Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како да сум во трка со есенва.
    Таа станува студена - јас уште постудена, венеат лисјата - јас венеам уште побрзо.
    Ке видиме кого зимата ке го зафати побрзо...
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека менталитетот на генерацијата моја опадна и под нула.
    Секоја чест на исклучоците. Која опсесија ја имаат кон фејсбук, живеат за да бидат видени и приметени.
    Секоја втора стана манекенка бре, пу, пу да не ги урочам. И тоа од пуста желба да стават слика опнати во 14ка штикла, пицнати во минич нозете витки танки да им бидат видени, деколте, пет кила шминка и патка фаца и да добијат 2894649 лајкови.
    [​IMG]
    Сликани со (незнам ти колку скап апарат и колку мега пиксели) наочари, венчиња, поза џоа „ме боли бубрегот или што и да се наоѓа тука кај што ми стои раката и грч ме фати во ногата па морав да ја свиткам, туку ајде сликај!“
    СТРАШНО бре луѓе.
    Одамна размислував за ова и ете ти го и Марјан ме подржа со видеото. И интересно е тоа колку сите се палат и се смеат на неговите видеа без да размислуваат дека всушност типов ни ја прикажува реалноста преку доста хумористичен начин, односно тие се тие манекенки, навивачи, паничари и тако даље.


    Страхотно! Исто така и незнаат да ги вреднуваат работите.
    Ми плаче ми се треска од земја затоашто татко и не сакал да и го купи ајФоунот и го изгубила сјајчето од Италија. Ама буквално плаче на сред час. Па шминката и се размачкува тука и ти таман си мислиш сеа ајде ќе оди до веце да се измие ќе си одмориш глава ете ти ја вади цело козметичко катче. Палома, влажна марамица, па повторно става римел и креонче и пудра и сјајче, си ја пречешлува косата, помада става и спремна е! Солзите ги нема! Сега пушта Цеца и пее....
    За тоа плачат?
    Ги гледам и си размислувам: „Овие ако дојдат на мое место, ако го живеат мојот живот некоја пола година и више ќе се убијат, мајке ми“
    Секој ден слушам викотници, навреди, кршење предмети низ куќава, трескање врати, изгубив доолго годишно другарство, ПМС ме треска па во тие слатки моменти сум и емоционално растроена и пак цврсто стојам на нозе и товарот си го носам на грб. МОЈ е, да, токму така! Мој и само мој. И упорно одам, затоашто знам дека денешницава утре ќе ми стане минато. Не се жалам дека ништо не сум добила од моите, напротив.. Сум добила многу работи и кога не сум заслужила. Туку само потенцирам дека незнаат да ценат. Незнаат вистински да се радуваат на работите. Во овој период во кој ништо неможе да ме израдува иако постојано си се смешкам и вешто си ја прикривам болката, и најмалата работа ми измамува вистинска насмевка и ми го грее срцето. Ма донесете ми ако сакате ливче паднато од дрвјава, прегазено од коли, измочано од кучиња... Јас ќе се израдувам како мало дебело, мрсно, гнасно дете на тортиште од сто тона.

    Ајде сега и се враќам на биологијата.
    mwacki, gu6ki, bacuf4inja, we sakufkam :inlove:
    Односно, хвала вам на пажња, можете да скролате надоле у случај да сте застанале на постов. |(
     
    На mrj, Doozy, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    изгубено е куче ДОБЕРМАН кој ќе го најде нека трча побрзо :rofl: :rofl: :D :D :D :D
     
    На martinuska и MandyLane им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Значи само јас можам вака да ги укакам работите. Како можев бре! Ни до два не избројав пред да ја пратам таа глупа порака. А до десет можеби и ќе се премислев. Е толку е сега. Помина. Памет за друг пат. :!:


    Ај избриши ја плс :angel: Ах Суперглр :swear: :swear:
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Денешниов пост ќе го посветам на една борбена девојка.

    Најпрво ќе кажам дека се радувам на спортските успеси на нашиве спортисти како мало дете на киндер јајце.
    Знаејки колку е напорно да тренираш во Македонија, во мизерни услови, во ладни сали, каде мама и тато може да те финансираат со години додека федерациите немаат пари да те пратат на натпревар, а да не зборам за купат опрема, државата да не те рецка, а во весник на насловна само светските спортски настани ги пишува, твојот успех или златен медал го има во едно мало ќоше.
    Но сепак постојат упорни и луѓе на кои вреди да им се ракоплеска.
    Ќе го болдирам имево Наташа Илиевска.
    Успешна девојка која најпрво го освои европското злато, воедно е прва на светска ранг листа и на премиер-листата за 2011 година.
    Нешто што досега не му успеало на ниеден македонски спортист, да биде прв во светската ранг листа.
    Секоја чест млада дамо [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Annath, julie77 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш гледав со жалење на малиот број пријатели кои ги сметав за вистински и кои несебично ми даваа поддршка, дури и кога не ја барав. Но, сега кога од двајца останав на еден, се почувствував ко да сум изгубила стотици. Не, не бил битен бројот, туку колку тие луѓе му давале вредност на твојот живот, колку бил побогат со нив...Доволно е да имаш еден, кој веднаш ќе ја почувствува тагата или среќата во твојот глас, некој кој ќе те ислуша, некој кој ќе те искара кога не си во право. Кому ќе имаш желба и ти да му го развеселиш денот и знаеш дека насмевката на неговото лице е баш поради тебе. Некој во кој никогаш нема да ја изгубиш довербата, зашто не те разочарал досега. Во кој гледаш искреност во делата и зборовите. И да, сега кога останав без таква личност, се прашувам до кога? До кога ќе се жртвувам за другите? Кога ќе научам да бидам себична? Кога ќе престанам да ја барам логиката во се и да мислам за доброто на другите, а не постои гаранција дека ќе испадне како што очекувам? До кога ќе седам настрана, кроејќи го животот на другите според мои замисли и со став дека без мене ќе имаат подобра иднина? Која сум па јас да го знам тоа?
    Поуката е- ако имате макар и еден пријател, кој верувате дека е искрен и животот би го дале за него, а и тој за вас, борете се тоа пријателство да потрае. Не го уништувајте свесно, туку борете се за работите кои внесуваат среќа во вашиот живот. Не бегајте од нив и не ги потценувајте, зашто човек откако нешто ќе добие, заборава дека тоа треба да се одржува. Да не звучи како клише, ама не гледајте на тоа што ви фали, туку ценете го тоа што го имате сега...утре може да останете без него. По ваша вина, туѓа, или игра на судбината, ќе е небитно.
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly и Cynthia им се допаѓа ова.
  7. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    СДК Размислувам, читам и по не знам кој пат сфаќам дека го имаме граматички и правописно најкомплицираниот јазик што постои на планетава. Добро, уште малку за секој збор поединечно различни правила ќе треба да пишуваат :^) .
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК не искористувај ја добрината на луѓето кои те сакаат...
     
    На firequeenn и teddybear им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам да кажам дека немам време. Немам веќе време да размислувам дали сум во темно или среќно место, депресии и не знам какви не други работи. Сега и главата не знам кај ми е. Тоа е. Се мењаат времињата. Сега смешна ми е и помислата на диета. Гледам само да јадам нешто кога имам време.
    Ослабев за една недела, се стопив, ми вика ќе те снема бре жено.
    И подобро е вака. Подобро ми е кога сум презафатена со нешто отколку да си ја товарам психата со глупости. Само не знам испитите кај ќе ги сместам, кога ќе учам...
    Ај ваљда ќе најдам некако време. Тогаш за тогаш.
    Само за секс имам време. За тоа секогаш, па и не знам што да ме боли. :rofl:
    Секс и љубов, тоа ме оддржува.
     
    На Magnolija, Trendafilka, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Круго се врти! Оваа сум го кажала 100 пати и еве оваа ми е 101 пат да го повторувам,а ке го повторувам додека сум жива.Точно е дека кога-тогаш кругот ке се заврти.Да!

    И мило ми е што сега извесни луѓе страдаат и се чувствуваат бедно,ако ако! И јас се чувствував некогаш,нека осетат и тие малце. Мех,меехх..Не сум злобна,само сум праведна. :lol:

    Инаку бегам на спиење сега.Утре,исто како и денеска ме чекаат еден куп обврски и малтретирања по град на оваа смрзнувачки-ладно времиштенце :x :hai:
     
  11. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Сакам да кажам доооооооооооооооооообра ноќ на сите се читкаме утре наутро со кафенце :D |-) :hai:
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Продадени души...ај шо се продадени, ама и ефтинички. Го продаваат г*от и мислењето за еден комплимент или поклонче за осми март од кинеска.
    Створења според кои осет=научна фантастика, а морал=мисловна именка. Бедотии кои се' помасовно го населуваат овој грд, студен и неморален свет.
     
    На ines.h и MandyLane им се допаѓа ова.
  13. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Јанзата ме јаде....

    Каде е??? Што ако е со неа??? :@

    Не би можела да си дозволам да ме лаже... :@

    Што би сторила? :swear: :worried:ilent: :punch:
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    СДК Едвај чекам да ми пораснат ноктиве. Но да не ми се излупат или да ми се скршат ;(
    Едвај чекам да ми купи тато Канон, некако не му се дава 60.000 па чека новогодишни попусти :lol:
    Едвај чекам Нова Година, зимски распуст. Да одморам малце од школово па после распустот да фатам да поправам оцени. :)
    Ајде отидов ја да си легнам. Ме чека напорен ден утре.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    251.644
    За толку добри филмови само 2 страници, 2-3 поста, а за лесните лимонатки и филомовите со вампири се пишуваат страници со двоцифрени бројки |( .
    За вкус не се дискутира, ама за квалитет да, но квалитетот е слабо коментиран, или пак неможе да се препознае и сфати? :^)
    До нешто е, само до што е де!
    Оваа се однесува и за книгите.
     
    На Divinebutterfly, Doozy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Ако денот по утрото се познава, ова ќе биде долг и ужасен ден!
    Уште очите не сум ги отворила а триста глупости ми се случија... знаев, ЗНАЕВ! И многу арно не е на арно.

    Едвај чекам да заврши ужаснава година, веќе станува неподносливо! :x
     
  17. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    уф ама било ладно денес,,додека ги средвав своите утрински обврски,па луѓе мои се смрзнав,секогаш било ладно овде и секогаш ке биди ,ама кога стигнав на раабота,расчистував и еден зрак сонце ми го попрече погледот,за прв пат сватив што е тоа да те погали еден топол зрак ,да да нежно пренежно галење со топлината на сонценцето ,иако е ладно да имаме ;) убав ден ,
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Одговорноста на некои луѓе е нешто како постоењето на божествени суштества. Не ти преостанува ништо друго отколку безрезервно да веруваш дека сеуште се таму некаде и дека постојат.
    Или да станеш атеист, бирај.

    Како силуета чекорев и се обидував да поминам незабележана. Верувам дека ми успева деновиве. Низ темните очила го демнеам светот околу мене и си велам - ова као природно се сите вака намрштени и потиштени или само ме филмаат беспотребно?
    Само си велам, да не биде од бетер дабетер, не дај Боже! Пу пу! Да си плукнам меѓу груда и да погледнам горе во надеж дека се ќе биде во ред.
    Штета што глупоста кај луѓето не поминува незабележано. Ме ежи. Буквално и суштински до степен да ме нервира навистина многу. Да се мереше со пари секоја глупава и непромислена постапка на некои луѓе, немаше да владее сега финансиска криза во светот. Ќе бевме сите, Дубаи. Море Катар.

    Не сакам да сум како Дрисла, не сакам да трујам ниту да валкам, најмалку виртуелен простор со ризик некој да ме прочита и да си рече - кој ку* и е на оваа?
    Нитуеден и ничиј не ми е. Уште една борба пред мене а овој пат јас ги бирам средствата. Заглавена во неприкосновеноста на еден систем, се обидувам да се извлечкам од сето ова со крената глава и насмеана.

    Дотогаш ги стопирам сите радости кои мислев дека ми претстојат.

    Бидете ми поздравени and feel free to ignore me.

    Till further notice, stay cool - cause you never know what piеce of shit is gonna fall on your heads. Камо да беше птичјо. Ех.

    А сепак, сепак, ако нешто вреди тогаш тоа се оние непланирани убави зборчиња од поединци кои се бројат на една дланка, насмевка од еден човек, и кафево од колегава. Ништо не е загубено - си велам. И со воздишка и бело знаменце му се предавам на денов кој претстои но не и на животот кој постојано ме предизвикува. Никогаш!
     
    На Mygirl, Divinebutterfly, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    да легнам у 6, да станам у 9 без никаков проблем, таа моќ ја имам само јас! :muscle: :rofl:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Паднав во депресија :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.