Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... мака ми е значи кога си кажувам мој став и притоа добивам класично вртење со очи, во смисла - де бе, не се замарај со тоа.
    Ако де, нека си прават што сакаат.


    Добро, да го е*ам, едноклеточни створења, проклети амеби, што не ве боли за никој и ништо, мрсни хипстерчиња, ако сме сите така лежерно, кул, чилакс опуштени мрцини, на светов нема да има ниту мислење, ниту став, а ниту иновација богами.
    Ниту некаква разлика, сите ќе сме ко од калап извајани, ко од една мајка родени, и фатени за раце ќе дремеме под виножито, зашто - се' е убаво, се' е ок, секој прави што сака и што ќе му прдне, а никој не мрчи притоа, не се изјаснува со мислење, зашто - тоа не е у мода бе.

    Ми се блуе од немање идеја, што со себеси, што со светот, а се крие позади фасадата - ма јас сум ок, јас кулирам братче, се' ми е пуно-рамно, ма не се замарам.
    Ти си таа што се потресува, јаааа, види ја, ама си напната, колку си лејм...

    Пристигна светот во кој е интересно - да си неинтересен.
    Да си кактус.
    Мрцина.
    Амеба.

    Кој ја измислил онаа - за сите има место под сонцето, треба да се стрела.
    Со калаш, на плоштад.
     
    На faye, imelda, JoxyTheFreak и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На Peppermint, ines.h, BlackSwan5 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На kate21, Strumfeta93, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК ги подзаборавив Love songs on Antenna 5 ама сега пак ги слушам :)

    А да,и изгледа уште денес ќе имам интернет :( Утре можи да ми го исклучат т.е. и денес незам до колку ќе издржи,можно е и поручек да ми го напрат то :( Ќе ми фалите ако снема нет :( Ќе одам наоколу да фатам wireless :D
    Не удри јако кризата :( А требаше и да заминам веќе,ама можно е сабота,недела...
    А и немам инспирација да пишам некако...немам ни излезено,од дома седење немам никакви впечатоци. Ама од јули ќе е подобро. А и со него ќе сме подобро од јули.Знаел и нормален муабет да направи :)
    И бај д веј,ми треба разубавување и средување.Ќе биди и тоа овие дена.Таман за свадбата кај што ќе одам :)
    Само онака сакав да ви кажам денес,без да филозофирам мн. Се надевам барем кај вас да се случуваат убави работи.И многу ми е мило кога читам подобрувања и ваши среќни моменти,се радувам со вас,се натажувам со вас,се смеам,споделувам,се!
    Останете ми насмеани и позитивни и имајте убава ноќ :*


    П.С.
    Теди и мене ми се насолзија цели очите.Стварно се многу емотивни.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Колку се креативни луѓево алал да им е бе :lol: .
    Многу им се дивам кога ќе видам што се им текнува :lol:

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    СДК дека имам некое грдо предчувство! :^)
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    a
    a
    a
    a
    a
    who had the best time eveeeeeer?
    (ми се срушија скоро сите стереотипи и предрасуди :( )
    Дејзииииии!

    Некако :worried:
    ..не сакав ова сè да заврши.
     
    На Cynthia и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Цели две недели немав отворено форум на фемина ниту пишано.... страаааамота! :$ :wasntme:
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ауу почна да се разденува :o а ја абер за у кревет немам :x
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Денов започнува ,а јас не сакам да започне.Да имам волшебна моќ,би го сопрела времето.Барем овој момент да можам да се насладувам на него.Сонцето паѓа на мојот прозорец под идеален агол,а облачето како памукче баш ми застана на дофат од дланката . :) Ама знам дека не можам.За жал.

    Ми се чини денес ќе поставам уште една цигла на ѕидот ,од мојот мал свет.А не сакам.Сакам да ги урнам сите ѕидови,препреки,завеси да нурнам во животот,да го вдишам со полн здив.Ми се смачи од дишење на жабри.Аман веќе нека се случи нешто убаво.И да дојде ден кога солзиве во очиве ќе бидат од радост,кога точно ќе знам која патека каде води,ден кога застанувањето ќе биде за земање здив а не од несигурност..

    Вака кога се вртам назад се нервирам што дозволив животот да ме уплаши.Ми се случија работи од кои најмногу се плашев,од кои при само една помисла ми се стресуваше срцето и треперев како лист на ветар.Работи кои ме дофатија,направија од мене сосема непрепознатлива личност барем јас не можам да се препознаам.Огледалото навистина знае да биде сурово.А очите кои ме гледаат до таму како да не ми припаѓаат мене.Сосема поинакви се.Не ги сакам такви...
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не ми е носот високо во облаците, ни па погледот ми е до врвот на носот... Всушност, често последно време го наведнувам и закопчувам погледот, да не ми се прочита оној микс на апатија, гнев, тага, безизлез... Ама, сепак мојата наведната глава нема да оди лесно под туѓа сабја. Го разгледувам како низ филмска лента моето професионално резиме, сите отстапки кои сум ги направила ме зачувале доволно своја за да успеам сеуште со дигнитет да се сретнам со себе во некоја, макар случајна огледална површина. Вистината е - се срамам во моментов од себе и се чувствувам неостварено, истовремено и како вишок во сопствената земја, никому непотребен, џабе што имам и практично повеќегодишно искуство и познавање на доста, во случајов практично и употребливо некорисни способности и знаења. Секогаш сум добивала пофалби на бројните работни места во однос на продуктивноста, ажурноста, професионалноста, ама факт е - никогаш не сум се почувствувала своја на своето, што не подразбира дека требало да имам своја лична компанија...

    Неговата најдобра другарка од детство сака да ме запознае, јас треба пред неа, професорка, да излезам со мојот статус невработена, се чувствувам како лепрозна, леба ми.

    И најкомичното е што голем дел луѓе сега ме гледаат со она ау, па најде човек на место, кој добро заработува, па ајде фластер-тактики и техники примени, што чекаш... Хм, твоето одобрување, изгледа... Дури, да не знаеш дали да почувствуваш вина што барем нешто ти тргнало или гнев што бараш толку многу да бидеш и професионално и емотивно среден на скоро 33 факинг години?! Да, постојат и такви кои муабетов би го гледале како каприц на инфантилно недозреана, а возрасна пwинцези4ка која е раз-га-ле-на... И не, не ми помага што многу луѓе ме перцепираат како да имам 25, ама ич, бидејќи точно знам колку години имам и свесна сум дека не ќе се подмладувам и покрај сите напори да изгледам што подобро.

    И после ќе речат - младиве се за никаде. Одгледавме циници. Тотално се неспособни. И реално, за ова време и место - сум неспособна, бидејќи како што рече и Трендафилка сега скоро, уште книшка и раширени ноџиња, опциите не сум ги искористила, а веројатно нема и понатаму, па така сум си сама персона нон грата, пред себеси и пред другите. Ако горам во пеколот ќе да е и поради гордост. Барем да бев суетна, овие луѓе внимаваат на надворешниот оддек на нивните постапки и се поуспешни, а гордите како мене, се внатрешно ориентирани, кон својот кодекс и често емотивно автодеструктивни и стерилни во однос на реализацијата на амбициите за денешни услови... И кога веќе сме сјебани, единствено што останува како серум е цинизмот, последниот бастион на здравиот разум и затоа, оставете не(ме), бидејќи верувајте целосно ни е оправдан и издржан и потребен... Никој нема поим колку само сакам да се смеам и шегувам, а во колкав дел од времето сум всушност цинична кон она што ме опкружува, бидејќи фрлена во овие услови мојата симфониска придружничка е очигледно Одата на гадоста, а многу поретко Одата на радоста...

    И всушност, открив и уште една причина поради која уште повеќе сум навлечена на сексот. Тоа е единствен временски период во кој сум целосно опуштена и ослободена од безброј натрапнички мисли... И сакам да заспивам во неговата прегратка и да се туткам на неговите гради, барајќи идеално место, за да го синхронизираме нашето дишење, па и нашите воздишки... Ние сме две деца со прастари души на средни години...

    Понекогаш, како денес, имам чувство како да сум постара од Чинарон чаршија, а тој е скоро 2 милениуми, по некои проценки, па вие сега видете...
     
    На JuLleE, lunicka, imelda и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добро утро феминки,јас го испив првото утринско,турско кафе пред компјутер.Ги слушнав моите омилени песни и ги наполнив батериите.
    Сега сум пред часови на училиште,па се надевам дека добро ке поминам :tmi:
    И денеска треба да соберам храброст и да му вртам на него! Да си прашам јас што се случува.Неможам јас да седам и да бидам во исчекување да се јави или да не се јави.Да незнам што се случува.
    Ако треба да биде,ке биде.Ако не,ништо.
    Барем јас ке сум си на чисто..
    Барем така си се тешам :tmi:
    Имајте и вие убав вторнички ден :*
     
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Многу е "убаво" чувството кога уште нерасонет ќе си влезеш и ќе те извадат од памет гулапчиња што се журкаат кај мене во соба, раскомотени едно на кревет друго на фотеља!! :devil:
     
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Будна од 7 наутро, 6 часа спиење и некој внатрешен аларм ми се уклучува .
    Ден за разубавување.
    Пилинзи, депилации,маникир check :up:
    Кафе пијам многу многу ретко само за друштво па си сварив чај од брусница ,тоа е мојата зависност.
    Ноктињата зелени,фустанчето црвено,бели чевлички ,сонцето жолто се е шарено ,весело .
    Само што излегов да го видам сонцето ,но го нема се скрило ,но не му се лутам и тоа понекогаш сака да биде само. И лоши и добри и црни и бели тоа сите не грее.Сонце секоја чест, ти секогаш блескаш :sun:

    Ќе одам на едно место да си земам 2 мачиња за кои подоцна треба да преговарам со мама и тато ,но за тоа потоа :wasntme:
    И ќе одам по моето најомилено патче со липи и таму стварно има некоја магија , сите се гушкаат се сакаат , љубов насекаде.

    Не си ги заморувајте мозочињата со политика ,како и да е и да сте во право кога не сте на позиција не е важно ,само може да ве боли глава . Се нема пари да ,парите се битен фактор .
    Понекогаш сме несреќни па после шопинг стануваме среќни.Среќата со пари се купува или не?
    Понекогаш.
    Но има толку бесплатни работи а сепак се бесценети.
    Гушкање ,бакнежи , водење љубов .
    Па ,навалете додека е бесплатно :)

    Имајте убав ден :f:
    Со љубов, Кејт Д Грејт
     
    На kravce, lovely91 и eli25 им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како старее пролета, немам желба многу да седнам и да пишувам. Запознав луѓе што се навистина фабрика на рушење сонови за некои. Не ја сфаќам нивната огорченост, зависност и презир. Се тргам од нив, енергопијачи..

    Денес состанок со Скопско Културно Лето за изложбата во јули со други фотографки. Ме фаќа некоја мрза ич не ми се оди. Во недела тргам за Келн.

    Вчера во Менада имаше повеќе жени отколку мажи. Случајна средба со другарче после 10 години. Во 5 мин гледавме да си раскажеме колку што можеме повеќе. Колку сме се промениле. А тој се уште си го задржил она срамежливото во него.. Е си лелека дека е сингл, ја и барам атеист.. се смееме ко зелени сака да си бега за БТ јас не ја пуштам.

    Ах животов. Туку сакам некој да ми зготви доручек и да ми го донесе во кревет. Ах кај умре романтиката..


    http://www.youtube.com/watch?v=wp43OdtA ... re=related
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Го обожавам чудово, барем за момент може да ги реши сите проблеми :)
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ич не сакам да се враќам во минатото.. Ич не сакам да мислам на тоа што се случило и што би можело да се случи поинаку..
    Но, често се фаќам себеси како мислам на некои личности што сум ги запознала, на некои луѓе што само поминале во мојот живот и што имале било тоа и мала улога...
    Колку ме промениле тие луѓе... И што би било доколку тие останале подолго во мојот живот?!
    И зашто тие воопшто ме промениле и зашто воошто биле дел од мојот живот?

    *Прекрасниот дечко со плави очи со кого за кратко време почнавме да се забавуваме.. едноставно исчезна од мојот живот без да си кажеме чао..
    *мојата најдобра другарка од градинка па основно 8 години па средно..се разделивме бидејки на факултет она на друго место, јас на друго..
    *Мојот најдобар другар што отиде во Америка и повише никогаш не го видов..

    Не дека ми било тешко без нив, секогаш доаѓале други луѓе па пак си иделе, па пак доаѓале нови.. но, многу често размислувам за нив, што би било да се уште дел од мојот живот, дали јас би била иста? и дали мојот живот би бил ист? :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    И после се, и покрај сите, бев, сум и ќе бидам среќно дете, и нема да дозволам да ме скршат сите овие работи кои се случуваат.

    Сакам да си посакам себеси убав и безгрижен ден, оти го заслужив.

    На професоров сум му личела на Џенис Џоплин. У последно време толку често го слушам тоа, шо се думам да се фанам за дрогите... :rofl:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ова чудово ми даде многу во живототов!

    [​IMG]
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Баш вчера го гледав и уште на првите слики ми се насолзија очите.Многу емотивни слики има и некои од нив те тераат да размислиш за некои работи.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.