Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако ги бројам луѓето што до сега ме повредија, и ако поради нив паѓав во депресија тогаш уште многу одамна од овој профил немаше да прочитате ниту едно мислење.
    Знам некогаш пишувам без врска,некогаш со причина, ама уште сум тука и ич не ми е гајле за никого и за ништо.
    Секој пат кога некој ме повредил сум рекла "Готово е,враќај им на сите со иста мера" ама неможам,едноставно мене тоа не ми е во крвта. Мене мајка ми сосема на друг начин ме воспитала.
    Секој пат сум велела "Јас неможам на друг да му го направам тоа" и не жалам,не ми е криво, секогаш се водам по правилото "Која сум јас да им судам на луѓето".
    Па така веќе не ми е гајле,имам живот и јас, да имам,можеби не е тоа мојот иделен живот кој сум го посакувала ама барем имам поддршка,кров над главата,можам да студирам и имам за парче леб.
    Немам луксуз.. Ама јас ќе се борам.. Јас сакам еден ден моите деца да имаат се во животот.
    Сакам да кажат "Ете тоа е мајка ми,се гордеам со неа",не сакам еден ден да велат "Не ми зборувајте за таа особа,ми ги уништи животот".
    Таква сум,таа сум,неможам да се променам,има луѓе кои ме сакаат и ваква, другите не ни мораат.
     
    На thelittle17, Elenuskaa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Одам 5 години кај мојата фризерка и секој пат ме дочекува со муабетот,леле се фарбаше?! Леле ама ти е убава бојата!!! Како бе не си фарбана?! Па како толку сјаје?! Не знам со кои очи ми ја гледа косава,ама мене ми оди влакно по влакно да си ја искубам последниов период колку ми е ужасна...и да...изгледа од толку заслепеност од сјајот на мојата коса ми скрати 5 мм...сега,дома сама се дошишувам! Утре ќе и одам да ја испцујам!!! |(
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Го изгубив што го изгубив цел ден...
    А броени ми се. Но, што е, тука е.
    Утре ќе биде нов ден. Подобар.
    Се надевам дека ќе ми се врати концентрацијата. Овој месец се затворам целосно со книгите и нема да обрнувам внимание дали надвор маслинките и липите го даваат неодоливиот мирис на лето.
    Оној мирис на кој не можеш да останеш рамнодушен, па уште кога некоја комшивка пече пиперки.
    Саде убавини.
    Така ќе си го завршам денов. Не почна убаво, но нека заврши така.
    Нема причина за негативности. (Има, ама ќе игнорирам).
    Убаво време за парче кекс и какао. :coffee:
     
    На MandyLane, Adi888 и starbucks им се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Сдк кажам дека не си стојам на зборот што сум си го ветила себе си и се нервирам поради тоа , ,стипендијата ја извадив и дел им дадов на моите,ги потрошија парите со брзина на светлината а си мислев да си истерам со нив еден одмор,целата иронија е и да имав пари за на одмор нема со кој да одам ,немам никој ни друштво ни дечко ,па сега кога си го гледам пасошот што си го извадив минатата година ми доаѓа да искинам,затоа што сите тие личности со кои се договаравме да одиме на одмор не се дел од мојот живот ,штета ...арно рекле не планирај предвреме . Иако реков дека тоа е последниот пост што го пишувам за него во темата што би му кажале знам ќе го прекршам зборот и пак ќе пишам за него. :x
     
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Убав ден богами. Секако убав е кога не учиш ништо и цел ден си шеткаш, мислам цел ден да си поминеш со љубениот е богами нема поубаво од тоа :)
    Денеска си возев велосипед заедно со уште 300-400 луѓе т.е бев на критичната маса и морам да признаам убав момент е кога се возиш во група со непознати и познати луѓе, стари и млади, машки и женски. Убав момент е кога возиш и на рекорд по десна лента од улицата,а не да му ја мислиш да возиш по тротоарот.
    Убаво е да се чуствуваш како дел од нешто,а да правиш една целина.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!

    Останатото оди во спојлер, ми треба да си кажам негде а нејќам да ја мачам околинава блиска...
    Здраво, јас сум Ливинг.
    Работам на три места а од ниедно не добивам пари. :D упс, грешно смајли, ова е точното - :@
    Абе од едното ми плаќаа па се надевав дека ќе ме издржува додека се фокусирам на третото за кое не се жалам поради тоа што е мој личен избор и фокус и надоградба... тука ми е надежта...
    Ова... со месеци одолговлекував за тоа третото, ама мора да се затвори таа етапа, колку и да се трудев. Е тука се јавува проблем - за да продолжи со работа треба да се вложат пари, за да го затворам, пак ми требаат пари. :worried: Ако видите некој да продава покуќнина јас ќе бидам веројатно, е дотаму е работава... Парите од првото ги нема на сметка, одговор на моите прашања нема, а упорно продолжувам да работам зашто се фаќам за сламка и се надевам дека само доцнат.
    Кога ќе се сетам дека треба да позајмувам пари ми доаѓа да се затворам некаде и да се направам недостапна за сите, па нека си стои овој проблемов ако не. :worried:

    Плус добивам. Еј, тоа е - ПМС, ќе препишам се’ на ПМС и ваљда до утре кога ќе добијам ќе ги снема овие глупи проблеми за пари. А?
    Од никогаш не ме бидувало со пари, гледам дека нема ни да ме биде.

    А пред некоја недела се пофалив дека работите тргнуваат на подобро, не стигнаа ни да го направат вториот чекор, оваа амплитудава пак надолу. Каде бе? Не требаше само надеж да даваш, требаше некој период да одиш горе, доста беше бе ееј!

    Ми недостига дедо ми. Колку беше способен да ми ја врати силата и смислата... ;(
     
    На kravce, LilBaby, caroline.costa и 9 други им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам слобода.
    Сакам да ми се тргнат овие синџири од рацеве.
    Сакам да вдишам длабоко,со леснотија,без ништо да ми тежи.
    Сакам да правам планови,без да знам дека во последен момент ќе добијам забрана.
    Сакам да ме пуштат да бидам независна.
    Сакам СЛОБОДА!
    Сакам да не го посакувам ова веќе, туку да стане реалност.

    ;(
     
    На Dulceee и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Јас сакам да кажам дека силно ја гушкам Ливинг. Знам како е, најтешки се маките кога се немаат пари. Ама како и секој друг проблем во животот, ќе се реши. И ќе бидеш ем поучена од искуството, ем посилна Ливинг.

    :* :* :*
     
    На Divinebutterfly, marama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК многу е погрешно човек да се радува на туѓата несреќа, незнаејки дека се радува на сопствената несреќа.Затоа таа најбрзо не стигнува.Колку само вистина има во оваа игра на животов :!: страшно, дури не го ни приметуваме тоа, додуша не сме ни свесни за тоа, а после само се прашуваме и чудиме од каде никнала.Би требало човек да се подзамисли околу ова, па дури тогаш ќе осознае и распознае што и како стојат работите во животот.А со тоа што го живееме она за кое сме сигурни дека е најдобро и правилно, а суштински е лошо, дефинитивно сме погрешиле и тоа со тапија.

    За се што говорел Тоше, за се бил во потполно право :!:

    А музиката е најубаво нешто, толку примамлива за увце, што го тера човек да подзаборави на суровата реалност.

    И да, човек треба да е благодарен за се во животот, па макар и за лошите работи, бидејки го научиле како не треба да се живее животот.
     
    На thelittle17, anabel-a и anneyy им се допаѓа ова.
  10. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Која е логиката после 9 месеци никаков контакт, пак да сака да има нешто со тебе? Поточно да укажува на тоа дека сака, зошто Бог знае што му се врти во главата..
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И како гриз на срцевината од лубеницата, кога е најслатко, мене така ми звршува денот(ако речам ко јаготка на шлагот звучи излитено).
    Ме очекува бурен викенд, да си го вкусам онака со сласт без да имам грижа на совест колку е калоричен. Јуни пак го очекуваат ветувања и желби, исто како и предходните месеци.. се врти во круг истата приказна, можеби да почнев порано од датумот кој секојпат го зацртував ќе бев поблиску до целта.. можеби најверојатно би ја грабнала во раце.
    И не е овој пат никој друг виновен, освен јас.

    Ми велат околината била релативната работа, ти бираш дали ќе бидеш со луѓе кои имаат ограничен и плитки размислувања или со оние open-minded. А што кога си присилен да бидеш парче од тие првите, а всушност да се издвојуваш самиот, и уште три четири лица?!
    Не бе, џабе е да смениш нечие мислење, уствари не можеш да го промениш. Едноставно човекот си живее во заблуда и готово, границата на неговиот видик е до врвот од носот.
    Муабетот ми тргна за непозната особа.. случајно.. и баш ми е мило.

    Е така.. си се топам како карамела кога ќе дојде во допир со усната празнина, толку од денов.. утре нова приказна ме чека да испишан низ празните страници на животов.
     
    На TeddyGrey, marama и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Магистрирањево на Урко ми е еднакво тажно како магистрирањето на Грујо. Тоа ти е иста ствар уствари. Насилници без компромис и осет. Еден те пребива физички, друг ментално со тоа што се концентрира најмногу на пребивање на твоите приходи и работно место,а и правејќи геноцит на економијата,а плус и те ебе у здрав памет. Тоа е тој лав-хејт однос. Ем те ебе,ем те тепа,па не знаеш дали да му раскинеш...
    Баш ме занима која му била магистерската теза и дали е нешто со организиран криминал...
    Искрено ќе се потрудам да го набавам тој материјал,па онда на плажа уз коктел за опуштање,па да се *пребијам* јас од смеење.
     
    На ljubam, JuLleE, Mini-Mouse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.751
    Пред помалку од саат си кажав чао со моите фб пријатели, исклучив музиката и затворив компјутерот.

    Наместо краток туш, си реков море ќе се истегнам, мало задоволсто али одма друго е. Па ај по совет на феминкиве со тоа антицелулитната крема од белеа што си ја купив се пошлапав :wasntme: , и за крај спремив ранецот за утре на фак.

    Го оставив малиот на бирото да работи а јас изгасив ламбата и се повлеков во кревет.
    Таман сум замижала, ти се чини првиот сон на повидок е, го слушам гласчето |(
    Спиеш?
    Сега НЕ.

    Се изми заби?
    ДА!

    Хмммммм, значи не ти се јаде, јас па нарачав пица, една и за тебе со сланина, печурки и маслинки.
    Море остај спање, миени заби и полн стомак...еве се издигав и чекам.
     
    На kravce, Divinebutterfly, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.182
    Нема логига, му се сака!
     
    На glow, Neytiri, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Искам да ви кажа чееее...

    јас не лажам. Добро, секој излажал нешто во животот, ама јас лично и кога сум излажала сум се чувствувала толку незгодно, мања од маховог зрна да не речам ко криминалец :tmi: . И не сакам да ме лажат, зошто јас не ги лажам нив. Ако е тоа некоја доблест, добро.
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.846
    Пол:
    Женски
    Ехе после 2 години се појави, ама го вратив кај што му е местото.

    Го знаете она кога сте свесни дека се повредувате сами со некои работи и упорно продолжувате да ги правите? Свесна сум и те како ама не ми се става крај на ништо, а имам еден список долг можда и километар. Треба да почнам да прецртувам, а денес само една личност прецртав.
    Едно минато кое ме мачеше долго време. Некој кој очајно посакував да се појави и кога се појави сфатив дека ме мачело само зошто го нема, а не дека сега ми значи неговото присуство.

    Утре пак лекар, пак немање на точна дијагноза и пак тренирање на нерви.
    А сега опуштање со филм. Ме фати криза за романтика, се надевам добар ќе е.
     
    На slavica999 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Една прегратка значи многу. Уште како помала, на училиште, некоја школска/школски да ме прегрнеше се чувствував сакано, се чувствував убаво, кога ќе ми префрлеа рака преку рамо па ќе се смеевме застанати во круг, се чувствував посебно.
    Но, како што растат луѓето, се помалку обрнуваат внимание на тоа, а на еден по возрасен човек толку многу му е потребна една топла прегратка, нека е и од рандом личност. Возрасните се многу по осамени од дечињата-тоа е факт. Порано се лутев доколку на барбиката моја и се откачеше раката, се лутев ако немав 10 денари во џебчето да си купам чоко-бисквит.
    Сега, сега се лутам на самата себе си, што толку брзав да пораснам!
     
    На Lepaaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    што чуден свет се ова маживе, брееј како да им е срав да кажат еј ми се свиѓаш, се затрескав во тебе, не ми излегуваш од мисли, бре боже па јас не касам.Уф се изнервирав до пред 5 мин ми пишуваше на фб и не сум ни малце глупа да неможам да сфатам дека чувствуваш нешто, од муабетот се ми е јасно ко ден, ама ете сакам да кажеш сам. собери храброст ако толку ти треба ее па не плаши се нама да поминеш лошо ветувам :rofl: срценце мое убаво :*
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Се обидувам да бидам толерантна кон секого, кон сите амеби на планетава, ама маалскиве мангупчичи ич не можам да ги сварам. Нивна главна активност во текот на приквечерината, вечерта и поголем дел од ноќта е манијачење и оговарање на сите што минат, бетер од стари баби се. Овде исто влегува и покажувањето кој има поголем мотор од кој, зш некои женски се палат на мотори. Сета среќа јас што не се палам, досега пепел ќе се сторев. |( За викендите, фаца е тој што ќе се опие најмногу во биртијава и ќе пее најгласно. Не би навлегувала во дневните активности и амбиции во животот, затоа што најверојатно се сведуваат на партиско вработување преку мама и тате или такси-возач ако мама и тате не се со бате газ и гаќи. Иф ју ноу уат ај мин. :D

    Е, муабетов ми е, дека откако го поскапеа таксито, некако ми се смилија тие 40-50 денари кои треба да ги дадам за 10 минути пат, обично ова време, кога е порано а си идам од обично кафе, па се почесто си одам пешки. И секоја ЕБАНА вечер (ди ЕФ уорд, се почесто и почесто во мојот вокабулар, знак дека сум изнервирана), ме испраќаат, ме гледаат, заќутуваат, се буткаат со лакти, се клоцаат, шамари си лепат, се понашаат како орангутани додека минам и после пак си продолжуваат нормалните активности - пафкање цигарчиња од маалското продавниче. Таман едните ќе ги поминам, другите се веќе во школото скриени. Е тие се троа по орангутанести и некогаш се дрзнуваат да ми коментираат дали косата ми била врзана или не, и дали чевлите ми се плава или розова боја, дали носам панталони или фустан, дека се скриени во сенки, зад огради и под дрва, па не им ги гледам фацичињата. Што ѓубриња се значи. ]:)

    Како и да е, овие нивни ,,активности,, се повторуваат по четири пати секоја вечер, двапати на одење и двапати на враќање. Кај и да е, мислам дека ќе ми пукне филмот и некој ден наместо да си поминам, ќе им застанам, со едно фациче ДЕЧКООООООООООООО, треба ли нешто ДЕЧКООООООООООООООО, зошто забегуваш ДЕЧКОООООООООООООООО, нели си ти тој од самопослугата што си го исече палецот додека ми сечеше салама, ДЕЧКООООООООООО?????? ]:) :devil: . Па да видам што ќе ми речат. :^) Како гугутчиња, како петленца, ќе си се пикнат уште понастрана во тоа сенките нивни. Порано си пафкаа и не им бев интересна, или до нешто друго ќе да е.

    Ма заборавив, си најдов нова симпатија. :wasntme: Работава е I'm gonna getcha, getcha, getcha ама ако. Ај со арно, ај со убаво нека биде, да не биде само дуго вруќо лето, малку повруќо нека стане. :D

    п.с. Рандом факт - петленца и детенца се литературни зборови само во еднина. Ма бајт бре, бајт.

    ЕДИТ - Се изулавев и јас со еднини и множини више. :x
     
    На slavica999 и kravce им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Една од оние вечери ... кога сакате да заспиете и да не се разбудите.
    Глупав четврток, глупав, тупав, скапан а уште не е почнат.
    Непотребно депресивно расположение, глупаво грдо претчувство, грд филм, грди солзи, си се тешите дека плачете за филмот, а врска немате зошто плачете, безвредно е чувствувате, како залудно да го трошите воздухот што го дишете ... безкичмењак, што би се рекло ...
    Нека истече се, нека биде полесно ...
    Горчи...
    Таков е и вкусот на животот... грд и горчлив.
    Да му се плукнам.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.