Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Убавото сончево и топло време, раздвиженоста на градот,веселите и замуабетени луѓе раздвижени или седнати насекаде по некоја обратна логика кај мене предизвикуваат тага и носталгија.
    По луѓе кои влегле во мојот живот, а морале да заминат.
    По некои луѓе кои исчезнале од него, а сум сакала да ги задржам.
    По работи кои се случувале и траеле, а морале да завршат.
    По времиња толку далечни, кои знам дека никогаш нема да се вратат.
    По мигови среќни и тажни, горчливи и болни, неважни и важни кои не сакам да ги заборавам.
    По случки и доживувања кои нема да се повторат.

    Седам во собата во која требаше да помине долго време дури да се навикнам, и да не се вадам од памет секое утро кога ги погледнував крвавите ѕидови кои некој,очигледно доста чукнат и мрднат, пред мене ги офарбал. Некој, што бил тука пред мене, ја живеел својата приказна во оваа соба,ја оставил и заминал. Како што јас утре ќе ја оставам мојата, и многу далеку од тука ќе ја започнам наредната.
    Собава беше толку малечка за нас трите, ме фаќаше клаустрофобија, а сега е толку голема и празна. Само куферите стојат спакувани до врата, потсетувајќи дека нешто завршило, дека утре заминувам и дека ставам крај на уште едно поглавје од мојот живот. И празниот кревет на цимерката со која од непознати странци станавме мало семејство, и на крајот секој заминува на своја страна.

    Не можам да ја поднесам оваа празнина во себе. Не можам да го поднесам ладниот воздух кој поминува низ огромната дупка што ја имам во градите и ми го мрзне срцето. Не сакам да се приврзувам, па да морам да се збогувам. Да одам, и да оставам зад себе. Далеку, во длабоките ноќи да се присетувам и воздивнувам, набљудувајќи ја месечината која од таму не изгледа толку магично како и од дома.
    Затоа што сум таква, плачка која се приврзува за сешто и секој, живее во минатото и спомените, на која миризбите и музиката и се временски машини, кои ме враќаат назад, оживувајќи ги спомените и доживувајќи го секој миг одново и одново...
     
    На MandyLane, marama, innablood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Фала Лудо , фала ... мислев да си легнам и да имам слатки сништа .... фала

    :bug: :bug: :bug: :bug:
     
    На Elennaa, ludoto19 и teddybear им се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Треба некој да ме избрка и со сила да ме тргне од компјутеров... Ако продолжам вака ми отиде уште една ноќ без сон. :worried:
    А кога ќе се сетам колку обврски ме чекаат, особено утре, се ежам. Ама нема бегање. Морам да се покажам и да се докажам, посебно затоа што сум ептен мотивирана. :) А кога јас нешто ќе си зацртам како цел, тоа и ќе го исполнам.

    СДК и дека ми е убаво да слушам музика што ме враќа во минатото. Сите моменти ми се враќаат, како слики пред мене, јасни, прекрасни... Баш така како што беше тогаш. Се смеам, и убаво ми е.
    Само се прашувам, како ќе гледам на овие денови сега, откако ќе помине некое време? Можеби ќе сакам да се вратат.
    И зошто секогаш пред спиење мислам на вакви работи? :x
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Си ги заменив лажните пријатели за искрени непријатели .

    Сега веќе на чисто сум и можам да играм со отворени карти . Јас не почнувам да војувам без причина всушност без многу силна причина . Се додека некој не допре до мене , не ме повреди или сака да ми земе нешто МОЕ ! А моето не го давам ...
    Сега кога се аут од мојов живот овие првиве многу ми е пофино . Знам дека имам уште некои кртови за расчистување и од сега преку сито и решето па со мене да бидат . Доволно се зезнав изминатово време .Да делиш совети катадневно , да бидеш рамо за плачење на лагер 24/7 , да правиш работи за нивно добро макар на твоја штета , да слушаш и досадни работи , муабети што се тортура да ги слушаш се за на крај да добиеш нож во грб ?!

    А не , не се сопнав доволно пати па сега и од километри гледам кај треба да скокнам, и кого да скокнам.

    Сфатив дека цело време сум се гушела . Само што не сакав тоа да си го признаам , негативната енергија владееше . И за се што сторив не добив ни едно Благодарам што беше со мене кога ми беше најтешко ...
    Само куп интриги , лаги , заплети ( ова веројатно како последица на прекумерно гледање на шпански серии , или комплекси ,ма кој да знае ) не е ни битно повеќе . Само знам дека поубаво ми е без нив , да искрено и без тронка иронија го кажувам . Воздухот ми е почист , и сонцето посилно ми свети и насмевката поискрена. Не знаев дека околу мене постоеле емоционални вампири кои сета моја енергија ми ја одземале , после муабет со нив се осеќаш како празна вреќа .Немаш волја ни да вдишиш а не нешто повеќе.Богами и тоа е способнот :worried:ilent: .Не слушам колку се најнесреќни , колку е Животов никаков , како никаде нема да се стигне ...
    Песимизмот им е средно име .

    Искрено им препорачувам на сите кои во своја близина имаат ваква личност што е можно побрзо да ја отстранат од нивна близина .
    Ќе ве повлечат со нив во спротивно ...
     
    На Gordana10 и EleMental им се допаѓа ова.
  5. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    СДК најгласно на цел свет дека сум многу горда на него! Пресреќна за неговиот успех,пресреќна што се појави во мојот живот и што е дел од него! :inlove:
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.718
    Пол:
    Женски
    Не знам што се случува со мене?Навечер нема заспивање...а на сабајле од рани зори сум на нозе..,сопствениот кревет да ти е тесен и непријатен..ова климаксот е страшна работа бе[​IMG],плус сите коски и мускули ме болат.. :worried:

    Денес денов за по гробишта...тажните чувства измешани со огромни количини на храна,
    да му запалам свеќа на мојот татичко,кој иако не биолошки,ми беше многу повеќе од родител,ми беше потпора,столб на нашиот скромен дом...толку години без него,а сеуште се сеќавам на неговиот лик,до најситен детал,и таа слика нема никогаш да избледи.Колку само силно ми недостасува!!!!!!!!

    Денов срамежливо започнува,а јас ќе гледам да се стопам во него...а вие...уживајте во него,бидете со вашите родители,сакајте ги и исполнете си ја душата,кажете им колку ви значат... :nod: само убавите моменти остануваат во животот,за кои терминот време нема значење...
     
    На marama, Ognenija и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    `Не значи дека си среќен со тоа што си богат` :)
    И богатите и сиромашните, кога ќе умрат пак под земја ќе лежат.
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мене ми заличи на некој гуштер. :?
     
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Мислев дека за прв пат по толку време не ми е грижа за ништо и сум среќна, а тоа да ти било ПМС!
    Пу!! :devil:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сега направив една фотосесија на моите мачки Госпиѓа Лили и Госпоѓа Црнка. :)
    Многу се слатки на фотографиите.Ќе ги изедам-премногу ги сакам. :!:
    Барем сега имам сликички од нив.Одбележав многу убави моменти.
    Многу брзо пораснаа мачките-а јас не ни го забележав тоа.
    Леле ги измалтретирав.. :whew:
    Ама што да се прави,ме истрпија !
    И сега ги оставив на мира да си седат на сонцето и да си уживаат. 8)
     
  11. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Едвај чекам..
    [​IMG]
    ги сакам :inlove:
    [​IMG]
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се ежам кога те читам, особено кога пишуваш дека се самоповредуваш. Не знам како си помагаш, ама се надевам дека одиш на советување. Премногу си мало за да правиш такви работи.

    Дебар Маало ми е прегласно наутро. Денес ми фалеше Радишанскиот мир. Главата ми пулсира. Настинкава ме убива, а имам сликање на свадба а едвај стојам на нозе. Мисливе ми се некако тешки денеска. Од кога се вraтiv искочив само два пати. И по некоја случајност во Менада го запознав авторот по чии поеми ги правев фотографиите Никола Маџиорв. Висок, скромен човек, со некоја добродушност во него. Јас го замислував сосема опозитно. Убаво кога ќе сретнеш некој со кој само сте коумницирале само по мејлови, работите на иста цел и имате заедничко претставување на вашата земја во друга земја. Почнав прооект слика врз фотогрсафија, со една дама сликарка во Холандија, се надевам дека ќе биде успешна.

    Моја Мила ме израдува. Била на забава со татко и, јадејки мевце и се расклатило запчето и го извадила на сред забава. Првото и падна со мене кога се лизгавме во еден парк, а потоа сите сама со прстињата. Херојче на мама. Уште едно црно запче да извадиме, и ќе имаме убава бела насмевка. ЈА сакам многу. Зљубенка е она. Си го сака Лука и тоа е тоа. Барем кога ќе порасне ќе се смее за нејзината школска љубов.

    Не знам што да кажам повеќе освен уживајте во викендот.
     
    На Divinebutterfly, Hayley, JoxyTheFreak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Денес се разбудив со главоболка. И после напорите да се наспијам, се разбудив уморна.
    Четвртокот кога станав си реков “ееееј, 10 саати спиенје’’, како бев среќна! И што дека, ко цел ден бев неописливо уморна.

    Најмногу и се израдував на писмената по македонски, за прв пат 5ка без минувче. Ама пак, читајќи ја, увидов дека сум ја пишувала како да се скривам зад нешто, да се плашам од нешто. Не дека ме бива за пишување, иако секој ден така го туркам, ама обично мислите ми биле цврсти и јасни, барем така си мислев. Така беа, пред овие пеколни месеци. Што ми се случи?

    Мислам дека со самото тоа што сфатив дека сега да ја пишувам темата за зависта би се изнапукала ко на востание, е напредување. Оддамна не сум искритикувала некоја сопствена гледна точка. Ова Е позитивно, и му се радувам!

    И гитарата вчера ме топлеше! Раката болеше, едвај 3 песни ги истуркав, ама кое задоволство ми донесе, не можам да ви опишам! Колку бев среќна што повторно си ги свирам омилените песни! Гласот сеуште не се врати како што беше, ама пак чувствувам дека ми заздравува. Тоа што грлово ми е потечено повеќе не ни приметувам. Ќе помине!

    А и без тоа ќе живеам... Би се откажала од тоа што најмногу го сакам за да можам да чекорам низ животов гледајќи, слушајќи, правејќи работи кои што сега не ги сакам, а тогас целосно ќе ме исполунваат! Секогаш можеме да најдеме нешто ново што ќе го сакаме!
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Ги заслушав песните од Прилеп-фест сега на Сител.
    Која од која покатастрофална. :x Да се чудиш дали е забавна, турбо или некој сосем непознат жанр.
    Напред пеачите пеат бавно, а танчерките во позадина се искршија од играње ко на хип-хоп. :fubar:
    Зошто нема сега такви песни како порано, да ти остане во меморија, да ја потпевнуваш, да има каде да ја слушаш, сегашниве се гола вода во споредба со некогашните од пред 20-тина години.
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Денот ми започна со Жељко Самарџич :P
    Баш она прекрасно, се надевам на денес убав ден, со оглед на то дека сум многу среќна,
    После кафе и муабет со другарка ми, одамна немаме излезено и онака еден убав муабет :)
    Вие имајте убав ден, сакајте се љубете се оти нема ништо поубо од тоо :D

    Убав денн :*
     
    На Divinebutterfly, Elenuskaa и Ann.94 им се допаѓа ова.
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Мразам дволични луѓе, на улица кој те е*е, а сеа ми иде тука ми се лигаве лелел па многу добро си депилирала, срцка си ај среди ме, ќе те фалам на сите |( ми се идеше без веѓи да ја оставам глупача :puke: Боже Боже... глупости, не биди толку дволична бре знам дека не ме поднесуваш, идиш само колку да видиш, што како па после да лафиш на сите, идиотка брее... уствари ни ја не те сакам многу... ах брее зошто убаво ја средив, требаше да ја окубам цела, па да има стварно причина за ломотење :x

    СДК дека ја ептен си ја потерав Црногорски, стани, легни по цел ден :lol:
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Најубаво чувство на свет: кога ќе те разбуди тиха музика и ќе сфатиш дека си сама дома! :D
    Јеје :P
    Баш убаво утро, грее сонце, дува мило ветренце, пијам чај стуткана во фотелјата.. И најбитно: се слушаат старите хрватски хитови! :mm:

    http://www.youtube.com/watch?v=I4W8dGvH ... re=related

    Ви праќам топли поздрави за да имате добар ден. :*
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Интересно е.

    Се будам и оп смс порака со средба за изложба во јули. После на фб порака од Фро, да и бидам дел од фото изложба и тоа некаде во јули. Концепт за стихозбирка и барање за рецензија од Вини Пу. Плус, фотосесија на тема Скопје со драга Ана.

    Ме бараат, а ја сум уште нерасонета од овој мој убав сон.

    Попладне, трите дами фамилијарни одиме на шопинг. Чевли, намирници и ручек во Чаршија.
    Да тргне викендов како пастув среде прерија.
    Чувајте се, јас отидов да брцам глава во креативност. Ми треба боја и мир.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве ме и мене :) ви недостигав :wasntme: вие мене да :hug:




    СДК многу сум разочарана од една т.н. другарка за едно прашање чекам да ми одговори 2 дена-2 пораки и пратив, на ф.б. и пишав, девојкава си молчи, а утре и е роденден :!: незнам што си замислува ама веке вака НЕ МОЖЕ :!: наместо сега кога сум сама-нели сингл, другаркиве да ме дружат, нив ги нема никаде, убаво е што барем одам на медитација каде што има по некој позитивен лик, и истовремено запознавам нови луге :) а дефинитивно не сум од тие девојки што ако сака да прошета а нема друштво седи дома :shake:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.