Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.898
    Брзав да завршам, средно,сакајќи да видам што ме очекува на факултет.
    Брзав да го завршам и него,за да видам како ќе се снајдам со работа.Брзав да заработувам сама,а многумина ми рекле-Дека проблемите тек тогаш почнуваат.
    Па и не верував,мислев лажат.
    Што проблем можеш да имаш,кога работиш,и земаш плата? За тоа си учел и тоа си го чекал.
    Значи во толку тешки денови сум,што ми се темни пред очи.
    Подршка финансиска немам од никаде,како можам од мајка ми да барам,кога едвај сврзува крај со крај? Здравјето и е за никаде,а тоа го разбрав од друг.Ете така,срцето ми се кине,кога разбрав што доживувале дома со сестра ми.Криеле од мене.
    Значи навистина стигнав до едно дереџе каде сакам да откажам и свадба и се.Веќе ми станува сеедно се,не ми се верува дека нас мора да ни се случува вака! Јас знам дека од лошо има полошо,ама пак до толку да не тргне на арно.Мене ми е сеедно,веќе,ама повеќе ме боли душата за нив.
    Моментално се борам да обезбедам пари за свадбата.Го калкулирам секој можен денар,и се надевам ќе успеам.
    Во мигови кога размислувам дали да ја правам или не,иако веќе се закажано,знам дека ќе ми биде криво.Знам дека го посакувам многу тој ден,мојата венчаница,него до мене,луѓето кои ги сакам,сакам да има еден ден весел убав,насмеан,со солзи радосници а не таговни!
     
    На LilBaby, x.Daisy.x, Strumfeta93 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Нема поубаво чувство од тоа кога ќе завршиш со последниот колоквиум за годинава, и не се замараш со зборот факултет и се што е поврзано со него се до октомври :dance:
    Милина, башка кога ќе ми текне дека за неколку дена заминувам во Америка 8) Хо хо хо хо , за мене се погоди оваа бе.. баш ми е убаво :makeup:
     
    На sweet-cherry, esperanca, LilBaby и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Така е, во право си, за се што кажа. Јас не сум храбра. Бев, се додека решавањето на проблеми почна да предизвикува дупло поголеми. Пред 8-9 месеци, истово јас ќе застанев и себе си ќе си го кажев. Можеби тогаш ако не бев храбра, сега ќе бев. Моја грешка е тоа.

    Пеењето, тука мене секогаш ми бил лекот :) Музиката :) Сега ни гитара можам да фатам ниту пак да пеам.

    Фала, што го напиша ова! Сега знам дека направив се што можев!
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не,не се оправдувај,секогаш можиме повеќе! Почни наново :) Сите имаме проблеми понекогаш ама еве уште живи сме :) :hug:
     
    На Lepaaa и L-enna им се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Колку само ти завидувам на постов! :wasntme: :) Јас ова на 4ти Јули ќе го напишам... :D :tmi:

    Иначе, ништо, факултетот не се запалил! :( ... :rofl:
     
    На LilBaby, karina8 и martinuska им се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Аман нека поминат уште овие 3 колоквиуми :doh: . Ми се смачи веќе од книгиве и учењево...

    [​IMG]
     
    На LilBaby, Divinebutterfly, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Мене ми е да не речам "Да имав уште еден ден." :headbang:
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денес конечно се наспав. :D
    Потребен ми беше добар сон и одмор, денес си уживам со вас на фемина и воопшто нема да се замарам со небитни работи. :rock:

    Се прашам каде ли се изгубија вистинското пријателство, искреноста, поддршката :?:
    Гледам и неможам да верувам колку далеку може да отиде човековата алчност, неискреност и дволичност. :x

    Како и да е денес нема да дозволам никој да ми го расипе расположението. :)
    Време е веќе да посветам повеќе време на себеси и на оние кои ми значат. :inlove:

    [​IMG]
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    како што музика може да те расположи и расвесели ништо друго :rock: :rock: :rock: 8) :D ;)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Чему љутња? Why so angry де?
    Што би рекол еден Циго од преку друм соседно маало, „Гости сме на овој свет, насмеј се... за што и да е!“

    Времево треба да ни е криво што е време, и што тече и минува, а не што е ладно или топло.
    Изиграјте сите по едно Танго Шојиќ на дождот и ќе забележите колку тој може сончев да биде.

    http://www.youtube.com/watch?v=yb0KbV0MvMw
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    СДК дека не е фер што ја заклучија темата kanta/dali-sum-bremena-t12487/
    Стварно не е фееер, па сега како ќе добиваме информации кога ќе ни тежи или кога ќе ни диши стомакот. Ќе треба Цацко да го прашуваме дали му диши и на него стомакот.
    п.с. мојот отежнато диши во последно време, ќе треба да го ставам на респиратор :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Си го испратив мм на пат и веќе ми фали :( Морам да направам добар план за како да се занимавам до недела :^)
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам деновите кога целосно внимание си посветувам сама на себе, а денес е баш таков ден.
    Си се напив кафе,после ќе си ја наполнам кадата и ќе си се опуштам,ќе си направам пилинг на лицето и тоа е тоа. Добив неколку понуди за на кафе, но денес додека не си ги завршам сопствените задоволства кој ве тиииит сите !
    Денес единствено ме интересира ЈАС ( како звучи тоа а )
    Денес само јас сум битна ( другите сите сте небитни)

    Ех ех,колку сакам секој ден јас вака да размислувам и да правам,ама ајде кој знае можеби ми е првата скала 8)
    Имајте убав ден и сакајте се себеси !
     
    На Lepaaa, mims-89, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ајде нека помине следнава недела и куртул од школово е*ено!
    И само ако математика ми остане 4ка,абе ќе и ја дупнам главата,најсериозна сум :!:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Понекогаш сум премногу самокритична, тоа е лошо. Понекогаш ги преценувам луѓето, и тоа е лошо. Речиси секогаш го барам проблемот во мене, итекако е лошо. Правам се за да ја оправдам туѓата постапка и пак се кривам сама себе си, да не зборам. Дојдов до точка каде што се запрашувам, што ако луѓето за кои сум сметала дека ми се дар и награда, кои не ги заслужувам, уствари дека они не ме заслужуваат мене? Понекогаш навистина е така, пре окупиран си со тоа да го задоволиш другиот, да го оправдаш неговото присуство во твојот живот, а уствари тој некој не те заслужува!
    За многу работи сме си сами криви, ни животот, ни Бог, ни судбината, никој! Ние, самите...
     
    На Sara123, Adi888, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    На LilBaby, Smilly, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    IT`S TIME TO MY B-DAY! :party:

    Сакам да си кажам дека веќе не сум мала, немам веќе 17-18години, но сето тоа го подврдија и моите познаници кои сите ми укажуваа на тоа дека сега спаќам во повоздрасните, но искресно јас се чувствувам како мало дете...

    Денес сум пресреќна, денот ми е исполент во Смеа, Радост, Љубов!

    Во продолжение ве поканувам сите на мојот 20ти Роденден, почастете се ситее!!!
    :dance: :party: :dance: :dance: :dance: :makeup: :makeup:
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      7,6 KB
      Прегледи:
      227
    • images (2).jpg
      images (2).jpg
      Големина на фајлот:
      9,5 KB
      Прегледи:
      227
    • images (3).jpg
      images (3).jpg
      Големина на фајлот:
      11,2 KB
      Прегледи:
      227
    • images (4).jpg
      images (4).jpg
      Големина на фајлот:
      10,2 KB
      Прегледи:
      227
    • images (5).jpg
      images (5).jpg
      Големина на фајлот:
      9,8 KB
      Прегледи:
      227
    На Annie.mk1, cherry91, Smilly и 7 други им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Како минува времето, почнувам да сфаќам дека човековиот ум и неговите границии на нормалата наместо субјективни, стануваат се повеќе објективни, oдносно....

    [​IMG]

    Сфаќам дека со ден се повеќе и повеќе реактивно бунтувам против опкружувањето.
    Што дека сте инжињери, доктори, директори, што дека ја имате моќта да одлучувате за доброто на некој друг? Што дека сте оние кои треба да им дојдат во предвид на граѓаните кога им треба помош.
    Сакам да ги поздравам сите возрасни што мислат дека да си возрасен е голема работа и страшна одговорност, и да им кажам дека всушност тоа е работа на умот и срцето, а не на текот на времето.

    Да знаете дека е голема храброст за една млада личност да каже кога некој огромен проблем ја мачи и треба да ви се обрати вас, односно дека е голема храброст за една млада личност која допрва се гради да избунтува против неправда. Сето она што ние го видовме и проживеавме во текот на годината е душевна болка која нема мерило, која ќе нема крај ако не превземете нешто. Од срце посакувам вашите деца да претрпат таков притисок и страв, па да видите колку боли, и кој е искомплексиран, дали ние, или вие...

    Симнете си ги задниците од титулскиот престол, отворете ги очите и веќе еднаш сфатете дека она што е есенцијално е невидливо за вашите окца.
     
    На mims-89 и eli25 им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    8.723
    Ако не се предадете на рутината животот е поубав.
    Денес имав гостинка на пола ден па решив да отидеме на една тура со водич. Од оние бесплатните што ги има насекаде низ Европа.
    Групата беше толку разнолика, девојки од Канада, дедо од Тексас, двојка од Холандија и уште една од Франција, дизајнер од Германија, жена од Унгарија.
    Ми ја разбудија непокорливата моја желба за патување. Бројам денови до почетокот на летото за мене и сите планови што ме очекуваат.
    Некои луѓе околу мене не ме разбираат зошто не сакам да се дружам со луѓе чија главна преокупација е какво кафе ќе пијат денес и да се вклопувам во рутината факс-дома-учење-алкохол.

    Се возбудувам при секоја посета на галерија, театар, секој нов најавен настан како TEDx, Design Week...
    А денес ја добив и најубавата покана за дејт, посета на изложба. Негова инсталација.
    Ќе му влијаам и на сонцето денес, ете толку исполнето се чувствувам!
     
    На bittersweet, Doozy, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Дека на некој начин го мразам, а воедно и сакам интернетов.
    Предности:
    1. Постои фемина;
    2. `Гугл е сезнаен` `ни помага` и има се и сешто;
    3. Има корисни совети;
    4. Можеш да се слушнеш и допишуваш со познаници од странство, пријатели итн...
    5. Можеш апсолутно се да дознаеш за своите пријатели и непријатели, симпатии, бивши дечковци, комшики, роднини, другарки...
    итн итн.
    Мани:
    1. Собира голем број на зависници, особено по социјалните мрежи кои не можат без интернет;
    2. Сите се јаки на тастатура, и пишуваат се и сешто... во живо се едно, на интернет друго и се прават фраери фраерки на фејсбук или било каде, има вулгарности и манијаци...
    3. Има глупости и работи кои затупуваат.
    4. Има досадни и глупави дечишта кои досаѓаат, и пишуваат разно разни глупости;
    5. Некои Грци кои се појавиле да се караат со Македончињата и да пишуваат некои чкљ постови, било да се на грчки, англиски јазик...
    итн итн.

    Голем број раскинувања, разводи и проблеми се направени баш од социјалните мрежи...
    Не сакам да бидам зависна од интернетов, а секој ден се повеќе и повеќе го користам и не можам без него.
    ЗАКЛУЧОК: Мерата во се е најдобра! ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.