Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Ле-ле,некоја кога ќе изјави денес се осеќам секси и убаво,па се подзанесува и станува бичи,ја гледам и си се смеам у себе,па си сакам од нејзината дрога и огледало, па после ќе ми текне дека некад и јас така се осеќам (со тоа што не станувам бичи,бичи сум и без причина некад :lol: ),си викам сигурно и јас така изгледам,ќути си Лилит... :D
    Абе оно сите имаме право на истото,фино е да си пронајдеш нешто на себе кое ќе те одржува надвор од патња и комлекси,ама...некад самите си претеруваме.
    Јас ипак мислам можев да испаднам боље ако моите се потруделе и не штеделе на гени! :D
    Денес не знам како се осеќам,не сум се погледнала у огледало уште,у пижами си пијам кафе.
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на денешен ден се случи тоа
    доживеам ШОК, и тоа малку панатаму од мојот дом, кога на улица видов бела мачка мртва си седи на тротоарот(а мајка ми видела и ништо не ми кажала :fubar: :devil:) не ме ни чуди, мртви луге каде не наогаат(лешеви) а камоли животинчиња, па затоа ако можав да се зачленам во некое здружение за заштита на животните супер, и да веке не сакам да живеам во државава-многу пати сум го кажала тоа, ама ова е веке последниотНЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ -а тоа дека се почесто и живи луге исчезнуваат тоа е друга приказна
    а во мегу време и нови статуи никнуваат-сега и златести(во Жена парк) :|
    а мајка ми уште маани ми наога-сум имала флеки на лицето-па со кои пари да одам на третман секој месец :fubar: размисли малку што зборуваш
     
  3. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Е нема си шо

    ( аногу ли се лигавам)
     
  4. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    СДК не ми се излева надвор со малите деца...Што убаво вака дома пред пц.Ајде да излезам во град со другарките е океј али ова....Застанале пред врата 20 души и ајде надвор криенка да играме па несум јас 5 годинии пораснете ејјјј
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А кога ќе пораснеш тогаш ќе викаш , ејјј дај веќе неможам од овие обврски .... каде се времињата кога играв криенка со дечињата

    :!: :!:


    Edit*

    Јас све би дал да го заменам овој глуп факултет и обврски и да си играм со колички и криенки и чуда...
     
    На kravce, stylishh, Mrs.Cuper и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Дали ова беше лажна надеж .. !? :doh:
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kолку у да си ги сакаме домашните миленици, мора да се признае дека се серка некад :D .
    Cи легнувам јас да си спијам, и оваа досаднава доаѓа подмукло да види дали спијам, па ќе ми залае на увце, демек ме буди. :^)
    A јас уште поподмукло се преправам дека спијам ]:)
     

    Прикачени фајлови:

    • lied.gif
      lied.gif
      Големина на фајлот:
      931,1 KB
      Прегледи:
      247
    • GTFO-Meme-Rage-Face.png
      GTFO-Meme-Rage-Face.png
      Големина на фајлот:
      23,8 KB
      Прегледи:
      247
    На kravce, stylishh, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Значи колку се безобразни дечиштава станати, немам коментар. :devil:
    Да почнеме од самиот почеток.
    Од сестра ми.

    А, бе, јас на нејзини години кога си го кажував името, не ме дослушуваа, се губеа крајните НАааааааа мислам, ало! :^) Јесте дека девојчето пред некои што првпат ги гледа е мирно, ама кога ја гледам како беснее со другачките од школо и од маало, ми се дига косата нагоре. Контрола да се немало, што се не и забранија моиве, овоа детиштево МАКА нема. Ама знаете што се вика тоа, мака нема. Гајле и е. Не одела на факултет, кога ја карам дека не учи и не чита (чисто споредбено, на нејзини години Хари Потер го читав, олкави томови |( ) ми вика дека ќе станела продавачка и гајле и било за школото. :o

    Одам сега во Космо да си барам пудра, и се избацуваат две детишта пред нас. НИЕ САКАМЕ ПУДРО ДА СИ КУПИМЕ!!!!! Добро девојче, сакај да си купиш, биди културна, добар ден, вака и така. Се дереше на високи децибели демек од една на друга страна на Вардаров се довикуваа со продавачката. Со другарка ми не можевме да се изначудиме колку се некултурни. Па почна да тарашка, да отвора кутичиња, а рака на срце, имаше тестери од сите пудри. И на крај кога тргна да плаќа, и викна на продавачката, ЧЕКАЈ МА; И КАРТИЧКА ИМАМ!!!. Ако ви се верува ми идеше да ја повлечам за коса, па никогаш во живот на никој не сум му се обратила така. :x

    Минам кај мене пред улица, земаа да ме маваат со топката и со камчиња по мене. АЛО! :swear: А што е што, потомци на еден ајде да го речеме, истакнат граѓанин од Велес, и плоча имаат на куќата дури ставено. Битно понекултурни дечишта немам видено, калливи, неприбрани дома.

    Чисто споредбено, братучеди што имам од странство, на иста возраст со детиштево дома, се толку мирни, фини и културни, се обраќаат со Молам, Благодарам, Извини... Чудо некое. Ќе речеш деца ко деца, епа не се бе. :^) А сестра ми како на мегафон да е приклучена, никогаш ја немам слушнато да рече те молам. |(

    Каде со овој памет, кадеееееее :fubar:
     
    На Micheleljubov, GarpovaV, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  9. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Незнаев кај да пишам ама може некој да ми го прати тоа видеото што е отстрането поради вознемирувачка содржина?

    Се извинувам за офф.
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ Tоа е причината зашто Mразам деца :tmi: децомразач сум бре, и брига ме, некултурни никакви невоспитани уф уф уф, на сите шамари би им лепела, секоја чест на исклучоците :D
     
    На wolf4e, CIA и spellbound им се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Лето е или есен? Кажете ми ! Облаците плачат, што е ова секојдновно иста песна.. Премногу е досадно,времево...Само за спиење е...

    Луѓето велат дека го сакаат дождот но кога ќе заврне отвораат чадор и се кријат под него, велат и дека го сакат сонцето но кога ќе огрее силно тие бегаат на сенка, велат и дека го сакаат ветрот но кога ќе задува го затвараат прозорецот. Затоа и кога ќе ми кажаат дека ме сакаат јас само се насмевнувам.. и продолжувам без одговори..
     
    На marama и julie77 им се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК оти вриеше,се скокаше и се потеше секој еден во центаров на градов од нивниот ритам. Па од кај дојдовте бре човечиња лом напраиве. И сите мрдаат на ритмот од нивнине тапани, па тоа цурите тек кога фатија растур направија. Свират ли свират, а народ весел, мрда ли мрда-Дожд, ма кој дожд, знаат ваму да си се радуваат и на малки ситници, и на сонце и на дожд. А бебе и тоа кога фатило да скока, лом ме направи. Се надевам дека денс-генот на мама го има наследено. :$
    И иако не е СП, сакам специјално да ја поздравам Старбакс оти од кога је немав слушано песнава од Галија. Баш и тоа ми требаше.
    Ах, и до сите оние кои имаат bad hair day :emo:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Драги феминки
    Гајле ми е за времево...иако е облачно...мене пак ќе ми цути насмевка
    Ќе си ја потпевнувам нема ден нема ноќ да не мислам на тебе кога лето доаѓаааа :rofl:
    но не само кога летото доаѓа туку цело време :!:
    и на крај ќе ве поздравам срдечно со сликава...
    Не е до времето...Ајде..секој момент можеме да го направиме совршен и прекрасен...времето тече :!:
    [​IMG]
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... кој има виткана коса, знае дека ваквото време, ја зголемува веројатноста, да се претвори истата во кошмар, за некои добри 79%... Туку, на моите состаноци, дури и косава ми беше сојузник, извади прекрасни локни тогаш, абе се‘ направи да изнуди комплимент дека е убава и успеа повеќекратно :!: , ја гледам сега никаква и си мислам ‘роспивче едно :rofl: ...

    Не знам за вас, ама мене ден кога имам лоша коса, одвратен кратер од акна или бледуњав тен (ок, за СИТЕ други сметам дека е аристократски, ама јас изгледам анемично, јас сум си најсензуална кога сум чоколадеста), мене ми е лош ден... И џабе ми тогаш да зборувам за Платон, Витгенштајн, Ниче, Шопен, Достоевски или Ремарк, кога сум опседната со тотално површни нешта. Да, сите без исклучок сме површни до максимум, поминати низ центрифугата и испрани, ама онака згужвано и зависни од круцијалности од типот - маскара, пудра, оптимален број килограми итн. итн. И тоа од мали нозе, уште се сеќавам на денот кога главната бубалица ми рече ,,ти ми го уништи митот дека убавината и паметот не одат заедно,, :D ... Ама, сериозна беше, а јас си се испофалив демек, ама во контекст на муабетот ми е...

    Има една рима (и овде настана рима), ама не ја кажувам поврзана ми е со некои идни планови, а и тоа како ми се мота низ глава, ама затоа ќе ви споделам една друга фина игра на зборчиња - секое ку(т)ре е во потрага по кучката на својот живот :D ... Одјавна шпица на забавно-рекреативната програма...
     
    На antonina, LivingGlam, Neytiri и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу ја сакам грчката митологија, поинтересни текстови од тие митови не сум читала. :)
     
    На antonina, bittersweet, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Го глеате времево какво е??
    Е па иста сум и ја, цел ден си плачам а облациве друштво ми прават
    ;( ;(
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најлошо?
    Кога некој ќе успее да ви влезе во мозок и гласно ви ги каже работите што вие ги знаете, ама не сакате да си ги признаете.
    На никој не сум му ја отворила душава веќе долго време, зошто сфатив дека никој не сака да слуша туѓи проблеми, а и моите маки се само мои. Ги поштедувам луѓето, а и себе си. Ама знаете.... човек кога собира долго во себе, има опасност да се пронајде искршен на многу делови.
    Имам тежина, а мојов мозок што анализира се и детално, не ми помага.
    Сакам да се качам на Водно и да вриштам. Многу, многу, многу да вриштам!!
    Џабе си ја средив собата. Средена соба не значело и среден ум. Али пробав. Тоа е најважно.
     
    На Strumfeta93, teddybear, L-enna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И моментот кога ќе ти заспие со главчето на дланка и мирно дише. Пред тоа ти вели- мамо не одам утре на роденден, сакам да бидам со тебе нив ги гледам секој ден..

    Мирно ми е срцево. Знам дека сум добра мајка, таа ми го повторува секогаш. Не ми треба друго признание. Уште една коцка да дојде на местото и ќе го сакам животов уште повеќе.
     
    На Stoimenovska, antonina, Strumfeta93 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    По незнам кој пат сум исправена пред тежок избор.
    Еден пат кој се дели на две, на каде да тргнам? Да го слушам срцето или разумот? Се чувствувам како на едното рамо да имам ангелче, а на другото ѓаволче. Кого да послушам?
    Да си ја гледам мојата среќа или да продолжам по старо-да гледам да не ги повредам другите?
    По ѓаволите, сакам само да сум среќна. А среќна ќе бидам ако го послушам срцето, ако не размислувам за последиците. Да се препуштам на моментот, и во мене да останат спомени за цел живот.
    Нешто ќе мора да се жртвува.
    Но не, јас веќе нема да бидам таа. Нема да бидам таа што плаче, туку ќе се насмеам за инает широко и од срце. Нека гледаат.
    Пишувајќи го ова, всушност сфатив што сакам навистина. Без никакво глумење и воздржување, тоа сум јас.
    Ќе ми треба многу среќа, и храброст да донесам некои одлуки.
    Но овој пат, ќе се надевам и ќе се борам за најдоброто. За мене, не за другите.
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мојата нова љубов :inlove: PRALINE! Вечер не излегвам, ќе гледам Евровизија, ќе си ги средам ноктите и косата, па ќе гледам некое интересно филмче. Дождливото време ме онерасположи за излегвање, ама мислам дека баш поарно ќе напрам ако си останам домче :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 04235013l.gif
      04235013l.gif
      Големина на фајлот:
      176,1 KB
      Прегледи:
      224
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.