Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ех, пролет.
    Доаѓа зимата, а ја сеуште си мечтаам за една тивка пролет.
    Здив, ветар, воздишки.. Пролет=љубов. Како да не љубиш?
    Вкуси ја убавината на пролетта и остани занесен од нејзината магична моќ. Пролет, те чекам.
    [​IMG]
     
    На Hiii, Barbie-mwa, spellbound и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Изгледа сите тие честитки за роденден и воедно посакување на здравје, среќа, итн (барем денес) се претворија во реалност. :^) :?:
    Малер невиден сум. :!: И навикната сум си на тоа. Секогаш ми се случува некоја несреќа. :|
    Ама денес денот си беше супер. Порано супер ден би бил сончев ден, со добро расположение и без нервози.
    Зошто ми беше убав денот? Епа еве да ви кажам. Прво-си добив подароци.
    Второ-бидејќи сестра ми денес дојде, мама вчера доцна направи торта, и денес јадевме.
    Трето-свекрвата на сестра ми ми донесе баклава. И кадаиф ставила, а за ореви-штом нејзини се (имаат нива), не си штеди жената, става колку и душа сака, и со повеќе кори, значи ме здоболија вилиците од толку џвакање. :lol:
    Ај да не бројам веќе. Некаде месец Мај бев кај една другарка, и го заборавив саатот таму. И дури денес го добив назад. Сум заборавила дури да и спомнам дека сум го заборавила, ама ете, си го добив денес. Дури ја видов нејзе денес и со неа се вратив дома. Се работи за една од најдобрите другарки со која се гледам поретко бидејќи студира на друг факс.
    Некои колешки по втор пат ми честитаа роденден. :D
    Денес кафето ми го направи мајка ми.
    Само се надевам и ноќта убаво да ми помине. Не верувам дека ќе се разочарам, ќе си седиме до доцна со сестра ми, муабет колку сакаш, само да не се разбудат децата. :doh:
    Како денес да ми е роденден...
     
    На Doozy, zhap4e и maca99 им се допаѓа ова.
  3. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сите велат као мразат дволични, злобни луѓе или љубоморни, оние што гледаат прво во туѓа куќа, па потоа во својата.
    Епа баш тие таквите не тргнале од самите себе, не гледаат самите какви ‘луѓе‘ се, какви ‘луѓе‘ сме..
     
    На maca99, enca.69, IndieGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК дека ми мириса на печени јаболка..... :inlove: :inlove: :inlove:
    Затоа што има во шпоретот. :lol:
    Со цимет и оревчиња :wasntme:
     
    На zhap4e, maca99 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  5. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сдк...
    се повеќе и повеќе мушки на форумов, луѓе ај нека е на арно 8)
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Многу сум расположена....
    .............................................
    .....................................
    .........................................
    ............
    .....................................................
    ..................................
    ......................
    ..............................

    :lol: :*
     
    На Rock-a-Fella, zhap4e и Doozy им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Има денови кога не ми се влегува дома. Го знаете она чувство кога се движите по вашата улица ,а нешто ве враќа назад? Е баш така ми е денес.
    Самотијата ми е многу важна, а сега треба да донесам важна одлука. Дали да бидам сама во мојата соба, откажувајќи се од сите задоволства или да седам со моите во 35, 40 квадрати и да си приуштам се. Се ме води кон тоа да си останам тука ама постојано ми мрчат за пари.
    Ви кажав ли дека ми се допаднаа чизми од 1300 денари? Е не, не можело толкууу пари за чизми, па ми скратија напола од тоа. Мислам како нормален човек да најде убави чизми по таа цена, па тоа ни во кинескине продавници го нема.
    Решив да го завршам глупавиов факултет до октомври и конечно да се осамостојам. Вака повеќе не оди. СЕ трудам, давам се ама не можам да бидам зависна. Мразам да зависам од други, мразам да морам да почитувам туѓи одлуки за мојот живот.
    Ах, сепак каде и да одиш дома си е дома. А моиве запнале куќава да ја продаваат, стан да купеле. Па има да се загушам во стан. Би се согласила да купат два, еден за нив, еден за мене.
    Него некогаш ни тука не можам слободно да си пишам што ми лежи на душава, ја немам повеќе онаа приватност што ја имав порано. Не сакам кога мои луѓе читаат тука како се олеснувам, ако сакам ќе им кажам на нив.
    Сакам само едно топло кафе, да се припијам до него и да гледаме во ѕвездите како некогаш. Само тоа!
     
    На crazylady, LilBaby, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Лелеееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее, конечно се сетив на лозинката за да си влезам на форумот. :geek:
    SHAME ON ME! :emo:

    Ја користам оваа прилика да ве поздравам сите, се надевам барем забележавте дека ме немаше извесно време или не? :D :*
     
    На BeYourself, maca99 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Значи стварно ... понделников нек си е*е матер.
    Многу е грд... какви ти убав почеток какви булшит работи.
    Дали бре е можно да си земам при срце се? буквално се ... и и мала ситница значи знае да ме повреди и во вакво расположение да ме доведе ...
    Сакам да зборувам со некој, со некој кој ќе може да ме разбере, а не да блее во мене и да ми рече ајде бе ти си будала ... да фала и ми иде да те удавам со голи раце баш зашто сум будала.
    Не сум светец, го знам тоа ... ама сакам луѓето што ги сакам да се среќни, се трудам за истото, постојано правам напори за да ги видам насмеани ...
    Зошто, ама зошто на никој никогаш не му текне мене да ме види насмеана?
    И никој не прашал добра ли си ти мече, ти тежи ли нешто на душата, имаш ли сили да трчкаш по се и сешто ... Имам имам и за распродажба, нема гајле. Не се многу на број, ама се правам за нив и едноставно како да не го ценат тоа бе ... абе не може така. Јас ценам и една мастика ако ми купат бе ... а тие, јас ќе им сторам добро дело и фрц ќе ме повредат некако. Со збор, со дело, со ситница, сеедно. За некој што те сака и демек го сакаш треба да се грижиш бе ... а не да бидеш шарлатан.
    Треба ли да се претворам во идиот, да немам чувства, да ги газам, да ги повредувам, да не ми е гајле кога се караат, да не ми е гајле кога ги боли, да не се трудам, да не правам добри работи за нив ... па после ли да ме ценат? ако сум таква, е*ате човекот што ќе бидам без душа. Срце камен ... не сакам. Ама па и мекуш да си не е арно.
    Ееееее бре, дека понеделник работава ...
    Заклучок, премногу се нервирам, премногу за глупости.
    Епа не може со 19 години срцето да ми потскокнува од што сум напната ...
    Абе само на штрек сум, чекам да ми се јави некој, да ми каже нешто лошо, да ме изнервира .. и знам и чекам ... и знам што ќе биде, со домашниве, со него, со нив ... се се тоа прочитани приказни. Нешто мора да се смени.
    Имено јас многу мразам промени, ама ми се прекипе ли се, има толку драстична и нагла промена низ животот да направам, нема да знам каде ми е газот а каде главата. А нема ни другите да знаат богами ...
    Само во животот не ми е најголем приоритет да бидам фрустрирана, злобна, непрокопсана личност, па викам ај ... ќе се сменат работите. Кармата нема со лошо да ми враќа ако чинам само добро. А кармата очигледно ќе те потопи во лајна, а ти мисли си дека добро ќе те снајде.
    Тотален бранкрот, без една вистинска другарка, врската на работ на пропаст, ни еден положен колоквиум ... да, јас сум мече, мило ми е.
    Ау вака гледано ептен лошо изгледаат работиве а пак успевам да се смеам, тоа е навистина напредок. Па и не се толку лоши ... се ќе се реши. Ако не, психијатриска помош е добредојдена. 8)
    Колку што ги сакам, толку ме побудалуваат. Ах ... вечерва се на игнор, од утре пак ќе си ги сакам ...
    Врти сучи, тоа сум јас ... и врти сучи ... тоа ќе си останам. Или не. :P
    Оф тежок бил животот бе ... дајте измислете нешто да се вратам да ме возат во количка кај сакаат или со дубак да си кршам глава по улица, оти тнка е работава. :lol:
    Јас утре вторнично има да си симнам филмови, да седам цел ден во пижами со мрсна коса, да пијам чај од брусница, и да не се заморувам, па ни мало нокте да не ме здоболи. Пред да оќелавам од нервози, ќе си дадам еден ваков од моите денови, енд евритинг ќе биде пак перфект. Ако не, ќе се спојат жичките, а до тоа неќеме да дојде :rofl: Сериосли, јас сум будала човек. Така и баба ми вика ... улава па таа, ко да не знае дека нејзина жичка имам низ телово :x Аххх ноу комент.
    Ај доста ви е од мојата негативна енергија, си ја олеснив душата и така.
    Останете нормални, јас сум во фаза на дестилација ... до утре ќе бидам свеж препарат :D
    :bandit:
    Одам сега, да го гушнам малото детуле. Понекогаш мислам дека само тоа искрено ме гушка. Хм. За арно нека е, додека ми го исполнува срцето со убавини.
     
    На TeddyGrey, AnaKarenina и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И покрај есенскиот студ, мене деновиве ми цвета пролет во душата.
    Па така, се шетам со цветни марами и шарени бои небаре е пролет на повидок, а не ладна зима.
    Сите се жалат на студот, а јас го перцепирам само сонцето. Расположена сум, не затоа што имам милион обврски што не знам од каде да почнам, не затоа што ме следи малер и неправда последниов период, туку затоа што сфатив дека секое лошо за добро е. И наместо да стојам пред затворената врата, почнав да ги гледам прозорците кои ми се отвараат. И да ги користам!
     
    На Crixus, caroline.costa и teddybear им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам беше Недела си викав - ух уште малку. Во 03:15 е времето кога плачев од љубов, а од мене излезе радост. Мало кревко, со црни очиња, ме погледна и знаев дека е моја. Заборавив на секоја болка и си ја прилепив малку до мене. Гледав каде ја носат, зошто имав страв ќе ми ја измешаат со друго бебе. Излезе од мене мало суштество моја креација. Светот порасна за мене. Неколку дена не сакав да ја пуштам на креветот, си ја држев во рацете и ја гледав. Моја беше. Ја допирав и шепотев. Го држев тоа мало раче, а тие мали очиња се задржуваа на моето лице. Станав мама. И ги гледав дишењата. Очињата ме полнеа со светлина. Постоев за прв пат. Но секундите од утрешниот ден сменија многу. Ама моја е.. јас сум мајка..
     
    На Neytiri, Buttterfly, MonnaSi и 48 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се приближува петоооооооооооооооок. 8)
    [​IMG]
     
    На maca99, Beauchamp и Juicy им се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^Кога бе, тек сме понеделник :D Имајте трпение :D

    СДК еден виц, не за друго, туку денес практично го доживеав :D
    Шета Св. Петар низ пеколот, да види како се одвиваат работите, колку казани горат силно, колку има на листа за чекање и така, гледа, кај еден, кај друг, врискотници, обиди за бегство, ама над секој казан најмалце по двајца стражари. Врви покрај нашиот, македонскиот, никој, штама. Го прашува одговорниот, Ѓаволот, што вака сите со стражари,а овде со привилегии, кој се па Македончињава раат да бидат? И овој му вика: ааа, Свети Петре, остај таа работа, кај нив стражар не треба, чим некој тргна да излегува да бега, другиве одма раце подаваат да го вратат назад, не пуштаат ништо живо да излезе од внатре!

    Е така мили Македончиња, недај Боже да е некој ниет за да си го оствари сонот |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    3 од 5 колоквиуми положени до сега, уште за два чекам резултати, од кои за едниот до догодина би требало да биде,којзнае и тоа..
    Како и да е, за овој сега што ми е во петок немам сила некако. Сакам и ми треба одмор. Презаситен ми е мозоков со секакви информации.
    Не барам многу, само една празна чисто бела и светла просторија и по можност некоја точка во која би зјапала некој период...
    Само на кратко.
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ИИИИ кога дошло бре 10 ипол :o :o ..аа циа ти дреми си а книга немаш фанато :fubar: ...ај отидов јас да учам историја :@ имајте добра ноќ |-) :*
     
  16. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    СДК ..многу им благодарам на сите феминки што коментирале на темата : http://forum.femina.mk/moda-i-stil/...t-ili-ne-t97/?hilit=облеката го прави човекот
    Си составив добар есеј од нивните мислења.. :) (за прв пат (барем мене ми се допадна сега..колку е добар незнам :D ), инаку ни малку не ме бидува за вакви работи.. :$ )
    ...е сега штета што не успеав да го препишам ... |(
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СДК
    Денес му е роденден на брат ми. Полни 23.
    Не го ни гушнав, нити му честитав. А цимери, заедно живееме. Не сме скарани, никако. Едноставно јас сум неблагодарен. Да, тоа е добар збор. Неблагодарен.

    Имам неколку прекрасни луѓе покрај мене, а не се сеќавам кога последен пат сум им го кажал тоа. Воопшто не се трудам околу нив. Ги сакам колку што може да се сака, но се си останува во мене. Тие си знаат, но знам дека би сакале и да го почувствуваат тоа. А јас? Што правам јас...
    Кога ќе ми текне во животов како се имам глупирано за девојки што не сум ги ни познавал неколку месеци претходно, а најважните луѓе ми се вака запоставени. Тие ми се семејство, а многу често како да не постојат. Како воздух, тука се секогаш, а не ги забележувам, земени здраво за готово.

    Ќе си кажете можеби, нормално е тоа на некој начин, и многумина од нас се однесуваат слично. Но НЕ е во ред. И следниот пат кога ќе размислувам за целата идеја на пронаоѓање среќа во животот, ќе си треснам една жешка и ќе ги изгушкам сите нив, кои ми се најголемото богатство.
    Јас тоа не можам да го направам веднаш, но сите што се пронајдовте барем малку во постов, станете и гушнете ги вашите дома. Силно, додека не ве заболат рацете и не им кажувајте зошто.

    Прегратките без причина се најубави.
     
    На zhap4e, Neytiri, mysterious и 14 други им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    chillin out и буквално со ништо и никој не се замарам у мојот живот, па дури ни со мене 8)
    Hајбоље стање
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не да се фалам, ама стварно сум несмасна. |(
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Жива вистина еј! :D

    [​IMG]
     
    На zhap4e, Shana и Rozich им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.