па затоа и знаеме да се разбираме едни меѓу други, да си помогнеме.Човек ако прави лошо некому, не добива,туку губи од старт.Незнам која е филозофијата ако се направи нешто лошо некому, дека во истото има некаква убавина :^) ич не разбирам и да ми нацрта човек, џабе :D Во вакви моменти ми текнува на Тоше, зошто сите го сакаа, затоа што тој нив ги сакаше и помагаше, би требало да се подзамисли човек околу ова.Само ете таков е животот, на моменти знаеме и сме свесни за истово ова што го кажувам, а потоа едноставно забораваме и продолжуваме по своето, водејки се по своите желби, амбиции итн.Можеби и така треба, штознам...

    Шо убаво филозофирам во 2 ноќе :D :wasntme: Ме пукна главата и сега ќе филозофирам :talk: :talk:

    Ете така, адиосито :hai:
     
    На srcekrsacka, Divinebutterfly и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Ај ќе си се исповедам овде. Има тема за љубовта, ама јас и ти не сме за таму.
    Разочарана сум. Многу, многу сум разочарана. На памет не ми доаѓа ни една доволно добра причина за твојата нагла промена. Се осеќам искористено. Едвај чекаше, дочека, и на крај??? Беше убаво, имаше емоции, и од моја и од твоја страна. Имаше и убави зборови, ветувања.... за да на крај потпаднеш под влијание на некој кој, со извинување, не знае носот да си го избрише уште. Криво ми е што сега ќе немаме никаква комуникација. Јас немам никакви проблеми, ти си тој кој испаничи и побрза да ги послушаш пријателите пред да се послушаш самиот себе. Незнам зошо воопшто ме изненадува ова. Ги имаш годините за да размислуваш самостојно, ама очигледно го немаш паметот. Единствено што ме теши во оваа ситуација е дека кругот се врти. А тоа најдобро го знам и јас самата.
    И дај ајде некако тргни ми се од тоа квадратчето на фејсбук, ме иритираш.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу почитувам луѓе што учат, се образуваат, ствараат темел на знаење и постепено го надоградуваат, па стварно и не е секој за тоа. Знаењето е богатство, ако не за некогаш и негде да ти затреба, за себе и за своите перцепции кон околинава и светов ќе ти помогне. Не за џабе е гимнастика на мозокот, развој, инаку закржлавен ќе си остане. И не за џабе е секој со свои ставови. А сигурно ќе ти треба, дури и најнепотребните работи што ти останале во некоја мозочна клетка за нешто ќе ги искористиш може и несвесно некогаш... е тоа вреди. Образуван човек е човек со широки погледи, со кого вреди да поразговараш, да размениш мислења, едноставно да посакаш да дознаеш се што знае. А убаво е наместо да прашуваш постојано некој да ти дава одговор, сам одговорот да извира од тебе.
     
    На srcekrsacka и AmericanWoman им се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Зошто сум толку голем морон??? Зошто немам храброст самостојно се да решам? Зошто се плашам сама да тргнам и да чекорам и никогаш да не се завратам да видам што оставам? Очајно ми треба сила и храброст...
     
    На kate-the-great и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Да се биде или не, прашање e сега! :lol: :lol: :lol:
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.896
    Тивко утро,свеж воздух низ прозорeц,кафе и плазма доволно за енергија за цел ден :)
    Списоци еден куп,од кој попрво да се почне.Мислев дека горе долу се е спремно,ама некој беше во право кога ми рече ситниците го одземаат најголемиот дел од времето!
    Звукот на врапчињата,мирната скопска улица ме навраќаат на дома,кога секое утро се будев во тишина проследена со убава песна од птиците.
    Ви посакувам убав саботен ден и наздравје кафе :coffee:
     
    На LilBaby, marama, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Чевли спремни!
    Фустан спремен!
    Накит спремен!
    Чанта спремна!
    Вечер ми е апсолвентска. Утре чекајте слика :wasntme:

    СДК дека синоќа си поминав многу убаво. Иако не беше ради романтика ама убаво беше заедничкото одење под чадор на дождот, убаво!

    Имајте убав ден :)
     
    На teddybear, Strumfeta93, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Со точак и чадор кон Иднината! Баш така...

    Дождов никако да ми го смени правецот на ветерот. Носи убаво време. Одам напред и дишам слободно иако ме загрижуваат баналности. Тонам во мирисот на свежо испрана постелнина и му ги впивам сеќавањата на нашиот јорган. Сум почнала да зборувам и да се обраќам со Ние, Нас. Множината ми го прави светот.
    Ќе одам после да ги пробам чевличињата што ми ги купил. Се срамам од неговата претерана грижа, да. Како некоја средношколка. А ми годи и ме прави да го чувам како бисер во школка. И пак убивам со римиве.

    Сонцето е како портокал џитнат во коктел! Се бори со ладните коцки мраз, или во случајов облачиња. Ќе го истераме. Убави луѓе вчера на збиранката. Кратко гушкање и поитав кај женичкиве. Со нив ми е мирна главата и срцето на еден сосема интимен начин. Вербата во другарството ми ја враќаат. Зборовите им се одмерени, уморни. Сите работиме, се наоѓаме на пола пат. Си мекнееме како вишни во пита.
    Утрово се испра во чистота.
    Добив официјален меил со известувањето за корицата. Еве ја:


    Ана ќе ја има со шешир во ќошот, ко што би рекол Давор, со супербренд! :lol:

    Мирувам. Целосно.

    Одам да го освојам својот свет. А вие слободно уживајте во вашите и не муртете челца. Погледнете горе, има што да се види.
    Цувки!
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, LilBaby, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    :yawn: :yawn: :yawn:
     

    Прикачени фајлови:

  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    СДК дождов психички ме истошти ,неможам веќе да го поднесам а викаат дека ќе врне се до следната среда :(
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    40.761
    Пол:
    Женски
    СДК што се нема да види денес Човек
    МаЧка со ланец на врат :!: плус комшиката ја носи на
    моЧкање
    упс :|
    без зборови
    не е хумано за маЧето ...

    Свашта на денешницава

    него денес убав сонЧев ден создаден за пикник некаде во природа
    :D :D :D
    Имајте и вие убав и прекрасен викенд
    [​IMG]
     
  16. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    И повторно врнежливо и студено утро...Па аман веќе до кога вака?!

    marama нека ти е среќна апсолвентската, ти посакувам најубаво да си поминеш и да знаеш со нетрпение ја очекуваме твојата слика во модни критики. :!:
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    6.638
    Е јас сум ви пример дека човек колку и да пека по нешто, потајно да го посакува, во моментот кога ќе го добие ќе се израдува кратко време и после веќе не му е важно, сеедно му е.. Работава кај мене е сеуште незнам што имам додека не го изгубам.
    Поминав месец дена без него. Првите денови се осеќав тапа, незнаев на каде едноставно, не ми се учеше, се сменив, не ни помислував повторно на боксот иако одамна веќе не одев на тренинзи.. И кукав на другарка ми, смири ме ,ама покрај сите обиди џабе беше се. Си мислев готово, расчистено е со нас двајца. Најдов друг да 'сакам' ,барем така мислев јас. И тоа по неполна недела, леле. Го знаев од порано, ми се допаѓаше и порано, се обидов кај него ,не сакаше и одговорот секако ме скрши.. А уште не бев ни залечена од претходниот. Иако јас тоа не го знаев. И ајде, мислев дека сосем сум го заборавила првиот, барем не ме болеше веќе..
    И пред неколку дена, тој ми пиша -јас си помислив,сосема беспотребно. Колку да ме надразнува. И вчера, по убаво поминатата вечер бев добро расположена па си реков ајде ќе му пишам, онака пријателски.. И од пријателска, конверзацијата се разви во нешто сосем друго. Ме викна да излеземе, чисто онака и јас прифатив а во памет ми беа сите слики кога бевме заедно, си реков веќе никогаш нема да ме прегрне така, да ме бакне, да ме држи за рака.. Се смрачив. Но, ме зачуди. Ме зачуди колку беше искрен и какви работи ми изнакажа, сепак не сакам да ги изнесувам тука, но јас сеуште не бев сигурна.. Ми рече дека е мое, но дека ќе ми вети. Но мразам ветувања и му реков немој, никогаш не се знае.. И добро, можеби пребрзо му попуштив но се смиривме.
    Бев среќна, пресреќна,летав! Неможев да заспијам цела ноќ. Сакав да ви кажам во 4 саат сабајле, да ви пишам.. ама викам ајде, спиј треба да стануваш сабајле, не се глупирај!
    Ама толку од јаките емоции. Сега како да ми е сеедно, колеблива сум, си викам ама што со претходниот, требаше да му пишеш, ти можеби и не го сакаш овој првиот.. Уф, незнам на што сум ..
    Ама чувствувам дека овој ќе ми ја даде потребната сила да се изборам со се околу мене, и ќе ме мотивира повторно да одам на тренинг, некако како повторно да го засакав боксот заради него..Ух. За разлика од тој вториот, што немаше ништо да ми даде.

    Е ај, сега. Незнам ни јас самата. Да се биде или не. Прашање е сега.
     
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Најодвратно чувство е кога знаеш што сакаш,се ти е зацртано и замислено,а незнаеш од каде да почнеш да остваруваш и реализираш. :|
     
    На FlameFairy и Yipman2 им се допаѓа ова.
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Непроценливи ми се овие саботни утра во кои во кујна наидувам на симит со јогуртче, убаво сервирани во послужавник на кој има и жолто лепливо ливче со пораче за добро утро и една цигара од страна затоашто сум вечен гребатор од мајка ми. Ох, Боже, колку ја сакам! Цел живот ќе ја пазам, давам збор! :nod:
    Дупло ќе и вратам, затоашто заслужува.

    Мајка...
     
    На teddybear, Shelea, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Не е важно што и кого си имал низ животот - важно е со што можеш да се пофалиш сега !

    Не е важно кој што ти ветил,од ветеното не се живее,важно е кој што исполнил.
    Денов тмурен,а мене ме чекаат обврски еден куп. Ми се мирува,ми се вдишува позитивна енергија, ми се живее.
    Не е важно колку пати си плачел кога ќе дојде моментот на среќата! А јас само неа ја чекам..

    п.с Марамка ти посакувам најубав помин вечерва ( не кажувам да биди најубава,бидејќи тоа веќе го знам)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.