Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Леле... кај го приметив сега ова :sweat: не мораше... :worried:
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Љубовта вака љубовта така, доказ некој има ,факти?!
    Вечна е ,рок на траење нешто ? Докажал некој дека воопшто постои?

    И така Кејт дојде до една точка во животот на која треба да реши дилема,дали да сврти лево или десно? Тоа што ми треба и што ќе ми обезбеди убав живот се успех и пари ,за љубов има време ,мислам на оформување семејство и слично...

    Ќе изберам успех наместо љубов.
    Утре е нов ден,јас почнувам нов живот .
    Па ,да е жива и здрава новата Кејт.
     
    На marama, CIA, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Малку офф топик... Легендо ме изнасмеа убаво,вака не сум се смеела одамна! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Многу чуден тертип сум.
    Утре полагам. Предметот ми е спремен, денес само да го повторам најважното.
    Ха, ха, па и не баш.

    Ова ми е последен колоквиум. Секогаш имам најслаби резултати на последните колоквиуми. Ми паѓа концентрацијата веќе, ми се сака надвор, ми се сака на Фемина, сенешто ми се сака, ама не ми се учи :rofl: Уште и последен колоквиум за учебнава година, па лето - double the trouble.
    И така ви велам јас, од сабајле се канам да си повторам. И цел ден се трудам да правам нешто друго. Редам, прередувам, бев до Веро, миев садови, јадев, па чај си сварив, па пудинг си направив, па Супер Марио играв, па муабети со цимерката како годинава брзо прелета и како утре го напуштаме станов, па ме фати некоја жал за проклетиов стан, затоа што проклето се приврзувам за нежива природа. И ми успеа, дремев цел ден, и го гледам часот - 1. Па, ајде да повториме :D

    За нецели два часа го поминав целиот материјал, ма се исповторив, листовите неправилни глаголи што ги префрлав цел ден од кревет на маса & vice versa ги повторив за 15 минути, и оние што не ги знаев ги научив. Еве уште 15 минути и легнувам. Затоа што ако легнам пред 4, ќе мислам дека не сум го искористила доволно времето.

    А цел ден џаболебарев :rofl: Логика.
     
    На Strumfeta93, Hopeful и teddybear им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Звукот на акустична гитара од соседната зграда во 4 наутро ме навраќа назад во едно време.
    Време минато не многу одамна, но како подзаборавено, потиснато од горчливи работи.
    Премногу болка и тага се насоберени и надвиснати над тоа време, па ме прават она што не сум.
    Добата јас и лошата јас се борат во мене. Никоја не победува, само ме исцрпуваат. Исто како во метафората со двата волка, победува оној кој повеќе го храниш, а јас изгледа ги хранам и двата подеднакво. Ги хранам со себе, ми ја јадат душата бре. Бедно чувство.
    Истовремено го чувствувам мирисот на она прекрасно лето, допирот на среќата, вкусот на искрената љубов, планови, насмевки насекаде, уживања. Вратете ми го времето! Си ги сакам убавите моменти.
    Од друга страна, не можам да ја скротам оваа горчина во себе.
    Два дена и три инфузии подоцна, си дремам во соба гледајќи чик флик тинејџерски филмчиња.
    Мразам игли и ушите уште ми бучат, ама се држам. Па жива и здрава сум фала курцу, ќе тераме.
    Удри уште еднаш животе, секојпат само ме зајакнуваш. Е не, ќе ти паѓам во канџи. :!:
    Ми угодуваат ко на мало детенце, ама џабе. Кога не ти се коцките склопени, секогаш има провев, ама да се надеваме дека тој ветар низ шуплините ќе ги намести коцките.
    Оставам на времето, а тоа тече, секоја секунда сум поблиску до целта.
    О Боже, ко депресивен манијак звучам. |(
    Си ја отворив вратата и ги вдишувам нотите дури го гледам хоризонтот кај што се прочистува.
    А со него ми се прочистуваат и мислите.
    Да е жив и здрав тој што дрнка на гитарчето. Фала, анонимно човече.
     
    На marama, Hipster и kravce им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК дека нема ништо поубаво од возвратена љубов! :inlove: :inlove:

    Добро утро феминки! :*
     
    На Lepaaa, CIA, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК дека конечно ја добив прелиминарната листа на дарители и многу сум хепи, не е еден, не се ни два тукуууууууууууууууууууууууууууууу шест... и од денес конечно ќе ми започни борбата со македонските мафијашки институции. Се молам да не ја изгубам битката со болеста само заради нив. Јас сум силна да се борам со ова чудо што убива, ама со нив е уште потешко.
    Нема да дозволам да ме депримираат, не се предавам така лесно!!! :devil:
     
    На sweet-cherry, JoxyTheFreak, Hiii и 27 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Чувството кога секој денар ти е важен и наеднаш отвораш новчаник шо го имаш забораено од пред неколку месеци и си наоѓаш 300 денари :o
    Абе ете го сонцето конечно :rofl: :sun:
     
    На Adi888 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  9. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК сакам мирен живот.

    Е нема?
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Me држит уште таа еуфорија од синојка,премногу некако сум расположена.Убаво е чуството кога додека си на сцена слушаш громогласен аплаус,и насмеани лица на публиката. :$ Тоа е тоа.Местото каде што секогаш сум среќна-театарот,нешто што никогаш нема да ме инзевери.Убаво ми е,кога моето време го поминувам со такви луѓе,со толку мили и драги.Еве сега за некој минут тргнувам за Кочани,таму на фестивал ќе одам,па тоа што беше синојка овде ќе го продолжиме таму вечерва.Едвај чекам.
    Бидете ми поздравени :*
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК.. она чуство кога ти е дојдено преку глава од се, кога се те тера на плачење.. ;( ;(
    Седиш на компјутер а очите цели во солзи...па си велиш да легнам да не се приметува дека плачамм..
    легнуваш и очите сами веќе почнуваат да ронат солзи..Ја допираш перницата а таа утоп.. мокра.. и тоа се од твоите солзи.. :doh:
    Цела ноќ ја поминеш во плачење, а наутро се будиш со онаа '' лажна'' насмевка на лицето.. ко ништо да не било.. :x
     
    На Lepaaa, Adi888 и teddybear им се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    8.945
    Пол:
    Женски
    СДК денес е светски ден против пушењето.
    Пушењето брзо се шири низ младите и во последно време зема огромен замав што е и огромна штета за целиот свет.
    Никогаш не би пробала цигара... Го зголемува морталитетот, го празни џебот и не носи ама баш никакво задоволство.
    Бар денес потрудете се да не пушите...
    :)
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Adi888, Beauchamp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мразам кога имам вакви денови, мразам мразам мразам :@ :swear:.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Чудно е како само еден мирис може да те врати 10 години наназад...
    Сликата пред моите очи беше идентична како таа, се наежив од убавини.
    Детално можам да се сетам на собата, на луѓето, дури и на облеката која ја носеа и фризурите.
    Расчепкав по старите семејни албуми, најдов слика, можеби од таа случка, можеби од слична собиранка, едно летно утро на терасата кај тетка ми.
    За миг се почувствував пак какко 11 години.
    Тетка ми и мајка ми млади, со смешни фризури, братучет ми типац, јас пинцур окезан од уво до уво 8)
    И се само од мирис на домашен кечап.
    И сликата од едно радио, старо, којзане дали уште е живо, кое секојдневно свиреше, телевизор од оние дебелите, антена која вечно требаше тетин ми да ја мести за да фаќа подобро програмата, триножно столче едно, којзнае па колку постаро- како украс, старите фикуси кои уживав да им ги кинам лисјата ]:) , домашна храна и мирна атмосвера, насмевки и прегратки тон, и по некоја слика за спомен е за ваквите денови....
    И животот е убав, кога од само една слика, повторно се насмевнуваш и чувствуваш топлина во себе.
    Спомени мали, ситни, но сепак вредни, за мене незимерно скапоцени...
    http://www.youtube.com/watch?v=VZUDG9op ... re=mh_lolz
     
    На Lepaaa, innablood, julie77 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Случувањата се секаде околу мене.
    Станав на брат ми му направив пица, ми кажа ајде дојди со мене да го гледаме Убавицата и грдиот човек (така го вика тој) му реков ајде најди го ќе го пуштиме. Уживав,се вратв во детството, така ми започна денот со цртанот на Дизни.
    Многу пораки кријат во себе овие работи Грдиот човек ја пушти Убавицата само затоа што ја сакаше да оди кај својот татко.
    Си се загледав и ја заборавив пицата во шпоретот,чудесии сме денес. Денес ќе со дојде поголемиот брат,ќе го пречекам со кафе и добар муабет,денес ќе ги сакам,денес ќе ги заштитам од секој и секого. Имам право
    Моја крв се,единствени ми се,многу ги сакам !
     
    На CIA, marama, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Пааа, да ви кажам искрено порано ги отварав темите ,,дали сум бремена,, и сл. за да вадам сеир од постовите и слатко да се насмејам. Сваќам дека младите се страшно не информирани. Ок, никој не се родил учен па така и јас ама да е жив и здрав чичко Гугл кој можете се да го прашате и ќе ви одговори.
    Младите навистина ништо не читаат, ајде не им се чита па не мора ама бре не ли ги интересира нешто повеќе да дознаат?!?! А уствари и што ги интересира :^)
    Незнам како си го исполнуваат денот и со што се бавтаат, ајде и тоа не е битно не ви мрчам повеќе, ама убаво е некогаш да ставиш прст на чело и да се запрашаш што правиш во животот.

    Во чест на светскиот ден на пушење ќе си запалам една цигара а еве и колегата ќе го донесе кафето кај и да е :wasntme:. Си го признавам порокот и знам дека е штетно, ама ми се пуши и ќе пушам додека сакам (имав обиди за оставање на цигарите и после пауза од неколку месеци пак палев па си се тешам дека не сум страстен пушач).

    Во принцип мразам да барам услуги од други ама денес и тоа се случи. Се водам по правило ,,јас знам, јас можам,, не дека нешто некогаш ќе се бара од мене ама јас ќе имам грижа на совест дека кога тогаш ќе треба да излезам во пресрет. Никогаш никој не сум одбила за ништо и тоа ми е можеби грев затоа што подоцна јас си ја трескам главата од зид за некој си таму.
    Ама таква сум, за сите добра а за себе себична. На ова ќе поработам во иднина :$
     
    На Lepaaa, bittersweet, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ми вика колега, тоа што им парираш на „браќата“ Французи со хипохондрија, не значи и дека не си сериозно болна :D
    Малку црн хумор. А јбг, што да правам.
    Сепак најголема болест на денешницата, IMHO е незнаењето и неинформираноста. Денес, кога толку многу ни е достапно буквално на дланка.

    Сега се врткав во темите за секс и буквално се наежив повторно. Искочени со другарка, мене нешо грло ме фаќа, си идеме у ниедно време троа порано (демек не у 3) и и викам, дај до Зегин да си купам спрејче за грло, настинувам.
    Гледам девојче. Дотеранко, штиклица, мини сукњица, ама младо, се гледаше дека е младо. И момак со неа. Ако се препознае на форумов, ја поздравувам и се надевам дека е во ред :doh:
    Се нечкаат пред влезот на Зегин, типов бега, оваа нешто го моли, питај бога што се дешава. Нешто посебно не им обрнав внимание.
    Внатре сконтав. За жал. Толку од „зрелоста“ на младите луѓе. Да се е*ат со простување сакаат, и можат, секако. Ама малку повеќе да прочитаа, да се информираа?
    Плус оваа свесно си го је*е здравјето иако типот во Зегин повеќе пати и објасни и ја предупреди дека не смее толку често да се пие апчето колку што таа веќе, впрочем, го испила.
    Се наежив сто пати додека стоев чекајќи ред за обичен спреј. Ми текна и на форумов да бидам искрена. Ќе прашаат, ќе им се даде совет, и не размислуваат. Колку од нив не размислуваат, туку земаат се здраво за готово. Па тажно е бре!

    Добро бе деца, грам мозок имате ли? Или се што лета, се се јаде, ви е? Храброст имате за подвизи, ви се восхитувам на отвореноста, на смелоста, на можностите кои ги имате на дланка. Но за жал, со почит кон оние кои не се такви, земете бре читнете нешто. Земете, прашајте некој. Всушност, најубаво со мама да се направи муабет, но не секогаш се може. Јас тоа го разбирам. Ама библиотеки постојат колку што знам. Толку ли е тешко тоа да се земе и читне нешто пред да ви влезе и да го оставите да ви направи беља?! Мерете ја храброста во број на прашања отворено поставени до луѓе кои се разбираат и можат да ви дадат одговор, а не во број на прашања од типот - како да му понудам незаборавен секс. На 16 години. Не се ни чудам што на 19 размислуваат веќе за брак.

    Не знам, можеби сум чудна јас. Можеби веќе стареам и го гледам ептен оној генерациски јаз. Но дефинитивно едно знам. Ако имам дете еднаш, нема никогаш да дозволам да не знае кога, што, како и зошто. И нема никогаш да дозволам да се срами да ме праша за билошто. За еден ден да не се тресе од страв што по кој знае кој пат ќе крка апче за ден потоа, додека јајчарот се праи фраер и нема притоа муда ниту да стои покрај неа, кога и е најпотребен.

    Едит.
    п.с. Славица, гледам истото сме го приметиле по темите :D Него, и мене ми се пуши сега. Со кафица. Паффф! :wasntme:
     
    На HardSex, ljubam, Lepaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  18. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
  19. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Мал напредок. 2 дена се немам чепнато. Keep up the good work LGBT :)
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Се будиш на сонцето со насмевка од уво до уво,и дур измиеш заби времето ти мава шамар од двете страни на образите.
    Не озбилно,ШТО МУ Е ПРОБЛЕМОТ?!
    И сега не знам дали сум повеќе у даун од времево,од пмс-то или од испитите со кои не сум ни до пола.

    И у име на тоа мавам една огромна палачинка пуна со Нутела и јагоди,па диетава нек остане да се чуди.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.