Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Дали знаевте.. :!:
    |
    |
    |

    [​IMG]
    :doh: ;(
     
    На sweet-cherry, Bright, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. it.1.girl

    it.1.girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    1
    Јас не сакам нисто да казам туку да ве прасам дали знае некој колку поени ке имаш за средно ако средниот успех ти е:
    V-3.5
    VI-3.8
    VII-3.7
    VIII-3.9
    Ако некој знае нека писе :$
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Мене ми се убави двокатните автобуси. Седнувам горе, на првите седишта, си читам книга или нешто за на факултет, најчесто сама.
    Сакам да ги набљудувам луѓето од таму горе, не знаат дека некој ги гледа. Интересни ми се, различноста е убава. Гледам баби и дедовци под рака, тинејџери, мали деца со родители. Вљубени парови. А денес ми остана во глава сликата на трудницата што чекаше на семафор на пешачки и си го галеше мешето.
     
    На sweet-cherry, Bright, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Немам фејсбук профил (нити твитер),за да покажам колку сум згодна/паметна/духовита/прошетана/социјално пожелна....

    Не одгледувам фарми, не водам виртуелни војни и слични интернет игрици,
    Не гледам турски серии (нити индиски или хрватски). Навечер легнувам со маж ми, а не со Саваш (виртуелно нели)

    И една колешка денес ме прашува - Во кој свет ти живееш?

    Да ви кажам искрено, се замислив. Ако виртуелноста е нашата нова реалност, во кој свет живеам јас навистина?
     
    На Noemi, Buttterfly, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    СДК убаво ми е :D Се чувствувам среќно и позитивно КОНЕЧНО :) Се надевам дека ќе потрае.
    Убав ден, всушност прекрасен ден :)
     
    На Gordana10 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК кога на човек ќе му бидат јасни некои работи во животов, после откако истите ќе се случат повторно, му стануваат смешни :D ништо ново работава :D
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ма шо ја ебам,ќе ја сечам математикава :D
     
    На anabel-a, Elennaa, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.326
    Си поминувам покрај Прометеј и си викам,на една жена и се слоши од гол курац,па го облекоа,што планираат да направат и КОГА планираат да направат нешто во врска со тоа што и се слошува на цела нација од одвратни споменици,кичерајски проти,мегаломанија и ко?! Мислам оно стварно на дел им се слошува од што немаат за леб,им се слошува од стрес за скрпување крај со крај...

    П.С. Сепак мислам дека има врска со Грујо и голиот курац,жената е измислен лик во приказната...

    Не можам да влезам во фазата на сеедност кон ова злодело што ми беше и му се прави на нашиот главен град...
     
    На Annath, Elenuskaa, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    СДК понекогаш се мразам себеси, всушност си го мразам карактерот. Ја гледам другарка ми која пред неколку месеци го изгуби татко и, а толку е силна. Толку е храбра што продолжи напред со крената глава и спремна е да направи се за нејзината мајка и сестра. Јас никогаш нема да бидам толку силна личност. Се мразам себеси затоа што сум толку попустлива и лесно кршлива личност. Солзите ми се на очите кога некој само еден лош збор ќе каже за мене или ќе ми направи нешто за што нема потреба од солзи. Кога некој би сакал би можел многу лесно да ме повреди. И се мразам себеси поради тоа! Се надевам дека животот ќе ме направи силна личност. И да, ако треба нека ми се случат најлошите работи, но сакам да станам силна. Сакам да можам да кажам НЕ на оние кои не можам да ги одбијам за ништо. Сакам да не сум толку добра личност и секогаш да сум овде за сите, а кога мене ми треба нема никој.
    Сакам..
    Сакам кога ќе пораснам да бидам силна личност.
     
    На Annath, Lady17, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Многу ми е смешно, а во исто време и трагично, жално и мизерно кога некој коментира за нешта од кои не се разбира, а неговата положба е можеби едно три-четири пати полоша од мојата. Разбирам кажување мислење, давање совети и слично, дури и кога не сум побарала, ама цинични и злобни коментари не можам и не сакам да трпам. Од прва се познава кој има добри а кој задни намери. Нека си гледаат прво за себе, нека си ја средат ситуацијата, па после ќе прифатам приговори. Всушност, бесна сум само додека не ми текне дека тој/таа само се обидува да си ги излечи комплексите и фрустрациите, ама некако неуспешно. Не им оди, тоа е.
    А кога ќе се сетам колку се нервирав, колку плачев пред некое време заради истиве примитивни суштества... Ама тој филм веќе не го гледаат.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.688
    Допаѓања:
    253.292
    Никола ти е муж за све!
    Откако го среди образованието, отиде во здравството. Откога го среди здравството, ќе ја средува безбедноста.
    Нашата Гоца изгледа е трудна, нека и е со среќа, па најдостојна замена е никој друг, ами најспособниот министер.
    Следен ресор - Премиер!
    Тој, тој ќе ја управи државата.
    И не е до човекот, до името е. Таму лежи зајакот!
     
    На thelittle17, Abby и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ако ради еден мршојадец што е само пречка во образованието за малце не фатам просек одлична ќе кренам востание, мајке ми! :evil:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Гледам низ овие огласиве за работа и нема ниедна за женско, се е за машко :^) барам шофер, келнер, мајстор....
    А за женски ништо тапа... :devil:
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    :!: Нема поубо нешто од то да си се шлапкаш во базенче. Еххх најголем ќеф си праев ко бев мала, си мислев џоа на Хаваи сум 8) Не е фер па сега не можи така :(
     

    Прикачени фајлови:

    • kid pool.jpg
      kid pool.jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      308
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Доколку во моментов ме прашаат да се поистоветам себеси со еден предмет, тоа дефинитивно би била Nokia 3310. Од секој можен аспект. Па дури и работам по принципот one task at a time.
    Проклет ПМС. Ми се јаде, стани-седни, па ми се пие нешто, па сфаќам дека сум заборавила благце да си земам, па ми текнува дека бојлерот прегреал до даска.
    Смеј се Марфи, ама ич не е интересно 6 пати едно по друго да станеш.

    Клетово време не сака да заврне, а потребно ми е.
    Го обожавам дождот во летен период. Посебен е. Има посебен мирис на топлина и тага, свежа трева и спомени, улици од кои испарува дождот и вдлабени, вжештени чекори на истите, облаци и ведрина. Сето тоа истовремено. Ми ја избиструва главата како ништо друго што не може. Се’ би дала да сум некаде далеку, сама, во некое селце со мирис на свежа, искосена трева, да легнам на неа, да се почувствувам ко девојчињата од раните години на дваесеттиот век. И цел ден нека врне, би седела на дождот, би гледала во грмотевиците и би го вдишувала свежиот воздух. Нивната светлина и звук ми ги носат најдобрите мисли и одлуки, чинам.
    И дури го пишувам ова, ко да ја слушам комшивката кај што ми вика: „Ти дете си чудно, треба малку да се средиш. Дождот го сакаат само негативни и депресивни лица.“ Фала. Баш љубезно од неа.
    И тогаш следи лекција за убавината на сонцето. Да бре, Дракулица сум што сум рекла сакам дожд. |(
    Ах, таа не ја гледа убавината. Си има жената некои свои подзаостанати сфаќања.
    Професорка по Македонски во пензија, барем таа би требало да ги сфаќа метафорите...
     
    На kravce, thelittle17, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Е ај фала, опасна министелка сум :emo: и ми немат замена :geek: :!: :rofl:

    Туку, шала на страна, ми се ојт на море :worried: :doh:
    И да, убаво е да си слободен уметник :D :emo:
     
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Е морам да си кажам нешто,многу ми е убаво на душава...денеска се видов со една добра другарка се знаеме многу одамна едно 10 години има сигурно ,може и повеќе ,комшивка ми е но некако со тек на време се одалечивме и ете после 7 месеци конечно се видовме ,нормално како луѓе,убаво е кога знаеш дека има личност во твојот живот на која можеш да и веруваш иако не сте секој ден заедно како порано што сте биле,но едноставно за вас како времето да застанало,се присетивме на сите моменти поминати заедно,како да беше вчера... и секогаш ке речам дека не ке можам да ја споредам со ниту една другарка... ете баш олку големо значење имаат долгогодишните другарства ,тоа е едно од многуте работи кои што вредат во животов....

    и така со добра музика задоволна ке си седам на тераса и ке уживам,го овожавам летниот воздух и ке размислувам на минатите времиња дали биле убави или не сепак се некакво искуство...
    http://www.youtube.com/watch?v=TptfHfojltk
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Од денес па натака за мене е забранета дестинација.Иако сите мои патишта водат кон таму.Зарем толкав малер сум па секогаш морам да си се видам со нив?! хахаха НЕ,НЕ! Веќе и името ми го научија.Вака не биват повеќе,па срам ми е :$ :$ Врни Господе,да можам слободно да се шетам,да не стојат луѓево на тераса :D :D
     
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    СДК ми се чини дека со фемина ќе растам, во секоја смисла на зборот. :D
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.326
    Жени што викаат дека читаат и при тоа се работи за Спаркс,Коељо и во својата колекција ја имаат Лавиринт од Мос,сметам дека не читаат ништо и се...глупи.
    И жени кои лајкуваат групи ко се за женски,биди дама, дрн дрн дрн дрн на фејсбук,одма ми паѓа поштовањето за илјадници единици и ги ставам инстант на хајд.
    Фала многу,пријатно.

    И да,свечено објавувам дека повеќе измишљотините од кујната и работите за самопомош и слично, нема да ги изнесувам на фемина. И јас така сум знаела бе!
    И од толку пати што мрчам(мрчиме) не ви е срам да крадете од фемина без да референцирате по цели реченици?!А?!
    Ама разликата помеѓу вас и мене или било која форумџика (а знам дека не сте таа) е тоа што нас искуството и печеното знаење и трња не научиле на истото,а вас кад тад ќе ви избледне. Површни глупачи. Чао!
     
    На Shelea, anuskaNESTLE, ljubam и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.