Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... си седам надвор и ветерче ме дува. И ми носи мирис ... на плажа. :?: Сконтав одма, јас мирисам на плажа да, да. Барем за момент се губам во мислите дека сум некаде на плажа покрај сино кристално море, еве нека е Карипско ... може со ладно нес или некој котел ... Лепо је маштати. :emo: Може и реално да се случи, тоа не е проблем ... Има само еден услов кој не знам дали ќе се натерам да го исполнам :?:

    СДК ... се чудам на младинава посебно девојчињава на помалку од и над 20 тина и и натаму години кога ќе се стават во група на возрасни и зрели, некои дури и ко да се престарени?? Мислам да се чувствуваш на тие години така не оди. Човек се додека се чувствува млад ќе живее убаво и долго ... Не брзајте никаде, не се ограничувајте и немојте да се сметате повозрасни од колку реално сте. Живејте и чувствувајте се млади додека можете и имате потреба. Ова никој не може да ви го одземе ни ти даде. Сами си го постигнувате.
     
    На bittersweet, mims-89, Peppermint и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Ама презирам луѓе што доцнат, па аналогно на тоа, и ти доцниш заради нив! Бреее, да се немало усул, осет, смисла за простор и време! Аман заман!
    Ме напнаа и со порачките за облека и козметики, од Америка другарка на сестра ми сакала да ни нарача нешто. Сакам едни џиш црвени чевлички и фустан со принт од црни мачки. Број ако има, арно, ако не исто ко да ми ги донела, ама нема да е исто. Ропкам краставица гледајќи инсерти од некој филм, краток документарец за глупостите на Вуди Ален и ме мрзи да одам утре на работа! Да, сериозно! Многу ме мрзи! Деновиве си ги поминав во лек Хедонизам, многу салата, пивце, радост, мекост, среќа и љубов. Не се замарав со градов, нити тој со мене. Што ќе ми е град, кога имам свод, небо, цреши и Тој?

    Досадно или не, три дена проведов креветовски, благосостојбено, со музика, храна и љубовни деланија. Пладневен точак, боровница и лимонада, смирено меше, олабавени живци. Сестра ми кенка, јас викам по неа. Немам трпение за мекуши, слабаци, кенкачи и сите во пакет со нив. Зошто возрасните луѓе се толку подложни на дурлење, крекање и самосожалба бе? Малине деца се похрабри кога ќе паднат од точак, дрво. Забога милога, доста е од слабости, животот е одвратен сируп!
    И ми вика Фичо - сурова, си, сурова Дама поет.

    А што да бидам? Лижач на туѓи солзи и маки? Е нема, со опроштење. Секој си е градител на сопствената судбина. Макар била и берач на какао во Африка.
    Сфатив дека не ја поднесувам туѓата слабост, кога преминува во мелодрама, патетика и очаен обид да се привлече внимание.
    Едно мрш, молам. Во целофан и панделка.

    Сакав да кажам всушност, дека многу комплекси лежат по асфалтиве градски. Ни дожд не ги измива!
     
    На antonina, anabel-a, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.473
    Допаѓања:
    91.865
    Пол:
    Женски
    Тинтрење, портокалови ноктиња и усни. Сонце кое мами насмевки, јас и сестра ми во некое другарско расположение, чудо!
    Планови, планови... книга немам фатено, а дома па и ретко прибрано.
    Добивам испирација само кога не сум заљубена, тогаш мечтаам за тоа што сакам да го имам и пишувам.
    Сум била пресериозна, требало да се опуштам... Не го можам тоа јас. Не дека сум престарена ама прерано ги минав лудостите не младоста. Денес сакам да ја видам другарка ми и да се смееме на глупостите, да се враќаме неколку години наназад, да се чудиме колку сме биле блесави.

    Имајте убав ден, мене кафето ќе ми претече :lol:
     
    На Peppermint, JuLleE, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Оф, врти се сучи се цел ден, два саат дошло, а ништо продуктивно не сторив денес. :D
    Сега има да си ги средам ноктите, и после што?
    Ќе гледам некој филм.
    Или ќе почнам некоја нова серија. Никогаш не се знае :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Знаете какво е чувството кога после толку долго време, излегувате вечер без јакни, палта и чуда? Нозете не ви се лизгаат во хулахопки и доволни се две парчиња облека за вечерта? :wasntme:
    Јас вчера отворив сезона, официјално.
    Толку се изнаиграв што не е чудо што ме болат цели нозе, од прстите до бутовите. Ама ретко да ми се прави мерак во диско, после толку време, баш да ми се погоди атмосферата. Веројатно затоа што Панчо конечно имаше сменето репертоар. :D
    И сигурна сум дека знаете какво е чувството кога се молите фотките од претходната вечер да не видат бел ден во јавност.

    Уживајте во времево. Летенце конечно ни дојде.
    Јас веќе правам планови за следниот викенд, почнувајќи од четврток.
     
    На antonina, anabel-a, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    А цело време си викам,
    Its high time to come to your senses and bust your ass from studying...
    Ама ајде де, паметов чавки ми го однеле...
    The is no hope for me ;(
     
    На LilBaby, teddybear, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Фејсбук, у буквален превод фацата ти е ко книга (или ја незнам енглески).Фејсбук не е воопшто тоа што треба да биде. На фејсбук има убаво направени опции кои можат да се искористат на многу други убаи начини. Тука никогаш не се дискутира за моменталната ситуација во државата, настаните во светот и сл. сепак за тоа неможеш да дискутираш со деца што учат сеуште МАТЕМАТИКА ЗА 5-то ОДД
    Грди статуси,а уште погрди песни,ма важно на фејсбук е па ти.Деца уште у 5то одделение се душевно повредени,симпатии и дечковци мават се на секои 3-4 дена.Свето им се руше над глава.Ма дај молим те.Манаа ги топките и јажето фанаа се за фејсбук(мртов град без душа) шо би рекол брат ми.Ма нема врска,дома се пред компјутеро на фејсбук,замарат за лајкови.Срцка-мрцка види ми ја сликата...Ауу ногу ти е јака .!.Полу гола у 5-6 одделение,со 468343250 лајка.Јака им душа на пикнико и на фотошопо.Курва надвор а светица на фејсбук.У школо двојка,тројка па и по некоја четворка али важно на статус се изјаснила дека он не и е единствен,дека НЕМАЛА ДЕЧКОО-јаооооооо браво..Топ си кисче,мвааах :***
    А ако се приклучиш во дискусија на статус на тотално непозната личност автоматски испаѓаш некултурен. Златно правило "НЕ СЕ МЕШАЈ ВО СТАТУСОТ НА ДРУГИОТ" ! На статуси можат да се најдат само љубовни пораки, цитати од некој познати личности и сл. Кога критикувам некоја јавна фаца, политичка партија или комшијата мора на тоа доле чето некој да ти сере. Дами и господа знаете и вие сами дека имате делит/блок.Е пријатели мои тоа не е социална мрежа.
    Ајт сега, пријатно. ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Резервирано за одмор, последната соба од тој хотел за тој период еј која среќа ја имаме! Турција, чекај ме! 8) А дотогаш... одам да учам |-) :geek: |(
     
    На MacaLove, Lov3, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ади is no more available on Facebook.
    Прам пауза од се и се одалечувам од компјутер и сите можни ствари шо ми одземаја време.
    Седнувам максимално деновите да ги искористам за учење.
    Ќе ви се вратам пак, а дотогаш останете ми поздравени :hug: :*
     
    На cinderella5, Miss.Ricci, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Чувството на срам кое ти се јавува , кога по недела дена не ги имаш чуено на телефон твоите најблиски и кога при првата реченица те опсипува таква трема што се чудиш што ти е побогу... :lol: е што ми е де, истите се иста сум јас :^) .

    Ми седнал билдеров ми го исклучил постот и сега да ти се плукнам што ќе ми дојде повторно истата убава инспирација :devil: неговата постојана потреба од се да е подредено, ќе го акнам- бокс ќе крка во најдобриот заб.

    Убаво поминавме кувавме јадевме, се смеевме, пеевме се бањавме, се каравме ,се шеткаме шопувавме, се љубевме горевме под сонце па лелекавме од болки и гореници, и 100фактор не ми помага.......дигиалниот ни беше воздух, вода море и лепче, слики- клик, панорами фотка до фотка еден цел прекрасен албум, најчесто уабвините морски ги сликавме и по некоја наша љубовна палавштина .

    Ми фалеа дневни информации ми фалеше и форумов епенаа многу до тој степен што симнав 2982478474страни(додека пијавме кафе и го амортизирав WI-FI -то во хотолетот каде млацкавме нескафе со највукно колаче евер и само на SLEEP си го оставав лап за покасно кога ќе го пуштам да ми бидат тука да можам да ве читам барем колку толку да сум присутна на некој си начин :) Да видеше некој колку табови имам отворено за глава ќе ме фатеше д а не случајно сум фатила температура да си провери :rofl: .
    Сакам кога набљудувам други луѓе интересно ми е да наслушувам што се дешава во нивните животи(како мини биографија да се отвора за нив , пред мене ) и тоа оние повозрасните- повеќе , го имаат она животно искуство се дивиш на нивната смириеност иживеаност на нивната искусна проживеана страна ,ги имаше доста ваму каде бевме рака им се симиња на оние ретките кои ја носат културата со нив секаде .......со нив знаеш дека седнувајќи и пиејќи едно кафе побогат ќе се за едно животно искуство сигурно .Абре како книга се со скапи корици и уште по `тешка` содржина .Во тој поглед и јас сум побогата маванав две книги мљац , мљац страна по страна насмевка , интрига , досетка , скокотлива содржина и книгата е во редот на веќе во прочитаните ,не има знам број веќе на прочитани иако никогаш на форумов не споменувам дека воопшто читам ме нема воопшто во тема -Литература и уметност, сепак се моја животна радост хоби преокупација.....
    Сонце, вода , плажа, книга и љубов и веќе за нас сезоната е завршена .До селдниот паричен бонус можеби :lol: во септември ;)
     
    На teddybear, Lepaaa и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Си имам жолто цветче :party: :dance:

    [​IMG]
     
    На Lepaaa и Yipman2 им се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Дома. Шубо звучит. :mm: :inlove:
     
    На Annath, anabel-a, beached и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ај земи ме и мене во Охрид :wasntme:
    [​IMG]

    СДК дека некои многу почнаа да си измислуваат настани, приказни, случки, па дури и си се соживуваат со нив...зарем мислат дека некој им верува?
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Последниве неколку дена сум во трка со времево, 3476476 обврски ,состаноци, средби,случувања,имиња ,родендени ,слави ,годишнини,контроли,излети и јас секаде стасувам дури и 5 минути порано како вообичаено :)
    6 часа спиење само тогаш сум дома и ме снемува после.
    Мама и тато кога ќе се омажам треба многу работи да учат одново,незнаат ни шалтери кај има за плаќање сметки,ни за договори абе ништо. Лесно е да тркнам јас со точачето.
    Пораки за други дешавки и настани,каде побрзо?!
    Сега заминувам да се нашминкам со брзина на светлината и пак ме снемува.
    Тато ми вика дека јадам колку глувче а сум активна 24\7 затоа немало да пораснам.
    Тато јас пораснав ама тебе така ти се чини.

    Имајте убав ден :f: :sun:
     
    На Lepaaa и maca99 им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Колку е всушност незначајно, а колку време, енергија и емоции од оние негативните одат на расклопување на туѓите повеќе, а и сопствени морални дилеми, трилеми и полилеми... Сите без исклучок се поставуваме во улога на морални судии, сите сакаме сите други да играат по ритамот на нашиот етички кодекс, е па жал ми е, ама нема, некој сака тапани, некој зурли, трет виолинче, а има и такви кои љубат кавалче, ама никому не му бега Тешкото. Ни за мене, ни за било кого, дури ни за оние после кои следи потоп... И сето тоа е уште една опсесија, која е диктирана од нашата слабост за контрола. А, ни самоконтрола немаме пречесто, да е иронијата поголема.

    Всушност, изјавата од типот ,,таа/тој/рандом личност знае што сака,, е илузија за која се држи нашето рацио, како пијан за стап или сламка беше... Сите преферираат мали, ограничени светови, во кои е јасно определено кој пие, а кој плаќа, во кои царува површноста, зад помпезната куртоазија и бледите емоции и крајниот морален релативизам, еј луѓе сме, во ред е *тап тап по рамо*... Бидејќи, токму кога мислиш дека сите конци ги имаш во рака, ќе се појави оној латентен хомич Марфи и ќе ти сецне добар дел од нив со ножички... И онака трајната среќа е остварлива колку и јамбот со најава...

    Одбрав да простам некои нешта деновиве, не поради религиска некоја потреба, чисто поради мојот мир и тотална непотребност да се носам со теретот на гневот и фино ми е искрено. Нема зошто да се влечат свои и туѓи црнила, кога и онака ова време кое ни е дадено е прекратко за тоа. Се осетив како Ставрогин за миг, зошто толку луѓе очекуваат постојано од мене да носам некое бреме?! Макар што да бидам искрена и онака, најголем дел од времето мислењето на другите луѓе, кои никако не ме засегаат го земам како предизвикувач на силна генитална болка, а од друга страна, всушност толку очајно се трудам да најдам макар преќутно одобрување од оние кои ми значат премногу... Да бидеме реални, нема ништо поедноставно од тоа да се биде беневолентен возрасен егоцентрик.

    Мислам дека звучев пресериозно, ама и не е толку значајно и тоа, секој логичко семантички просер, има флуидна нестабилност, која го прави, подеднакво (не)успешен како и секој друг впрочем. Се‘ е во нашите глави и се‘ е релативно и сите сме поелементарни отколку што мислиме, иако глумиме комплексност (има и такви на кои ако им се рече дека се искомплексирани, го вртат значењето дека им даваш комплимент дека се комплексни, ама не мислев на овие) и светски манири и оваа тура е од мене...
     
    На JoxyTheFreak, Lepaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Летово ќе биде работно, нема одмор. Ем една работа, ем друго нешто ќе се подработува, настрана што се вели, ем мора и да се учи. Мора малку мака сега, за идното лето да може да се ужива.
    Битно е дека го имам маж ми до мене, најголемата поддршка што ми треба, имам конечно и мотивација. :)
     
    На JuLleE, Lepaaa и Ariel им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Т-Home, по катастрофален интернет па не може да постои. Почеток на месец сме, а он отвара страници како да сме крај на месец. :@ :@
    Да ти се плукнам во оптичкиот интернет, ако е ова fiber optics, јас сум Audi r8 со 10000000000000000 коњски сили.
    Барем да вредеше за цената :devil:
     
    На Lepaaa и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    денес се уморив малце :whew:
    подготовки за свадбата :)
    украси,па облеката,па чевлите се убаво да се спакувани...
    подароци,накит шминка :) :) ооохххххооооо триста работи :D
    си викам а вака да е вобичаено а не само за мажење,она купи она купи,а дома една соба ми е сто тие работи ;)

    ајде ајде да си пакувате и за вас,па ке видите и вие малце замор :D :D
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.708
    Допаѓања:
    6.641
    Утре ќе се дружиме со Љубица географија.. Oh, please kill me now! |(
    Мораше баш за претпоследен час да останам.

    Оние од ЈБТ знаат за што зборувам..
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Home alone! :rock:
    Ги засукав ракавите денес и се фатив за правосмукалката. :lol: Вечерва ќе ми дојде љубовта на гости и се надевам дека ќе сме сами и дека нема да имаме некои други “непожелни“ гости. :rofl:

    И така, јас денес сум мнооогу расположена!

    Се надевам дека и вие имате убав ден! :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.