Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Мразам лето. Мразам жешко време. Мразам жешки асфалти и уште пожешки коли и нивна внатрешност. Го мразам. Мислам дека нема некој што не го мрази летото повеќе од мене.

    Го мразам од проста причина што посебно ова лето ќе денгубам цело. И да,интересно ќе ми биде некое време,али после ќе ми здосади. Јас не сум таков тип, да денгубам, да го пуштам мозокот на паша. Јас сум среќна кога ми работи мозоков.

    Го мразам зошто сега ќе немам изговор за неизлегување, ќе немам изговор на тоа зошто немам дечко, затоа што нели е лето и слободна сум и ќе морам да излегувам и такви триста глупости, ќе го немам изговорот зафатена сум за се нешто што сакам да го избегнам.

    Го мразам заради тоа одморите,посебно го мразам затоа што мојата екипа оди по одмори без мене веќе три години,и сега оваа година кога можам и јас да дојдам,епа нема место. Го мразам затоа што тоа одморите за мене се ептен глупа ствар,а знам колку рмбаат мајка ми и татко ми за јас преку цела година да имам што сакам. Го мразам затоа што знам дека ми е заслужен одморот,се имам положено,но ете не сакам да го искористам.

    Го мразам затоа што едно лето поминав без него.

    Го мразам затоа што едно лето поминав со Иван.

    Спомнав ли дека многу го мразам летото?
     
    На faye, Springy, EleMental и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    И сеуште се употребува тежок сарказам и исмевање на некои кој ќе постават некое прашање во сингл/секс категориите

    сеа нефер е кон нив , не се родиле сите со искуство и незнаат сите се и сешто па затоа доаѓаат тука и ќе прашат некое прашање (не ги рачунаме тие што поставуваат троловски прашања , туку оние што стварно се тука за да побарат помош) и одма гледаш 10 постови т.е натпревар кој ќе употреби најдобар сарказам и ќе успее да ја исмее форумџиката....

    Еден ден недај боже вашите ќерки и внуки ќе го имаат истиот проблем и прашања само тогаш нема да употребувате сарказам и исмевање хммм :^) :^)





    Скд си слабеам ли слабеам , грам по грам кило .... и опаа таман у форма доаѓаш ..се разбира лугето решиле венчавка да направат па и да те повикат па и торти ,колачи, разни јадења милина .... и желудникот врши притисок мозокот да попушти и на црно да се шверцува храната и калориите да се зголемат ...
    и така една , па уште една и уште една па и од матури и од слави и родендени и оп
    после пак ќе треба да се вежба
    ај барем ќе биде забавно да се трчка на кеј и да се прават стомачни до бесвест
    Еве уште од сеа ќе почнеме
    [​IMG]
     
    На teddybear, Ognenija, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Може некој да ми прати линк од интервјуто на Калиопи со гркот? по можност со превод..Тоа дали беше на факултети.мк постирани или каде незнам неможам да го најдам.Фала однапред..
    :)
     
  4. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Гордоста е најголема далечина што може да застане помеѓу двајца кои се сакаат ! ;)
     
    На Lepaaa, Gordana10 и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    И сега..од почеток.
    Ма све..
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Кој мачор сум понекогаш, се перчам и дувам кога некој кој долго време не сум го видел ќе ми упати голем комплимент и пофалба :wasntme:
    Me, modest? Never again 8)
    [​IMG]
    На кој не му прија некој комплимент од време на време а :wasntme:
     
    На kate21, Lepaaa, JoxyTheFreak и 9 други им се допаѓа ова.
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк темава станува налик на катче за поезија, каде што сите се внесуваат во улога на поети кои што посликовито се обидуваат да објаснат ситуации кои и воопшто не постојат во реалниот живот.
     
    На Sanniii, Lepaaa, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Или проза. ;)
     
    На JuLleE и karina8 им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    6.640
    Најпрво, постов сакам да го започнам со едно ветување. Знам дека ветив на неколку членки и членови дека ќе им направам анализи и само да им кажам дека ветувањето ќе го исполнам, и дека собирам податоци, т.е склопувам една анализа веќе ама анализите ќе бидат готови кога школскава година конечно ќе ми заврши, т.е викендот после 8ми. :)

    Инаку, уште не ми се верува дека имаме само уште една недела за учење. Знам дека е чудно, ама како што наближува крајот на школската година се повеќе и повеќе имам желба да одам во школо. И последните две недели ми се некако најубави, вие ќе речете стресни, тестови, испрашувања ама што знам веќе се заклучуваат оценките и уживанции, само онака си одиме во школо. Е сега зависи и какви оценки ќе ви заклучат, нели :D колку ќе уживате. Јас искрено сум задоволна и изненадена од тоа како ќе завршам, мислев одвај многу добра ќе завршам, ама ќе го имам истиот просек како на полугодие, или за малку помал - 3.92. Можев за неколку оцени и одлична да завршам, ама што е тука е. Од следната година подобро. Ми останаа уште неколку оценки да ги средам, географија во вторник, музичко и историја во понеделник, може и биологија ќе видиме, физика најверојатно ќе ми стави 3че, ако не здравје. Другото се си е обавено. Среќна сум бе. Добро, можеби и малку тажна заради завршувањево на годинава, ќе ми недостигаат секојдневните лудории, бегање од часови ееех. Ама ако, од следната година -пак..

    За наредниов месец дена имам планови да внесам промени во мојот стил, да си купам нови парчиња облека, накит, козметика.. И да си поминувам најубаво. Се надевам дека ќе испадне според моите планови.

    И така. Незнам веќе што да кажам, освен и вие да бидете среќни .. еден е животов, нели?
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    ИИи еве го само што почна да врне пак како и секоја ден
    Аман више
    сакам сонце :sun:
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    И ете помина и напорот вчера... Со умор наспроти многу енергија го истуркав цел ден. Од работа, во вц како тинејџерка, менувај хулахопки, фустан, ставај стик под мишка набрзина, бриши лице, ставај шминка, реди обетки, вади обетки, мести шешир, раскажувај наоколу... И отидовме.
    Организација на нивоу, за мене препомпезна. Но убава и флексибилна. Читавме, ни дадоа по неколку примероци од Антологијата, и кога првпат ја зедов в раце, како бебе да држам. И свое и сечие. Возбуда на граница со мека тага. Сега што? Следат поголеми напори. Да се направи нешто уште подобро. Пијачките без алкохол, погледите без идеја. Понекогаш, море и секогаш, сметам дека на поезијата и треба интима, малку луѓе, малку зборови. Повеќе гестикулација и тивок говор. Ова беше цела една манифестација. Критики можеш колку сакаш, си викам, но барем остваривме нешто.
    Потпомогнати, освоени мали лични простори.
    Ни доделуваа и признанија, ко на Оскари, со врачување и онакво куртоазно Благодарам и фоткање. Се смеевме, барем ние што си го имаме муабетот. Имаше и лост ин спејс душички наоколу. Кога правам ретроспектива на назадениве години висење по читања, организирани поетски дружби, песничарење, сфаќам дека мене никогаш не ме убила сопствената поезија. Никогаш не ме распнале сопствените зборови. Ги владеам зошто тоа е единствено место во кое цврсто верувам без ничија доктрина.
    Моја интима. Мој свет.

    После манифестацијата, даде си отиде дома, јас кај мачорот. Ми оставил топла вода и ми сварил чајче. Таму мирот има друга боја, димензија. Заспав ко заклана.
    Умор си чувствувам и во реченициве. Едвај чекам да заврне, да истури, да ми ја смири главоболкава и да ме пушти да дишам алвеоли воздушна тишина.
    Денов, во боја на кајсија и читање своја книга. Своја книга. Звучи чудно.
    И вистинито.
    Како роза забодена во очите на мртвото сивило на градов што навечер мириса на блага депресија.
    Го почувствував тоа вчера во ветерот.
    Ветерот, мора да го исчисти градот. И да донесе убаво време.
    На повидок, свадба на мој втор братучед. Некои ќе рипаат по бидермаер, јас по микрофон. Јуленце родила момче, и честитав и си помислив, мајско дете! Родено во дождливи запурничави денови, сигурно ќе биде фантастичен каубој и јавач на бури. Несомнено, времето е сите нас, и ние сите сме тоа.

    Ани ди Франко ме вози полека низ своите прерии.
    Ве пуштам и вас да откриете нов свет. Сакајте го тоа што го имате. И го немате. Важно е да не е тажно. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=JUrMvcYR ... re=related
     
    На 1209, Angelche, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сите збориме за некои коцки што се редат и како фали уште една за се да биде совршено. Ако гледаме така, моите коцки се како оние слагалицине од 1000 парчиња. Дури да ги наместиш, поминал животот. Јас не ги чекав коцките, туку живеев за моментот и сум многу посреќна од кога викав уште ова... Луѓее разбудете се, нема утре, има денес!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    fall in love again :) :angel:
    [​IMG]
    true story bro
     
    На Adi888, Gordana10 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На baguf4e, Lepaaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.184
    Обожавам кечап и леб :mm: :mm: :mm: .
    Незнам дали постои уште некој кој го сака, ама вкусно ми е.
    Деновиве на менито за вечера ми е само тоа.
    Инаку синоќа видов дека панталоните така повеќе прилепени ми се за мене.
    Сум се угоила машала.
    И си продолжувам со јадење.
    Се тешам со она - Здрав човек јаде! :^)
     
    На Adi888, Peppermint, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Скоро сите другарки сме на Џабест, по цел ден ми е мобилниот во рака. Што има појако од ова? :D :D
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ?
     

    Прикачени фајлови:

  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Нема ништо поспокојно од тоа да ги гледаш твоите родители среќни.
    Ме тераат да плачам од среќа!
    Колку повеќе седи влакна имате,толку повеќе ве сакам. :hug:
    Тенк ју фор гивинг ми лајф. :*
     
    На kate21, teddybear, Adi888 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И оноа кога неможеш да објасниш дека си дебела, и немаш тенко половинче како 20 годишна.. ах маки..денес сфатив дека морам да се ставам на диета пак..
     
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    сдк дека се наспав :)
    и дека убаво си поминав заедно со најдобрата сестричка која ја имам :inlove:
    денот беше убав сега повторно сонцето замина :(
    ме загрижува тестот во вторник, но ајде има време 4 дена се ке научам :)
    позз :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.