Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Бла бла бла....
     
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ајеее, ајдеее почнаа секојдневние мелорами.
    Секогаш мора а се случи нешто, а не сум заоволна од себе или само да ги гледам негативните нешта.
    ЕХ ЖИВОТ, јас ќе победам а иднината ќе изгуби. Так ќе биде.
    Од сега, не гледам негативни нешта, само позитивни.

    Денеска си напишав есеј за мојот живот, то ест известувања и ообјаснувања од тоа што се случило во последните две години.
    Горе доле, се негативно...
    И го преведов наз другарка ми, па почна и она со драмите... Не мисли така, тие нешта...
    Во право е.... УТРЕ ПОЧНУВА НОВОТО ЈАС, збогум несигурност и негативност! :lol:
     
  3. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК.. :!: ... РАСПУСТУУУУ НЕ СИ СВЕСЕН КОЛКУ ТЕ ЧЕКАМ :* 8)
     
    На Adi888, ana-girl и Elennaa им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК ако фатам да ги докажувам некому своите ставови, размислувања, ќе треба да обелам во косава пред време :D |( Црна сум, не може оваа моја густа долга коса :emo: туку така да обелее :D :!: Воопшто не се трудам да објаснувам, разјаснувам итн.Немам време едноставно, во животов има побитни работи, отколку да се докажувам.
    Обично тоа што не го сакаме кај другите луѓе, ние истото го правиме, се фаќаме во стапица, на дело :D и тоа го правиме несвесно, но го гледаме како нешто што ни пречи кај другите луѓе.Да, тоа го видов скоро пред недела/две кога некој толку многу се истакнуваше себе си, а збореше за другите |( е ај сеа....и откако ја нагласив разликата во неговото размислување, одма штама, си остана човекот без зборови...после секако се правдаше..Работава моето чини, туѓото не чини, е да бе... |( Овој дел го кажувам објективно, не субјективно.

    Ах кога некој има големо его, охооо и те какви сопки сакам да правам :D Страшна работа е егото, треба да се контролира, иначе отиде ... аривидерчи :geek:
     
    На Butterfly77 и tessi им се допаѓа ова.
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Еееее мојот најубав дееен...
    Пред две години си направив место во срцето за една личност, па со тек на времето таа личност ми стана се во животот и место дел, сега го има цело мое срце во раце, ете вака:

    [​IMG]

    Eпа среќничка сум си :) :inlove: ^_^
     
    На kate21, Divinebutterfly, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.310
    Тежок живот,нежновен и љубовен.
    Ми прави вечериче,си пиеме ладно,оросено пивце и си го слушаме Мајлс Дејвис.
    Хамза донер за ручек и чаирска романтика,со завратени ногавици од фармерки и наивна насмевка додека ми шепка во увце! Лоша романтика за убав ден... и пак ќе му се лизнам низ прсти како и секогаш... Нема зошто да бидеме горди на ова,ама убаво дур си бидува...а потоа пак ќе се свртам кон себе,тој кон себе и ... Интересното е што...ни се случуваат убави работи истовремено,па уживаме во една леснотија која ќе биде убава за кратко.Големи промени... Го славиме животот и неговата мекост само кога сака и оди,дур да дојде лошото. Ми вика ми недостига времето кога те чекав после работа и пиевме кафе на сонце,му велам не ќе ти недостигаше ако уште го правевме тоа,а ќе станеше ужасно досадно и тешко,зачмајано.
    Ми замириса на свежо печено пиперче од комшии,а тука има еротичен мирис на ароматично кари и љубов... љубов која само ние ја разбираме...никој повеќе,а и кој пак треба?!
    Живели девојки,имајте убава вечер.
     
    На kate21, tinkerbelll, Yipman2 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    СДК па се е кажано...него ти таму си,тагуваш,јас овде тагувам...па со душа го чекам денот кога пак ќе шетаме фатени за рака,ти таму си се трудиш да направиш нешто,а јас?јас што правам?седам овде со чаша топло какао,засладено по мој вкус,и пробувам да мислам оптимистички за иднината...It's what it is,what it is...
    Carpe diem fellas..Cheers with coccoa :)
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    43.780
    Пол:
    Женски
    Долг ден ми беше денес да ви кажам и чудно ми е како уште имам енергија.
    Трчав како без нозе во 6 сабајле кај него зошто ми се јави дека нешто не било во ред...кога стигнав со брзина на светлината, бушава и отечена,ми рече дека само му недостигам и дека сака да заспие до мене...
    Прво се лутев...потоа се дерев оти бев ненаспиена...па накрај плачев како луда...така извираше се од мене, ни не знаев колку тага имам соберено неделиве...мојот страв го кажав на глас и сега ми е полесно...полесно ми е зошто му го кажав нему и тој ме гушкаше и тешеше, ми велеше дека сум будалче кое го сака највеќе и испадна дека стварно нешто не било во ред ама кај мене не кај него.
    Спиев стисната до него и смирив нерви.Уште сум несигурна и се плашам помалку ама полесно е.
    Си делевме после вчерашен леб со сирење, домат и зелени пиперки,а надвор мирисаше на љубов, веројатно онаа која струеше меѓу нас.

    Како после да не го љубам со целото срце и енергија?
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ех ова што викаат постариве :!: лелееее колку се сменило времево не е како порано,во наше време не беше така!.
    времево се сменило или лугево се други!.што не можат да разберат.
    оти бре тогаш не имало сонце и дозд,не било ноќ и ден...исто е само лугево се различни а не времево
    :!: е сега може ке разберат што е разликата :? :D :D
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Зошто бе во животот не ти иде како подмачкано? Во најмала рака по редослед е вака си дипломираш, па ќе си се запиеше на последипломски, а во меѓувреме ќе си подраборуваш нешто, па ќе си магистрираш , ќе си најдеш некоја стабилна и плус добро платена работа, ќе шеташ секое лето и секоја Нова Година и накрај кога тоа ќе ти скисне ќе си се омажиш и ќе имаш прекрасен семејн живот во куќича со голем двор и тревник и едно куќенце што трча и две преслатки дечиња :) Еееее ама не е така мораш да се мачиш, да се бориш, живци да ќинеш...
    Не, не дека не сум задовлна со тоа што го имам фала богу и вака не ми е лошо, но живееме во такво опшество каде што ништо не се цени, никој труд, никое знаење ничиј квалитет али тоа е јеби га :)
     
    На Divinebutterfly и Kasha им се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    СДК
    Кога некој ќе ми каже дека ги сака животните уште повеќе го засакувам !
    До прееска беше една пријателка на мајка ми кај нас,и со кафенце муабет си правеа.
    Јас во соба нешто читав и ненамерно им го слушнав муабетот.
    И јас се чудам како постојат толку лоши луѓе.
    Како постојат луѓе кои ги мразат животните .
    Како постојат луѓе на кои косата им се крева кога ќе им згазнат едно обично цвеќенце.
    И така таа пријателката на мајка ми кажува :
    Имам еден сосед што ги мрази животните до срж.Секој пат кога ќе види куче или маче посегнува по камен за да ги удри,да ги избрка подалеку од себе.
    И еднаш кога соседот -седеше на балкон забележа куче во дворот и веднаш ја зема пушката и го уби. :x
    Се случило и да падне во несвест кога мачка му се доближила.Убил многу кучиња и мачиња што случајно се нашле во неговиот двор.Угушил мало кученце и го фрлил.
    И јас си размислувам- што не има по светов Колку повеќе ги запознавам луѓето,толку повеќе ги засакувам животните. Што да се прави-не се сите луѓе љубители на животни како мене.
    Разбирам дека неможе сите да ги сакаме животните и да се грижиме за нив-ама до толку да ги мразите што дури и во несвест да се паѓало и брза помош да доаѓа...Е тоа никако неможам да го разберам ! :doh:
     
    На blond, manja666, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Прошетка со песот за мерак. Ние во паркче, а едно комшиче со отворен прозор ја вежба „Ода на радоста“ на клавир. Па кога ми замириса на јуни, веѓите дури ми се наежија. Тука е!

    http://www.youtube.com/watch?v=Wod-MudLNPA

    Имајте убава јунска вечер. :*
     
    На blond, Ognenija, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кога не иде не иде.
    Не бива човек со сила да се залажува.
    Дада ми е дома, овојпат изгледа перманентно, а јас си ги облеков кожните панталони и идам да си ја збрцам главата во узо. Пошто кога ништо не ваља, пијачките лизгаат најубаво.

    Имајте убав викенд.
    И не се заљубувајте, замка е, ќе се заебате!
    :*
     
    На faye, blond, TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Знаете што?
    Јас го сакам Скопјево, и покрај сиот барок, и покрај сите споменици, и покрај сиот кич, моето Скопје е само мое, и никому не го давам и точка.
    Абе убаво ми е, и каде и да одам како дома не е нигде, а под тоа дома е и Скопје.
    Уствари ја и градов си имаме некоја посебна љубов, ме полни со самодоверба моментот кога со штикли цупкам по улица Македонија, кога се филмам дека одам по модна писта и демек сите погледи се вперени во мене, кога ветерот ме бушави, и ги потскокнувам во балерина стил сите вирчиња и отворени шахти...
    Јас на друго место, не би била јас, едноставно ниту Париз, ниту Њујорк не би ме исполнувале онака како што ме исполнува моето Скопје, на друго место само би полнела батерии, би шетала, но никогаш не сум посакала негде на друго место да живеам.

    Се грозам од нашиот македонски сељачлук, од плукањето и берењето гајле за туѓиот двор, ама па јас научив со сето тоа да се носам, тоа е нешто како „Добро утро-Добар ден“ чиста куртоазија, ја учиш еднаш и ти останува в ум за навек. Не ми сметаат ниту аеродромци во Адидас тренерка, ниту центарци со карирана кошуља, ниту сите манекенки, се додека меѓу нив се наоѓа по некоја будала што јас ја нарекувам пријател, а и сите тие аеродромци, центарци и остало го прават моето Скопје да биде тоа што е, да биде убаво и да биде мое.

    Му го земаат ликот на Скопјето во кое јас пораснав, меѓутоа неговата душа останува за навек, секогаш да ме пречека во прегратка, да ме погали со силниот ветер и на крајот зајдисонцето да го пречекам на Водно, држејќи го тука, на мојата дланка, моето Скопје...
    http://www.youtube.com/watch?v=my1bYGiSU2E
    http://www.youtube.com/watch?v=BuBFuarO ... re=related
     
    На LilBaby, blond, LaBella и 4 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК дека од вчера и официјално станав возач . Положив градска и со земањето на возачка дозвола си симнав и голем товар од грб . Признавам дека не сум фанатик по возење ама во последно време почнав мн повеќе да се интересирам . Епа со среќа нека ми е . :)
     
    На blond, CIA, Adelcheto и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    10.329
    Мразам рокови, мразам висење на глава, притисоци и неодговорни луѓе!
    Цела недела држ-недај...ќе биде, ај после, ај утре. Створења неписмени, мрзливи и гнили!

    Тимска работа, непознат поим. Животно мото „ тато носи, мама меси“. Ало пораснете лигуши едни.
     
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Tаму каде што љубовта владее,лутата љубомора се нарекува себе си стражар на љубовта
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас сакам да кажам, односно сакам да изразам револт кон мојот живот. Некогаш, си размислувам, си правам ретроспектива, и имам чувство ко да сум во сценарио на Тарантино. Ама некој ми вели - ајде, барем не е досадно. Е не е, ама станува напорно. Или се згуснува одеднаш, или е монотоно. А јас мразам секојдневие. Можеби и затоа гледано во целост нема ни с од секојдневие во мојов живот, ама тоа е само споредено со другите...колку што може да се спореди нели.

    И така, си отидоа многу луѓе од мојот живот, за некои ми е жал, за некои не, за некои сеуште се прашувам што се случи, за некои се каам заради тоа што се случи, некои засекогаш, некои не, случаеви насекаде.
    Пред да замине една од моите најдобри другарки, си муабетевме по повод раскинување, и ми рече дека за љубов се би направила, па дури и би се понижила ако навистина сака. Се согласив во тој момент, ми звучеше разумно, ако сметаш дека вреди и ќе се понижиш. Ама тогаш немаше фактор гордост и фактор други личности. Ќе направиш се за љубов. А што е тоа се, и колку си спремен да жртвуваш? И каде е крајот после? А кога ќе размислам насекаде понижени (и поразени :D ) Мојот омилен иден дечко/сопруг/маж од соништата/опоен љубовник, се имаше изјаснето дека секој ќе те повреди, само треба да најдеш некој што вреди да патиш за него. Епа, јас навистина се надевам дека вреди. Или да и верувам на утопистичката тој што те сака нема да те повреди и бла бла бла. Се е моментален аспект на гледање, мене повеќе ми одговара првиот, зошто престанав да верувам во глупости...или барем максимално ги редуцирав.

    Ама, игнорантност и кисело грозје, наспроти соочување со проблемите. Меч со две острици, ама едната е потапа. Парадоксот е дали потапа е таа што е повеќе користена, или таа што помалку ќе исече. Најверојатно зависи од замавот.

    Си мислам јас како ќе егзистирам летово, кога и моите последни надежи отпловија. Лоши сценарија животеее, ефтини драми. Ама ајде, светлата страна е дека тие секогаш имаат некој дебело среќен крај. Таму некаде има некоја што го живее или допрва ќе го живее мојот сон. Зошто? Зошто на неа не и го режира животот Тарантино! Ќе си заминам и јас некаде, па макар и во Охрид :lol:
     
    На Strumfeta93 и L-enna им се допаѓа ова.
  19. mare16

    mare16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    rodi me majko ponovoooooo da mozam srekna da biiiidaaaammm.... ;(
    [mod-kirilica:1l0g1srd][/mod-kirilica:1l0g1srd]
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Денес јас сум ненормална. :hai:

    Сите нормални луѓе, во петок вечер, посебно во јуни, се расположени за журка.
    Сите нормални луѓе, одат со другарите и другарките на кафенце.
    Сите нормални луѓе, имаат нормални татковци.
    Сите нормални луѓе, кога некој ќе им почине, одат на погреб.
    Сите нормални луѓе, кога сакаат да посетат некој што одамна не е меѓу нив, одат на гробишта.
    Сите нормални луѓе, знаат каде е гробот на нивниот дедо и баба.
    Сите нормални луѓе, одат на спомен рано наутро, му палат свеќа, и со смирена душичка си одат дома.
    Сите нормални луѓе, биле со дедо им кога тој умирал.
    Сите нормални луѓе, си се простиле на раат со саканите, и живеат сеќавајќи се на нив во добро светло.

    А ние, ненормалните, се криеме како крадци, по влезови, по улази, за да каснеме малку баничка, за душа и да оставиме пари за свеќа. Тоа темница додека е, никој да не не види. Дека не може точно на годината да се прави спомен, нели, ненормални ние, па мораме вака. Уствари кои мораме, јас немам никакво учество во правењево на нешта.

    И немаше да ми биде криво да не му бев омилената внука на дедо, кој точно до последниот момент прашувал за мене. И немаше да ме боли да не го чекав 18тиот роденден додека тој умирал. Ич немаше да ме боли. Како себично копиле си ги ставив сопствените интереси пред човекот кој се би направил за мене, кој мислеше на мене и кога јас не мислев на него.... си полагав матура, и си чекав роденден, и си заслужив да ми биде вака криво. Вака ме боли, и мислам дека цел живот ќе ме боли и нема да си простам. Не ни заслужувам да си простам, затоа што ова не се простува. Се срамам, како можев така да постапам... ;(

    Тоа е тоа, ви викам, дека јас ненормална, па затоа вака... :doh:
     
    На starbucks и ludoto19 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.