Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк многу подобро би било кога луѓето би го зборувале само она што го знаат.. Празни зборови, многу на куп а толку малку кажано.. Не знаат што да кажат, немаат искрени чувства ама битно да се дрдори..
    Понекогаш тишината ми е многу поубава од празни говори..
     
    На L-enna, kate21, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Уф 1 Јуни, тежок ден ќе биде, само се надевам дека ќе испадне онака како што сакам, се обидувам да мислам позитивно.
     
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Убавите работи се случуваат тогаш кога најмалку очекуваш.
    Затоа луѓето со големи очекуања се најмногу разочарани. :?:
     
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Луѓето формираат семејства, а подоцна не се присутни додека нивните деца растат. Луѓето се е*ат и прават деца а ни самите не можат да се издржаваат. Ни самите не знаат каде ќе живеат и што ќе можат да пружат. Ама нема врска, нели? Важна е биолошката функција. Важно НЕ СИ САМ/А. Ти дошло времето и не си останал покусо.
    Како кучињата и мачките. Кога ќе повика природата, разумот лета низ врата. Имало, немало, ќе му ја мислиме покасно.
    Многу жигосани деца ќе оставите позади вас.

    СДК 2

    Ми се гади од сопствениот пол. Ми се гади од машката мрзеливост и неспособност да бидат самостојни. ЦЕЕЕЛЛЛ ЖИВОТТТ да зависиш од друг за ручек, за испеглана кошула и чист пар долна облека. А и двајцата работат, и тоа по 8-10 часа на ден. Но традиционалните обврски на жените остануваат. Пораснав со такви полжави околу мене, со такви болви и лешинари. Каква слика ќе пренесете на вашите деца бре? Што ќе ги научите?
    Како од цицките на мајките ваши да ве лупнале право пред олтар. Ете баш така.
    Барем јас со чиста совест можат да кажам дека ништо не сум научил од машките во мојата средина. Почнувајќи од дедовци до врсници. Сите ист калап. Сите до еден!!!
    Еј, што има за ручек?
    Имам ли чисти чорапи?
    Каде ми е кошулата?
    Која смена сум денес на работа?

    КУПИ СИ КИЧМА!!!

    И немој тука на некој ни за секунда да му блицне дека се обидувам да добијам поенчиња со вакви постови на женски форум, туку само да ви кажам едно...

    Ако ВИЕ, младите, 21 century женчиња дозволувате ваков, или макар сличен третман, ова срање ќе биде пренесено и на следната генерација. Треба да се има исклучително ниска самопочит за вака да те работат цел живот.
    Постарите ќе се правдаат со традиција. А изговорот во 2012-ta?

    Ајт
     
    На Annath, Libera, Hipster и 21 други им се допаѓа ова.
  5. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    Лоши денови ко вечност да траат. Самоконтролата е клучна тука. Кога ќутиш - зошто? Кога ќе кажеш што ти е - нишо не ти... шо ондак прашуваш? Само од себе ќе си пројде.. да додека тргне да подобро... Колку и да е состојбата добра или лоша таа ќе се промени.. ):(:
     
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Кога сопствениот татко е во пијана состојба која трае 24часа се повампирува и станува некој друг човек,странец.Тотално непознат за тебе.Кога при сама некогова појава ми се тресе целото тело и не ми помага ниту вода и шеќер.Кога во тој момент човекот кој важи за твој татко за тебе станува најголем ѓавол..Кога ја оставаш мајка ти дома,сама бидејќи имаш работа надвор,а умот ти е кај неа.И си мислиш во каква состојба ке ја пречекаш дома..Кога собата на татко ти се претвора во гасна комора,мирис на цигари,алкохол и свињарија..Кога го гледаш сопствениот татко,а не можеш да поверуваш што се случува со човекот.
    И се оваа поради ЉУБОМОРА! Го изеде човекот.Го направи партал!
    И не.Ова нема да помине.Нема ни да престане.Ова се случува од време на време и после пак се смирува..
    И тешко ми е ова да го кажам но,татко ми е алкохоличар :x
    Иако во трезна состојба е човек кој го сакам највеќе на свет.Во пијана состојба го мразам од дното на мојата душа..
     
    На JoxyTheFreak, ViktorijaMari, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Удрете, мавајте, ниту еден збор нема да ме допре до срце, вие и онака не сте имале никогаш попаметна работа, знаете.. зборовите кажани од личности што не ви значат воопшто не допираат до вас, само ги сваќате како критика, која ве тера од доброто да направите уште подобро, од успехот да направите слава. Како и секогаш ќе стојам цврсто на земја со огромна самодоверба и преголем оптимизам, кои секогаш ме одржувале!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ади се разучи во доцните ноќни часови :lol:
    На арно нека е :D
     
    На Divinebutterfly, Chocolate.me, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК од мисли ќе ми прсни главава,ама заклучив неколку работи:

    Љубовта не трпи егоизам,љубовта треба да се одржува и за неа треба да се прави цел живот,а не до одреден момент.Моментот кога едниот ќе се откажи,љубовта умира.
    Да,за жал интуицијата секогаш е во право :(
    Тешка борба ми претстои со животов...Јуни,најпеколен месец.Јас срушена.Но ќе станам,а кога ќе станам,ќе сум посилна и од оние што ми го прават животот таков.Можи ќе плачам,можи ќе тонам,ама нема да се предадам.После јуни,ќе дојдат моите 5 минути.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adelcheto

    Adelcheto Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    сдк имало усте будни како мене :mm: зосто сон не ме фака ;(
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Денот кој почна ужасно заврши убаво, со моја победа секако. Па да не се таквите како неа нема да ми биде интересно понекогаш и јас да се изнарвирам. Никогаш не сум верувала дека некој би се замарал со мене и моите работи, а уште помалку па дека некому сум преокупација и трн во око, а да и од уста не ме вадела |( не искрено, не сум толку интересна, ама што да и правиш. Така се иреволтирав сабајле што првпат по година дена јас сум стварно нервозна што се вика, ама добро ми дојде. Исфрлив негаивна енергија и додадов сол на раната и си продолжив насмеана.
    Обично се смеам кога ќе прочитам некој кога ќе пише дека некоја и се меша во животот и вака за себе кога пробувам да го кажам тоа ми е уште посмешно, дури накај траично ми оди :lol: Една од главните особини ми е на лошото да вратам со многу полошо, не ме чепкај сестро, ако ти кажам се што знам во лице ќе пропаднеш верувај, ама ете ја она упорно, Мимс вака, Мимс онака, ааа Мимс ли??? Фууу, упатив отворена закана: „Ако уште еднаш ме ставиш во уста мило девојче никогаш нема да ти кажам што ти прави дечко ти зад грб„ :D епа нека му ја мисли сеа она што е полошо, а глупава јас мислев да и ги отворам очињата.
    Освен што убаво заврши вечерта, донесе и доста продуктивни работи, пари заработени на коцка - најслатки се. Почастете се по една пијачка, за нареден пат да фатам дупло :P
    [​IMG]
     
    На LilBaby, caroline.costa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ни тргна нас со кавгите секој ден...се прашувам до каде ќе тера ова вака...
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека одамна не ми се случило ова... Порано, целата нервоза ја претварав во солзи, плачев со часови, сама во соба, со пуштена музика, мавав по перници и буквално не можев да си помогнам никако. А сега, сега само ме боли и целиот бес го чувам во мене, како балон полн со гнев сум вечерва, никако, ама никако не можам да „пукнам“ и да се исплачам. Ме стега душата кога ги гледам како се измачуваат, не знам како би им помогнала, како да им пружам рака и да ги извлечам од калта, да се извлечам и себеси. Смачено ми е од тоа „ќе биде подобро, ќе се среди се`“, кога? Не може веќе вака, тешко е за сите.
    Се прашувам зошто оној кој ми ја црта сликата за животот користи само ахроматски тонови? Зошто само црно и бело? Голема монотонија, ме гуши.
    Сите се сменија, станаа такви какви што ветуваа дека никогаш, ама баш никогаш нема да бидат, но тоа не го признаваат. Порано ме кршеа ситници и се нервирав многу, а сега ми е некако сеедно, најверојатно е така зошто не сум ни изненадена од ништо. Можеби и јас се имам сменето... Panta rei, крај краева.
    Не ми е јасно дали сум родена во погрешно време, на погрешно место, со погрешни луѓе или едноставно сум чудак што не и` припаѓа на планетава. Би можела да мрчам цела вечер за совршен живот, ама едноставно немам сили. Еволуцијава некако прикочува, дури и се враќаме, стануваме мајмуни. А можеби и тие имаат премногу чувства за денешната дефиниција за човек.
    Не знам веќе ни што зборам, веќе и почнав да плачам, малку по малку, доаѓаат...
     
    На L-enna, baguf4e, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Еве ни го и летниот месец.Денес ми се чини како и летото да сака да се прикрадне помеѓу неубавото време изминативе денови.Со душа го чекавме,па нека е,слободно нека дојде! ^_^ :f:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lepaaa, anabel-a, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денес кај цимерка ми на матурска. [​IMG]
    Ма, не, никаква вечерна собиранка со музики и кифлички, попладнево одиме да се издружиме ко у добрите времиња, да ни се врати милината на душа шо сме се собрале сите пак нешто да прославиме заедно. :)

    Мислам дека луѓето кои прават хаос во душите на другите луѓе не треба многу,многу да уживаат во истиот, дека тој хаос може да ги скрие големите неочекувани промени кои доаѓаат. Што и да се случи понатаму, јас сум среќно дете.
    Опа, иха!

    [​IMG]
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Добро утро! Љубете и не мразете, не си го трујте срцето. Преокупирајте се со вас, не со други. УБаво пиша една феминка..битни сме си прво на самите себе..

    П.С и да видов не ви се читале патетики. Па не ги читајте, ни јас не сакам да ги читам коментарите како мрчите за патетични постови. Ајде малце опуштено! Убав е животов ако знаете да си го направите и да го извлечето и најдоброто и кога тој не ви пружа баш многу.

    Туку си ја љубам песнава. Љубово ќе ја препее песната на татко му.. и мора да ми ја посвети мене инаку ќе остане со јајце ипол *се извинувам за ова*

    http://www.youtube.com/watch?v=S9Zgt9D_ ... ture=share
     
    На Lepaaa, Hipster, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На L-enna, BlackSwan5 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Си го пијам кафето и се мислам...Си викам па ваљда не можи се да биди лошо...Има нешто добро,се надевам тоа да победи. Арно велите,и да има лоши периоди и добар ќе дојди.Кога некој не те разбира,па и не мора.Па не сме ние затвореници па да треба и да се правдаш и незнам шо...Арно велите,треба да сме си на прво место.Само,лошото е шо љубовта го испревртува тоа.Понекогаш нешто или некој друг ни е на прво место.Ама,треба да го дозволиме тоа само ако го заслужува тоа.
    Јас сум потполно разочарана.Џабе се трудам и се,многу личности не знаат да го ценат тоа.Треба и јас да почнам да не се грижам.А ич неќам да сум ко некои личности.Зарем тие префригани и користоољубиви личности треба да ни се пример.Никако! Тоа е денес шо сакам да кажам.
    Имајте вие убав ден :*
     
    На lovely91 и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Го положив еден од најтешките испити :) е сега со мерак ќе седнам да го доспремам утрешниот испит :)
     
    На Lepaaa, Doozy, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сега веќе Фемина е една цела година дел од моето секојдневие. :)
    :party: :party: :dance:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.