Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Кај го најдов рецептон за сос од Ели25, кај се запустев.
    Омилено нешто ми стана, почнав секој ден да јадам тестенини. Ај што заглавувам во кујна- заглавувам, ама страв ми е прстите да не си ги изедам.

    Еве, денес правам тродупла тура шпагети. Мама, тато, бато.... па и гости се најавија (а и јас треба да јадам).

    И тоа не е толку страшно- страшно е што треба да учам.
    Полагам бре луѓе, а се понашам како Џејми Оливер!

    Имајте ми убав ден, поздрав од ФБИ :*
     
    На eli25, Peppermint, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Сакам само да спијам долго...
    Ужасно ми е времево, ужасна сум и јас. Во комплет. :lol:
    Не, навистина расположението секогаш ми зависи од времето.
    И уште повеќе се депримирам кога на влажново време ќе ми се раздиви и онака дивата коса. Абре како бесна лавица од џунгла. ]:)
    Па кога ќе си се вратам дома, и ќе се погледнам во огледало... :o страшно! :tmi:
    После секое излегување на вакво време се осеќам измалтретирано, разбушавена, размачкана шминка, мокра облека, изморена, желна за сон. |-)
    А толку го чекав овој период, крај на школска година...
    Па уште кога ќе ми текне дека е недела, а јас купишта имам за учење, за поправање оценки... аххх, лето мое ајде дојди си, па врни си и секој ден ако не...
    Многу сум се здружила со мрзата, ми треба нешто што ќе ме раздрма, ми треба енергија и волја. Ми треба дружење, излегување, смеење... Ми треба љубов. :inlove:
    Да се надевам на подобри денови, затоа што полоши не може да има. :*
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Во право си, Серафима, денес изгледа најважно е да се наштети некому, па и колку може подобро, да се навреди некого, па тоа па на начин најдобар, мислам да се правело зло колку што може подобро :x |( И како после тоа да се очекува дека се уште има луѓе, мислам луѓе во вистинска смисла на зборот? Трагично е што ова може да делува смешно, патетично или неуверливо, само не вреди човек да докажува, освен да си продолжи по патот.Се исто е веќе ако се каже, ако се примени.А тоа што велиш дека е минато, минато е, антика.

    Ја слушнав песната на Калиопи и само ми се мота во глава, е толку ми треба, еднаш да слушнам и готово |( :D Цело време, таа па таа... :rofl: |(
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Каков бурен и пијан викенд а ме чекаат два годишни.
    Одлепив на велико викендов. :emo:
    Седи си бе во маало со сончогледот и маалско друштво, врти муабети и смеј се. Иако истово беше со друштвото, плус литро ипол вино во нас.

    Туку, одамна немам убаво заседнато на форумов, дневникот седи празен а има толку многу да се испише... Седам и се преиспитувам. Убаво ми дојде оваа промена, мислев дека ќе ми пречи што ќе останам сама но се преродив. Не ми беше лесно да донесам таква одлука.
    И еве... Веќе цел месец го немам до мене.
    Се слушнавме, ќе си дадеме уште една шанса, после, вечерва.
    Дете сум, да, имам уште цел живот, загледана сум во друг, се отворив ко селски буквар и се плеткам сега... Ама со оваа личност делев две години, најдобриот другар што сум го имала и најголемата жртва и потпора. Нема да дозволам да го изгубам тоа.
     
    На Hipster, teddybear и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Го знаете она чувство кога сакате да побегнете некаде далеку некаде каде што никој ништо не знае за вас, и она чувство кога сакате да се борите за нешто што сте го изгубиле а посакувате да го вратите назад, но нешто одвнатре ви кажува да не се обидувате залудно бидејќи пак ќе бидете повредени, да не се борите бидејќи однапред знете дека не вреди...
    Тажна сум ми фали личност што секогаш беше тука кога ми беше потребна, личност што знеше да ме насмее, личност што ми ги бришеше солзите кога плачев... ;( ;(
    А и времево отежнува уште толку не престанува да врне, никаде сонце се само сиви облаци надвиснале...
     
    На Adi888 и marama им се допаѓа ова.
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе тоа ПМС кај мене нема значење ПредМенструаленСиндром туку ПослеМенструаленСиндром.Епа секогаш откако ќе си замине тетката мене расположението ми се менува како времето,5 минути насмеана,после цел ден ко и некоја депресија западната,цела недела појадок ми е Атлантис,јесте дека јас и онака се давам у благо,ама овој пат е претеризам.
    И одвај чекам да не распуштат,иако јас во последниве 2 недели само 3-4 дена отидов нашколо,сепак ми минат бавно бе деновите.А и додека сме тука со не одењето нашколо,петок викаат не сме учеле,па јас да си ги поврзам ли четврток,петок,сабота,недела,м?Шубав одмор ќе ми биде тоа ^_^ .
    И ептен,ама онака ептен сакам да дое лето,нека не биде многу жешко,да се трпи некако,едвај чекам да спијам колку сакам,без да се мислам кога треба да станам да учам,да си ја земам Сексот и Градот од библиотека и по цели денови да си ја читам.Да се сунчам,да фанам боичка малце,а не овака бела како сиренце сум.
    И се мислам дали да си пуштам шишки,знам дека ретко ќе си носам пуштени оти ќе ме нервираат,а и нема да ми стојат убаво,ама онака сакам малце промена,а нели ние женските кога сакаме промена почнуваме од фризурата.Другарките ме предомислуваат,а и јас знам дека ќе се нервирам додека да ми пораснат,ама ајде ќе размислам уште малце,па ќе видиме. :emo:

    И П.С:Интересно е кога сфаќаш дека некоја песна ти ја опишува моменталната состојба,ај од кога сакам да напишам нешто во Што би му кажале,после ручеков може ќе седнам да си се олеснам.
     
  7. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Сонцево некако срамежливо ѕирка од облациве,премногу е сиво,тмурно. А и јас така се чуствувам, дури ни кафето нема ист фкус ми горчи иако ставив три лажички шекер.
    Зошто мора јас да бидам таа што ке биде оптоварена со одлуката дали ке не биде или нема,па не е ни тој мало дете, НЕЗНАМ ШТО САКАМ. Па јас ли треба да знам мамето твое хоштаплерско?
    Ајде кога ке знаеш ШТО САКАКАШ јави ми се само пази кога ке се јавиш да не ми биде сменет бројот,а јас таму некаде со некој друг да си го пијам кафето и без едно зрно шекер да ми биде најслатко на свет.
    Се е во ред нема ништо на светов што останало непроменето,дури и оние работи што мислиме дека никогаш нема да се променат се минливи и променливи.
    Мамо сакам да застанам пред тебе и да ти кажам колку беше во право, кога го кажа она
    - Кај некој луѓе единствено нешто што некогаш можело да се промени се ПЕЛЕНИТЕ.
    Уф колку ми иде само да ти кажам колку беше во право,ама не ке си ќутам затоа што го знам одговорот
    - Ти реков
    Затоа само ке те изгушкам еднаш силно откако ке го испијам кафево,и ке ти ја пофалам питата што си ја направила.
    Толку беше кукање,одиме сега нов ден со нова среќа :)
     
  8. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Сдк најлошите реченици што можеш да му ги кажеш некому за да го утешиш се :
    *што е твое ќе си дојде;
    *има Бог тој гледа одозгора и ќе им плати за се;
    *во животот се се враќа ,се се плаќа .
    Никој нема право да ви суди за лудостите што сте ги направиле од љубов , најмалку тој што никогаш не љубел искрено со сето срце ,тој што не го подарил своето срце некому ,тој што никогаш не ја почувствувал љубовната радост и болка ...
     
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Се возев со точак по дождов :rofl: . Малку студеше од ветерот ама беше предобро :rock: :wasntme:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    И после толку време јас да излегувам со другарите. Тоа беше синоќа.
    Си се сремам јас 2-3 часа, направив лом во собата не знам што да облечам па пробам ова, пробам она и конечно најдов нешто. Си филмам дека ќе си поминам најубаво па дека и ќе се напијам малку, ќе играм многу..... 8)
    Дојде време палам кола и ги собрав сите. Одиме директно во дискотека. Влегувам и се осеќам чудно па и како бе Перлаа да не се осеќаш кога после толку време излегуваш со другарки :emo:
    Порачувам сокче :$ ми носат, порачувам уште едно еве и тоа стигна, :fubar: си се замислив јас и се велам ќе се напијам барем една вотка па што сака нека е. Си се напив не една туку 2 :D
    Дојде 2 часот одиме ние во кафеана. Влегуваме и таму тераме маса и најдовме една. Седнавме и кога наеднаш ми ја погодина песната. Си станав јас да си играм по мене и другите. Па да убаво си поминав. Гледам часот 4 време е да си одиме. Собувам штикли обувам патики и седнувам во кола. Возам јас и опс Полиција :o Здраво возачка дозвола ќе ве молам. Му давам јас. Тој гледа и ми вели па знааеш ли ти дека не смееш да возиш во ова време од ноќта. Знам бе знам ама еве што да правам. А сега мора да ти напишаме казнети поени. ( почетен возач сум 2 год не смеам да возам после 11 часот) Си направив јас тажна фаца и тој ме пожали и вели ај оди овој пат ама повеќе да не се повтори тоа :) И така ми помина убава ноќ. Ај сега чао.
     
    На Gordana10, Elenuskaa и ilipili им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.053
    Пол:
    Женски
    Денес е така мрзлив ден, што дури и да имаш работа во кревет, би спиел на подот- вели другарка ми.
    Некогаш ми е така смачено од Скопје и македонштинава во глобала, што наликувам на досадиниов целонеделен дождец.
    Да излегуваш за да си виден само, да менуваш стил во согласност со дувањето на ветерот само за да бидеш во последен тренд, да си ги показуваш принципите, само за да не бидеш случајно отфрлен.
    Да се жалиш дека немаш пари, а да излегуваш секој викенд. Да земаш кредит за еден посран одмор.
    Да се дотеруваш како за во диско, а одиш на попладневно кафе. Да носиш онакви огромни хипстерски наочари, иако не ти стојат, ама нели модерни се.
    Да гледаш во секој од високо, иако кога ќе подрзамислиш не се ништо подобар од нив.
    Чуден народ, чудна нација сме ние.
    Чудно како останувам со подзината уста на некои постапки, ама брзо се свестувам па ја затворам, мува некоја случајно да не ми влезе.
     
    На eli25, kravce, Ann.94 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... страшно се наапав денеска.
    Од сосема проста работа, некојси таму постер за машки правила кои се однесуваат за жените...
    Не треба да ви пречи вц капакот кренат - симнете си го ако така ви одговара подобро.
    Што и да имате да кажете - кажете го за време на рекламите...

    :^)

    Не, за време на рекламите одам по сукалото со кое сум ти ја направила омилената пита и ти го трескам од глава.

    Се' ќе беше в ред за дел од правилата, ако не ги пишувал некој со сидром - ја сакам се' уште цицката на мама и собирај ми ги чорапите што ги оставам позади себе, оти - мама така ми правеше дома!

    Си ги сакам мажите, ама кога преминуваат на границата на шовинизам се невидени свињи, кои сакам да ги испоколам за време на Лига Шампиони. :devil:

    Не си придодавајте значење попусто.
    Не ве сакаме за време на шопинг до нас.
    Комотно спијте со далечинскиот, само и него имате моќ да го управувате како што сакате.
    Никој не ви забранува фудбал, само не сакаме да го тупите со податоци и статистики кои датираат од 1976 година. Ако тоа е позабавно од моето деколте, оди убиј се.

    Му се издрав и на мојот, оти ми збрка во живец со "правилата."
    Најтрагично е што - не сум феминистка.
    Ама доаѓа одбран момент кога треба да застанеш во одбрана на својот напатен род.
    Крај краева - од нас доаѓа животот.
    Не-поздрав до мажите денес.
    ]:)
     
    На srcekrsacka, JuLleE, Lilit и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Си го сакам брат ми иако понекогаш ми се иде да го здробам али едно братче ми е и си го сакам најмногу,
    Иде душава у соба и гледа дека плачам
    ко зема да ми збори дека не сум салам што се замарам со небитни фаци
    дека животов е еден и дека треба да уживам секој момент максимално да го трошам убаво, да бида насмеана и весела како и пред тоа... срцка е после предавањето зема да се смее како луд, ја немав избор па и ја по него, се смеевме без причина...
    Искрено не очекував дека он ќе биде до мене кога ми е тешко, он одсекогаш бил незаинтересиран
    Сакам да му кажам фала што успеа да ме насмее....
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК дека многу ги жалам тие кои не ја искусиле правата љубов и тоа длабоко чувство на исполнетост и среќа од неа. Љубовта е храна, мелем на душата. :inlove:

    СДК дека ги жалам, и тоа премногу ги жалам тие кои го осетиле страдањето поради љубовта (најчесто невозвратената љубов, неверството...), зошто и раната со најостриот нож нема да ве боли толку силно колку што боли срцето... ;(
     
    На kate21, kravce, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК..дека овој викенд ме има фатено таква невидена мрза, а иднава недела имам толку многу работа...Не знам дали ќе успеам да завршам се.Тоа е, кога ништо не сум направила минативе три дена, од утре ќе си станувам во 7 и ќе работам-немам избор ;(
    И ај да не биде очаен пост-ов, сакам да кажам дека вчера бев на роденден кај една другарка, сум се скоцкала, абе совршенство бев.И онака филмски се качувам по скалите во кафичот, си поминувам покрај него, а тој ме гледа со падната вилица, мислам дека му фалеше уште да му излезе јазикот и ќе личеше како куче кога гледа сочно парче месо.Еее мил мој, ти помина шансата, сеа да се лигавиш кај друга, не кај мене :devil:
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Синоќа го побарав дечко ми за маж! Да да, убаво прочитавте :D :P
    Си шеткавме така за раче, се зезавме ово оно, и ја као што сум си шутрак така, правевме муабет женидби мажачки и одеднаш тап го фатив за рака застанав на колено и му велам Ме земаш за жена? :D :D Коа прсна да се смее човек, ја не можев да ги докажам зборовите од што поцрвенев за смеење, но се трудев да бидам сериозна. :rofl: Ме крена, ме гушна и ми вика лудо си бре лудо, колку те сакам. А ја после тоа Like a Boss! 8)
    Мала шала беше тоа, сепак се трудам да му го разубавам секој миг со мене, да му биде интересно. :talk: Цела среќа што немаше луѓе околу нас инаку толку од Ричи, сигурно ќе се телепортираше надвор од свемиров. :D
    И ондак тоа.
    Убав ден ви посакувам, и многу многу љубов! И по некоја просидба нека падне аман да не сум сама :!:
     
    На kravce, FortuneTeller.xD, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк ги глеам матуранткиве у бугарија и се чудам... до каде отишол белиов ни свет :x



    и овие се у Eвропска унија :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • mot.jpg
      mot.jpg
      Големина на фајлот:
      107,2 KB
      Прегледи:
      283
    • mott.jpg
      mott.jpg
      Големина на фајлот:
      78,6 KB
      Прегледи:
      283
    • mottt.jpg
      mottt.jpg
      Големина на фајлот:
      99,4 KB
      Прегледи:
      283
    • mottttttt.jpg
      mottttttt.jpg
      Големина на фајлот:
      101,2 KB
      Прегледи:
      283
    На srcekrsacka, bittersweet, FortuneTeller.xD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам многу депресивно..
    Неарно ми е она ептен..
    Само шо се вратив од една кратка прошетка овде низ малото.. Чоек нема, Чоек не видов по улиците..
    Само јас и неколку авотмобили кои поминаа до мене.. :|
    Ми се чини дека ќе полудам, дали до периодов е, ПМС завршва па зато излеа таква сум..
    ЈБГ Веќе смачено ми е од се, само нервози и сл, па дај еднаш се нека биди океј ко шо треба, не можам поќе, ама стварно не можам, Би сакала да сум на некој пуст остров, сама да се одморам од се..
    А Можи и него да го земам со мене, друг не ми треба..
    Очајно посакувам да бидам во моментов со него, ОЧАЈНО ! ;(
    Одам сеа да си поспијам иако спиев до 2 сатот, и не можеа да ме разбудат, ко заклана исто :x
    И ќе си мислам дека сум тука со него, барем на момент, барем на една секунда....
    [​IMG]

    Вие имајте убав ден. :*
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.833
    СДК дека читајќи го постот на Трендафилка, сконтав колку среќна жеМка сум.

    Мојон мачор јаде се’ што ќе му спремам, сам си пере и пружа алишта, ми го поправи точакот, средува славини од чешми, го бива за танц, сака да патува и ме сака мене. Кога е нервозен и сака фудбал до бескрај, ја си идам во соба, читам, си дремуцкам на нет и сложни сме на седум сантиметри одалеченост.
    Башка денес со неколку ракиички и шопска, си се отворивме ко другари, ко љубовници, ко се’. Ми годи кога можам со ширум отворена душа да бидам рамноправна со него. Да внимавам како се чувствуваМЕ, а не да мислам само на себе. Или тој само на себе. Си припаѓаме, и сега овој отсечок време е само Наш.

    И ми подари привезок за клуч во облик на микрофон. :inlove: :inlove: :inlove:


    И немам за што да се пожалам. Само да утврдам дека мамините синови се тотален АУТ!
    Или како што Реми од Елементал еднаш пееше = Теби душо не требам ти ја, треба ти мама!

    Грозно.

    Еве ми ја радоста денешна! Јас му купив црешки. Тој мене ситница што ми го облагороди денов.
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Strumfeta93, Libera и 13 други им се допаѓа ова.
  20. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Времето е тмурно,јас уште потмурна.Факт е дека ако сам не си помогнеш за било каков проблем,никој нема да ти помогне.Сите се тука да ти солат памет и да ти кажуваат што и како е најдобро да направиш,а кога истите тие ќе се најдат во слична ситуација тие се оние кои се збунети.Затоа од денеска не дозволувам веќе никој да влијае врз моите одлуки,па макар јас да бидам таа што ќе се изгори.Често пати велиме времето ги лечи сите рани,а мене единствено ми останува да чекам и да видам дали е навистина така.......
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.