Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК самите ние сме си непријатели !
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сакам да кажам дека е чудо колку понекогаш оние кои ги сметаш за блиски едноставно не сакаат да се потрудат да ти дадат поддршка. Се осеќам како гомно искрено, такво игнорирање ми мавнаа 90% од сите оние на кои им се обратив.
    Стварно не сум тип што сака да замара некој со свои проблеми, но некогаш сите имаме потреба од било каков убав збор.
    Кога они беа во иста ситуација толку се трудев да кажам нешто убаво, не дека ми било интересно 10 пати да ги слушам, ама разбирам дека човек во ваква ситуација единствено има потреба да е ислушан и да го каже истото и 100 пати ако треба додека да му олесни. За работи за кои сметам дека стварно не вреди веднаш кажувам дека претеруваат, ама за вакви случувања треба стварно да си себичен.
    Искрено се лутам на себе што помислив дека некој ќе сака да помогне.
    И дефинитивно овој пат ќе биде памти па врати. Сакале или не истото ќе ги дочека и нив, тогаш стварно нема да ги ислушам па колку и да ме гриже совест после тоа, не заслужиле и крај.
    Далеку од тоа дека се сметам за добар човек, ама има ситуации во кои според мене секој нормален и воспитан би дал поддршка.
    Може е повеќе постов за во испукајте се, но стварно не сум нервозна нити револтирана туку буквално не ми се верува дека постои таква незаинтересираност и морав да си олеснам било каде.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.266
    Пол:
    Женски
    Аиии до кога бе вака, кога ќе умре пијаницата во мене?
    Не можам да живеам денес, зборови кои толку често излегуваат од мојата уста.
    Куќата ко низ торнадо да поминала ми е, а ја а мрднам ми се лоши.
    Толку без усул, ццц, не знам веќе што да кажам.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Добро е што не рипнав ласта од балкон пред некој ден, оти ете, после дождот иде сонце. А мене не ме опали гром.

    И така успешно си завршив со еден прилично обемен превод, утре фотосесија, во сабота дел од изложба. Убаво ми е кога не знам каде ми е главата, сакам кога планови ми никнуваат како печурки!
     
    На lovely91, ljubam, Elenuskaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Чувствувам дека ми се насобрала негативна енергија, па си ја спастрив собата, сега ќе одморам малку, па ќе се изнавежбам и на крај еден туш, хмм јас мислам добро ќе ми дојде.
    Малку ќе внимавам и со јадењето деновиве, си го расипав стомакот ми се чини, па се што е претерано не е во ред, макар и тоа да е нешто што ни прави задовоство.
     
    На Miss.Ricci и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Зошто за се што е убаво мораме да кажеме БЕШЕ?
     
    На Miss.Ricci и cherry91 им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Зошто бе, зошто читам хороскоп 5 пати во годината и тоа мораше денес да го направам?
    Зошто кога не верувам во него?
    И сега си реков ах бре бил во право.
    Море не е он во право за мојата вина, јас сум! Судбина ми било? Како да не, ал ај.
    Искуство е во секој случај, ама дал е позитивно ил негативно уште не знам.
    Ако дознаам дека е позитивно ќе го скршам од радост таванов у соба.

    Денов е као Шутка. Испревртен, никаков.
    Сеуште не ми е јасно што му стана на мојот омилен месец. Кусо блузиче преку ден, монтка навечер.
    А и денешниот доручек, блага кифла полнета со солени намирници. ВТФ?
    А у мода е нешто опачки да бидат регистрациите на автомобилите?
    А у мода и да те снимаат у Све за љубав на плоштад пред Аце?
    А у мода е машките да носат женски ташни?
    А у мода се муабети за одмор?
    А у мода се секси реклами во Македонијава?
    У мода се сандали на дождовиве?
    У мода знам само дека е разбушавена навлажнета полуизвиткана петардеста коса као Ајнштајн, баш како што месецов е мојата :wasntme:
    А од задутре во новиот ни јунски месец едно 100% ќе е у мода. Вежбање, диети и креми против целулит. 11 месеци јадеш ко бишка и дремеш пред телевизор и компјутер, 12тиот слабееш, не јадеш до онесвестување и не ти е јасно зашто не губиш килограми и зашто газот ти е кашкавал. Е не знаеш богами :D

    Мене сепак ме теши гурманското селско месо тато што ми го прави со младо компирче. После него денов ќе ми биде како Париз, не како Шутка, макар имала кашкавал на газот гајле ми е, мило ми е што сум си гурман :mm:
     
    На Shelea, Mrs.Cuper, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    43.774
    Пол:
    Женски
    Нема смисла мислев уште два и ќе завршам, чао, чао прва, ама никогаш не испаѓа според планираното.
    Му текнало сега на него дека треба 4 колоквиуми да се полагаат и јас паднав еден и што сега...да одам на испит,во јуни.Ма е*и се и ти и твојот глуп предмет техничка механика, у пм се.
    Значи крајно се изнервирав, нема смисла.
    Со која желба сега да продолжам да учам денес, немам инспирација веќе... :@
    Е ќе си пукнам, сакам да заврши веќе се и да си ја ладам.Аман нека помине само, што биде тоа.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Хроника :tmi: :P

    СДК ... Повеќе се почитува директност и реално укажување на грешка или недостаток на некого, отколку лажно потврдување дека е добро, во ред, убаво итн. Колку некој и да не му чини и се лути дефинитивно ќе ја испочитува личноста која тоа го направила ма колку и да била сурова со зборови.

    ... кажав нешто паметно?? :^) :angel:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 Среќна сум што дел од моите пари ги потрошив за да го поднаполнам фрижидерот дома. Па моите имаа толкави трошкови и видов дека се во тесно, па си реков одам во Тедико и ќе купам се што мислам, така и направив. Кога видоа, повеќе се израдуваа на самата моја идеја, отколку тоа што сум испазарила се што немаше. И си помислувам зошто ли толку малку придонесувам по дома, ама тоа е... за оваа возраст и овој пат кој го одбрав засега толку. :worried:

    1.1 Битолска млекара, секогаш верна на нивните производи, нема подобри овде! :)

    2. Црвените лаковани штикли што ми се оштетија на матурата сега се како нови, ми ги исчистија со не знам што таму на кондураџија и среќна сум.

    3. Чекајќи ја малечкава сестричка да се врати од еднодневната екскурзија ми дојдоа солзи во очи и многу ме изреволтира еден муабет меѓу 2 помлади баби до мене. Нешто беше демек кој би сакал да има дете со посебни потреби, хендикепирано, па не се наоѓале жени што сакале да чуваат такви деца (дадилки) од што им било грозно и нормално кој би сакал да чува такво дете, и сето ова пропратено со гримаси на гадење како да се работи за којзнае што, а не дечиња од основно, па демек не се наоѓале жени за нив бабите да ги чуваат, а не па такви деца, па што ќе правеле тие ко ќе остареле уште толку, да не биле беспомошни како таквите деца, па не знам што... така ми дојде лошо, што станав од клупата колку и да ми беше фино седењето и шетав наоколу низ школскиот двор и кога пристигна автобусот како Господ да го видов бев среќна. Си викам преку глава ми е од такви нафатирани баби подотерани од нас младите, кои не се свесни дека за некоја година ќе бидат бетер од дечиња со посебни потреби, па тогаш ќе ги прашам дали ќе се гадат и од самите себе како што се гадат и од кутрите дечиња Бог нека им е напомош и нив и на родителите и на сите блиски. Нека бидат среќни што нивните внучиња се здрави и живи и нека си ги гледаат нив.
     
    На Shelea и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Мора да учи, мора, мора! :D
    Ајде 2 саати ќе си научам, после фемина и добро филмче...
    Денеска убав ден... Ама утре подобар!

    Да живее ФЕМИНА!
     
    На CharmedGirl, Lepaaa и ana-girl им се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Се дотерав, се нашминкав и бегам за Скопје. :hai:
    Кога немам што попаметно да правам, барем да се средам малце и да сум убава на испит утре. Уште сега, пошто вечерва не планирам да спијам, ќе учам!! :lol: :lol:

    До утре. :*

    П.С. Пуштете ми среќаааа, да распалам утре, сите лекови да ги знам! Ајт... ;)
     
    На Divinebutterfly, Miss.Ricci и t.i.n.k.e.r.b.e.l.l им се допаѓа ова.
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Колку само за нас може 50 денари да се нешто најбезначајно,а за некого вредат многу.Не можам да го заборавам сјајот на детските очиња кога добиваат нешто што толку го посакуваат.Сосема случајно во слаткара сретнав детенце бездомник кое сакаше да си купи колаче,а продавачките се однесуваа како воопшто да не го гледаат.Срце ме заболе кога го видов детенцето и му го купив тоа што го сакаше.Трагично е тоа што се случува во нашата земја :( Има ли некој што води грижа за овие невини душички....
     
    На Mishela, Divinebutterfly, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Денес сфатив дека најубаво е кога нештото што го сакаш од хоби ќе премине во професија од која ќе егзистираш.
    И ќе се стремам кон тоа! :)
     
    На ViktorijaMari, anabel-a, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ммм некако коцките почнуваат да се редат
    среќна сум
    уште две сукњи на мајка ми денес беа направени фустанчиња :lol:
    Добро поминав и на лекар нема причина за грижење, се е во ред :rofl:
    станав дел од изборна комисија :!:
    донесов одлука сакам да сум дел од тимот за прва помош
    деновиве ќе се распрашам што треба за тоа
    Сакам да наравам промени во мојот живот
    сакам и ќе го направам тоа
     
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Конечно се гледа разрешување на некои проблеми кои се влечат долго време.
    Со решавање на само основниот проблем, се повлекува разрешница на повеќе други кои постојат. Барем оние за кои е пожелна што побрза разрешница.


    Ајде веќе еднаш конечно и нас сонце да не' огрее..... :whew: ^_^ :sun: :sun: :sun: :sun:
     
    На Phyramide и anabel-a им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Одбивам да седам со скрстени раце и да чекам како паразит некој да ми џитне од горе. Се чудам на многу личности дека го прават тоа и ги имам во моја околина. Без да пратат едно CV, или да се распрашаат што како, они кукаат. Епа брате мрдни го газо.. можности излегуваат.

    Туку тој крај мене, мир на душа. Подршка. Потребна. Јас нему, тој мене. Едно сме.

    Добив пофалаба- алал вера за сликите. Среќна сум особено кога ќе имам пар со кој можам да сликам креативни слики, не здрвени свадбарски без трошка емоции, а уште посреќна што им се допаѓаа на нив. Темпото на живот ми е блесав! Ако не ме мавне срцев удар набрзо.. бар грабам. За една недела Келн. Ирена Мила е хот спот Македонија на 12 јуни. Трема ме драма. Барам и карта за Португалија.. ах ах убајни. Кога си чист и искрен кон работата, и ја правиш со љубов, работите сами си излагаат.

    Се радувам на моите успеси иако не толку големи ама мои. Ме радува што имам кој да се радува со мене..

    Малото најде работа, Е ја викаат на повторно интервју..П се врати на старото работно место.. си доаѓаат работите на местото.

    Туку денес со мојана Киттен манавме, скромен шопинг. Амерички крофни и лаф муабет. Си ја сакам многу. И тука читај жено.. те сакам многу.. и како што јас сакам да успеам сакам и ти. Затоа тука сум за тебе и искористи ме.. знаеш дека никогаш не ти велам не!

    Чувајте си ги пријателите.
     
    На Kitten, bittersweet, CIA и 8 други им се допаѓа ова.
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Во наредниов месец ќе учам, ќе учам, ќе учам .. додека водењакот не ми пукне!!
    Ен два, ен два [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.307
    Ти се прави жена со машки муда,па онда ќе пролупа нешто ептен женско или ептен за девојчиња...те молам марш.

    Леле како се нервирам што си го изгубив ливчето со пинот,а утре парички требаше да ми легнат! Леле,леле,леле ќе му брцнам на некого во око!
     
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Од читање на патетики не ми се влегува на форумов, абе ајде само мед и млеко да не тече, сите се срциња, мрциња и незнам што....недај боже да напишеш критика, ТЕ БРИШАТ!
    Не, не зборувам за администратирите - си ја вршат работата, зборувам за тие што не им држи гз-от една обична критика.
    Еј виртуелно неможат да издржат, а тек реално што би се случило.... :tmi:
    Незнаев дека постои опција - виртуелно билдање на самодоверба.....незнаев навистина
    Ама некако не ми звучи нормално :worried:

    Луѓе надвор од овде светот е суров и нема опција за бришење ;)

    Ај чао, си кажав што си сакав засега 8)
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.