Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сигурна сум дека не сум ви кажувала колку го сакам морето и Егејот. Не припаѓам на онаа група мрчатори кои плукаат по нашиот јужен сосед, а всушност секоја година ладат газиња на некоја јужномакедонска плажа. Мразам политики, не се замарам со меѓусоседски односи и не ме интересира што не не сакаат, не дека ги сакам и јас, ама одам зошто ми е убаво и секогаш сум се чувствувала исполнето и среќно кога сум таму.

    И да, сакам да си го ладам и јас моето и ич не ми чуе :smoke: :d:

    Последниве 3 години многу малку уживав во одморот од причина што деновите кои беа за таа намена ги користев за учење. Затоа оваа година ќе одам повеќе пати, да надокнадам, да ги наполнам батериите и одморам главата.

    Земам слободен викенд, продолжен викенд покрај море со одлично женско друштво. Посакајте ми само убаво време и добар пат, се останато сум сигурна дека ќе биде повеќе од супер.

    А јас свечено ветувам дека ќе мислам на вас и ќе се брцнам неколку пати во моренцето во ваша чест.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На eli25, tinkerbelll, srcekrsacka и 25 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ајде нека заврне, се мачи од прееска, никако да капне.
    Вака не иде...
    Трагичното е што се препознавам во времево... Дали јас му влијаам, или оно мене не знам. Ама го разбирам. А исто така разбирам дека и јас, и времето, треба подитно да направиме промени со самите себе :)
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вадењето на камен и полирањето на заби е поскапо од вадење заб, или ставање пломба.
    Е браво бе.
    Сите заштеди ми отидоа на забиве, овој месец. Али ај, штом решив да ги средувам, нека идат парите еднократно. Отидоа и сандалите што ги сакав, ама оваа инвестиција ми се гледа поисплатлива.
    Бидејќи сега знам дека имам премногу слободно време, не знам со што попрво да се зафатам. Книгите купени од саемот на книгата, ме чекаат веќе месец и повеќе. Еден куп препорачани филмови исто така.
    Милион идеи имам.... освен каде да се оди на одмор.
    А мразам да ми е 5 до 12, особено за одмор. Стресови за џабе.

    Туку, знае ли некоја како да хакнам профил на фб?
    Има едно лигле од асистент, кој упорно ме оштетува со бодови, а бидејќи немам кај да се обратам, барем некоја штета да му направам и јас. :devil:
    Кај го ставиле недоквакан, преку врски и чуда за асистент, па уште се сили и уценува студентки. Море, да го задавам заслужува. Не сум нешто добра во осмислување саботажи, секој предлог е добредојден.

    И сега кога не треба да јадам еден час, сум најгладна на цел свет!!!!!!!
    По ѓаволите!!!
     
    На srcekrsacka, JuLleE и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    СДК дека вчера, четврток, 30 Мај, 2:26 попладне на оградата кај црешата од комшијата ми се скина омилениот блузон. ;( ;( :(

    РИП блузонче, ју вил би ремемберд. (додека мама не ми купи нов, поубав од тебе за наредната есен. :wasntme: )
     
    На srcekrsacka и Avril.09 им се допаѓа ова.
  5. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Не ми се оди на концерт на Цеца.. Сака ли некој да ми ја откупи картата? :)
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Можно ли е да сакаш некого повеќе од себеси и сопствениот живот? Итекако е можно! Секој го може тоа, со вистинската личност!
    Да сакаш-тоа значи да си жив, оној што го сакаш е всушност твојот живот!
     
    На Lepaaa, teddybear, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...денес почина дедо ми. Пред многу години, имаше многу големи здравствени проблеми и ја очекуваваме неговата смрт, кога ненадејно тој почна да се опоравува, а ми почина другиот дедо, оној кој како мала ме научи да читам и сметам, уште пред да одам на училиште. Беше мајстор за мозаици од камчиња, како дете го издржувал семејтвото, составено од многу деца, работејќи по рудници, бидејќи татко му не бил многу заинтересиран за своите обврски, а мајка му починала премлада на породување. Плус, бил курир, на партизаните им пренесувал тајни пораки. Беше еден од најинтелигентните луѓе кои ги имам запознаено, иако не успеа никогаш да го реализира ни оддалеку потенцијалот кој го имаше. Другиов дедо, овој кој почина денес, беше стар војнички тип, до последно, навлезен веќе во деветтата деценија, беше сеуште беспрекорно избичен и исчешлан и со чисти, испеглани кошула и панталони. И многу сакаше да се смее и да разговара со луѓе, онака спонтан екстроверетен тип, не како повеќето изнасилени и прорачунати, демек ,,луѓе од народот,, какви што врие денес...

    И така, жените во моето семејство ги испраќаат своите мажи, излегоа подолговечни. Ова чисто како констатација... Го поврзувам со еден муабет кој го правев со дечко ми пред некое време. Ми рече - жена од маж треба да очекува само сигурност (под тоа мислам на способност емотивно да ја усреќи и финансиски да биде успешен да ја згрижи) и да го гледа во улога на татко на своите деца... Толку е едноставно. Ама, не. За нас, припадничките на нашиот ценет пол, не е... Тргнувам од првото само - грижата... Ако ја нема - тој е бесчувствителен гад, за кој јас сум само освоена територија, ако пак ја има умерено - дали е вистинска и резултат на чувствување на истата или само добро одглумена и научена реакција, како лачењето на плунка на кучето на Павлов, само условен рефлекс и ништо повеќе или помалку и ако ја има премногу - дали се искупува на овој начин за некоја вина, да не ме изневерува уште со бившата или ... И така, од овие основни, проектирајте уште наколку стотици различни сценарија, а да не почнам да ги анализирам другите точки. Поента - ние постоиме да го комплицираме светот и да им го отежнуваме животот на мажите и својот, секако. Затоа, сме потрајни, како пирејот... Во свет кога ентропијата и хаосот се на цена пред редот, повеќе се прилагодува предизвикувачот на истите, а наградното прашање е погодете од еднаш - кој е среќниот добитник? Квиско пита, Горење награџује и Оливер Млакар, час тука, час во кујната на Карапанџа, под покровителство на Вегета... Спомени од моето детсво, како моите дедовци беа сеуште присутни во мојот свет ;( ...
     
    На eli25, srcekrsacka, Buttterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Theodora, те гушкам :* и прими мое искрено сочувство. Нека почива во мир дедо ти.
     
    На srcekrsacka и Theodora им се допаѓа ова.
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Утре купувам бoксерска вреќа. :D
    Не бре не ме препороди!
    Ем се потиш како луд за 15 минути ем изнесуваш бес на него.
    Раат! :!:
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на овој ден на дедо покоен му е роденден, како и на една соученичка од основно-некогашна другарка и баш на нејзиниот роденден се случи несреката-и го уништив роденденот, и зал ми е за тоа:doh: да било поминало ама на мене последици оставило-трајни. да не богихулам, добро е што останав зива, па си запалив свека за здравје и мое и на семејството

    п.с. денес ама ич не ми е денот, сум го без мозок :D ама се најде едно симатично момче, што ми помогна околу лаптопот на кој сум сега :$ му благодарам за тоа, ме развесели малку :) не дека сум тазна или депресивна, ама едноставно не ми е ама ич погоден денот.
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Ах жени каков ден....[​IMG]
    Денес си зедов слободен ден,децава ги построив од вчера им кажав дека денес нема да сум дома и треба да бидат сами.По можност ги замолив да ја најдам куќата на исто место како што ја оставам[​IMG],имајќи ја в предвид нивната палавост.И така наоружана со не многу кеш,тргнав накај главниот град,ме дочека сивило ,си реков ете и јас ќе решам да излезам од дома времево [​IMG] ќе ме зафркне,ама не беше така ,после сонцето излезе (патем одма ме фркна главата,со намера да ми го уништи денот[​IMG],ама златен кафетин му е мајката )...и така го посетив Певекс и Калина им изнакупив маици на моиве,и нога пред нога низ трговски.Кога така залепена за излози без осет за време и место,здогледувам познато лице,на колега од факултет со кој бевме одлични пријатели,го делевме парчето леб,што се вика...Низ годиниве се изгубивме ,ама ете денес бил денот да се сретнеме.Си викам тој е или не...ма тој е :D Гледа тој гледам јас и одеднаш ти ли си мори.....е викам јас сум него кој....се изгушкавме ...баш ми дојде некоја убавина на душава ...и ајде на кафе на ред муабет....тоа не беше нормален муабет ,упаѓање во зборови ,надополнување,разбрав дека се развел за жал ...без деца е ,и некоја тага се провлекла во неговите очи...не го паметам за таков...не знам колку време помина,се навраќавме на случки,се смеевме,разменивме телефони ,фб,го поканив на гости, и на крајот се разделивме со ветување дека ќе останеме во контакт...
    И така се вратив дома ,уморна и среќна.И уште еднаш сфатив ако сам не си го направиш денот,никој нема да ти го направи..[​IMG]
     
    На srcekrsacka, Lepaaa, Srekicka и 18 други им се допаѓа ова.
  12. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Тешко е кога ќе сватиш дека си грешел, горд си на покајувањата пред себе, си се мачел, знаејќи за се, си се преправал дека не е така, додека душата те болела. Се прашувам што кога ќе сфатиш дека не вредиш, дека си ги разочарал сите, дека оние кои ти значат те гледаат со презир, а ти само си сакал да живееш нормално како и сите други. Што кога патиш, сакаш да бидеш среќен, сакаш да имаш насмевка на себе, како сите други, се гушиш во своите солзи и тага во душата, те кинат, те убиваат, знаеш дека умираш, не од болест од самиот себе.
    Знаеш што е најдобро за тебе, сакаш среќа околу себе, а другите те обвинуваат, ти велат да се самоуништиш, да потонеш онаму каде што си тргнал.
    Само сум среќна што овие ѕидови никогаш никому нема да ги пренесат сите солзи во нив исплакани и сета болка, сите страдања.
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ете малце си се опуштив,музика едно па друго од околу како да не го гледам, и ете малце се смирив :)
    ајде денес :devil: пак иста работа,а бре овие постариве сега како тие да знаат се,не викам ние знаеме или тие знаат се..
    ама не се мешај каде што не знаеш,секој знае за себе млад за млад стар за стар..
    леле само како ме изнервира,кога ги прашуваш викаат демек како сакаш,а потоа е тоа не требаше ова требаше :devil: :devil: живи глупости!..
     
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Најголем проблем на луѓе кои немаат проблеми(како мене) им е што ке носат за излегување.И тоа е дефинитивно така.Значи цел ден мислам што ке носам вечер,дојдов дома и пробав 100 парталчиња и на крај одлучив за нешто сосем трето..абе ајде |(
    И да,заљубен човек = слеп човек! :x и оваа е дефинитивно така.
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    A jaс така "сакам" искомплексирани личности кои мислат дека светот се врти околу нив,кои не бираат зборови за да те понижат и да те исмејуваат, кои ќе направат се за да те обработат за своја цел, ама ептен ми се бедни :punch:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Да ви се жалам дека скрипти и испити ме гонат на секој чекор и да ви се жалам дека не сум убо наспана - немат смисла. Ко синкир (зборов еј!) само мене то ми се дешават. Едноставно знам дека ситно се бројт, 48 сати се во прашање. Шо ќе се исподесит меѓувреме - не знам! Но, сепак си потпевнувам: always look on the bright side of life... [​IMG] Плус, сонце насекаде :sun:
     
    На Lepaaa, Doozy, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Значи колку глупав ден!!!!!
    Се расплакав...
    По музички песната не ја завршив, техничко глупост направив и лоша оценка!!
    Што ми е...
    Е сега ќе сеи легнам и ќе јадам еурокрем, за инат!
     
  18. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Ако треба и без нокти нека останам само да го положам оној проклет менаџмент! :@
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Ееепа со среќа распуст :D . Конечно завршија сите тестови, испрашувања (барем за мене). Кој како си ја наредил :D . Сега, it's party time :dance: :party: :rock:
     
  20. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Најдосаден ден ми е дефинитивно овај. Цел ден скиснав дома пред компјутер на фемина и фејсбук. Коренчиња пуштив на столицава :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.