Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    А мене, по некое чудо, времево ми е сосема океј. Имам дури некое..романтично(?) чувство. Сакам да се дотерам, онака...да се средам, ептен, ама ептен, и да излезам некаде каде што се игра танго. Па да се вртам, движам passionately и заведувам сВе околу мене. А потоа, да продолжам надвор на дождот...со мокра облека, и мокри чувства, (а?), како и да е. Многу сеху филинг ми е.
    http://www.youtube.com/watch?v=JaI65PZU9go
    Играјте бе луѓе, играјте. :makeup:
     
    На zhap4e, Smilly, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто се искомлицира олку? :worried: Кога ќе научам дека секој си гледа само за себе!? :fubar:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Се пакувам :D Рано наутро заминувам во Грција на одмор со дечко ми и сум превозбудена.Ова ние прв одмор на кој што ке одиме сами.Се е под контрола,уште само времето да ни се погоди :D
    Поздрав! :* ;)
     
    На anabel-a и CIA им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И така...времето надвор си уживка, си тера ќефот, ја си седам дома, зашиена за креветов. Лаптопов кај и да е ќе скине конци со ова мое малтрерирање... Убаво ми е, што знам, ако си седам во соба сама не значи дека сум осамена! :D
    Кај и да е ќе дојде време да се спремам за излегување, е сеа дали ќе биде излегување у диско или со оној мојон уште еден викенд поминат дома кај него, ќе видиме. Со него никад се не зна. Одам да се бањам, немам друга работа :D
    Чиао.
     
    На Libera и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Скокна температурата од 10 на 30 во рок од два дена. Горештини, а јас сонце не видела пола година па се печам надвор. Почна мозокот да ми врие и срцето да ми лупа, доста е толку, влегов дома, го отварам фриждерот, го вадам бокалот и си ја ставам последната ладна вода во чаша, го полнам бокалот повторно и го враќам да се лади. Уште да седнам да кренам нозе и аааааххх мелем на рана. Само што седнав да ве читам слушам шлап шлап шлап, сум си ја заборавила чашата на подот кога го подигнав лаптопот. Изборот ми е кучешки лиги и ладна вода или само топла вода? :?: Аха! Ладно пиво! :drunk:

    Не знам дали ми е од пола лименката, од сонцето или од тоа што се дешава вечер ама почнува да ме фаќа некое лудо еуфорично расположение, ми се игра и беснее, се ми е полно и рамно, ништо денеска нема да ми го упропасти ова расположение, ништо! 8)
     
  6. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Досадно ми е бре.
    Цел ден сум дома,пред компјутеров.
    Ја чекам оваа проклета евровизија,никако да дојде. |(
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк,

    Вистината на денешницата!
    Денес повеќе се умира од прејадување и изобилна храна, отколку од сиромашна и минимална храна. Тие што така се хранат и се навикнати и на леб и вода, се поздрави од сите нас денес.


    Сдк,

    Можеби ме немаше подолг период, но тука сум. Иако немав време, сепак, чат-пат ве читкав.
    Ќе се вратам, ви ветувам, само малку да се вратам во колосек.
    Ве поздравувам од срце :hug:!
     
    На antonina, kate21, CaperucitaRoja и 15 други им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Денес примив лоша вест за моето братче...
    Ме покоси. И самата помисла дека може да се случи најлошото ме носи на многу лошо место.
    А денес роденден треба да славам...
    Само се нека е во ред се молам.

    За вечера солзи и сок од портокал.
    Само нека е на арно...
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Прекрасно е чувството кога во рацете држиш златен пехар. Чувството кога ја гледаш гордата насмевка на професорката за тоа што го направи од нас-вистински балерини. Повторно докажавме колку сме добри и заслужено освоивме прво место. Денес танцувавме по ритамот на среќата и го добивме тоа што досега не сме го добиле. Прв пат заеднички кренавме високо пехар и рековме "ние сме најдобри"..
    Прекрасно е чувството да си балерина..
    Денес се беше толку прекрасно..



    Сега одам да прославам за заслужената награда, а вие имајте убава вечер. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • 163459_49.jpg
      163459_49.jpg
      Големина на фајлот:
      60,7 KB
      Прегледи:
      235
    На JuLleE, kate21, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    Врне, ништо ново!

    Во Зоолошка денес, ние пијани и лавиците пијани. Малку беше непријатно. Гледаш, се клати онолкава мачка, те фаќа страв и језа, ем неубаво. Го прашавме тој чичкото чувар, зошто е таква. Вика - збеснуваат и тие ко нас, мораме да ги зауздаме со лекови, медицински ни е наложено, зошто ќе скокаат од кафез надвор.

    Многу се натажив. Души! Иако Зоолошкава ни е сјајно средена, ме погоди малку таа глетка.
    И си зјапавме во питони. Јадевме сладолед. Врнеше. Трчавме угоре удолу, а мене предницава ми скокаше ко на лош порно филм. Пикс у такси и правец домче. Новите чевлички ми се тесни кај палчето. Утре ќе ги смениме. Бордо сништа, попрскани со малку лимета. Чисто ко коктел да залиеме.
    Врне, ништо ново.

    Сакав да кажам... Ранливи сме, тотално. Ко коцка шеќер стопена на покрив дур врне.
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Море и јас како тебе! :D
    Цел ден истражувам коментари по јутјубов и си гледам и ја мотам песнава...
    Учте малку на раат ќе си седнам да си гледам.
     
    На Butterfly77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Кравава денес го отвори ширум својот плакар и наиде на еден куп фустаништа и сукњи. Тргнав завесата, кренав венецијанерки (вака ли се викаат?) и му викам на времево -Види бре види, опрај се веќе еднаш, греота се стуткани само да седат :devil:
    Ми се создаде некоја ужасна носталгија за времето кога бев толку зелена што гајле ми беше дали во тревата во парк има крлежи или дали јајниците ќе ме болат ако седам на земја. Сега морам да мислам резерва хулахопки да си носам во ташна и уште неколку улошки за секој случај. Тогаш се во џеб ставав, сега ни во ташна не ми собира се што носам. И цела аптека со себе, жими све бабите не ми се рамни, алфи да ме сретнат, ќе мислат дрога шиткам |( .
    Го гледам брат ми, набрзина се спрема и низ врата. Се сетив кога излегувавме заедно, кога некои дечки ќе ме частеа пиво во Кастро, а јас зад грб нему му ги давав :lol: Неколкупати се враќавме утрински дома и си бевме баш како другарчиња, а не брат и сестра. Се додека не ми се пушти една цура во Балет, тогаш братски ми рече, више ти овде не :wasntme: :D . Зелено едно, заедно вчера ќе гледавме филм, за 5мин во кома |-)
    Се осеќам комотно во својата кожа. Денес ми е 5ти ден како урлам по дома, си вежбам. Којзнае до кога ќе ме прати оваа упорност, ама убаво се чувствувам. Ќе пливам еден саат под туш и ќе си пеам Pocket full of sunshine, ќе ја имитирам Ема Стоун и утре ќе ја излажам другарка ми дека сум била со непознат тип во кревет. Само таа нема да ми верува, оти знае дека не сум таков тип :?:
    И пак дугачко ова ми испадна |(

    Убаво ми е :) Среќна сум со себе.
     
    На kate21, slavica999, Mayyya и 4 други им се допаѓа ова.
  13. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Ооо пу, пу, пу... само што наместо во една тема "Нов спот на Елвир Мекич" јас прочитав "Смртта на Елвир Мекич". Не сум добра :rofl: :P тешка илузија :x
     
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Зар со тебе разговаравме и се чудевме за тоа како родителите немаат доверба во своите деца и ги тераат да слабеат и голем дел од нив се сега анорексични? Звучи ко да беше одамна, но последниот разговор беше пред 1 недела.
    Ти благодарам што ми ги наоѓаш само маните и што сакаш да ги преполовам и овие пеесетина килограми. Ќе успеам во тоа, и се надевам дека ќе бидеш задоволна. :x
     
  15. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    На CIA и Dgirlll им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    17.253
    Уф, колку е убаво кога цел ден ќе бидеш надвор и ќе спортуваш, нема цел ден ни да помислиш за компјутерот, за фејсбук. Нозете ми капнаа, не да ме болат, ама ако, боље ќе возам цел ден ролери, ќе зацврстувам нозете, отколку да го раснам г'зот на стол пред компјутер. :D
    Ајде сега ќе гледам евровизија и ќе навивам за Калиопи. :)
     
  17. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Со денови денови деновииии саати дремам на фемина уживам и се радувам шо ве имам сите вас...си останав без работа па барем имам време да се посветам на фемина....
    А у мегувреме ја гледам оваа преставничката на Албанија како се дере ко некоја ненормална :rofl:
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ''To be or not to be'' реченица која се врти во мојата глава подолго време.
    За да го направам тоа што сакам треба да вложам и да се откажам од некои работи ,ако успеам во ред но ако не успеам што тогаш?! Не ,не сум во дилема во трилема сум или како и да се вика тоа.
    Дезориентирана до максимум. Притисоци од сите страни што би било кога ... што ако не ... што ако не успееш ...Епа сега ако не пробам нема да знам , после може ќе ми е криво цел живот зошо не сум пробала. Кога немаш поддршка од најблиските и мислат дека се филмаш и максимално фантазираш а тебе таа цел ти е најважна во животот ,тешко е.
    Да останам тука поради љубов со човек кој сакам да бидам заедно ако се смени,а веќе имаше неколку обиди за сменување неуспешни ?
    Да останам со 10 илјадарки плата цел живот, да садам тутун ,да изродам деца за кои ќе ми биде уште појќе криво зошто некои работи нема да можам да му ги дозволам како што не ми беа дозволени мене ,ради финансиите. Да останат со средно ради тоа што нема да имам пари да ги пуштам на факултет?
    Епа колку што ми е криво за мене ,тродупло ќе ми биде за нив .
    Или пак да одам по патче на кое големи се шансите да успеам во животот.
    Неколку години шетање низ различни земји,запознавање со различни луѓе ,култури, дружење.
    И покрај тоа заработка на пари кои ќе ми овозможат школување ,можеби и станче со тоа и самостоен живот. Нека бидам неколку години на брод ,може ќе е тешко но после тоа ...
    Мислам дека вреди да вложам некое време, впрочем и нешто мораш да вложиш за да добиеш нели?!
    Тоа патче ми се допаѓа.
    А другото патче мислам дека ќе ме доведе до лудило, сиромаштија ,неуспех има да ги фрлам пупите на 40 ако не и порано .
    Знаам кое патче ќе го одберам ,само завлекувам некако, сеедно не е во никој случај.
    Ослабување 10 кг за 3 месеци без диета ,стресот јаде жими се.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Истиот проблем го имав и решив да оставам се и вредеше се двоумев месец два ама на крај пукнав и си кажав доста беше сега ке мислам на себе за подобро утре и ке го направам тоа на начин кој ја сакам. Отидов неколку години поминав преубаво се вратив се заљубив дадов шанса на брак за на крај се драстично да се промени во еден ден...Кога одев против себе за да ги усрекам моите као демек дошло време да се смирам да се мажам лугето што ке кажале рекла-казала муабети бла бла бла...
    И пак ми пукна филмот ке оставам се и ке го правам тоа шо е најдобро за мене ! Секогаш кога слушам друг кога одам против себе се заебувам начисто, знам за ситница да паднам на дното и да ми требе долго време пак да станам. Затоа им кажав на сите и на моите ке си дојде све во свое време а вие мене оставете ме да уживам и да бидам срекна !
    Главата горе драга исполни ги своите сонови...ништо не губиш ако заминеш напротив ке бидеш ко нова кога ке се вратиш !
    Позз и извини ако на мојот правопис :rofl:
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  20. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам бев во Струмица.Градот многу се изменил од последниот пат кога бев. Сега е поубав :) Си поминав прекрасно.. Вредеше за времето кое го поминав во патување :wasntme:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.